Дилеми околу воспитувањето на децата

Дискусија во 'Дете' започната од Ariel, 19 декември 2011.

  1. M&M

    M&M Популарен член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    2.645
    Допаѓања:
    70.816
    Пол:
    Женски
    Го исчитав текстот од линкот на @NarCis@ и во многу работи го гледам син ми, можеби не во толку изразена форма. Кај него донекаде одскокнува тоа што е друштвен, многу сака да поминува време со другарите негови, лесно го прифаќаат деца, се здружува лесно и со нови деца но никогаш не приоѓа прв. Ако му пријдат е жив среќен :) . Но од друга страна има периоди кога некој што премногу се дружи почнува по малку да го избегнува, најверојатно поради некоја постапка на детето или желба на тоа дете да доминира, но после некое време да му пројде и да си ја продолжи дружбата.
    Сепак стравовите и бурните реакции се тоа што ме секира, многу трпение треба а не секогаш го имаме.
     
    На NarCis@ и azelea им се допаѓа ова.
  2. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    11.787
    Допаѓања:
    19.253
    Пол:
    Женски
    Јас имам ваков проблем со поголемото. Ама последниве две недели забележувам дека стравот полека го надминува. Само разговор може да помогне.
     
    На Justicija му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Justicija

    Justicija Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    2.876
    Допаѓања:
    11.476
    Пол:
    Женски
    Нашево е тврдоглаво , и ни вика дека не го осека ..
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  4. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    11.787
    Допаѓања:
    19.253
    Пол:
    Женски
    Сигурно е од цртаните. А можеби плус и инает тера што му ги забранивте. Пробајте со уцена во стилот - Ќе ти купиме играчка ако кажеш за мочкање.
     
  5. Justicija

    Justicija Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    2.876
    Допаѓања:
    11.476
    Пол:
    Женски
    Тој метод е употребен многу пати и залудно ... Ми се чини дека е мрзлив , но се срами кога е помочан , ми е страв од септември треба да почне на школо , ми е страв трауми да не добие таму ако се измоча пред соучениците
     
  6. Dd1

    Dd1 Активен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2017
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Машки
    Ne sum siguren dali moevo prasanje e za tuka, ili treba da otvoram nova tema.
    Makata mi e sledna:
    Decata pocnaa da ne me pocituvaat: mi se razvikuvaat, mi spustaat na telefon i slicno.
    Se obiduvam i im ukazam, deka toa ne e vo red, razgovaram si niv, no pak go povtoruvaat.
    Neznam kako da postapam. Ve molam za sovet.
     
  7. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    2.952
    Причините можат да бидат различни. Како стојат со другиот родител? Дали тој постојано им вика? Понекогаш децата бараат вентил таму каде чувствуваат послаб отпор. Во тој случај со другиот треба да се разговара да му се укаже да небиде толку строг или можеби дури агресивен, наметлив кон децата. Или можеби мислат дека така ќе го казнат родителот за постапка која за нив била погрешна. Зависи и што возраст се... Ако се 12-18 (пубертет) релативно нормално е, иако е неубаво. Зависи и дали, што и колку сте направиле за вашите деца. Децата обично почитта почнуваат да ја манифестираат подоцна, откако ќе созреат и сфатат што сè нивните родители направиле за нив.

    Следен пат ако ти се јават тие на тел. за услуга (донеси ми ова или она, ручек направи ова и тн.) прашај ги како би се чувствувале тие кога наместо да ги услужиш ти би им спуштила слушалка - не го прави тоа, но прашај ги со здрава доза на сериозност. Не е сигурно дека ќе даде веднаш ефект но можно е да ги поттикне на размислување во иднина.
     
    На *Ench@nted*, Elenpelen, theowndemon и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Dd1

    Dd1 Активен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2017
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Машки
    Dejlight, ti blagodaram za sovetot.
    Ednoto dete, najverovatno mi e vo pubertet, no i drugoto go pravi toa iako e pomalo i ima 9g.
    Spored tvojata poraka, svativ deka mislis deka sum zensko (najverovatno, bidejki na sajtov ima povejke zenski osobi).
    Jas sum maz. No, karakteristicno za mene e sto mnogu se dvoumam (poradi sto cesto baram soveti), i sum mnogu emocionalen. Ne sum peder. Mrazam pederi.
    So soprugate se razdelivme pred okolu 7 meseci. Bevme zaedno, 13 godini vo brak i 6 godini vo vrska.
    Posledniov mesec, decata se povejke manifestiraat nepocituvanje kon mene, i mi spistaat na telefon, koga spored nivno mislenje kje kazam nesto pogresno. A spored mene a i spored drugi prijateli so koj sum razgovaral, toa sto sum go kazal, ne bilo pogresno.
    Edno objasnuvanje, za celava moja situacija.
    Koga se razdvoivme so soprugata, decata me prasaa dali moze da ziveat edna nedela so soorugata, a edna nedela so mene. Jas im rekov da pravat, kako sto im e ubavo. So solzi vo ocite, kerkami mi rece: dali koga kje bideme kaj mama, ti kje ne posetuvas. Jas i rekov da, da ne se sekira, deka nema sila koja moze da ne razdeli. Odlucija, prvata nedela da ja pominat so majkaim. Otkako izmina nedelata, mi prasaa dali bi se lutel da ostanat so nea. Jas im rekov deka ne se lutam, da postapuvaat kako sto im e ubavo....
    Eve eden primer, koga sinot mi spusti telefon. Si razgovaravme normalno... Vo eden moment, pobara da mu ispolnam edna zelba, koja ja ima posledbive nekolku meseci. Da mu kupam pley station 4. Jas mu rekov: dali moze da ti kupam, no da ti stoi kaj babati i dedoti (kaj mojte roditemi)? On mi rece ne moze. Jas mu rekov deka nema da mu kupam, so irinicen glas mi rece, dobro aj cao i mi spusti.... Pred nekolku meseci mu kupiv lap top. Mnogu vreme pominuva na nego i vlaga vo film. Ako mu kupam i pley station i mu go dadam na raspolaganje, kje pocne da zivee vo virtuelen svet. A vaka, kaj mojte doaga povremeno i ostanuva na spienje, i kje go koristi umereno. A koga e kaj mojte imam i kontrola vrz nego vo toj del.
    Se obiduvam da ne gi baram, za da im ukazam deka me povreduvaat, no oni ne mi se javuvaat. Teraat inaet. Kje pominat nekolku dena, ne mozam a i neznam dali e pravilno da ne im se javam ili da ne gi vidam, i ne mozam da izdrzam i kje im se javam, kje gi vidam i slicno....
    Kje bide okej izvesno vreme. Potoa, posle edna nedela otprilika, pak kje go povtorat toa
     
  9. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.174
    Допаѓања:
    24.575
    Пол:
    Женски
    Најголема грешка ти е да тераш инает со твоите деца. Така само ќе го продлабочиш јазот помеѓу вас и работите низ годините ќе стануваат се полоши. Такви однесувања се нормални од деца на таа возраст, но не и од татко и зрел маж.
    Ќе им се јавуваш и ќе ги бараш секој ден, близината ќе ја стекнете со поминување квалитетно време заедно, а не со купување подароци.
    Ако си сметал дека нема потреба да му купуваш Play station ќе му објасниш зошто нема да добие и ќе си стоиш цврсто на ставот, но не и да го уценуваш! (ќе ти купам, ама да стои кај баба ти и дедо ти).
    И да знаеш, повеќето деца во тие години би изреагирале така, би се налутиле, ама тоа не треба толку да те вознемирува и повредува до тој степен, за одредено време ќе им помине.
    Верувај син ти кога ќе порасне нема ни да се сеќава дека не си му купил одредено нешто, ама ќе се сеќава и те како ако татко му не го барал со денови во моментите кога највеќе му требал.
     
    На Lady*Bug, Someonespecial, *Ench@nted* и 8 други им се допаѓа ова.
  10. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    2.952
    Прости, не гопогледнав поубаво никот.
    Не мислам дека си педер. Но имај во предвид дека ако некоја сексуална ориентација не ја одобруваме во својот личен живот, не значи дека мора да ја мразиме кај другите. Јас не ги разбирам педерите и лезбејките, тоа не е мој стил, но не ги мразам - нека си живеат онака како што се чувствуваат среќни.

    Ова го кажувам бидејќи не можеш да знаеш со кого сè ќе се сретнеш во животот и кој може да ти помогне. Исто така не можеш да предвидиш како половиот живот ќе се развива кај твоите деца. Зборам чисто хипотетички, зарем некој би требало да ги отфрли сопствените деца ако (откако ќе пораснат) се испостави дека се педери/лезбеји? Знам дека ова е сосема друга тема, навидум нема врска со муабетот, но децата несвесно ги чувствуваат искрените намери и ставови на своите родители. Па така да ако родителот ги отфрла другите луѓе, може да се случи децата тие вибрации на непочитување да ги примаат и потоа ги манифестираат во своето однесување.

    Да не ме разбереш погрешно, воопшто не алудирам на тоа дека твоите деца се вакви или такви, туку дека децата се однесуваат во голема мера онака како што се однесува родителот/родителите кон себе и околината. Поради тоа неретко се случува да иако децата се замолени или дури казнети со цел нешто да не прават, тие упорно, макар скришум, продолжуваат да го прават (на пр. да лажат, да се тепаат) затоа што во една поинаква форма нивните родители преку своите секојдневни постапки токму тоа им го одразуваат а децата само тоа тогаш ќе умеат да го имитираат. Тука карање, ќотек, закани не помагаат - само личен пример на самите родители.
    За останатото не би бил компетентен, но само би додал дека лаптоптот или плејстејшн се само медиум за виртуелните светови но не и главната причина зошто се посегнува по нив.

    И децата и возрасните тендираат кон виртуелни светови (како на пр.компј.игри, турски, холивудски и др. серии и тн.) најчесто поради тоа што не се задоволни со реалниот свет па бараат некој друг во кој би можеле да избегаат. Но доколку научиме да се соочуваме и бараме решение за потешкоитиите од секојдневието, виртуелните светови ќе ни носат помалку задоволство а оттаму и поретко ќе посегнуваме по истите.

    И убаво кажа @Lolipop23 квалитетот во меѓучовечките односи(вклучувајќи ги родител-дете) не може да се купи со подароци. Подароците можат да бидат еден убав одраз на тоа, но не и замена.
     
    На Dd1 и Lolipop23 им се допаѓа ова.
  11. Feminka22

    Feminka22 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    4.627
    Допаѓања:
    14.958
    Пол:
    Женски
    Разговарај со нив, седни ги негде на јадење.Прашај ги дали некаде грешиш, дали имаат некои примедби.Дали нешто не им е удоволено.Ако имаат замерки најди компромис.Јас сум во пубертет и јас си знам какви караници сум имала со татко ми.Плачки, казнувања, дерења.Ама никогаш му немам изгасено на телефон или сум му се издрала.Така е поставен он према мене уште од мала.Он и мајка ми ми се авторитет, сакала јас или не, се додека они ме издржуваат должна сум да ги почитувам.
    Со моите сме разлика некои 40 год и често имаме несогласувања, бунтовна сум.Удоволено ми е се ама некогаш и јас знам да се изглупирам.
    Постави се како авторитет према нив, кажи им дека си им татко и дека се должни да те почитуваат.Секогаш кога ќе имаш време биди со нив, шетајте, гледајте филмови, пазарувајте правете нешто.Ако им треба нешто за во школо помогни им.Ова ти го кажувам бидејќи татко ми воопшто нема време за мене.Работи по 9 саати на ден, дома кога ќе дојде или е на лаптоп и работи или спие..
    Машко и женско се децата или?
    Мислам дека ова однесување е поради разделбата со сопругата.Сеуште не се адаптирани и не им е ,,сварено” тоа.Објасни им дека и покрај тоа што не сте заедно со сопругата, дека вие сте сеуште нивни родители.Дека може секогаш кога ќе сакаат да поминат време со мајка им.На почеток ќе е тешко, но со тек на време ќе се среди се верувај ми.
     
    На Dd1 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Dd1

    Dd1 Активен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2017
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Машки

    Loli pop, ti blagidaram za odgovorot.
    Bevme mnogu bliski. Se prasuvam, zosto ne me pobaraat nekogas oni, ako im falam barem malku
     
  13. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.174
    Допаѓања:
    24.575
    Пол:
    Женски
    Мали се уште, ова за нив е голема промена во животот и веројатно се многу збунети и тажни. Секако дека им недостигаш, ама им треба време да ги сварат новостите што им се случуваат. Многу зависи и на кој начин мајката им зборува за тебе, затоа не можеш во никој случај да им се лутиш на нив.
    Биди си доследен во однесувањето, грижи се за нив, барај ги секојдневно, покажувај им внимание, со тек на време се ќе си дојде на место.
     
    На Dd1 и zuto им се допаѓа ова.
  14. marchi-cool

    marchi-cool Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    4.742
    Допаѓања:
    9.278
    Пол:
    Женски
    дете кога не му е исполнета желбата бурн реагира,но сте многу во право што не им ги исполнувате сите желби,не се децата секогаш во право. Не може на секое А еве ти на. Ако не почитуваат договор кој им е крив но тоа не значи дека вас не ве почитуваат.
     
    На Dd1 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.214
    Допаѓања:
    21.232
    Децата те сакаат, во тоа можеш да бидеш сигурен. Повредени се поради тоа што родителите не им се веќе заедно, па затоа и ваквиот однос. Несвесно ќе бараат причини да им докажувате дека ги сакате, па дури и преку материјални. Може тоа да премине и во искористување на ситуацијата за да ги остварат своите цели и желби. Тука како родител мора многу да се внимава до каде е границата (ова претежно се однесува на материјалните работи).

    Сега за цитираното погоре. Не те бараат оти многу е веројатно мајка им да им зборува против тебе или да се прави жртва пред децата, па да очекува повеќе да бидат наклонети кон неа. Тоа е најлошото што може родител да му го направи на дете, да му врши таков притисок.

    Во никој случај немој да им се лутиш или па да им покажуваш некаква сила или авторитет. Настапувај најпријателски и ненападно со нив. Јавувај им се и кажи им дека сакаш да ги гледаш и да поминувате време заедно. И ако одбиваат не се лути, најверојатно тоа не е по нивна желба. Растргнати се на две страни кои подеднакво им значат.

    Што помалку притискаш и ги споменуваш проблемите со мајка им или било каква негативна слика за неа, толку подобро за тебе.
     
    На Dd1, NarCis@ и Lolipop23 им се допаѓа ова.
  16. Dd1

    Dd1 Активен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2017
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Машки
    Feminka 22, ti blagodaram za sovetite.
    Imas napisano deka dokdeka te izdrzivaat roditelite, treba da gi pocituvas. Jas, mislam deka roditelite, treba sekogas da se pocituvaat, nezavisno od toa.
    Decata mi se masko i zensko.
    Kerkami ima 13 godini, a sin mi 10g.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. lovestoneddd

    lovestoneddd Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    2.997
    Допаѓања:
    28.813
    Пол:
    Женски
    Штом си емоционален човек мора да си педер, ама изгледа уште не си свесен за тоа.
    Прав маж е без емоции, карпа, алфа, робот.

    |(
     
    На Nausicaa, cresa-jagoda, Cinnamon Bun и 6 други им се допаѓа ова.
  18. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    7.929
    Допаѓања:
    41.168
    Види @Dd1, по тоа што го прочитав, детето е или кај мајка му или кај твоите (затоа што викаш дека таму имаш контрола). А кај тебе кога е?

    Знам исти таков случај, кај што таткото купил играчки на децата и не им дал да си ги земат кај мајка им. Да беше до мене, жити се ќе го задавев. Децата шокирани беа, буквално шокирани. Не сфаќаат што погрешиле за да не можат да си играат со тие играчки кога тие посакаат. Не можеш на сила да им ја добиеш љубовта со тоа што ќе ги уценуваш да поминуваат време со тебе.
    А со тоа што мразиш педери, каков пример оставаш за твоите деца?
    Јас да сум ти дете, никогаш не би ме видел. Апсолутно никогаш.

    А, и поголеми се сега веќе, сигурно сфаќаат. Зошто се разделивте со сопругата? Да не те обвинуваат тебе за вашата разделба?
    Разговор, разговор и само разговор. Мирно, без повишување на тон и без инает.
     
    Последна измена: 18 јануари 2019
    На cresa-jagoda, Someonespecial, Scott Weiland и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Feminka22

    Feminka22 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    4.627
    Допаѓања:
    14.958
    Пол:
    Женски
    Добро тоа се подразбира.Едни родители имаме, фала Богу дека треба да ги почитуваме без разлика на се.
    Ќерка ти влага во пубертет, и работат бубачките.Може да биде бунтовна малку и да контрира.Збори со нејзе во најскоро време.
     
    На Dd1 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    11.903
    Допаѓања:
    158.811
    Пол:
    Женски
    @Dd1
    Јас овде не гледам емоционалност, туку незрело однесување.
    Се работи за деца пред и во пубертет, кои плус поминале низ развод на родители - што не е мала работа, колку и да се одвивало сè цивилизирано и по договор.
    Ти си возрасниот тука, родител си им. Не си им другар на нивна возраст, па на исто ниво да се инаетите за тоа кој кому прв да се јави.
    Ништо не може да се реши со уште помалку комуникација со децата.

    Ма да, некој што „мрази педери“ и се оправдува дека не е педер оти е емоционален, според мене не ни заслужува авторитет, ама ајде... :bug:
     
    На cresa-jagoda, NarCis@, Lolipop23 и 1 друга личност им се допаѓа ова.