1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Димко Тасевски - Дитас

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од meU, 23 јануари 2012.

  1. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.049
    Во 8мо одделение ги прочитав првите неколку книги од овој писател “Дупка во мозокот“ , “Експеримент“, “Децата на ѓаволот“. Многу години ги барав и “Крив правец“ ,конечно неочекувано дојдов до нив и деновиве ги прочитав.
    Кога почнав да ги читам книгите на Дитас ми беше кажано дека “крив правец“ 1 и 2, “Дупка во мозокот“ и “Децата на ѓаволот“ се пишувани според вистински настани. Дали е тоа навистина така?!
    Одговорот на ова прашање кое доаѓа од самиот писател е : “Моите романи произлегуваат од вистинскиот живот, затоа и сметам дека се вистинити. “
    Мојата љубопитност сеуште не е до крај задоволена, а со тоа и мојата имагинација, фантазија се повеќе се зголемува. Имам преголема желба да истражувам, да пребарувам, само да дојдам до некој факт, да дознаам дали нависитна се случуваат овие работи. ДА, се случуваат, меѓутоа во толкава мера, на ваков начин? Уште милион прашања имам во себе...
    Друга работа која според мене е правилно да се направи е овие книги да се стават како задолжителни лектири во основно(или средно, како и да е) школо и секој да биде детално испрашуван за нив, а истите тематски и суштински дланбински да се разгледаат, обработат, коментираат,дискутираат. Мислам дека содржат прекрасни примери кои треба да им се претстават на децата, да бидат свесни за опасностите и цената на одредени работи кои се повеќе се дел од нашата реалност и секојдневие.

    Сега ми е на ред “Џими Бразил“, да видам таму што ќе откријам за нашата околина.

    Навистина бев импресионирана од книгите, замислена “жедна“ за дискусија и разговор па поради тоа настанав и темава :)
     
  2. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.645
    Јас книгите ги проценувам на друг начин кој скоро си нема веза со такви приказни. И пошо ми е битен стилот и начинот на раскажување, овој Дитас не ми се допаѓа пошо стил на изразување - катастрофа! :D

    Не навлегувам во тоа дали е вистина или не, мене не успеа да ме привлече. Ја читав Крив правец, баш како осмооделенец да ја пишувал. Јас не знам од кај толку обожаватели :?: Барем да се погрижеше убаво да изгледа, вака се гледа дека сака само приказна да пренесе. Не, не го почитувам јас!
     
  3. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Зар стварно сметаш дека овие книги би можеле да бидат лектири за основно??? Оваа содржина задолжително секој да ја чита па и на часовите да се прераскажува? Зар не мислеш дека е премногу?
    Го имам читано Дитас ‘‘Верска војна‘‘ , ‘‘Дупка во мозокот‘‘, ‘‘Крив правец‘‘ интересни се, но со многу вулгарни а можам да кажам и гнасни сцени.
    Го читав оддамна но многу добро се сеќавам на еден момент од Верска војна
    За детето кое беше обесено на дрвото и кога му го извлекоа половиот орган а со тоа и цела утроба
     
  4. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.049
    @Magnolija, лично јас го почитувам поради храброста да ги напише сите овие работи, а во однос на твоето размислување, да, знам дека многу луѓе сметаат дека Дитас нема никакво литературно изразување во своите книги, дека не пишува на некој висок стил но, ќе ти копирам еден негов одговор од интервју во однос на ова : “ Можеби и немаат некоја литературна вредност, но тие што зборуваат така забораваат дека во Македонија не постои друг автор на кој романите му се фотокопираат за да се дојде до нив и да се прочитаат. Најдете ми некој таков освен мене и јас ќе ви подарам што и да посакате. Таквата состојба многу кажува, колку сум читан и дали сум најчитаниот автор. Читателите го сакаат мојот едноставен начин на пишување, а за мене тие се најважни. Не обожавам тежок стил кој би го разбрале мал број на луѓе. Со таквото пишување само би ги изразил негативните комплекси кај човекот, надуеноста дека вреди повеќе од другиот. Затоа пишувам за да ме разберат од мали деца до најобразованите умови. Ако таквото изразување за некој нема литературно значење, нека му е. Тие луѓе или немаат ништо напишано или пак ако имаат не продале ниту една своја книга па и немаат чувство дека книгата се пишува за народот да ја прочита, па и тој ќе каже каква вредност има романот. За мене литературна вредност има онаа книга која остава голем впечаток кај читателот, нешто што човекот ќе го запамети од тоа читање и тоа паметење ќе му користи во животот.“

    Мене не ми беше целта на темава да коментирам за неговиот начин на пишување, туку неговите приказни и храброста да се објават такви работи.

    @SOVRSENSTVO ДА, сметам дека треба да бидат лектири, немора да се за основно, ете нека се за средно, меѓутоа треба да им се дадат некои примери на денешните млади, кои ќе допрат до нив. Реално знаеме денес каква ни е ситуацијата во земјата, знаеме дека секој на еден или друг начин се труди да стаса до пари, треба младите да знаат во што се впуштаат. Околу мене постојано дознавам за нови случаи кога девојчиња одат за пари, па не е ли тоа жалосно?! НЕ викам дека секоја би тргнала по лош пат или би ја снашло истата ситуација која Дитас ја има опишано, меѓутоа сметам дека треба да бидат информирани и за тие работи, последици, можности..
     
    На tessie, DEBELUSKA и Tomcia им се допаѓа ова.
  5. Tomcia

    Tomcia Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2010
    Пораки:
    172
    Допаѓања:
    126
    Прекрасен писател кој го напиша едни од најпрекрасните книги. Ги читав пред точно 12 години. Крив правец, Дупка во мозокот, Децата на ѓаволот, Арачиново...
    Пишува на "низок стил" кој е достапен за сите, лесен, разбирлив. Сепак тоа се дешавки од нашето поднебје, од нашата реалност.
    Не знам како можете да осудувате. Уметноста е субјективна

    Утре одам да ги барам другите книги во библиотека
     
  6. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.106
    Допаѓања:
    88.098
    Пол:
    Женски
    Пред да почнам да читам поинаква литература, можев да речам, па не е лош Дитас. Го читав кога бев во основно, па еве да речеме и прва средно. Тогаш ми се допаѓаше затоа што мислев дека е супер на ваков начин да се доловуваат приказните. Но, сега не го препорачувам на никого. Пишува на многу низок/прост стил, не може ништо да се научи од неговите дела, а да не помислуваме на збогатување на речникот.
    Книгиве може да ги прочита некој кој не сака многу да чита, а ете има повеќе слободно време. Иако јас ги прочитав поголемиот дел кога бев 14,5 години сега никако не ги препорачувам на дете на тие години.

    Најпознат стана со книгата Крив правец која е премногу вулгарна. Мислам дека со право му беа забранети книгите.
     
  7. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.645
    И тука доваѓаме до прашањето, кои и какви се тие читатели? Од читател до читател има разлика. А секако дека поголемиот дел би го читале Дитас зашто е лесен и ни раскажува за многу битни работи :?: , кои некои и не ги интересира отколку некој друг еве пр. Гоце Смилевски од кој би можел да научиш многу повеќе и пишува прекрасно. Речениците му се ем накитени, ем паметни.

    Се си е тоа до вкус, но мене вакви книги, ако можеме така да ги наречеме пошо се со 9345985 намери во основа, а не за промовирање на убавиот, пишан збор, ич не ми се допаѓаат! Ако не се лажам и Роберт Ладлам пишува вакви приказни кои нели се вистински.

    И да :D Читателите на него му се најважни? Па не се тие муштерии :^)
    Знак прашалник зошто е достапен за сите :^)

    Уметноста е субјективна, а јас овде никаква уметност не гледам :D Жити се :!:
     
    На marama му/ѝ се допаѓа ова.
  8. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.049
    Само мала корекција, книгите на Дитас не беа забранети поради вулгарната содржина и “Децата на ѓаволот“ е уште по вулгарна , но забранети беа конкретно “Крив правец“ , а еве што кажува тој во однос на тоа: “ На некој не му одговараше да се критикува мојата работа, па се одеше до таму што имав многу закани по мојот и по животот на мојата фамилија. Но јас ги игнорирав и продолжив да пишувам во мој стил. До 1998 година мораше да се оди преку министерство за култура, а моите романи дотогаш таму не поминуваа, па морав да ги печатам без нивна дозвола. А забранетото е секогаш поинтересно. Тоа е тоа.“
     
  9. Shortie

    Shortie Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2011
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    71
    Пол:
    Женски
    Јас го имам читано и океј ми е..Повеќето се базирани на вистински приказни..Али им го препорачувам на средношколките сепак е ту мач за основно..
     
  10. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    781
    Дитас нема некој стил на изразување - пишува многу едноставно но мислам дека сепак задржува внимание... Всушност кога дознав дека случувањата се базирани на вистински настани останав вака :o :o :o ...
    Зарем навистина се случуваат такви работи :?:
    Како и да е лично мене ми се допаѓа. :)
     
  11. Trnche

    Trnche Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2012
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    241
    Мене ми се допаѓа Дитас :)

    Го имам читано во средно (Децата на ѓаволот, Дупка во мозокот) и знам дека можеби не е некој литерат, нема стил и сл, но приказните му се вистински, заразни и се уште не ми се верува дека такви работи има во Македонија. Јас бев и заборавила на него, но пред некој ден другар мој на кој му имам зборено за книгите ме изненади и ми ја донесе Дупка во мозокот на поклон :D Летово бил на одмор во Дојран и имало некоја тезга на улица кај што ја нашол книгава. Од темава видов дека има и други книги за кои не сум знаела, па би сакала да прашам кај може да ги најдам? Би сакала да го соберам целиот негов опус, без разлика дали веќе нешто имам прочитано.

    Може некој да помогне? :*
     
  12. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.752
    Допаѓања:
    65.220
    Пол:
    Женски
    Кога бев помала мајка ми ја читаше Крив правец, а тогаш се она што читаше и јас читав. Ама оваа книга не ми ја даваше сметаше дека сум многу мала. Сепак ја земав од друго место и ја прочитав. тогаш нели на времето ми се чинеше ко којзнае што да сум прочитала. :lol: Читав после пак нешто од него, ама не ми текнува, дали беше Децата на ѓаволот или друго нешто. Ама по една книга од него, нешто мислам со експериментирање имаше во насловот, кренав раце од него. Толку ми беше глупава и бесмислена книгата што не сакав веќе ништо друго од него да читам.
     
  13. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.242
    Допаѓања:
    21.647
    Пол:
    Женски
    Ја имам читано само Крив правец 1 од овој автор. Знам дека му се забранети книгите овде во Македонија, и знам дека не живее тука со фамилијата.
    Сакам да причитма уште некоја, на пример вториот дел од погоре наведената книга, или пак, Децата на ѓаволот. Барав на нет торенти да ги симнам, но не се снајдов баш. Може помош? :)
     
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.752
    Допаѓања:
    65.220
    Пол:
    Женски
    Еве го вториот дел од крив правец. :)
    Ќе го симнам и јас да го прочитам, иако реков дека веќе не читам од него, ама ај. :wasntme:
    http://hotfile.com/dl/135303463/3c3d081/__2.pdf.html
     
  15. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    A на првиот дел линк има ли? :wasntme: :wasntme:
     
  16. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    сите книги на дитас ми се прочтани но КРИВ ПРАВЕЦми останал најмногу во главата инаку крив правец е вистинска приказна на една евојка која заради што сака да постигне некои свои сонови во животот тргнува по многу лош пат и на крајот лошо и завршува во својот живот она се си запишува во својот дневник и неколку дена пред да ја убијат му го предава дневникот на дитас и му вели ако не се плаши да го објави затоа и не беше дозволено да се издава легално затоа што јасно се гледа реалниот бизнис и политицки врв што и како прават и како печалат и како се случуваат сите самоубиства и нејасни убиства
     
  17. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.752
    Допаѓања:
    65.220
    Пол:
    Женски
    На Trnche и ludoto19 им се допаѓа ова.
  18. vesni4kaaa

    vesni4kaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 мај 2011
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    8
    Ги имам прочитано повеќето книги од Дитас -Децата на ѓаволот, Верска војна, Крив правец и Дупка во мозокот и искрено сите многу ми се допаднаа, но сепак најголем впечаток ми остави Децата на ѓаволот.Сепак овие книги се пишувани на доста по различен и реален стил па мислам дека не можат сите да ги читаат или да им се допаднат. Позз
     
  19. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.242
    Допаѓања:
    21.647
    Пол:
    Женски
    Ја прочитав книгата за брзо време. Ме остави без здив исто како и првиот дел!
    Не преферирам да читам книги на компјутерот, но оваа морав :)
    Алал да му е на човекот што има храброст сето ова да го напише. Верувам дека е базирано на вистинска приказна, и токму тоа ме плаши. Зарем и кај нас се случуваат вакви нешта? :puke:
    Ако некој има линк од Децата на ѓаволот, нека го стави овде :)
     
  20. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    Луѓе кога се обидов да ја симам книгата, ми вика може да ти наштети на комјутерот :?: е сега не сум симнувала јас онлајн, вие што ја симнавте, ништо не ви се деси? :D