Здраво, Дали постојат некои опции за вработување со C2 диплома за познавање англиски издадена од Кембриџ? Нешто како „професор“, преведувач, писател на статии во некој весник/магазин?
Во средно или основно училиште нема шанси но можеш да се вработиш на пример во некое приватно училиште за часови по англиски. Познавам две такви кои даваат часови во приватни училишта на помали деца а ниту една од нив нема филолошки туку едноставно си имаат добро познавање на јазикот.
а каква е таа С2 диплома? Јас имам 4 дипломи од завршени курсеви по англиски за кои сега слободно можам да си ги фрлам. Криво ми е за парите што сум ги потрошила а богами и за времето.
Не е оваа диплома како оние кога завршуваш година на курс или кога завршуваш цел курс, туку се интернационално признати дипломи, ако сфатив точно. Ваквите дипломи се допиваат со полагање на интернационално признати тестови. C2 ако не се лажам е advanced и највисокото ниво кое можиш да го добиеш (A1, A2 - beginner; B1, B2 - intermediate; C1, C2 - advanced) На темата, исто како мислењата погоре, мислам дека можиш да работиш само во приватно училиште за јазици. Ама не сум информирана детално.
За професор потешко ќе најде работа. Поисплатливо ќе и биде ако преведува. Тоа може и од дома да го работи. Солидно се заработува. За да можете да полагате за С2 диплома мора да ги имате завршено сите степени курс по англиски. А тоа се 8 степени. Таа е интернационална диплома.
Знае некој колку се плаќа да се полага за C2? Сум слушнала дека цената се движи околу 150 евра, не знам со сигурност.
LinguaLink nudat podgotvitelen kurs i ispit za C2 nivo. Jas plakjav po 7500 za ispiti, a kursot obicno e okolu 12-13000.
Не мора апсолутно ниеден курс да имаш посетено, не е предуслов. Јазикот може да го научиш на било кој начин, јас го научив со престој во Њујорк Околу 150 евра е За C2 најчесто се полага САЕ или CPE тест затоа што булатс и сличните се крајно непотребни. С2 е последното скалило на CEFR така да се бара прилично доста. Реална да бидам ниеден курс нема да те спреми за С2, за С2 или знаеш или не знаеш. Може само финесите на тестот да ти ги доловат и каде за обратиш внимание..
Одговор на сите: C2 е proficiency диплома, која е интернационално признаена, и е највисокиот степен на познавање на англискиот јазик. Цената на испитот е околу 9000 ден како што знам, а за поточни информации мислам дека би било паметно да се јавите во центарот за странски јазици и да прашате. Прашање до сите: Дали познавате некое приватно школо каде би прифатиле некој (хонорарен) работник или некоја установа која бара преведувачи?