Прашај си на факс на студентски, секаде е различно. Јас на пример ја пријавувам како предмет сега во 9ти семестар, а факултетот ми е со 10 семестри. Прашај си затоа, најточно тие знаат
Здраво, треба да правам дипломска на Филолошки факултет, катедра за Анг. јазик. Ги прочитав насоките на флф страната и некои работи не ми се јасни. Дипломската треба да биде истражувачка. Не ми е јасно во главниот дел што треба да се опфати, ако може некој да ми појасни какви материјали т.е. дали треба да барам истражувања од некој друг за тематиката на која пишувам? Не ми е јасен главниот дел и поглавјата.. ако може некој да ми ја објасни структурата би била благодарна,многу ми е страв.. Фала однапред
Здраво! Стигна тој момент и јас конечно да бранам дипломска. Трема е мал збор за она што го чувствувам иако знам дека се е само формалност. Но она што ме интересира е што да купам за ментроката и останатите две професорки од комисијата? Занм дека ова е баналност и многу сум против купување скапи поклони на комисија, па барам нешто што ќе биде мало внимание за сите три. Размислував тоа да биде шише вино и цвеќе за секоја, а за менторката можеби уште нешто мало внимание, но не сум сигурна. Исто, знам дека многу носат за частење на комисијата на самиот ден на одбраната, но со оглед на околностите, не знам дали тоа се уште се случува. Доколку има некој што скоро бранел дипломска и може да сподели мислење/совет, тоа би било и повеќе од добредојдено. Ви благодарам!
Јас бранев пред месец дена, купив две вина едно за менторот друго за комисијата, имав само еден во комисија,цвеќина не оти беа мажи Многу сум против скапи поклони и славење на факултет некако ми е премногу, тоа е само формалност на повеќето факултети се поминува во 15 минути затоа ти препорачувам да не се замараш со големи поклони. За частење после одбраната јас носев само бонбони, дозволена публика ми беше само 5 лица вклучувајќи ме и мене и искрено сум задоволна и среќна што се помина без голема еуфорија на факултет,а знам дека порано носеа премногу јадење, пиење како панаѓур Со среќалесно да поминиш
Истото мислење го делам и јас околу поклони. Имав другарки на чии одбрани се носеа скапи пијалоци, пици, кетеринг, ко си мислиш којзнае што. Ама иако не го сакам тоа, не сакам ни да оставам така, без ништо да помине. Кај нас на факултет, со оглед моменталнава состојба, се уште се тројца во комисија но не е дозволен никој од надвор. Искрено и ми олесна бидејќи имам трема и можам само да замислам како би било доколку се ова се одвива пред 10-20 луѓе. Фала ти за предлозите, дефитивно ќе ги земам предвид. Имај убав ден
Луѓе во петок бранам дипломска многу ми е страв. Дајте некој совет некоја утеха. Може ли да се падне на дипломска ? Добил некој 6ка на дипломска? Што ако незнам ништо се збунам скороз се блокирам. Многу страв ме фаќа.
И мене ми беше ужасно страв, а сама ја пишував. Ја знаев до точка. Ама пред комисоја имав трема, гласот ми мутираше, они ме брзаа, за 10 минути морав да презентирам, изгледав глупо и смешно сега кога си враќам филм. Ако имаш барњм малку само контрола која јас ја немав, тогаш види што поопуштена. Не се осврнувај толку многу на оценката, што си поопуштена, ппдпбро ќе браниш.
Здраво , дали до сега некој бранел дипломска онлајн на филолошки? Да ми дадете некои совети или да ми кажете како се одвивала? многу ми е страв!
Здраво. Дали некој знае за колку време издаваат уверение откако ќе дипломираш? Конкретно на филозофски-педагогија
Оцената за дипломската работа зависи од тоа како ке презентираш или од тоа како ти е изработена дипломската?
И тоа и тоа, но еве кај мене на факултет беше побитна изработката. Но и тоа како ќе си ја браниш тезата игра голема улога.
Не знам дали овде е местото за ова прашање, но сигурно знаете... максимумот од 40 страни се однесува само на главниот дел од дипломската или на целиот труд? Вклучувајќи содржина, користена литература.....
Ве молам кажете што ви помогнало против тој страв и трема кога браневте дипломска? Страшна тахикардија ме фаќа во такви моменти и се блокирам скроз дури и глас немам.. треба да бранам дипломска а не знам што да правам со тоа