1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дипломска!

Дискусија во 'Образование' започната од LadyN, 8 ноември 2010.

  1. LadyN

    LadyN Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    124
    Сакам да го слушнам(прочитам :lol: ) вашето мислење или искуство во врска со презентацијата на дипломската работа. И најбитното, она непишано правило дека треба на професорите во комисијата да им се дадат скапи пијалоци, и да им се принесуваат софри.... колку сето тоа е потребно,колку пари се трошат на тоа и дали истите го заслужиле тоа?
     
  2. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.369
    Допаѓања:
    5.313
    дипломската работа е чиста формалност која зависно од факултетите на некој ја има а на некој се дипломира со последниот испит. јас од мое лично искуство па и не и придавав толку голема важност и не се притресував а воедно и не ставав на некој огромни трошоци незнам славења во кафана (веќе некој прават како свадба ). самиот чин на дипломирањето или т.н. бранење на дипломската работа се состој во кратка презентација на дипломската и опфаќањето на темите, значи даваш осврт од неколку минути. потоа секој од професорите во комисија ти поставуваат по некое прашање или најчесто едно(прашаеата понекогаш може да се општи и да немаат врска со темата). излагаш надвор а тие се договараат. најчесто т.е. во 99% од случаите добиваш 10 ка (како и јас ) хехехехех. на крај јас имав спремено на сите три професорки по мало парфемче или може и да се нарече мирис кој ги купив од веро еден кошташе 600 денари. ги почастив во бонбончиња по чаша сокче и толку сите по дома. бевме само најблиските и ништо повеќе. мислам дека не треба да се претерува ни со храната ни со поклоните. да би правел или бранел некој докторат да би правела слава вака бар јас не се потрошив многу и сакав тоа да остане лично за мене без којзнае колкави и какви огромни трошоци
     
    На cresa-jagoda, Vik'Toriah и roberta-rubi им се допаѓа ова.
  3. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.366
    се сложувам со карак нема потреба од така наречени свадби за прославување дипломска се знае частење со најблиските и толку.
     
  4. LadyN

    LadyN Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    124
    Па и јас се сложувам дека нема потреба од толку трошоци, ама како што гледам сите ми кажуваат "срамота е ако не се однесе на сите по еден жесток пијалак и да се принело за јадење". Мене искрено оваа традиција ми е безвеза :!:
     
  5. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.369
    Допаѓања:
    5.313
    јас искрено ке ти кажам не е ништо срамота твоја желба е што ќе однесеш. кај нас па моја генерација сите поминуваа со колекции и баш ти кажувам јас однесов шери бонбончиња и ледени коцки ги почастив професорите, им ставив сок си носев чаши, и имав лешници и бадемчиња во едно тањирче и толку сето тоа со брањенето не траеше ни 30 мин. не се притресувај и така никогаш повеќе нема да ги видиш ниту пак на нив им значи некој пијалок или било што.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  6. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    651
    Пол:
    Женски
    Целата фама околу дипломска ми е безвеза , кога само ради реда се троши време и сите за помалку од 15 минути завршуваат. Затоа на мојот факултет ( филолошки, книжевност), немаше дипломска, си дипломирав со последниот испит и готово :clap:
     
  7. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.297
    Пол:
    Женски
    Е па девојки, јас малку да ја оживам темата, оти навистина ми требаат совети.
    За кратко време, сум во план да дипломирам, па сакам чујам мислења и искуства за тоа како сте поминале при бранењето на вашата дипломска работа. :)

    Најмногу ме интересира дали ја браневте јавно или во канцеларија, само пред професорите од комисија, и како мислите дека е подобро!
    Колку луѓе повикавте и како почастивте, дали нешто скромно, благо, сокче, или со кетеринг служба (како на пример дечко ми кој лупна 4000 денари само за закуските, без пиењето)
    Што им купивте на професорите?
    И колку од прилика ви изнесуваа севкупните трошоци?

    Благодарам однапред :)
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  8. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333

    Спремај дипломска и многу многу не им се замарај. Кој колку чаре има така ќе прослави.
    Јас бранев во канцеларија пред 3 професори. Беше само моето семејство. Во мое време немаше поставување на ордевери и собирање на 20-30-40 и повеќе луѓе. Земав виски за ментор главниот пред кој бранев а останатите 2 ги почастив со бомбони. Еден пијалок кој веднаш го отворивме чисто да наздравивме и тоа. Скромно....
     
    На Lolipop23 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. aaleksaandraa

    aaleksaandraa Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    34
    Еве и јас да ви кажам пред два дена бранев. На менторот и на претседателот од комисијата им ставив по едно вино од 200 ден. и по едни бомбони, а на професорката која беше член на комисијата и земав комплет беше спаковано гел за туширање со лосион за тело и тоа од 250 ден. и едни бомбони и за неа.
    А за таму купивме една бомбониера, сок и ракија однесовме и ајт со здравје.
    Немав многу пари за расфрлање. Не е само да лупнам за секој од нив по 1000 ден, а утре дома да јадеме само леб и маргарин.
    Ако им се свиѓа арно , ако не немора да го пијат виното , што да им кажам , ни ке ме видат утре ни ја ке ги видам.
    Утре ќе запишам пак факултет ке ми требаат пари и за тоа.
    Денот е само колку да се означи дека веќе си завршил со испити, 20 минути работа, додека презентираш , да се почастите и толку.
    Спреми си ја дипломската и тргај, не му ја мисли што да носиш како да правиш. Оти нив ништо не им е доста, и прасе да им однесеш и тоа ќе си го земат.
     
    На cresa-jagoda, NOVAVON и Lolipop23 им се допаѓа ова.
  10. anneyy

    anneyy Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2010
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    1.421
    Ај и јас да прашам... Има ли потреба од купување вино и бонбони за менторот и членовите на комисијата?
    Ќе те паднат ли ако не им однесеш ништо? |(
     
  11. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.964
    Тие ствари ги даваш на крај, кога ќе завршиш со одбрана на дипломската и кога веќе ќе те прочитаат за дипломирана. Така да, нема врска тоа.
    Јас бранев во кабинет кај професорката со уште една професорка во комисија. Ми беа најблиските само, дали беа 7луѓе. Носев на професорката во комисија една бонбоњера, а на другата коњак ми се чини. Посебно бонбоњера и пијалок со која сите ги почастив и истите си ги вратив дома.
    Одбраната ми траеше мн кратко, професорката беше веќе изморена, а јас сред лето на сред пладне бранев, ужас жешко. (а криво ми е, зашто се внесов во изработката и сакав цела да ја испрезентирам :tmi: )
    По кафани не славев, тие што имаа желба да ми честитаат, ми дојдоа дома и дома ги почастив.
     
    На Lolipop23 и anneyy им се допаѓа ова.
  12. problemka

    problemka Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 септември 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Здраво,треба да пишувам дипломска работа,си избрав тема,меѓутоа на нет неможам да најдам доволно материјал дали смеам да ја прашам професорката за материјал или недаваат?И второ прашање дали целиот текст мора да биде напишан од мене со исклучок на некој цитати превземани,или можи да превземам цели статии со мала измена?Не ми е јасно баш за плагијат што се смета во дипломската?Сепак не сум доктор на науки ,морам од некаде да пушувам.
    Поздрав
     
  13. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.345
    Годинава треба да дипломирам, па почнав повеќе да размислувам на темава и во едно сум сигурна-фешти нема да има. Дури е можно и никого да не земем со мене внатре додека бранам, ќе ги почастам професорите, ќе се порадуваме со блиските и готово.

    Какви дипломски имам видено, со минимум 20 души, со цвеќиња, поклони, фризераји, шминки...кој како сака, мене тоа ми е малку претерано, сепак е допломска, не ја открив Америка, магистерска или докторска е веќе друга работа.
     
    На NOVAVON му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    855
    И јас годинава треба да дипломирам и планирам со мене да ги земам најблиските и дечко ми и евентуално најблиските колешки и цимерки. Значи 10-12 души. Ништо повеќе. И кај нас на факултет гледам најчесто само тие и одат. Е за славење, бидејќи не сакав да славам матурска, дипломската ќе ја славам. Ама и тоа нема да биде кој знае што, најблиските, значи мајка ми, татко ми, сестра ми, чичо ми, вујко ми и тетка ми со фамилиите нели :) најблиските другарки, цимерките и најблиските колешки и дечко ми. Се на се, околу 30тина души.

    Во однос на дипломската работа, се уште немам одлучено по кој предмет и на која тема ќе биде, но веќе во февруари ќе морам да одлучам и да започнам со изработката. Во однос на правилата, барем кај нас на УГД, веќе има истакнато на веб страната правила за изработка на дипломски трудови и нормално, ќе се водам според тие правила. А и тука се асистентите и професорите кои секако ќе ни помогнат :)
     
  15. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    На правен студентите дипломираат со положување на последниот испит, така што вакви прослави кај нас нема. И според мене, подобро е така. Некако, тоа ми е безпотребно трошење пари. Цели маси полни со јадење, асистенти и професори што се моткаат околу софрата, секакви жестоки пијалоци, торти, колачи, букети...
    Досега немам присуствувано на бранење дипломска, ама имам видено цели гозби кога сум поминувала низ факултетиве.
    Јас ниту за матурата, ниту за дипломската не правев фешти.
    И двете ги прославив само со најблиските во домашна атмосфера.
    Здравје, магистерската ќе ја одбележам со малку поголема прослава.
     
    На cresa-jagoda, NOVAVON, Hipster и 3 други им се допаѓа ова.
  16. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Јас сум дипломирана на државен и бранев дипломски труд пред комисија. Значи, не, не е битно дали и колку ќе однесеш на комисијата, јас однесов сокче и купечки колачи мислам дека е сосема доволно (не е дисертација де па посебно да се части :lol: а и сабајле беше рано, не беше баш време за алкохол и тешки софри :D).

    Шала на страна, тоа воопшто не може да ти влијае на дипломирање затоа што бранењето на трудот е еден вид свеченост (формална работа) со која универзитетиве од западните земји одамна веќе не губат време. Со самото тоа што браните дипломски труд, браните веќе одобрена верзија од вашата дипломска работа и треба да си се рачунате дипломирани. Нз кај вас дали се става оценка за дипломската, кај мене се ставаше и на сите им ставаа високи оценки (повеќето десетки), така што нема за што да се плашите.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Agrona

    Agrona Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    1.713
    Пол:
    Женски
    И јас сум во фаза сега на бранење дипломска. Моментално ја спремам па чекам одобрување од деканот, комисијата и менторот да ми ја одборат. И тоа е само формалност. Не се пренемагам многу што и како ќе однесам или да се нервозирам дали ќе биде се како што треба. Нормално дека ќе биде, јас дотука сум стасала 65 испити сум положила па за една дипломска :)
     
  18. RainGirl92

    RainGirl92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2012
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    53
    Колку убаво :) честитки до сите. И јас едвај чекам да спремам дипломска следната година.
     
    На Agrona му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Agrona

    Agrona Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    1.713
    Пол:
    Женски
    И јас ти посакувам се најубаво и да не се секираш се ќе биде. Само здравје, само по себе ќе си дојде се останато. Поздрав ! :* :$ :hai:
     
    На RainGirl92 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.467
    Не знаев каде да го поставам прашањево, па одлучив овде за да не отворам нова тема. Ако има соодветна тема, преместете го.

    СДП за колку време од поднесувањето на документите издаваат уверение за диплома од факултет, за колку време е готово отприлика за да си го земеш?
    Јас пред еден месец поднесов документи и ми рекоа после 20-ти јануари ќе било готово, ама два пати се јавив оваа недела и се’ уште не било готово.
    Инаку за Филолошки факултет во Скопје станува збор, за англиски јазик и книжевност
    (можеби се подразбира од описов погоре |( ).