Здраво! Во скоро време ќе почнам да ја пишувам дипломската работа, па би сакала да слушнам неколку совети од вас во врска со истата. Како да почнам? Дали имате некои корисни совети во врска со читање и исцрпување на најважниот материјал кој потоа ќе ми користи и сл.
Да ве прашам нешто, дали доколку имаш над 240 кредити, можеш да ги занемариш преостанатите 2-3 испити и да пријавиш дипломска и дипломираш? И дали има врска дали тие останати предмети биле задолжителни/изборни? Еве јас имам 264 кредити а останати 3 испити. Што мислите?
Нема врска бројот на кредити со она што ти МОРАШ да го положиш. Без разлика дали се работи за задолжителни, наметнати изборни, или изборни што веќе си ги одбрала. Штом на студентски не ти кажале ништо, веројатно тоа е тоа. И јас дипломирав со повеќе од 240 кредити, едноставно наметнуваат програма да мораш да запишеш предмет, со тоа кредити, кредити=пари и тоа е тоа, се надевам ме разбра.
Важен е бројот на предмети. Колку се предвидени, толку предмети и да ти се положено. Иако имаш повеќе кредити, предметите мораш да си ги положиш.
Сакав да ве прашам за мислење околу бројот на страни. Почнав да ја пишувам дипломската и некако ми изгледа дека ќе испадне подолга од 30 страни (патем според упатството треба да биде минимум 20, максимум 30 страни долга, барем на медицински). Прашањето ми е дали прават проблем ако е подолга од 30 страни (со вклучена насловна, содржина и користена литература) или не гледаат многу на тоа?
Претпоставувам тоа зависи од факултетот дали прават проблем или не. Кај мене не направија проблем за бројот на страни, се разбира да е околу 30. Но, посветуваат многу внимание и на работи кои очекував дека нема толку да се важни (пр. Користената литература, кои извори ги користеше, од каде и сл.) За најточно прашај го менторот.
Znaci ova so diplonskata e eden nepotreben stres pogotovo vo ova vreme na korona sto sekoj den mi e stresen realno i ne treba da ima vakvi svecenosti..... viknati se samo moite roditeli i maz mi ...za 2,3 saati treba da branam ne sum spiena cela vecer mi se povraka znaci katastrofa jas sum i po priroda panicarka za sve se potresuvam .... za profesorite kupiv po edno viski i za posle toa viski, coca cola, kisela voda, apetisani i bajadera nisto posebno
Не се "троши" за џабе. Мене ми спласна желбата за бранење, а толку многу ја спремав и ѝ се тресев во цел тој процес на подготовка. Можеби и други работи придонесоа кон тоа, но ете. Чекам само да одбранам. Немало потреба толку да се трошиш. Јас си зборнав со менторката отворено дека не планирам да се расфрлам за частење, така да за од таа страна спокојна сум. Би однела нешто скромно, кој сака од комисија слободно нека се лути.
Здраво! Сакам да прашам кога ги дадевте поклоните, дали пред бранење на дипломската или после тоа? Идеја што да почастам по презентацијата, ама да биде нешто скромно ?
Обично по одлуката на комисијата дали си положила или не, значи по завршувањето на презентацијата и по повлекувањето на комисијата за консултации и конечна одлука, обично некој од семејството како присутни гости оди со бомбоњера и сок од портокал. Додуша имавме и бело вино односно шампањско вино па го мешавме со сокот од портокал. За послужување купив Бајадера затоа што сакав нешто класично, скромно. За поклони, за дамите имав розе вино со Бајадера и ружа, а за мажите црно вино. Ова беше за додипломската. За мојот мастер беше слично, само што на мојот ментор му поклонив црно вино T'га за југ и пенкало со нотес во украсно кутивче од марката Parker.
Фала ти за одговорот! На менторката и купив парфем а на другите вино е сега не знам дали да и го дадам пред или после презентацијата? Можеби е глупаво прашањето но стварно не сум запознаена со процесот...
Не се замарај ич, само непотребен стрес е. Јас му ја мислев што како и на крај сфатив дека ич не вреди. Ја браниш тезата и чекаш да ти кажат дали си дипломирала или не. Откако ќе ти кажат дека си дипломирана си честитате. Јас лично не сакав ништо посебно иако сум гледала да носат и сувомеснати производи и алкохол за частење на лице место. Јас носев бајадера и сок, на менторката и земав новчаник и вино, а на останатите 2 члена од комисија по едно вино.
Диплома како диплома, се делат еднаш годишно. Ти можеш да си земеш и потребно ти е уверението за завршени испити и кога се вработуваш тоа го приложуваш, мислам дека најбрзо можеш тоа да го земеш.
Уверението ќе ги го подготват за околу две недели откако ќе дипломираш, барем кај мене беше така. Дипломата ќе ја добиеш кога ќе има свечено доделување, но уверението ти е доволно, дипломата е формалност.
Дали има некој што сега има дипломрани на филозофски да ми каже што документи се потребни за пријавубање? Ниеден професор не е ангажиран да каже по неколку пати им пишувам
Здраво Сакам да прашам дали некој од вас знае, јас сега имам уште еден изборен предмет во зимски семестар и дипломска дали треба да уплатам нешто сега и да ја пријавам на i know и во индекс или тоа се прави одкако ќе го положам предметот?
За да пријавиш дипломска мора да ги имаш положено сите испити и сите пријави и оценки да ти бидат комплетни.