Има нешто во неговите песни, текстовите, начинот на кој пее... ми ја затоплува и разигрува душава, ете толку го сакам. Ме асоцира на некои убави времиња во минатото, години кога не сум ни била родена, ама ете, чудно... Ретко слушам "ваква" музика, екс-ју и слично, не дека не ми се допаѓа туку ретко ми текнува да пуштам... ама Дино Мерлин ми се издвојува од сите тие изведувачи, навистина му ги обожавам песните... Ме зафркаваа другариве за контрастот на мојата плеј листа, која се состои од Placebo, HIM, Coldplay, Incubus и одеднаш Дино Мерлин... Не можам да одвојам омилена песна, има многу кои ги сакам, но оваа ја слушавме на одмор летоска и од тогаш ми е уште поубава и ми се искачи на број еден на мојата замислена топ листа на најдраги песни... http://www.youtube.com/watch?v=_C43HDXRouU
Ова е во вистинска смисла на зборот пејач , од глас од стас се си има, не е како денешните пејачи-кои пеглаат коси и наликуваат на женчиња и имаат некој си извештачен глас од примерот на Бибер ,Милан Станковиќ и ред др. Важен е изгледот не велам не, секако Мерлин е постар и не е некој лепотан ама плени со гласот и песните, толку
http://www.youtube.com/watch?v=MjCCMvmJae8 ги слушам сите негови песни,но оваа си има посебно место кај мене. Дино краљу!
Дино пак ќе пее во Скопје овој пат на 28 март во Борис Трајковски. Е сега со оглед на тоа дека Дино има многу фанови во Скопје и пошироко, мораше ли картата да биде 900 денари? Па претеризам бе луѓе.
Го обожавам овој пејач, неговите песни и текстови. Има некоја посебна боја на гласот кој го издвојува од другите пејачи. Сите песни му се толку емоционални, мислам секој може да се пронајде барем во една од нив. Моја омилена песна од него е Немам ја оних 18 година .
Човеков стварно го почитувам, скромен, приземјен, талентиран, песните му се навистина некако посебни. Не би да одвојувам сега овде кои песни ми се допаѓаат бидејќи ги има повеќе.