Не знам дали прашањево ми е за во темава, ама не најдов друга соодветна. 4та година сум на Англиски јазик, и избрав тема за дипломската работа. Е сега, да ве прашам, како треба да изгледа истата, колку страни да е? 30? Со се внатре, и почетна страна, и материјалот, и користена литература? Ако има некоја од вас, може да ми прати само да видам за пример како треба да изгледа, нема врска на кој јазик е.
Devojki dali znaete nekoj sto izrabotuva diplomski trud za ekonomski fakultet da mi dadete broj aj ve molam ako ima nekoja neka pise poraka
јас бранам нареднава недела некој ден, најверојатно во петок. се мислам во врска со поклоните, скрос е безвеза знам, ама многу си ги ценам менторот и двајцата професори од комисијата, сакам да ги почестам нешто убаво а да не лупнам којзнае колку пари. инаку тројцата се мажи. виски ми е многу селска работа, ептен глупо искрено да ви кажам )) не знам зошто ) се мислам за вино, во некоја убава паковка, така поелегантно да изгледа, на пример стоби имаат такви вина, ама не знам што пари се, од прилика планирам максимум 1000 денари да потрошам за тројцата, т.е 1500 вкупно со се прославата. глупави ми се тие носења на букети на факултет, а богами денес бев сведок на бранење дипломска со фризури и паковки со торти од слаткарница порачани. не знам како не им се растопи и трослојната шминка на роднините до трето колено на девојката што бранеше. ниту пак кој ќе јаде торта на +40. нејсе, за некој изгледа дипломската сеуште е достигнуче. предлог ми е потребен за пијалоциве, мислам дека вино е најстандардна работа, црвено е поелегантно, ама да не е глупо да им давам во лето црвено? можда премногу се мислам, ама како што кажав, многу ми се битни овие професори и особено многу ги почитувам и ќе соработувам и понатаму со нив, па не сакам да оставам глуп впечаток. предлагајте!
Абе што сте чудни, кој како сака, така ќе си прави. Па торти носеле, па трето колено, па што се замарате за другите, не ми е јасно. Кај нас на економски е "адетот" да се носи пијачка на професорите, или ако се професорки плус цвеќе и без разлика дали е во кабинент или не, да се носи пијачка да се почстати таму (јас носев плус сок еден да не сакаат случајно, ама си го вратив дома). Толку. А се носи и букет на дипломираната. Па, побогу, ако не сакате да добивате цвеќе не можете да им го треснете од глава на тие што ви го донеле. Посебно што сите што дошле ви се драги. Јас добив цвеќе, се сликав и отидовме да се почаситиме со најблиските другарки после тоа, и што се однесува до мене, тоа ми беше еден од повеселите моменти и поомилени што ми се случиле. Јас не сакав "славје" но ако некој сака, нема што да му се мешам. Ама ако на некој му ќејф да донесе и роднини и торта, тогаш нека донесе, не знам што ве чуди. Си сака, си сака, ајт. Нивна среќа. Спојлер Тоа е како некој да не сака класична свадба и да збори за другите што сакаат, свашта.
Сакам да прашам ,за време на бранењето,дипломската се презентира само пред професорите во посебен кабинет,или и пред роднините и пријателите кои се со тебе? Можеби е глупо прашањево,ама не сум упатена во тие работи.
И мене ми треба помош во врска со ова. Ми ја закажаа одбраната во среда и ептен сум збунета. Во комисијата имам 3 професорки, но само една од нив ме знае лично, и ми има предавано. Професорката која само на хартија ми се води како ментор, исто така не ме познава, значи не сум којзнае колку блиска со нив, да не речам воопшто. Не знам што да им однесам тој ден како подароци, се мислам на сите три по едно црвено вино и толку. Искрено, не ми се трошат многу пари за нив, и така се тоа е мој труд. Исто така, планирам да однесам од оние чоколатцата Атлантис, поголемо пакување, да ги почастам присутните веднаш по одбраната. Е сега, не знам што да носам за пиење, со што да наздравиме таму? Слушам колешки носеле шток, коњак, мартини, шампањ.. Некој совет?
И јас дипломирав пред месец време исто бев како во твојот случај само менторот кој лично ме познаваше беше и други 2 непознати професорки.На сите им подарив вино и чоколатца спакувани убаво во кесенце. А за после одбраната бидејќи бевме јас и една колешка се договоривме и нарачавме даска со поховани работи и носевме по едно шише кока кола, фанта и чоколатца ТОЛКУ Не се замарај ич за тоаа те советувам да поминеш само со чоколатца и сокчке верувај доволно е ! И не се плаши тоа е само формална работа која трае 15 минути . Ти посакувам среќа
Јас кога бранев, на професорите им дадов по едно шише црвено вино и чоколадни бонбони, а почастив лешници, бадеми, семки (некој микс беше) и Кока Кола, и Атлантис бонбони. Какви штокови, каков шампањ, само сок. Тие дури и за виното рекоа не требало, ама ете од почит Убава ти е идејата за чоколатцата и за виното, земи сок за пиење и тоа. Се друго, според мене, е непотребно.
Најчесто носат онака како што носеле претходните генерации. Кај нас носеа овал со ордевер, благо, кифли, и пијалок коњак, ликер, и сокови( сикимти на слава ти дошле) Јас мислам дека се тоа чисти глупости ама тоа е како сите пред мене така и јас И кај мене беа тројца професори и за поклон им земав виски не беше некое скапо околу 700 ден беше едно,
Би Ве замолила, ако некоја девојка знае да ми препорача човек што изработува магистерски трудови. Многу ми е важно
Здраво Дајте кажете ако некој од вас знае предлог за некои што изработува дипломски работи , немем време да пишувам а вече половина година сум недипломирана. И колку се тие сигурни? Имате ли информации? Ви се молам за одговор
Тие што изработуваат семинарски, дипломски и слично обично на сите ги даваат истите. Што ако купиш дипломска, ама забележат дека е плагијат? Имаат таков софтвер. Јас би ти препорачала да седнеш и да си ја напишеш, 20 странички, нема да ти одземе повеќе од два-три дена. Срамота е за два-три дена да седиш недипломирана половина година.
Незнам како да ја направам презентацијата. Се осеќам збунето... Од една страна сакам да биде интересна, кратка и јасна. Повеќе да зборувам јас, одколку што ќе имам напишано на слајдот. А од друга страна, не сакам да биде пре-џиџана и пре-нападна... Каков човек сум значи. Напишав толку страни и сеа за најлесното се потресувам..
Ќе ставиш само неколку точки на слајдот, на пример некој поим кој ти усно ќе го објасниш. Вака нема да биде пренатрупано, туку едноставно, кратко и јасно. Затоа е и Power point, односно моќта на точките
Здраво, Има некој информација дали навистина функционира системот на министерството за плагијати и дали сте слушнале да откријат некој до сега?
Те цитирам тебе, ама важи и за сите останати кои ги интересира истото. Толку ли е битно дали функционира системот или не? Зарем не ви е потценувачки, и нели ви е непријатно од самите себе? Сериозно? Сте положиле толку испити, сте стигнале до оној крајниот, презентирање на дипломската, сте вложиле 3 или 4 години, што да признаеме е долг временски период сечиј живот, сте вложиле многу труд, нерви и пари, за да на крај барате некој да ви на напише дипломската? Па во прашање се 20тина страни, десетина книги како стручна литература, и една недела работа, почнувајќи од темата, осмислување на семинарската, читање на литературата и штракање по тастатурата. И да не постои овој систем кој ги препознава плагијатите, големи се шансите спроти вас да седи универзитетски професор, кому случајно семинарската ке му звучи познато, бидејќи веќе еднаш ја слушнал. Крајно мизерно е пред самиот крај некој да ве понижи на таков начин. И нема да се засрамите само пред луѓето кои седат таму, туку верувајте целиот факултет ке разбере за тоа.
Функционира, знам неколку случаи каде трудовите се покажале како плагијати затоа што го надминувале дозволениот процент за поклопување со друг труд. Ти уствари можеш цел труд да го ископираш, ако си сигурна дека не е внесен во системот и така да поминеш. Ама ќе се согласам со коментарот над мене - дипломската треба да биде ваш труд, ваш последен испит и срамота е да се стекнете со титула копирајќи туѓ труд. Јас дипломска немав, ама магистерската со љубов си ја пишував цел семестар. Затоа што си земав тема што ме интересира, истражував, пишував, правев интервјуа, анализи.... да знаеш само колку материјал отфлив, затоа што го надминував лимитот на страници. А дипломските се уште помали и полесни за пишување.
Дипломската мене ми беше најлесен проблем ако може да се нарече и проблем, токлку предмети положив и сега за една диполска работа, значи тоа е твој труд секако дека ќе ја положиш само зависи колку труд ќе вложиш толкава и оцена ќе добиеш , зошто да ризикуваш кога нема потреба
Да кажам и јас збор два во врска со тоа што се коментира Дипломската е ладење и уживанција ако се замараш малку и доколку навистина ја одбереш темата која навистина ја посакуваш. Материјал има премногу само треба малку време и повеќе труд. Срамота е навистина да бараш друг да ти пишува или пак да носеш труд кој веќе е презентиран. Па како што кажаа погоре да се засрамиш доколку професорот го препознае дека е плагијат. Си велиме:абе ајдее поминал толку дипломски па баш овој ќе го памети,па ајде се копира се. Но не е така, веќе еднаш слушнато останува во меморијата.А и мислам дека е многу неубаво да застанеш пред комисија со труд изработен од некој друг.Јас така би немала чиста совест Во врска со мојата дипломска имав мали проблеми од страна на менторот но се изборив и го добив тоа што сакав да го пишувам и после неколку месеца конечно ми ја одобри и ми закажа дата. На среќата и немаше крај.Колку горда се осеќав па кога си ја слушнав оценката си полетав од среќа . Ви посакувам сите да ја доживеете таа убавина