1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дипломска!

Дискусија во 'Образование' започната од LadyN, 8 ноември 2010.

  1. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.267
    Допаѓања:
    40.613
    Да де, а јас и таквите као мене немаме пари ни една година да запишеме, а некои пацери со купени диплом(и)ски лебот ќе ни го јадат..:swear:
     
    На cresa-jagoda, Someonespecial, Antolinaa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    Сериозно? И тоа има? :o :o :o

    Јас знам дека се препишува со бубица, ама лекции на раскажување, сериозни задачи од 5 страни. Океј, разбирам еден испит да положиш со бубица, ама цел факултет? Што да кажам, алал да им е.

    А еве јас сеуште не можам да дипломирам, еден испит го развлеков во недоглед. :drunk:

    На економски им дојде паметот, сега пред полагање потпишуваш лист на кој вели дека НЕ СМЕЕШ да користиш никакви помагала за препишување и на свој ризик, доколку те фатат со бубица, мислам (не ме фаќајте за збор) дека ќе те исфрлат од факултет.

    Еве другарка речиси една година работеше на дипломската, исражување за конкретна примена, работа со луѓе итн. Плус професорката до тој степен ги разгледуваше ситниците, тоа е чудо.


    Значи поимот "купена диплома" има две значења. Буквално купени 50тина страни или купена диплома од 1 лист без да се појавиш на факултет.
     
    На cresa-jagoda, Antolinaa и mariz им се допаѓа ова.
  3. Antolinaa

    Antolinaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2012
    Пораки:
    2.879
    Допаѓања:
    18.001
    @mariz Кај мене на факултет мора да има и практичен дел дипломската.

    Не разбирам што е тешко да земеш материјали од библиотека, интернет пристап имаш секадеи да ја напишеш дипломската.
    Јас кратев дури, зашто многу страни биле од теоријата, не сметајќи го практичното.
    Менторот еден куп материјали ми даде, трудови од странство за да ја напишам дипломската.

    @Rebecca_R Еј а за слушалки си слушнала? Цела сала одекнуваше, проф. не ја примети зашто малце излапен. Со обична слушалка си дојде на полагање. :|
    Други со уште понапредно нешто од бубица препишуваат, пенкала, саатови со камери. Што нема. :x
     
    На WarriorAngel, cresa-jagoda, mariz и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.224
    Допаѓања:
    76.217
    Пол:
    Женски
    Е тоа највеќе ме нервирало! Бап на тацна сервирано се... а јас рмбај работи, учи вонредно за да стигнеш до кај што си стигнала, со маки едвај...
    @Rebecca_R јас се запишав на 18год, но и од тогаш работев и учев, трчав на пракса (додека тие не се ни појавуваа), а по завршувањето одма се вработија... уште 6 предмети имам и овие од друга причина ги завлеков, но ке биде :)
    Според мене тоа е и до професорот, абе јас одма приметувам што е препишано што не.. ама ете и тоа е доказ и тие колку ги прегледуваат тестовите...
     
    На cresa-jagoda, Gosh, Rebecca_R и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    @Antolinaa епа кој му е крив што тој излапавел? :rofl: Си требал на време да фати пензија. Имав и јас таков професор, секоја година се кани во пензија да оди, ама само се зарекува. Изгледа не му се оставаат студентите.
    Јас навистина разбирам еден предмет да препишеш, или да се помогнеш со некое ливче, нешто ситно. Ама прашања да читаш? (facepalm)

    Сум слушнала и за препишување на медицина. Софистицирано, што да ви кажувам: фустан на дупло шиен, се фино, дискретно, скриен патент, откопчуваш и вуала - на колена имаш се што ти треба. На крај стануваш, закопчуваш фустанот и си одиш.

    А јас цело време те читам ко Антонила :drunk:


    @mariz точно. И јас имам професор кој вика на усно доколку е сомнително, а се случувало доколку е последен рок а презапишан предмет да пушти со 6ка. Низок удар, исто ко да му кажал: колешке/колега препишано е.
    На мој факултет и стипендии земаат по таа линија. :devil:
     
    На cresa-jagoda и mariz им се допаѓа ова.
  6. Antolinaa

    Antolinaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2012
    Пораки:
    2.879
    Допаѓања:
    18.001
    @Rebecca_R Куртиот искоментира само оти звуци му се слушале од некаде, малку прошета и си седна. Кај него е штама на полагање, како не ја примети оваа со слушалката зад мене 2 реда што седеше не знам. :?: А колегиве, сите искоментиравме оти ептен се слушаше.
    Името ми е ептен фенси. :P Од шпанска серија, машка верзија имаше, јас женска си направив. Само тоа вишокот "а" ме нервира:lol:
     
    На cresa-jagoda, Rebecca_R и mariz им се допаѓа ова.
  7. gloom

    gloom Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2012
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    2
    Здраво дечки! Ме интересира дали на Кирил и Методиј би ми признале дипломска доколку ја спремам и одбранам, и земам кредити и оцена и све на друг универзитет? фала
     
  8. katencezlatence

    katencezlatence Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2014
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    Сакам да ве прашам доколку знаете, да се смени менторот (професорот) кај кого избрав да изработувам дипломска? Имам и потпис од негоо во индекс... Ви благодарам.
     
  9. glisa

    glisa Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2014
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    155
    Diolomska treba da napisam za knizevnost, gernaski jazik, mitologija, knigaaa nemay nikade! Skopje nema,Bitola nemat, od internet ne smee zatooo sto odma im izleguba deka e od net! Matrijal nemam. Nemozam da najdam. Zatoo ne brmcii mi mnogu zss sama znam kolku dolgoo i macni mi oditt so ovaj trud, kao pa jas pisakav nekoj trajce ili petok da mi napravi. Mn normalni deka sakam sama da e spremam ama ne mozam nemam nikakov matrijal. Samiot profesir nemat kniga da mi dajt. Zatoo dodeka ne znajs ne sudi po narodov!

    Ubavo ce beshe vakak kako sto kazuvash ti... Da go imav ova veruvaj deka ce sednev i ce ja rabote... Profesorot ne vraca na odgovort durii posle 30 isprateni email...
     
    Последна измена од модератор: 24 декември 2017
  10. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    Каква врска плаќање некој да ти напише дипломска со тоа што професорот не ти враќа на email?
    Инаку, ни кај мене на факултет не враќаат, одиш пред канцеларија и чекаш. Најчесто има ден за консултации, а ако го нема тогаш, гледаш распоред кога тој професор има предавања и одиш.

    Сакаш да кажеш дека не можеш да дипломираш јер професор не ти враќа на email?
     
  11. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Па нема плагијат да правиш.
    Нормално е да користиш материјали од интернет, треба референци да наведеш само, а не да најдеш готово на интернет и да преведеш.
     
    На Antolinaa, Someonespecial, Asistentkа и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Aquamarine93

    Aquamarine93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2016
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    3.754
    Пол:
    Женски
    Сосема случајно ја отворив темава. :D Еве искрено да си кажам, не знам што е победно, да си плаќаш за дипломска или пред бранење на дипломска да му се носи скап поклон на менторот. :drunk:
    Во никоја нормална земја не се случува ниту едното, ниту другото.

    Дипломската сама си ја изработив, летниот одмор го потрошив на тоа. На менторот не му дадов поклон, затоа што тоа се вика подмитување. Едино што направив беше тоа што направив мал коктел, така ми наложи администрацијата од студентски прашања. :^)
    Под коктел подразбирам, некои слатки како за именден, сокови, бонбоњера и некои солени грицки.
    Го направив од култура, иако сметам дека е тотално непотребно.

    Кога земаш дипломски проект и уплаќаш пари на сметката од факултет, тие пари се слеваат на сметката од менторот. Ако добро се сеќавам 4000-4500 денари беше. Значи нема потреба од такви банкети.

    Здосадено ми е од тој измеќарски менталитет. :puke:
     
    На cresa-jagoda и boo3 им се допаѓа ова.
  13. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    Јас мало поклонче во знак на внимание и дадов на менторката откако ме прогласи за дипломирана.

    Пред тоа не го покажав, па таа не ни знаеше дека јас носам поклон за неа за да мисли дека ја подмитувам.

    И јас порано сметав дека е непотребен и глупав потег, ама осетив на своја кожа и решив тоа го направам во знак на благодарност зашто жената многу ми помогна.... Има ментори што воопшто не ти враќаат на порака, а мојава премногу вложи труд во дипломска, па дури имав дозвола кога сакам на приватниот мобилен да ја барам... Башка што во текот на студиите бев блиска со неа.

    Сепак да не заборавиме кај живееме...Тоа е како традиција во земјава :shake: :rofl:

    За тие што купуваат дипломска... Не знам што да речам... Си положил 39 испити и сега за крај да не можеш да пишеш една дипломска од 20/30 страни, навистина е срамота.

    Треба со ќеф да ја спремаш.
     
    На WarriorAngel, Antolinaa и Someonespecial им се допаѓа ова.
  14. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.905
    Допаѓања:
    81.175
    Пол:
    Женски
    А не знам зошто толку трагично се сфаќаат подароците на менторите. Мито...wtf. :rofl:
    Трудот пред финалната презентација пред остатокот од комисијата секако е разгледуван мал милион пати, па не ќе се пишмани некој дали да ве положи или не баш тогаш, па ајде демек кога ќе го види подарокот ќе се предомисли. Стварно не ми е јасен овој дел, а и онака подароци се даваат на крај од целата церемонија.

    Не (би) ми сметало да подарам нешто како знак на внимание. Сепак сме се дружеле поинтензивно за време на спремањето на проектот и помошта била неминовна, па од моја гледна точка, би сакала да оставам мал подарок како спомен кој ќе потсетува на таа дружба, соработка.
    На мојата менторка за магистерска би и' го подарила дури и светот да можев уште од сега, затоа што е прекрасна и нивото на посветеност е не знам, не можам дури ниту да опишам, очигледно достига некои нови димензии и навистина и' се воодушевувам.
    Таква соработка досега не сум имала, па и дружба - ја чувствувам како пријателка, а не како некој надреден.
     
    На Antolinaa и Someonespecial им се допаѓа ова.
  15. Aquamarine93

    Aquamarine93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2016
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    3.754
    Пол:
    Женски
    Јас во мојот пост убаво напишав дека скапите поклони на менторите, како на пример брендирани часовници ми се тотален нонсенс. И не, во нормална европска држава не се прави тоа. А ние не сме ни нормална, уште помалку европска. Затоа образованието ни е дно-дна.
    Слободно нека се јави некој кој што студирал во Европа или Америка и нека кажи искуство.

    А зошто трагедија? Јас убаво си кажав дека не купив поклон, ни мал, ни голем. :D

    ПС Ваков муабет ме потсеќа страшно многу на периодот на основно и средно образование. Доаѓа осми март, трчаници прават претседателите на класот. Што да купеле, колку пари да се дадат. Па кавги кој да го даде поклонот, т.е кој да се подзалижи. Се ближи крај на година, поправење оцени, ова-она. Па наставничките горди, во канцеларија фалење која добила поскап поклон. Па се тоа е заслужено, родители се бунат, попусто. Отсекогаш ордата ги водела и наметнувала трендовите во оваа тако-речи држава.
    И да, со мали работи почнува коруптивноста. После скапиот поклон на менторот, ќе си речеш: “Па што се 6000 евра за работно место? Па мора така, таков е системот овде.“

    Не само што не ги одвикнувате од лошите навики, туку ги поттикнувате на нив.
     
    Последна измена: 24 декември 2017
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Marija38

    Marija38 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2015
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    Би сакала да ве прашам дали некој би можел да ми помогне околу темата за дипломска Јазици на интернетот и споредба меѓу Рускиот и Македонскиот?
     
  17. RAF Camora

    RAF Camora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2018
    Пораки:
    1.576
    Допаѓања:
    10.982
    Пол:
    Машки
    Имам едно прашање поради фактот дека во претходните коментари прочитав дека поради одредени делови во неа, дипломската може да добие статус на плагијат. На пример јас имам тема која е поврзана со Законот за даночна постапка, па поради тоа ми се цитирани членови од законот за даночна постапка. Но сето тоа ми е наведено во користена литература со сите податоци кога е ревидиран и кога донесен законот. ( кога е објавен во службен весник и тн). Дали мојата дипломска спаѓаво таа категорија ? Друго што ме интересира е дали 38 страни текст се премногу за една дипломска? Со оглед на фактот дека имам тема која бара добра анализа. Ви благодарам ...
     
  18. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.786
    Допаѓања:
    4.815
    Пол:
    Женски
    @RAF Camora мислам дека 38 страни ти е таман, јас имав колешка што имаше околу 50 страни, и јас најверојатно ќе имам толку некаде или околу 40.
    И мислам дека не е плагијат, штом имаш цитирано се, нема да имаш проблем. Плагијат е веќе ако си правиш copy paste или ако си најдеш цел труд готов на интернет, само да си преведеш. И јас во мојава дипломска ќе имам така, самите професори даваат материјал и сакал нејќел мора да имаш некоја реченица што можеби ќе ти биде преформулирана ама можеби и ќе ти биде иста.
     
    На RAF Camora му/ѝ се допаѓа ова.
  19. RAF Camora

    RAF Camora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2018
    Пораки:
    1.576
    Допаѓања:
    10.982
    Пол:
    Машки
    Ти благодарам на исцрпниот и експресен одговор. Имајте пријатен ден.
     
    На WarriorAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Antolinaa

    Antolinaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2012
    Пораки:
    2.879
    Допаѓања:
    18.001
    @RAF Camora Штом имаш наведено извор од каде е цитирано нема да имаш проблем.
    Магистерските сум сигурна дека ги проверуваат за плагијат, а дипломските не знам.

    Што се однесува до бројот на страни зависи и од тема и од факултет мислам. Јас имав 80 страни, ама таква темата, плус практичен дел затоа и толку испаднаа. :)

    Битно твое дело да е, со мерак да го направиш и после да си се гордееш со трудот. :)
     
    На cresa-jagoda и RAF Camora им се допаѓа ова.