Јас на менторот му земав новчаник од Tudors и пиење, тоа ме фати 1600, а на другите во комисија само за пиење, сѐ на сѐ отприлика околу 3000 ме фати вкупно. Колешки знам купуваа кујнски прибори, вратоврски, трегери, не знам ни од каде им се идеиве хахах ама мене па срам би ми било да се појавам со тоа кесите како дедо мраз таму… Не гледав потреба да купувам нешто повеќе освен за менторот бидејќи беше доста ангажиран претходно. Една бомбоњера имав земено само за частење за кога ќе ми честитаат и бидејќи немав нели надвор пиење и закуска како и да го викаат им ги дадов поклоните т.е. пиењето и им кажав ова е за дома да си се почастите.
За менторката бидејќи доста ми помогна и беше секогаш достапна за консултации, мислам да и земам гифт ваучер од fiore или kvin од 500 или 1000 ден. па самата да си одбере накит, а за комисијата исто како тебе мислам дека нема потреба да им земам повеќе од по едно вино, бонбоњера или цвеќе, сите три се женски. Што мислиш дали е глупо да и земам ваучер? Те испозамарав со глупи прашања, знам хаха
Мене па ич не ми текна на ваучер, може и попаметно ќе беше Иначе јас мислам дека е соодветно, ете нека се надоврзат и други што им земале.
Виски за менторот земав, Johnnie Walker најобичното, околу 1000 беше, за комисијата по едно вино на Бовин. И кутија Бајадера на секој. Дури и ова е премногу, подароците ми се тежок поткуп од денешна перспектива али тоа е друга тема.
Да си жива и здрава за последново. Како да не се доволни парите што им ги уплаќаме за буквално ништо (од типот на ИКСА, уплата за испити од семестар, презапишување предмет или менување изборен, казни за потпис, за запишување празен семестар исто така си платив, по ново и уплата за некакви си имагинарни ,,материјални и онлајн ресурси") и најјакото на мојов факултет доколку ти треба некаква потврда за редовен студент или уверенија, сама си ги принташ тие документи на твој трошок ама нив им уплаќаш за да ти ги заверат истите, вау каков трошок им ствараш. Да не ја заборавиме и уплатата за одбрана на дипломски труд која е покачена од 4300 на 6200 ден. Кажи ми дека сето ова не е кражба. И уште срамота било да идам без поклон. Ма они мене треба да ми купат поклон бре
Здраво. Ја немам дипломската запишано како предмет во овој семестар, дали ако ги положам во јунска сесија сите предмети ќе може од студентски да ми средат и да ја запишам или ќе треба да чекам друг семестар?
Јас колку што знам мора да ја имаш запишано како предмет, но можда зависи од факултетот. Најубаво да си прашаш на студентски за најточна информација.
Предложете ми некоја евтина фотокопирница за принтање дипломска. Во Либро или Зоки кај Мавровка колку би земале од прилика?
Мене Зоки ми зема 340 денари за 26 страни. Ја принтав црно-бело, само страните кај што имав слики му реков да се во боја. Мора да ти е еднострано испринтано. Да ти е фатено во спирала, на првиот лист да има пластичен лист, а позади скроз да има потврд бел лист. 3 копии за на медицински. Верувам и за другите факултети е толку. Моето прашање е дали кога отворам досие, морам да ја доставам и дипломската испринтана во деканат?
Јас на филозофски дипломирам и кај нас примероците треба да се достават 10 дена пред одбраната (може и порано). Досието ми беше отворено уште кога ја немав ни направено дипломската, важно беше само да имам над 200 кредити. Не знам дали секаде е така.