1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дилеми околу воспитувањето на децата

Дискусија во 'Дете' започната од Ariel, 19 декември 2011.

  1. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.222
    Допаѓања:
    30.273
    Пол:
    Женски
    Период назад, скоро месец можеби траеше, а со оглед на временскиве услови, цело време дете беше дома. Иако моите напори беа големи да успеам да наоѓам занимации, да го анимирам, да играме заедно, веќе е голем и сакав и он сам да почне да прави нешто, а не само да ме чека мене, беше залудно, признава само она што се игра со мене или мм, она што ние ќе кажевме, зашто многу слабо се дружи со деца периодов. Дојдоа внуците на гости, со своите телефони и таблети( нивното воспитување не би го коментирала зашто не им сум родител) и моево дете одеднаш стана зависно од телефон. Ама буквално! И во сон ги кажуваше игрите, не можеше да дочека за да го грабне тел, за мене тоа беше хаос. Не дека бранам тел, ама дозволен е во одредено време и трае пола час или помалку. Зборував, пак пробував да анимирам и беше залудно.
    Се нервирав многу, не е тоа начинот на кој сакам детето да расте, и една вечер го седнав и му објаснував. Возраста му е таа да разбира што јас кажувам, што е добро а што лошо.
    Еве веќе трет ден, телефон преку ден бара само пред преспивање, цело време си наоѓа знимација и воопшто не ,, размислува,, која игра требало да ја симне, колку парички да освои, и сл.
    Сега во разговор со мм му кажувам колку голема грешка ќе направевме доколку попуштевме и допуштевме да нашето дете управува со нас.
     
    На mal.ecka, marchi-cool, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Lady*Bug

    Lady*Bug Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2017
    Пораки:
    1.149
    Допаѓања:
    4.872
    Пол:
    Женски
    Децата 13год живееле во семејство (како што разбрав) и сега се "растргнати" ни ваму ни таму + во пубертет скоро, така да нивната реакција е повеќе од нормална. Вие како возрасни личности (ти и твојата сопруга) сте сфатиле дека сте се разделиле и можеби потешко или пилесно го прифаќате или сте го прифатиле тоа, НО ваша работа е како сега да им помогнете на вашите деца таа празнина да не ја чувствуваат до огромен степен (од каде потекнува и нивното однесување) и доколку имате контакт (што би било и најдобро во интерес на вашите деца) да се договорите дека нема зборување лошо позади грб за родителите, дека се што е за нивно добро ќе балансирате и договарате, и најважно е да успеете да се договорите дека двајцата ќе сте едногласни да израснете деца кои нема да имаат утре фрустрации заради развод на нивните родители.
    Јас би препорачала контакт со сопеугата заради децата, да не се стигнува до нешто а да се "користат" децата како алатка, да си бараш да поминуваш квалитетно време со нив (како и што ти пишаа), доколку ти се однесуваш со здрав разум по некое време твоите деца ќе го увидат тоа, поготово кога ќе питпораснат. И да, нема да памтат што си им купувал (иако тие ти се деца и треба да се грижиш за нив) но ите како ќе памтат утре дали си ги барал си сакал да ги гледаш додека растат или не. Тоа се прави железото додека е топло, ако ти сега се откажеш мн веројатно е дека ќе ги "изгубиш" или нема да имате контакт каков што посакуваш, а како што растат и времето си поминува ќе ти значи да бидеш блиску до нив и физички и психички.
     
    На Dd1, zuto, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  3. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.889
    Допаѓања:
    14.246
    Пол:
    Женски
    денешниве деца се чудо. Се им е сведено на компјутери и таблети. Не знаат со што да се занимаваат. Ние во наше време секогаш имавме занимација со сегашниве деца не знам што се дешава. Моето јануари и фебруари не оди во градинка и е невозможен дома. Малу ќе црта ќе гледа цртани на тв дома ќе скока и поголем дел го поминува на компјутер. Се друго му е досадно. кога е во градинка таму 4 саати убаво си поминува кога ќе дојде јаде разговараме лежиме гледаме цртани и преспива. Потоа гледам да повториме што учеле во градинка и малку е на компјутер или игра на телефон.
     
    На LaDyDoLl му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    3.858
    Допаѓања:
    21.138
    Пол:
    Женски
    И ние сме дома и маки мачиме. Иако е мала, многу сакам да ја анимирам, играм. Ама детето е такво што ништо не ја интересира.
    Ќе фати играчка, и не бара јас да си играм со неа или да и покажам да научи нешто, не, туку да седам до неа и само да ја гледам.
    Цртање, она ќе седи ќе зјапа јас ќе цртам. Само трча низ дома, отвара вади се и сешто а јас само одам по неа и кажувам не тоа, отровно е, опасно е, ќе се повредиш, не се игра со тоа. Пена уста ми фати. Пукнав од раскревање.
    Телефон не давам, ретки се тие ситуации. Затоа и не ја интересира да седне и да се загледа у телефон.
    Пуштаме цртани и музика на тв. Ама и тоа не ја интересира.
    Книги, созвуци, сликовници... ништо се е џабе.
    Некад си викам недоволно правам за детето, не знам да откријам што сака и како да ја забавувам.
    Доста знае, самостална е, а се ми личи ко да не ја интересира да научи и искрено не знам од кај учи.
    Не е дете да го седнеш да му извадиш играчки и да му кажуваш, ова е крава таа вика мууу... итн. Не, за 3 секунди станата и трча. Ќр донесе ѓезве. Ооо викам ај кафе да правиме, ќе отидеме во нејзинаа кујна и готово, фатила друго и трча у друга соба.
    Се надевам дека кога ќе потпорасне ќе е друга. Сега да затопли планирам да е надвор, ако ништо друго да се истрча. Буквално ништо не прави вака, само досаѓа а јас се нервирам.
    Инаку, стрикно за воспитување имам свои принципи.
    Не попуштам. Ако е мала, обуена внатре не смее да шета, се јаде на маса, се кажува стално чао кога излагаме, мора да споделува играчки, кога плаче од бес ја оставам, попуштање нема.
    Ама пак изгледа некаде грешам.
     
  5. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    60.806
    @Цвет88
    Не знам колкаво ти е детето, ама претпоставувам мало според она како го опишуваш.
    Како и да е, секое дете има периоди. Ако не го интересира нешто сега, не значи дека нема да му се пројави интерес подоцна.
    Некогаш ние родителите (или премногу често) си ставаме притисок дека нешто мора да функционира на одреден начин и се прашуваме каде грешиме. Никаде не грешиш. Го сакаш детето, се грижиш за него и тоа е сосема доволно. Тоа што тебе ти изгледа како да се здосадува, него сигурно не му е :D
    Период е, сака да трча, нека трча само, и тоа е дел од развојот. :)
     
    На kukla21, Sexybaby86, Lady*Bug и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    3.858
    Допаѓања:
    21.138
    Пол:
    Женски
    Мала е да, 16 месеци е.
     
  7. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    60.806
    Леле па што очекуваш. Тукушто проодила, чекај прво таа вештина да ја извежба :D
    Уживај, мала е многу за да очекуваш од неа нешто повеќе.
     
    На Sexybaby86, Annath и Lady*Bug им се допаѓа ова.
  8. Lady*Bug

    Lady*Bug Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2017
    Пораки:
    1.149
    Допаѓања:
    4.872
    Пол:
    Женски
    Леле ја кога те прочитав си викам детево 2г има.
    Чекај мала е има време за да игра заигрува сама и да и објаснуваш. Мојот буквално откако прооде 13 месеци имаше до пред 1 недела да не речам се смири (сега има 22 месеци) 9 месеци кој што правеше јас трчав ама буквално трчав по него, во парк ќе отидеме од 8те чешмички он за 5 мин отишол до луна парк. Душа немав. Сега пред некој ден бевме пак у парк не ми се веруваше дека детево 30мин си игра со камчиња на едно место а ја и мм 300 муабети сврзавме. Дајте му време на времето ама и контролирајте го и него и децата. :)
     
    На TeddyGrey, Ano и Sexybaby86 им се допаѓа ова.
  9. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    3.858
    Допаѓања:
    21.138
    Пол:
    Женски
    Ма од 10 месеци оди и не врти како сака. Кога ќе се сетам само што правеше на одмор, мораше секој да ја поздрави, ако не се враќаше и она му се пика. Во охрид цел го одеше пешки. Таму прооде, а од 7 месеци одеше за рака.
    Летоска ќе биде доста интересно ќе се бркаме у парк :)
     
  10. Lady*Bug

    Lady*Bug Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2017
    Пораки:
    1.149
    Допаѓања:
    4.872
    Пол:
    Женски
    Епа можно е твојата да има поголемо моторче од мојот :rofl:
     
  11. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    3.858
    Допаѓања:
    21.138
    Пол:
    Женски
    Некој турбо мотор има мојава
     
    На TeddyGrey и Lady*Bug им се допаѓа ова.
  12. Gajgurce

    Gajgurce Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2015
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    13
    Здраво. Не најдов соодветна тема за прашањево кое е општо поврзано за деца до 6 годишна возраст.Како би им ја објасниле природната појава ВИНОЖИТО, на што поедноставен начин кој би го сватиле,или преку некоја игра? Доколку имате мислење или искуство ќе ви бидам благодарна на одговорите.
     
  13. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.242
    Допаѓања:
    166.001
    Јас на моето му објаснив како што сум научила по физика, дека е прекршување на сончевата светлина. И и покажав, баш ни светеше сонце во телевизорот и како виножито линија се појави, под одреден агол на гледање. Пробај со темно стакло да бркаш сончева светлина:)
     
    На marchi-cool и Gajgurce им се допаѓа ова.