Дечки што треба да стои во заклучокот? Пратив на менторот ми рече да пишам податоци од мое истражување, а не ми ни кажал порано дека треба истражување да правам. ја пишав податоци од институт, тие ги користев за анализа на состојбата во Мк.
Како е можно да не ти каже дали треба истражување да направиш? И сега можно е за тоа да те враќаат, а ти кој знае колку време си се мачела да ја завршиш. Немам зборови, ангажираност на ментори нула.
Во заклучокот треба да стои твое мислење во кратки црти за целото истражување. Инаку како тоа? Може и секундарна анализа (од веќе постоечки извори) да се направи. Но секако треба да го прераскажеш тоа со твои зборови.
Дипломската во два формати се изработува еднио во word а другио за презентација на дено на дипломската кога се брани во powerpoint, ако може некој да ми каже да сподели искуство?
Дечки здраво, годинава дојдов на ред да спремам дипломска ќе може ли некоја да ми објасни како оди се, дали сами биравте ментор, како треба да изгледа дипломската, колку луѓе викнавте кога ја браневте итн?
Сама си бираш по кој предмет сакаш (секако мора тој предмет да си го слушала),одиш кај професорот/ката и кажуваш се одлучив за оваа тема дали е прифатливо според вас. Имаш на страната на економски пример како изгледа а и менторот ќе ти објасни. Инаку јас на одбраната имав околу 15 луѓе.
Сакам да прашам ,за време на бранењето,дипломската се презентира само пред професорите во посебен кабинет,или и пред роднините и пријателите кои се со тебе? Можеби е глупо прашањево,ама не сум упатена во тие работи. Ако може некој да ми сподели искуство во бранење на дипломска.
Здраво сака да ве прашам нешто во врска со дипломирање. Студирам на Медицински факултет смер физиотерапевт конечно ми дојде редот за дипломирање и сега си одбрав тема и ментор. Бидејќи нели треба да ми даде потпис дали образец-пријава на тема треба сама да испринтам или ќе ми даде она? Бидејќи најдов на страната на Медицински ама ништо конкретно не пишува... Фала ви
Здраво сакам да прашам дали дипломската мора да се пријави со запишување на семестар? И дали доколку не ја пријавиме при запишувањето на семестарот ќе мора да запишеме 9ти семестар само за дипломската?
Колку што знам да, се запишува со последниот семестар. Јас цела година после завршување со последен испит работев на дипломската и дури тогаш одбранив 1 година после последниот семестар.
Здраво ако може да ми предложите некоја предлог тема за дипломска работа по предметот Стратегиски менаџмент ? ни една не ми текнува
Студирам на ТМФ и сега во однос на дипломската избрав ментор што предава предмети Индустриски менаџмент и Економска оптимизација на технолошки процеси. Некој што има студирано на тмф или евентуално може на економски зошто предметот ми е спој на мојата струка и економија, ако може да ми пише
Во темава се зборат само ситни работи, а реалноста на целата процедура е толку без везе и нерви кршеше. Менторот едвај го добив, ме влечкаше 2 месеца за некое си истражување. Одговори само ми даваше еднаш во недела, на крај не бил задоволен, ок ајде пак корекции. Па да ја пријавам во студенски, идам таму со сé што треба, документите на веб-страната што ги има, на крај те враќаат со уште документи што треба да ги пополниш и изјава која требала некоја професорка да потпише. Па таа ја бркаш недела дена за едно потписче, се враќаш им даваш се и чекаш на маил да ти кажат што следно. Ти пишуваат на маил дојди пак и сега што треба не ти каживаат. Да сите го поминуваат ова, но која е поентата да се дигитализира УКИМ кога пак ќе треба да трчам до копирници, пак ќе треба да бркам професори за 2 секунди работа. Јас треба да земам слободни денови од работа специјално за да дојдам да ми кажат што треба да направам. А тие што се од другите градови? Девојче што познавам требаше цела недела да седи во Скопје специјално за да дојде профедор од патување само за потпис зошто морал лично да ја види за да и се потпише.