1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дилеми околу воспитувањето на децата

Дискусија во 'Дете' започната од Ariel, 19 декември 2011.

  1. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.685
    Допаѓања:
    19.061
    Пол:
    Женски
    Девојко тотално си ја утнала мојата поента , но немам време да трошам тебе и на твои фрустрации да им објашнавам.
    Поздрав
     
  2. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    10.631
    Допаѓања:
    170.847
    Пол:
    Женски
    Јас имав таков страв како малечка, со тек на време го надминав, со зборување и гледајќи ги врсниците дека дури и сами остануваат дома. Запримети дали е таква само со тебе, или се случува и со други да ги има истите стравови. Продолжи и понатаму да разговараш како досега, но можеш да пробаш и некои начини да дознаеш која е причината за стравот и таквото однесување. На пр. преку цртање, но не да ја тераш да ти црта, туку ти да ѝ црташ како си го поминала твојот ден, или само да ѝ раскажуваш. Раскажувај ѝ што си правела, кого си видела, како си се чувствувала. Се разбира, сето тоа поедноставно, за да може да те разбере дете на нејзина возраст. И со тоа можеш да ја поттикнеш да ти се отвори. Обично децата не сакаат кога ги тераме да ни раскажат, па најдобро е да им даваме наши примери дека тоа е убав начин на комуникација и споделување. Причините може да бидат секакви, дали некој разговор од школо со дечиња, некој цртан или филм, па може сонувала нешто, и на крај стравовите се рефлектираат во секојдневието. Мислам дека кога ќе ја откриеш причината, полесно ќе го најдеш решението. Но сепак, ако се плаши, биди тука за неа.
     
    На makedonkamak, tina-63, Lolipop23 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.921
    Допаѓања:
    32.561
    Пол:
    Женски
    @Bozica1980 и јас го имам истиот проблем со поголемиот. На иста возраст е со ќерка ти. Зимава се исплаши кога грмеше и оттогаш не се дели од нас. Ако оди до тоалет, мора некој од нас да е со него. Ако е во спална се случува истото. Сам не сака да спие. Не сака да е сам во соба. Не заспива ако нема запалено светло во соба. А надвор го немам тој проблем. Не знам дали навистина се плаши или си прави мајтап со нас.
     
    На Justicija, makedonkamak и Bozica1980 им се допаѓа ова.
  4. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    6.645
    Допаѓања:
    251.478
    Пол:
    Женски
    Спие сама од бебе но мора да сум со неа дур не заспие И тоа е ок. Не ми пречи, мислам е прикладно за возраста. Ми рече во училиште и било страв сама да оди до тоалет одела со другарки...
    Она генерално сака да биде на safe side и да биде во позната средина. Од екскурзија се вратиле 15мин порано и секако сите чекале во училница да дојдат родителите, само мојава плачеше. Со наставнички со се, не да речеш сами ги оставиле.
    Ќе зборувам. Не гледам поинаку како би и помогнала.
     
    На Justicija, M&M, NarCis@ и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    10.631
    Допаѓања:
    170.847
    Пол:
    Женски
    А дали како малечка се плашела од звуци, на пр. правосмукалка, коли кога ќе поминат блиску покрај неа, значи општо такви дразби. Дали по природа е срамежлива, затворена, потешко комуницира итн.? Или е само стравот од тоа да остане сама?
     
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    6.645
    Допаѓања:
    251.478
    Пол:
    Женски
    Од звуци да, секакви. И ден денес не сака викање, гласно зборување.
    Чувствителна е но и комуникативна. Уста не затвара, има еден куп другари тоа не е проблем. Стравот дека ќе биде оставена е најголем. А трагедијата е дека никогаш не била оставена :)
     
    На NarCis@ му/ѝ се допаѓа ова.
  7. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    10.631
    Допаѓања:
    170.847
    Пол:
    Женски
    Види дали се плаши само кога ти ја оставаш. Затоа што мене ми беше најтешко кога мајка ми ќе напуштеше просторија или ќе ме оставеше во градинка, школо. Најсигурно се осеќав со неа.
    http://www.fakulteti.mk/mobile/news...rsenzitivno_dete_no_na_momenti_e_iscrpuvachko
    Статијата ми се појави кога најмногу ми требаше за ќерка ми и многу ми помогна да ја разберам и да ѝ помогнам неа.
    @SummerGirl Дете за сѐ може да изведува и да глуми, на пр. дека го боли нешто, дека плаче, ама стравовите се многу посилни и пореални за нив, така што, не верувам дека глуми за тоа.
     
    На M&M, danichap, SummerGirl и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    6.645
    Допаѓања:
    251.478
    Пол:
    Женски
    ^Ти благодарам, одличен текст.
     
    На NarCis@ му/ѝ се допаѓа ова.
  9. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.921
    Допаѓања:
    32.561
    Пол:
    Женски
    Ме чуди што надвор нема страв ако е без нас. Само дома се плаши. На други места не.
     
  10. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    10.631
    Допаѓања:
    170.847
    Пол:
    Женски
    Може нешто дома што имате, од тоа да се плаши. На пр. поврзува некоја соба или предмет со стравот.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    199.004
    Пол:
    Женски
    И јас ти благодарам за текстот, како за син ми да читав. Хиперсензитивно дете, што мора новата околина детално да ја истражи пред да се опушти во неа. Стравови постојат и кај него, до толку што никогаш не сме го оставиле сам со други луѓе, освен кога беше бебе.
    Мм од друга страна, сака типично балкански да се справи со хиперсензитивноста, па морам да му го покажам текстов да го прочита.
     
    На azelea и NarCis@ им се допаѓа ова.
  12. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    10.631
    Допаѓања:
    170.847
    Пол:
    Женски
    Мило ми е :) Никако балкански :!:, само може да даде спротивен ефект. Инаку ќерка ми околу првата до кај втората година не беше, да речам хиперсензитивна. Сензитивна да, реагираше на дразби, но беше дружељубива. Потоа нагло се смени во друго дете и навистина бевме исплашени, а немаше место за сомнеж од траума, бидејќи само јас и мм ја чувавме. Решив да не ја форсирам ако не сака нешто, на пр. да одиме на лулашки каде што има повеќе гужва, но сепак ја прашувам и на неа оставам да избере.
     
    На Bozica1980, azelea и Annath им се допаѓа ова.
  13. azelea

    azelea Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    3.484
    Допаѓања:
    15.375
    Јас пак мислев само јас имам вакво дете,овој текст го прочитав неодамна и малку ме смири,инаку мораше со секој да се објаснувам дека девојчето ми е премногу чувствително,иста ваква бев и јас како мала,не дека сега не сум,ама подруго е.Посебно многу реагира да не се налутам нешто,или растажам,тогаш доаѓа и ме гледа во очи исплашено и само ме гали и ми ја бацува раката и вика "мама,"мама",или ако му се доближи на некое детенце да си играт или гушнат и ако ја одбијат веднаш се повлекува и плаче,буквално секоја ситуација си ја зема при срце.Понекогаш се нервирам што е таква и сакам да е поцврста ама прифатив дека е таков карактер и не инсистирам повеќе што вика Анат на балкански начини на справување.
     
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. ZojaP

    ZojaP Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2014
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    307
    Пол:
    Женски
    Мајки..дали некој имал слично искуство или некој совет да ми дадете?
    Девојчето ми е три годинки и три месеци.
    Досега не сме биле разделени а сега морам на службен пат две ноќи но три цели дена да бидеме разделени.
    Ја чува баба и и со нејзе е поврзана многу но навечер спие со мене и многу се плашам како ќе реагира бидејќи се работи за екстремно чувствително девојче.
    Дали да пробам некоја вечер прдед да заминам да ја оставам да спие со баба и цела ноќ ?
     
  15. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    10.631
    Допаѓања:
    170.847
    Пол:
    Женски
    Индивидуално е како ќе реагира детето, без разлика дали ќе "вежбате" претходно, но мој совет е, преспивањето да се одвива во вашиот дом. Обично децата кои не се оставани на преспивање кај други, може да се осетат напуштено и несигурно, но кога се во својот дом и спијат во својот кревет, тие се на нивна територија и се чувствуваат многу посигурно и полесно ја поднесуваат разделбата.
     
    На mamita83 и azelea им се допаѓа ова.
  16. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.545
    Допаѓања:
    27.864
    Пол:
    Женски
    Јас пред некое време бев на службен пат и му се фати три вечери и три цели дена на моето дете од 2 години без мене.
    Мислам дека не реагираше нешто посебно истрауматизиран од искуството. Олеснителна околкност кај нас беше што тато си беше дома (а он е навикнат да се успива и со тато) и што бабата дојде да спие кај нас. Инаку е исто поврзан со мене, ама кога сум на работа се чуваат со бабите.
     
  17. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.305
    Допаѓања:
    34.245
    Пол:
    Женски
    Можеби се глупави моите дилеми но би сакала да слушнам мислења. 12+

    Кога сака да земе нешто а ако го земе го става во уста дали да дозволувам. На пример далинско? Ако не и го дадам плаче, некогаш и цел ден додека не и го дадам. Плаче за клуч, некое цвеќе во двор, ограда, штипки. Друг проблем е што да стојам така за да држи нешто многу се изморувам. Малку не ми е добро напишано мислењево но ни сама не знам како да ги опишам дилемиве.

    Другарките велат дека се и допуштам и дека тешко мене ќе е.

    На пр во количка ако заплаче и 100 кеси да имам во рака ја кревам бидејќи преоѓа во вриштење.
     
  18. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    5.915
    Допаѓања:
    135.514
    Пол:
    Женски
    Кај син ми е слична ситуација но генерално дома, надвор не толку. Дома не влага сам во вц или спална, ова почна од некаде пред 5г да наполни. Стануваат свесни за реални стравови донекаде и кај некои деца е поизразено. Кај него и почна со тоа што братучет му му пуштал некои малку страшни игри. Но сега се плаши баш од реални работи, само прашува дали постојат крадци, разбојници, па дали можат да влезат кај нас.... секоја вечер прашува дали е заклучено. Надвор е релативно ок дури се има и вратено од школо сам на неколку пати. Сега ги видов поракиве и баш ќе го прочитам текстот, сигурно ќе се најдам :)
    Инаку се врзува за одредени луѓе, на пр во градинка многу се вознемируваше ако им сменеа учителка, исто и во школо, значи сака да си биде во сигурна средина. Може да го оставам со комшии со брат ми со роднини но се гледа дека не е баш најопуштен кога не сме ние со него. Се надевам ќе попушти, за некоја година ќе треба да почнат по екскурзии да одат не би сакала наместо да ужива тоа да му виде траума
     
    На azelea и Bozica1980 им се допаѓа ова.
  19. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.076
    Допаѓања:
    6.637
    Пол:
    Женски
    Децата според мене треба да се воспитуваат на убав начин не со тепање и омаложување и никако да ги воспитуваат старите бидејќи тие имаат многу стари сваќања за воспитувањето посебно на жеснките деца и може да си набие детето комплекси.
     
    На Justicija му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.685
    Допаѓања:
    19.061
    Пол:
    Женски
    Феминки мојот внук од сестра ми штотуку наполни 6 години , мн напредуваше како растеше , на 2 годинки му ги тргнавме памперсите бидејки самиот кажуваше кога му се оди WC , но последниве месеци тој врши мала нужда во гаки , и нон стоп , ни вели дека не го осека ... Го носевме на дијализа да го проверат , све е ок , но гледа мн страшни цртани на јутјуб , го тргнавме од тие страшните цртани , детето пак се моча во гаки ... И патем во Wc не оди сам , .... Мн се чудиме бидејки внук ми на 2 години разбираше и кажуваше кога да го носиме во wc , сега е поинаку ...
    Дали некоја од вас мајка се соочила со ваков проблем и како се справувавте?