Црн хумор..оти штаки да им даваат? Што е битно колку ке има народ, битно е тоа место да биде само за нив, да се чувствуваат слободно..да можат да си дадат одушка малку на себа, па и да се одлепат ако така им бара душата и срцето. Сега и да сакаат да отидат во некое диско каде што одат младите и да сакаат да поџускат, можеш да замислиш што ќе биде, нели!?
Младите имаат секакви забави во Мк..е сега немаме можеби големи забавни паркови, луди железници идр....но, мислам дека имаме дури и премногу....а за старите нема..нејќат они екскурзии, сакаат малку и диско, да се вратат на старите времиња кога биле млади, сакаат повторно да ја чујат нивната омилена музика, сакаат сеќавања на убавите години...
А оти па да не? Да не им плачат децата? Ете, гледаш дека одма поинаку гледате кога станува збор за забава на старите лица.
Со годините се менуваат и приоритетите. На пензионерите не им е интересно диско. Сакаат на селска слава, да извртат некое орце, да се прошетаат во природа, да ги прошетаат внуците итн.
Поред сето тоа што наброја, сакаат и друго да пробаат, но се срамат, верувај, знаат дека некој ќе ги смета оти полуделе, скренале со умот.....
абе ај нека си седат мадро на газот ке оделе диско ке изграеле они немат коски салам ке се изпосокршат таму и шо ке ти дојде стар човек у диско и ке ти лиже една пијачка оти не му се пие повеке или не му се плака повеке а ваму ти треба цел локал да вртиш да плакаш придонеси даноци и шо не од шо ек изваде тие газда ? од 10 продадени оранжади??
Градинки за децата нема , во цело Скопје само 6 комбиња брза помош има ..... Само Дискотека за пензионери ни фали
Кaкo oд среднoшкoлци и студенти без пaри живеaт лoкaлите пa сегa oд пензиoнери немa? И дa имa дискo ќе имa еден ден вo неделaтa, сигурнo немa специјaлнo лoкaл сaмo зa нив дa oтвaрa. Еднa вечер, рaбoтнa ден пример ќе е пензиoнерскo дискo.
Де де Бубче..и што сега, ако немате градинки за деца, стариве нека чмаат дома и да ви ги чуваат, така?? Многу себични сте биле бе деца..аууууууууу, не се надевав толку
Јас сум за забава на старите ама за диско не мада шо не ме прашува мене никој нели ? Има други начини да си имаат забави зарем немаат од пензионерското екскурзии па одат на она вешта жена па имаат простории играат карти шах па се организираат некои вечери на пензионери па се собираат со музика со се муабетот ми е дека не мора диско
А штo ви е вaс битнo дaли ќе е нoќ нa плетење или дискo нoќ? Акo чувствувaaт пoтребa и имa зaинтересирaнoст, штo вaс/нaс би ни менувaлo?
Менува, и те како им менува..неможат да разберат а и не сакаат да сфатат дека старите луѓе сакаат и таков тип на забава освен шах и табла..но како ќе им кажат на пријателите дека мајка им синоќа била во диско клуб и се вратила во 03 часот на пр....во оваа наша држава со заостанат себичен менталитет..штом си отарел треба да седиш дома, да чуваш внуци, да ги помагаш финансиски децата и да си го чекаш судниот ден. Ете тоа е...чудно е што нејќат ни да се замислат они какви би биле кога ќе остарат...како е кога ноќите ти се долги а денот краток...
Јас сум ЗА. Си има забави + 20, +30, +40...па нека има и +60. Ништо не ми менува мене во животот, нека видат нешто повеќе од она нивното корзо во младоста. Не го сфаќам муабетов со градинките во оваа дискусија. Божем нова спортска сала ќе им се гради на пензионерите па да идат таму певаљки. Нека врти парата, еднаш неделно/месечно некаде нека си тераат ќејфот кој можат.
А моите пријатели баш ги заболе мајка ми кај била синоќа. .. дај бе не зезајте. дај предлог. Во некое диско ден за старци да има и завршена раб. нека се журка кој сака ..
Може и така, еден ден да биде за нив..супер...ама никој не сака...а знаеш ли зошто...кко што некој рече дека биле циции, ке се лигавеле со една пијачка,, па има што велат дека смрделе идр......
Јас реков кај мене се егејци не им се троши нема да идат. А тие што ќе идат и да не трошат и да смрдат мене нема зијан да ми е ништо. Така да слободно нека си праат кејф ако сакаат и по клупи нека се лапаат како тинејџери апсолутно не ми смета.