Немам користено нешто многу козметика од Диор. Од љубопитство ја купив маскарата Diorshow Iconic со свиткана четка како лажица и навистина ми се допадна ама прескапа ми е и реално не ми вреди да давам толку многу пари за маскара. Има далеку поевтини а исто толку добри како неа. Ја имав и пудрава. Добра ми беше, но ништо толку посебно за пак да ја купам. Не знам дали ја имаат уште, одамна ја имав. Моментално го имам руменилово. И мислам дека досега е најдоброто нешто што сум го одбрала од брендов. Прекрасно ми е и пак би го купила. Пигментацијата му е одлична, нијансата ми одговара. Супер ми е и за во лето и во зима, на лице не е толку дречливо розово, многу е нежно и природно.
Од Диор имам пудра молив за усни и кармин. Пудрата е одлична, лесна со средна покривност. Бидејќи ми е малце потемна нијансата, ќе ја искористам сега за лето. Моливот е најубавиот молив што досега го имам користено. Јас сум си чудна, и на Mac имам шминки нови сите во кутиите си седат, си ги чувам, а за секој ден си користам најчесто козметика на Maybelline и Голден Роуз
Од Диор имам пробано доста работи. Пудрата течна и камена на Dior Forever. Нијансите беа крш , ако сте светли поготво , мене многу ми оксидираше и бев портокалова во лицето. Покривни и се се , ама многу оксидираат. Сега ја има Dior backstage пудрата течна , далеку поевтина е од другиве и поубаво стои на лице. И има доста нијанси , нормални за избор. И многу е течна да напоменам ама затоа се надоградуваат втор и трет слој по потреба. Ја имам пробано маскарата Dior Iconic и со двете четки заоблена и права. И двете ми беа одлични , таа со заоблената четка три пати ја имам купувано. Само брзо се сушат , ако не користите секојдневно маскара , не ги препорачувам. Имам користено и серум за лице , овој поточно и бев многу задоволна во однос на хидратација (баш го имав купено по бременоста , ми се лупеше лицето имав некои црвенила и сл) , убав ми беше Наредно што сакам да пробам е овој прајмер за трепки , се нанесува пред маскарата. Најчесто го даваат како подарок со маскарата Оверкурл , па може така да го пробам.
Би ми било драго да ми кажеш од каде го зема руменилото и која цена? Да не знаеш можеби да не има и други боички.
Од Сефора го купив, мислам дека беше на некоја акција и испадна околу 25е. Мислам дека има само розово и праска, не сум сигурна дали има други бои од линијава.
Од диор го имам користено само ова нијансирано сјајче за усни. Препрекрасно, за суви усни одлично, убава нијанса остава на усните и е трајно. Го чувам и штедам како светиот грал
Ти благодарам,ќе се обидам да го најдам зашто јас баш праска боја на руменило долго време барам и никако да најдам.
На нет можеби ги има нијансите како стојат на рака. Види чисто така ориентационо. Мене ептен ми се допадна како изгледа ама се одлучив за розовото во последен момент. Се мислам јас, можеби пак би пробала некоја пудра, ама треба да разгледам прво што имаат. Не сум во тек што и како стојат со пудрите, па ќе оставам за понатака кога ќе ми притреба нова пудра.
Па да, многу се скапи производите од Диор, но тие се меѓу првите по популарност на овие производи. Јас оваа сенка многу сакам да ја купам, преубава ми изгледа и сигурно е прескапа и јас нема да можам да си дозволам толку високи цени. Ај ќе купам ако најдам, не жалам пари. Спојлер: - Парите секако се трошат, секако ќе одат на некоја кинеска глупост, а вака на нешто убаво ќе се истрошам