1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дипломска!

Дискусија во 'Образование' започната од LadyN, 8 ноември 2010.

  1. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2021
    Пораки:
    996
    Допаѓања:
    2.294
    Пол:
    Женски
    Знаев за кој универзитет се работи уште пред да пишеш.
    Апсолутно е така на УКИМ. Од збор до збор. Губење време, недостапни професори... Ништо поразлично и на магистерски студии. Не знам како се дозволува и толерира ваква неодговорност на професори. Можеби затоа што никој не се жали на потребните места од пусти вграден страв „да не ме турне“. Што ќе те турни, ти не можеш ни да ја добиеш за да може да те турне.
    Морам да нагласам дека не се сите такви професори, ама 1-2 ќе се погодат такви и што сакаш направи и има да те заглават скроз. Од 5 професори кои се многу коректни и секогаш достапни за било што, 1-2 мора да те извлечкаат.
    Нема АПСОЛУТНО НИКАКВИ насоки, нема поправки, нема корекции, враќаат еднаш во месец (така да, еднаш во недела е премија :D ), ти велат едно, а после бараат друго... The list goes on...

    И тоа со луѓе од други градови е ептен на место. Мислам дека само професори кои не патувале го прават тоа (и секако дека се истиве овие 1-2 од погоре). Тие што патувале имаат поголемо разбирање зошто знаат како е да се тегнеш по превози.

    Референти на студентски не знаат што прават. И заради тоа што тие не знаат, страдаат студентите со плаќања, презапишувања, губење време...

    За да има акција мора да постои и реакција. Така да, ако искуството ви е вакво, пожалете се. Ако ви е страв, пожалете се откако ќе завршите. Не оставајте така зошто после вас ќе има нова генерација студенти кои ќе се најдат во таа положба.
     
    На SummerGirl и злоба им се допаѓа ова.
  2. злоба

    злоба Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2020
    Пораки:
    1.080
    Допаѓања:
    3.582
    Пол:
    Женски
    Се жалиме константно, иначе да на УКИМ е ова, поточно ПМФ. Нема одговорност, нема организираност, ништо.
    Го прашувам менторот не знае што документи треба, ја прашувам библиотекаркана не знае.
    Откако бев на студенски и викам ми треба тоа и тоа, аа ок сега.
    Па што ќути и не ми каже? Вработениве како да се плашат да не ти кажат, како да мислиш јазикот ќе ти го исечат.
    А сите на ПМФ знаат како е со предметот Спорт и здравје. Тортура невидена само за еден потпис да ти стави ептен голем проблем ти прави зошто неможеш да дипломираш.
    Сите што вика УГД е лош, срам да ви е, бар имаат дигитализација и далеку поголема организација!
     
    На SummerGirl и NoirSerpentine им се допаѓа ова.
  3. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2021
    Пораки:
    996
    Допаѓања:
    2.294
    Пол:
    Женски
    Писмени жалби и на соодветни места. Да си има евиденција дека има проблем.

    Менторот нормално е да не знае ама се информира и прашува, барем оние кои се одговорни. Оние кои ги прашуваат за информации се референтите, истите што и ти ги прашуваш, кои пак голем дел се неинформирани и воопшто не се замараат. А тоа некого го чини многу. Не ми е нормално референт да не знае ниту пак толку време да не сака да научи нешто.

    Имам искуство и на двата универзитета и секаде има предности и недостатоци. Ама да, кога се работи за дигитализација УГД е доста понов факултет и предничат. На УКИМ се заглавени, неорганизирани и отпорни на промени. А отпорот доаѓа токму од дел од професорите.
     
    На SummerGirl и злоба им се допаѓа ова.
  4. Lana Babe

    Lana Babe Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2020
    Пораки:
    244
    Допаѓања:
    131
    Пол:
    Женски
    Zdravo :)
    Vo juni planiram da go polagam posledniot ispit(se nadevam deka togas ke go polozam),dali diplomskata treba odma da ja podnesam u 4 primeroci na studentski ili moze posle nekade septemvri oktomvri?
     
  5. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2021
    Пораки:
    996
    Допаѓања:
    2.294
    Пол:
    Женски
    Одредена ти е темата? Изработена ти е? И за кој универзитет се работи?
     
  6. Dr. Happy

    Dr. Happy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2021
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    5
    Здраво дечки, дали може некој што има дипломирано да ми пише, или некој да ми каже како да бидеме 100% сигурни дека дипломската нема да излезе плагијат, затоа што користам податоци од интернет меѓутоа, пишувам со свои зборови, го менувам текстот, благодарам однапред
     
  7. злоба

    злоба Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2020
    Пораки:
    1.080
    Допаѓања:
    3.582
    Пол:
    Женски
    Имаш софтвер за препознавање нa плагијати. Јас на МОН го користев, има уште еден plag.mk.
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Dr. Happy

    Dr. Happy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2021
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    5
    Ама кога ќе го постираш на МОН, тоа не е официјално нели, можеш да ја менуваш дипломската после, ако ти излезе со висок процент?
     
    На злоба му/ѝ се допаѓа ова.
  9. злоба

    злоба Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2020
    Пораки:
    1.080
    Допаѓања:
    3.582
    Пол:
    Женски
    Да
     
    На Dr. Happy му/ѝ се допаѓа ова.
  10. cocobomb

    cocobomb Активен член

    Се зачлени на:
    15 април 2022
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    49
    Дечки какви копии од дипломската правевте? Мислам како ги укоричувавте, со тврди корици или? И кој е најкраток рок во кој може да се брани дипломската откако ќе се комплетира досието? Фала ви
     
  11. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2021
    Пораки:
    996
    Допаѓања:
    2.294
    Пол:
    Женски
    Најевтино што можеш. И папка е опција. Секако на крај се сведува на формалност.

    А зависи на кој универзитет, на УГД 30 дена од пријавување на дипломска се закажува датум и се брани за да можат навремено да внесат оцена.
     
  12. Космонаут

    Космонаут Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2023
    Пораки:
    259
    Допаѓања:
    778
    Пол:
    Женски
    До кој период месецов може да се презентира дипломската? До пола ми е готова, да знам дали имам шанси да стигнам, дали да брзам дали да оставам за септември. Закажуваат ли датуми во јули, август?
     
  13. dea.18

    dea.18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2021
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    1.967
    Пол:
    Женски
    Мене ми закажаа сега за во четврток, ама влечкав документи уште крај на мај, за да ми закажат за сега.
    Искрено, сабајле ја напраив едвај душа ми се зема цела ноќ за да ја довршам. Зависи на кој факс си, кај секого различно за дипломскиве, се изнаслушав причи
    ПС. Зависи и менторот до кога е на одмор, јас ја фатив мојата ден пред да земе одмор
     
    На Космонаут му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Космонаут

    Космонаут Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2023
    Пораки:
    259
    Допаѓања:
    778
    Пол:
    Женски
    Оставив за август септември, со среќа :*:
     
    На dea.18 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. dea.18

    dea.18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2021
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    1.967
    Пол:
    Женски
    Инаку девојки, предложете што да се купи подарок на менторката и членовите. Многу се скромни не сакаат ништо. Се мислев по една бонбониера за членовите ,а за менторката исто бонбониера што ќе биде како кошничка со цвеќиња.

    Исто така, ме интересира како бевте вие облечени? Давајте предлози за аутфит за бранење дипломска. Салонка/патика панталони/фустан...?
     
  16. Belcezza

    Belcezza Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Дали е глупо на машките во комисија вино да им подарам? Некое околу 1000 денари..
     
  17. dea.18

    dea.18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2021
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    1.967
    Пол:
    Женски
    Не е
     
  18. Miro91

    Miro91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2015
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    63
    Не воошто, тоа е вообичаен подарок за мажи. Вино за мажи а бонбоњера и цвеќе за жени.
     
  19. nikita777

    nikita777 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2018
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    Здраво, годинава ми е шеста година на медицински факултет на УГД. Имам оставено 8 предмети од претходни години, па ме интересира дали ако полагам некој испит во јунска сесија 2025, ќе можам да го фатам првиот рок за дипломирање кој е во јуни-јули или ќе мора да чекам до септември?
     
  20. Ivana222

    Ivana222 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2021
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    35
    Пол:
    Женски
    Zdravo
    Posle kolku vreme od diplomiranje vi e dadeno uverenieto?
    Konkretno filozofski fakultet.
    Blagodaram.