1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дипломска!

Дискусија во 'Образование' започната од LadyN, 8 ноември 2010.

  1. Kala22

    Kala22 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2014
    Пораки:
    835
    Допаѓања:
    1.055
    Може ли некој подетално да ми го објасни процесот на бранење на дипломската особено ако има некој од Економски факултет...кога ќе помислам на дипломска се ме фаќа некој страв дека нешто нема да биде добро,ќе се збунам,ќе се посрамам хаха сите викате трае по 15 мин и колку што знам поставуваат по 3 прашања ама ете некој со свое искуство ако може нека пише :)
     
  2. Nezamenliva

    Nezamenliva Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2014
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    110
    Процесот на бранење е 90 % ист кај сите факултети. Знам само дека на факултетот за туризам немора јавна одбрана да има, туку само му ја праќаш електронски дипломската на менторот и тоа е тоа.
    Имаш 15-20 минути максимум за презентирање. Тука се менторот со уште двајца членови на комисија кои после твоето презентирање на кратко ќе ти дадат коментари или ќе ти постават прашања. Мене пример, само коментари ми даде едниот член, додека другиот уста не отвори. После завршувањето на сето тоа, менторот заедно со комисијата излегуваат надвор демек да се договорат дали ти ќе дипломираш или не, иако сите знаеме дека ќе дипломираме 8). Влегуваат, соопшуваат дека си стекнала назив на дипломиран.... (зависно од факултетот). Сите се радувате и ги частиш на крај.
    Тоа е тоа маче, ако уште нешто те буни, пиши :*
     
  3. Nobadys.Perfect

    Nobadys.Perfect Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    190
    Допаѓања:
    526
    Пол:
    Женски
    Другата недела треба да бранам дипломска малку ме фака страв. Незнам зошто. Не би требало да ме фаќа сама си ја пишев дипломската, сама си се мачев. Него ме фаќа страв ко ќе почнам да презентирам да не ме фати страм или нешто слично. За то шо ќе му дам на професорите ич не се секирам искрено. А можи да те падни ако не му се бендиса презентираното ако те фати страв или ако незнајш да му одговориш на прашањата??
     
  4. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.888
    Допаѓања:
    89.356
    Пол:
    Женски
    Биди си опуштена не е ништо страшно.Неможе да ти постави прашање надовор од темата,може да те праша но нешто што е во врска со твојата тема.
    Искрено сегашните одбрани на дипломска се колку да помине се како што треба на брза рака и тоа е тоа...
    Шансите за да те падни мислам дека се минимални или воопшто ги нема затоа што сепак ти дипломската си ја одбрала од него и пред да биде готова си била на консултации така да не се секирај ич.
    Ти посакувам среќа,опушти се и се ќе биде како што треба .
     
    На Nobadys.Perfect му/ѝ се допаѓа ова.
  5. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    На девојки се носи букет на одбрана на дипломска, а на машки што се носи веројатно не букет, утре сум на поканета на одбрана ама незнам што да однесам.
     
  6. Nobadys.Perfect

    Nobadys.Perfect Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    190
    Допаѓања:
    526
    Пол:
    Женски
    Некој украс нешто. Јас обично кога одам на одбрана на дипломска се бериме заедно и му купваме нешто на пример на еден колега му купивме украс како моторче беше пошто е љубител на мотори. А и не беше нешто многу скапо. Малечко моторче беше. Можиш и нешто друго пример незнам некое слонче мислам за среќа било или нешто такво.
     
    Последна измена: 11 јуни 2015
    На ana-banana му/ѝ се допаѓа ова.
  7. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Пијалок однеси му или бомбониера. Обично тоа се носи...
     
    На Tam4yy, ana-banana, kjukli и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Marija001

    Marija001 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2011
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    7
    Јас треба да ја бранам мојата дипломска месецов, ама немам појма како одат овие работи. Дали на пример доколку ја викнам мајка ми, другарки, сестра ми итн. тие мора да бидат присутни во кабинетот каде што ќе ја бранам или може да си чекаат надвор, па кога ќе ме известат дека сум дипломирала да влезат се разбира и да почастам? Ме фаќа паника, непријатно ми е пред публика да презентирам, особено пред некои што добро ме познаваат, па ве молам за помош како се одвиваат овие работи. Поздрав
     
  9. Ice&Fire

    Ice&Fire Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2015
    Пораки:
    132
    Допаѓања:
    88
    Публиката е со тебе во кабинетот. Цела процедура е ваква, макар што зависи од факултет до факултет:
    1. Кога ќе влезиш в кабинет читаат решение дека кандидатот... ќе ја презентира дипломската на тема...а во комисија се...
    2. Презентираш ти
    3. Ќе ти постават прашања од комисијата, во врска со дипломската и ги одговараш
    3. Се чита одлука дека кандидатот...ја одбрани дипломската работа со оценка...( на некои факултети е со а на некои без оценка-само положи, не положи)
    4. Добиваш аплауз :) и частиш и на крајот ти даваат Уверение.

    Тоа е отприлика. Со среќа :*
     
    На Rosonerka му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Marij ana

    Marij ana Нов член

    Се зачлени на:
    23 септември 2015
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Zdravo
    Mi treba sovet imam odbrana na diplomska pa dali bi bilo dovolno da odnesam sok koka kola i bajadera za da gi pocastam profesorite.
     
  11. Nobadys.Perfect

    Nobadys.Perfect Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    190
    Допаѓања:
    526
    Пол:
    Женски
    Сосема доволно и среќно :*
     
  12. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2013
    Пораки:
    1.480
    Допаѓања:
    12.626
    Здраво. Наскоро треба да дипломирам. Односно сакам до 10 септември да го завршам тоа бидејќи ќе одам на пат. Готова е дипломската, но од менторот не добив никаква соработка, едвај што успеав некој збор да извлечам од него пред да му почне одморот. А потоа воопшто не го најдов. И еве уште не е вратен, му пишувам да ја прегледа, но одговор нема. Ќе се врати понеделник, тогаш му е испитот. Сакам да ве прашам кои се процедурите за пријавување дипломска на студентски и дали ќе ми одземе тоа многу време? Од понеделник кога ќе се видам ќе почнам со тоа, се надевам, но не знам дали ќе стигнам на време, можеби се закажува порано? Хелп.
     
  13. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2013
    Пораки:
    1.480
    Допаѓања:
    12.626
    Помош малку околу презентацијата. Ја правам со потточки така што јас треба да зборувам повеќе и нели како што е правилно, но во тие потточки опфатив се и доколку би било така тоа би траело повеќе од времето за презентирање. Дали треба така или презентирањето да биде поскратерно, а комисијата да ме праша поопширно или морам се да опфатам.Може да се опфати и се горе доле со поскратено објаснување.Баш сум добра во кратење материјал хаха не ми оди нешто да пропуштам, а од друга страна страв ми е дека ќе го пречекорам времето и нема да биде интересно, а може и да ме прекинат. Хелп Скратено или не?
     
  14. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.523
    Допаѓања:
    5.887
    Пред дипломирање сум,па сакав да прочитам ваши мислења,искуства, односно:

    - Какви подароци или што им дававте на менторите и на членовите од комисијата? (Некои велат црвено вино,благо,цвет, нешто за мезење)
    -Во што бевте облечени?
    -Дали ги частевте професорите?
    - Колку време ја браневте вашата дипломска работа?
    - Кој беше со вас кога браневте?
    - Дали менторот/менторката ви даде материјал за изработка на дипломскиот труд?
    -Со какви проблеми се соочивте?
    - Дали пред дипломирање кога ви го отвораа досието имавте изгубени пријави и документи што ви недостасуваат?
     
  15. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.523
    Допаѓања:
    5.887

    Да си прашам, и ова, Дали и како се пишува аbstract-нам никој не ни обрнуваше внимание при тие важни работи. дали пишувавте ментор и членови на комисија?
     
    Последна измена: 28 ноември 2016
  16. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    @SunnyGirl2 Се пишува апстракт :|
    Тоа е краток текст пред воведот со слично воведување накратко за темата и содржи клучни зборови.
    По последното прашање, се прашувам дали некогаш си правела семинарска, со што тие први битни прашања кој што носел и пиел, треба да ти се последни на листата.
    :d::drunk:
     
  17. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.523
    Допаѓања:
    5.887
    Да сум правела и тоа по изборни предмети каде што никој не ни обрнување внимание, повеќето ни даваа за превод така што не бараа семинарска.

    Секако прашувам што не ми е јасно,па кој сака може да одговори,затоа сме овде :D :*
     
  18. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    18.275
    На менторот - и купив паричник од Дуки Дасо околу 500 ден беше, а на другите две професорки по една марама од Мисс спајс по околу 200 ден беа ( сум слушнала дека купуваат и прескапи поклони како скапи парфеми или пијалоци за кои мислам дека нема потреба).
    Бев облечена во фустанче без ракави до колена и носев штикли- бранев во Јуни.
    Презентацијата од моја страна траеше околу 25мин со брзо зборење (ради трема) инаку никој не ме ограничи со време дека смее волку или толку, целата манифестација траеше околу 2 часа со тоа што ми доцнеше комисијата и многу време им одзема да се договорат за оцената т.е. не можеле да го испринтаат решението :D
    Со мене беше моето семејство, две другарки и две колешки. Можев да викнам колку сакам публика.
    Носев апетисани и колачиња од слаткарница, виски, кока кола, кисела вода и негазиран сок.
    Менторката ми даде материјали на усб кои многу ми помогнаа во изработката.
    Проблеми немав, не знам на какви проблеми мислиш?
    Секако таа е процедурата пред дипломска да ти отворат досие, бидејќи прво проверуваат пријави и уплатници а после ти дозволуваат да ти се закаже дипломска.
    Зборам за на Педагошки факултет Скопје.
    Друго што и да ти треба слободно прашај :hai:
    Среќно!

    едит: ментор напишав на насловната страна, членови на комисија не, а апстраткт ниту ми кажаа дека треба, ниту пак ми побараа. Зависи до факултетот.
     
    На SunnyGirl2 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Ние купивме за сите 3 професорки Сваровски накит. Комплет ланче и обетки.
    Бев облечена во сукња и блуза со јакна и штикли.
    Почастивме со виски, ситни колачи, сокче, мада колачињата ги оставивме таму и по некој сок. Моите ми дадоа цвеќе, како и колешките.
    Околу 20 минути.
    Никој немаше со мене внатре во кабинетот, надвор од кабинетот моите родители и колешките.
    Да, ми помогна менторката. Се регуларн.
    Немав никакви проблеми и не ми недостасуваат никакви пријави.

    Среќно.
     
    На SunnyGirl2 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Dalmatinka93

    Dalmatinka93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2016
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    160
    Пол:
    Женски
    За менторката земав новчаник од дуки дасо и вино, а за останатите двајца вино. Додека за после чинот имав бадеми, ореви, бонбониера виски и сок. За да се почастиме со блиските воедно и професорите.
    Облечена во панталони и кошула.
    За бранењето на дипломската си направив презентација, која изгледаше солидно и зборев точно десет минути. Во презентацијата имав кратки и јасни реченици, значи без долги реченици. Затоа што е сепак презентација, служи како подсетник.
    Додека бранев беа моите најблиски, додека зборев беа присутни, затоа што нема поубаво чувство кога ќе те прогласат за дипломиран и погледите кои ќе ги упатиш со твоите.
    Во врска со менторот, секој има различно искуство. Во мојот случај не ми даде материјал, освен еден нејзин текст, кој го искористив другото се сама си наоѓав.
    Јас лично немав изгубени пријави, само ми фалеше една оценка во една од пријавите, ама тие работи ги средува бар кај нас, библиотекарот што е за нашиот институт, за време на дипломирањето веќе се е средено. И после дипломирање ќе ти дадат лист, да ги напишеш сите положени предмети, и потпишуваш дека си дипломирал.
    Преубаво искуство. Со среќа нека ти е. :)
     
    На SunnyGirl2 му/ѝ се допаѓа ова.