Диско за пензионери

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од baba Rada, 2 ноември 2018.

  1. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.498
    Допаѓања:
    25.480
    Пол:
    Женски
    Што мислите за клуб или дискотека, како да го наречам местото каде би се собирале постарите осамени лица, малку да добијат душички воља за живот за да излезат од дома, да се дотерат, да се дружат:(:?:

    Во нашава Македонија нема вакви дискотеки за пензионери, но се си мислам дека би биле подсмев за младите, дека нема да бидат посетени..а што знам, се уште сме затуцани во многу работи:(...а види ги срцки:hug:

    disko-za-penzioneri-go-reshava-problemot-so-osamenosta-kaj-postarite-07.jpg

    disko-za-penzioneri-go-reshava-problemot-so-osamenosta-kaj-postarite-05.jpeg

    disko-za-penzioneri-go-reshava-problemot-so-osamenosta-kaj-postarite-01.jpg
     
    На Abeja, Milobebence, buba4e89 и 15 други им се допаѓа ова.
  2. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.498
    Допаѓања:
    25.480
    Пол:
    Женски
    Навистина е жално:( никој нејќе да помисли на староста а камоли да напише два три реда:(

    Старите луѓе во ова модерно време со набиено темпо на живот се најмногу погодени, напуштени и осамени..чекаат само телефонот да им заѕвони и....и набрзина, кратко, два три збора со најмилите...толку:(

    Осаменоста е тивок убица8-| ..па размислувам:?:колку и дали имам и јас некој удел во таа убисвтвена осаменост на својата мајка:(:x


    Убаво е речено дека позитивниот став во животот, негувањето на меѓучовечките односи и богатиот друштвен живот, им пркосат на биолошките знаци на староста, повеќе од здравата исхрана и одвикнување од пороци.

    На жалост, немаме диско, немам со кого да одам.....а и да отидам, ќе речат " види ја старката, се одлепила"(facepalm)

    а колку само убаво се забавуваат...(но за очи не е убаво)..на младите не им се допаѓа..нели8-|

    [​IMG]

    [​IMG]
     
    На Milobebence, vitamina, Val-Dim и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    5.672
    Допаѓања:
    19.600
    Пол:
    Женски
    Бабе си ги имаш темиве алал да ти е.
    Баш слатка идеја.Ама да биде стриктно да лице од тие годишта.
    I like it.
     
    На Milobebence, baba Rada и WildMk им се допаѓа ова.
  4. lovestoneddd

    lovestoneddd Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    3.881
    Допаѓања:
    37.250
    Пол:
    Женски
    Бабе, сликиве што ги имаш ставено не се од дискотеки. Тоа се фотографии од прослави, збиранки и организирани настани. Го имате тоа и тука, има разно разни здруженија на пензионери, кои организираат патувања, екскурзии, собиранки во кафана/ресторан. Зошто ти треба дискотека за да се осеќаш подмладено или тоа да ти е едина прилика да се дотераш и пицнеш, и да одлепиш на некоја песна ?
    Чувајте и обновете го младиот дух во вас со тоа што ќе бидете во чекор со денешното време и со тоа што ќе се прилагодувате на младите, а не да барате тие да се прилагодат на вас. Да ја критикувате денешницата со фамозното 'еее во мое време , исто не чини. Вашето време минало, тука е заедничкото време, кое ни припаѓа на сите.
     
    На Lolipop23, Gosh, jacqueline.s и 6 други им се допаѓа ова.
  5. mazikeen

    mazikeen Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2018
    Пораки:
    318
    Допаѓања:
    1.387
    Пол:
    Женски
    Идејава е баш добра, па и тие се луѓе, никој не е престар за малку танцување (poolparty):dance: A little party never killed nobody:music: Како што има дискотеки со различен жанр на музика, зошто да нема и дискотеки за различни категории луѓе? (да не се разбереме погрешно, мислам на возрасни категории: млади, зрели, пензионери и тн).
    Само нашиов менталитет не е подготвен за вакво нешто.. Како што не е и за многу други нешта, и не знам колку би се изреализирала оваа идеја, или колку би се прифатила без потсмев (facepalm)
     
    На Milobebence, WildMk, Feminka22 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.499
    Допаѓања:
    4.227
    Пол:
    Машки
    Пензионерски домови се нивна верзија на диско. Диско ис геј.
     
  7. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.498
    Допаѓања:
    25.480
    Пол:
    Женски
    Пензионерските домови се како куќи на стравот и ужасот...нема музика, нема смеа, нема забава...само седат на столчиња и гледаат замислено низ прозорите..можеби во некое време поодамна играа домино, шах, карти, но ни тоа го нема повеќе...САКАМЕ ДИСКО МЈУЗИК...ДИСКОООООООООООО:music::music::music::music:
     
    На Dust, WildMk, Feminka22 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    10.220
    Допаѓања:
    54.833
    Затоа постојат пензионерски здруженија.
    Пред 2 години кога бев на одмор, во хотелот во кој беа сместена дојдоа пензионери на една недела. Организирани со водичи, аниматори, си правеа забави, караоке, жива музика секоја вечер (и музичарите си ги носеа) игри како кој повеќе ќе бакне мажи или жени, кое женско ќе собере повеќе машки гаќи или маж да собира женски градници. Се забавуваа луѓето. Ги имаше од 60 до 90 години. Еден дедо со 90+ се жалеше дека не можел женска да си фати :D
     
    На Milobebence, buba4e89, La.loca и 8 други им се допаѓа ова.
  9. mazikeen

    mazikeen Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2018
    Пораки:
    318
    Допаѓања:
    1.387
    Пол:
    Женски
    Поентата на дискотека не е да се пицнеш и да одлепиш, туку да отидеш, да поиграш, да си поминеш убаво. Ама кај нас малку е испревртено сето тоа, па очигледно повеќето одат во дискотека со други намери (да се покажат дека се некои и нешто- а ништо не се; да ќарат некоја 10 години помлада; некоја малолетничка да се залепи на некој 30годишен и тн). Затоа мислам ни треба разграничување малку во однос на возрасната граница во дискотекиве..... Не може на исто место 15годишни и 35годишни.. Се злоупотребува тоа кај нас...

    А за пензионерите.. Точно дека има собиранки, екскурзии.. Ама зошто да немаат едно место каде ќе можат да одат секој викенд? Да им пуштаат музика “од нивно време“ , па и нешто модерно? Зошто да се ограничат само чекајќи на екскурзија која е еднаш во месецот, во два месеци..

    Моментално кај нас треба многу работи да се подобрат, и сметам дека пензионерите навистина уживаат повеќе задоволства од младите; АМА мислам дека идејава за пензи-диско е баш добра и треба да се земе во предвид во некој проект за подобро општество :) Тогаш може помалку ќе зборат дека “во нивно време само ружи цветале“ , и повеќе ќе им се допадне ова ново-модерно време. И така и волкот сит и овците на број :D:D
     
    На Dust, baba Rada, WildMk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Purplelilac

    Purplelilac Популарен член

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.040
    Допаѓања:
    34.585
    Пол:
    Женски
    Во принцип идејава за некакви собиранки за стари лица и не е лоша. Се согласувам дека во староста многу им е тешко да пронајдат нешто што ќе им го исполни денот или неделата. Но кај нас мислам дека не сме стигнати до тој степен на грижа за старите лица, освен нели бесплатните автобуски линии во одредени денови за да можат да се прошетаат или евентуално да си појдат до лекар.
    И главно земајќи во предвид дека во нашава држава уште од помлади години луѓето се со помали или поголеми здравствени проблеми, тогаш па за старите кои се болни мислам дека не им се мрднува од дома за до продавница а не пак за некаква собиранка. Барем јас најчесто гледам такви примери. Со текот на годините си го сакаат и мирот повеќе отколку гужви и галама. Да, сакаат понекогаш со луѓе да испијат кафе или да помуабетат, но во поголем дел од времето си сакаат одмор :)
     
    На mazikeen, cresa-jagoda и baba Rada им се допаѓа ова.
  11. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    12.092
    Допаѓања:
    161.036
    Пол:
    Женски
    Младите не би се потсмевале на ова, туку се потсмеваат и иритираат од пензионери опседнати со конзервативни вредности, критичари на денешното време што ги реметат и полнат со негативна енергија :) Камо повеќе кај нас да бидат како овие на сликите, најсимпатична ствар се кул и позитивни стари луѓе.

    Тој толку омразен западен напредок вклучува поубав и позабавен живот и за постарите, во развиените земји секако е поразвиен цел менталитет со шетање низ светот, дружење и убаво користење на пензионерските години. И тука има опции за социјализација и исполнување на времето, ама и до менталитетот е освен делумно и во средствата.
    Никој не ве спречува, баталете политики и патриотизам, протести од двајца без тројца, лути коментари по интернет и други глупости и оставете ги младите на мира да живеат и да го туркаат светот напред, а вие исполнете си го слободното време и уживајте во староста :)
     
    На Gosh, jacqueline.s, mazikeen и 5 други им се допаѓа ова.
  12. Alishan30

    Alishan30 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    3.717
    Допаѓања:
    93.649
    Пол:
    Женски
    Бидејќи работата ми е поврзана со старечки дом и располагам со 55 пензионери можам да ви дадам мое гледиште на работите.
    Имаат дружби секој ден, забави по повод родендени, празници. Играат карти, шах, спремаат заедно зимница. 1 неделно ги носат на мини екскурзии во паркови, кафани, историски места.
    Одат во пензионерски домови, секогаш имаат жива музика, па се играат ора и се веселат.
    Не би рекла дека во МК го немаат ова. Сведок сум на убави дружби и моменти секојдневно и мило ми е за тоа. За повеќе инфо во лп ве молам. Заслужиле да имаат ваков пензионерски живот. Допринесувале во општеството и биле функционални, сега насмевките им останале за вакви убави моменти.
    И не,не седат покрај прозор како во затвор. Лично познавам многу примери каде им е исполнет секој дел од денот и имаат многу забава
     
    На buba4e89, vitamina, Dust и 5 други им се допаѓа ова.
  13. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    2.511
    Допаѓања:
    5.271
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека старите можат поквалитетно да се забавуваат од младите без телефони без инстаграми :D
     
    На WildMk и Alishan30 им се допаѓа ова.
  14. Јаневски

    Јаневски Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    906
    Допаѓања:
    1.879
    Пол:
    Машки
    Се надевам дека никогаш нема да остарам. Ми преостанува што правам да правам во наредната деценија и нешто - до 40 и доста е. Тогаш, ако сум жив, најверојатно ќе си викам ај уште една до 50 и така натаму, пошто жив в земја не се влегува... ама, доста е. Тука, во ова кратко време и ограничен простор, сме дојдени со обврска, цел и функција. Светот е на младите и способните.
     
  15. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    17.823
    Допаѓања:
    164.305
    40 имам.
    Не ми е доста...

    Он-топик, ми се допаѓа идејата... многу :inlove:
     
    На Dust му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Pacifist

    Pacifist Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2018
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    214
    Пол:
    Машки
    А да ве прашам,каде би можел да отиде некој на моја возраст од 38 години во дискотека,а да не го гледаат со чудни очи,да не бидам единствен на таа возраст и сите многу помлади од мене? А ептен ми се оди во дискотека да ја почувствувам атмосферата пошто во животов само два-три пати сум бил и неизживеан сум на тоа поле,ми фали...
     
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    17.823
    Допаѓања:
    164.305
    Секаде...
    Има и повозрасни...
     
    На buba4e89 и crimson им се допаѓа ова.
  18. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    5.805
    Допаѓања:
    97.664
    Каде тоа? Во приватен дом каде претежно престојуваат пензионери со странска пензија или поимашни од Мк?
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  19. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    9.328
    Допаѓања:
    157.444
    Пол:
    Женски
    Па баш дека сите пензионерски домови се куќи на страв не би рекла. Но реално во Мк е неисплатлива опција да се има диско за пензионери. Колку од пензионерите би оделе во вакво нешто?? Што пијат пензионери? Ако ја земам мојата населба во предвид која е полна со пензионери двајца дали би отишле. све тоа егејско што за 1 патлиџан зелен оди километар пеш да го врати...јасно е колку би трошел пари на вакво нешто.
    Не дека сум против. Сеедно ми е дали би имало или не. Само гласно размислувам колку нема профит во вакво нешто да се вложи..
     
    На jacqueline.s, Dust, Dream-Girl и 2 други им се допаѓа ова.
  20. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.498
    Допаѓања:
    25.480
    Пол:
    Женски
    Знам какви се здруженија постојат и какви услови истите им нудат на старата генерација.
    Моабетот ми е значи за диско, конретно диско клуб само за постари особи, клуб во кој ке биде забрането влез за млади..диско во кое ке можат да играат и да се забавуваат без да бидат исмевани и загледувани, оговарани идр.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.