Според Член 2 од упатството за пријавување на дипломски труд: Дипломската работа најрано може да се запише во осмиот семестар од соодветната учебна година. Тој предмет се запишува само еднаш и не се презапишува. Студентот може да ја пријави дипломската работа откако ќе освои најмалку 200 ЕКТС кредити.
Неколку искуства од подготовка на дипломски труд на УГД: прво има пречка со пријавувањето - мора да се уплатени сите средства (вклучувајќи и футрола и сл) за да може системот да ја прифати пријавата. Откако конечно ќе ги уплатите сите средства на соодветните шифри и пријавувате, имате 30 дена рок во кој мора да го одбраните трудот. Спротивно на некои искуства овде, мојот труд беше многу кратен од страна на менторот. Прифаќале 30-35 страни но дозволувале и до 40 ако има потреба. Мојот беше околу 55 незнаејќи за ова и ми отиде голем дел од прилично долга работа на која навистина се посветив. Сметам дека не треба да има толку кратење и 30-35 страни (и ова е заедно со користена литература, насловна и сл) се премалку и не знам зошто е толку малку кога само една семинарска е 10 страни. Моментално бранењето е online, комбинирано или со физичко присуство во зависност од желбите на кандидатот и условите.
30 дена рок тоа теоретски, во пракса не баш. Колеги пријавија труд во јуни, бранеа во септември. Патем за кратењево изгледа е до факултетот/менторот, мојот труд беше ~50 страни.
Пријавување на истиот како испит мислев. Тема мислам дека можеш да пријавиш кога сакаш и да ја браниш кога сакаш. За бројот на страни: веројатно е така зошто назад низ темата читав дека имало со многу повеќе страни. Затоа ми беше малку мака кога ми „летнаа“ толку страни
Јасно ми е, те сфатив. Имав 2 колеги кои пријавија на крај на јуни па фатија одмори па после сесија па на крај во средина на септември добија датум или 60+ дена, наместо максимум дозволени 30 нели. Затоа дечки ако планирате да браните дипломски не ги пријавувајте на сред лето.
Кога сакаш. Има опција да се избере „пријавување дипломски“ од паѓачкото мени, го кликаш тоа (или ако нема сесија веќе си е означено) и пријавуваш.
Здраво! Јас упишав последен семестар, тоест апсолвент сум празни семестри запишувам. Имам 192 кредити сега. Дали може да пријавам дипломски труд и до лето да има време да го презентирам? Или мора да ги ичистам и преостанатите испити? Ако може некој да ми објасни како оди постапката Се оди преку е индекс и мора на професорот да му пишам дека сакам да ми биде ментор? Не можам да најдам правилник за изработка на дипломски труд на УГД..
На УКИМ, не дозволуваат да пријавиш дипломски труд, дури не го положиш и последниот испит, колку што ми е познато. Веројатно секаде е така, сите испити ги полагаш и на крај се занимаваш со дипломскиот.
Можеш да пријавиш тема за да ти ја одобри ННС, а не можеш да ја пријавиш за одбрана додека не ги завршиш испитите. Темата се бира во договор со менторот.
Се пријавуваш кај професорот дека сакаш да ти биде ментор и после договор, заедно со менторот бирате тема (често и менторот ја одбира). ЧНМ има пишано дека можеш да пријавиш тема за да ти ја одобри ННС, останатите работи следуваат откако ќе ги положиш испитите, а во меѓувреме можеш да си ја спремаш ако сакаш. Правилник за изработка има на страната на УГД, пребарај на нет „правилник за изработка на семинарски“ и ќе ти се појави како ПДФ.
Деновиве треба да бранам дипломска,студирам на Економски УКИМ. Може ли некој од вас дипломираните кај нас на факултет да ми каже искуства од својата дипломска. Дали сте носеле пиење и благо со вас на одбраната,дали сте земале поклони за менторот и комисијата?
Ја пишувам дипломската и повеќето од деловите ми се превземани од повеќето извори (цитирани нормално) и малку ми е незгодно зошто имам ставено многу малку свои мисли. Дали и на вас овакви ви биле дипломските?
Зависи од темата, ама генерално да. Нормално е, нема што да ти е незгодно. Дури и добро е што користиш повеќе извори и служиш со повеќе материјали, значи немаш препишано од едно место.
Zdravo devojki, dali ke mozhe nekoja shto ima diplomirano na finki so diplomska za napravena app da mi pise privatna poraka? Imam prashanja, no ne poznavam postar kolega za da prasham, a profesorot mentor ne mi dade soodvetni nasoki.
Здраво, има ли некој сега тазе што бранел дипломска на угд штип? Колку трае презентирањето а колку она частење после одбраната? Што купивте за мезе а што на менторот и на комисијата? Кога се даваат подароците на членовите на комисијата? И дали масата со мезе треба да се намести пред одбраната или кога се ќе заврши? Извинете на овие куп глупи прашања ама... трема...
Ја чекам датум за бранење, ама не би носела мезе, само благо нешто, чоколадни бомбони или колачиња некои ситни, и пиење. Искрено мене ми е глупо мезиња, јадења на факултет да носам. Поклонот на крајот откако ќе се заврши со презентирањето. Само на менторот ќе носам поклон и вино или некој друг пијалок, а на комисијата бомбони или вино.
Кај барам критика од менторот за досега сработеното ми рече ок ќе прочитам и ништо не ми вратил, катастрофа ништо ми нема пишано немам ни намера више да го молам ќе ја напишам и ќе им ја дадам готова па ќе видам што има комисијата да каже.