1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дискриминација за вработување во државна администрација

Дискусија во 'Барање работа' започната од love23, 15 декември 2010.

  1. love23

    love23 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    913
    Дали некој е запознае со проблемот што го имаат дипломираните на приватните факултети и се со 180 кредити, а тие што завршиле државен факултет се рачунаат како 7/1 или 180кредити. Поголема предност имаат тие што завршиле на државен, тие на приватен се дикриминирани и не можат да се вработат. Јас би ве прашала ако некој знае подетално да ми објасни, бидејќи се соочувам со таков проблем.
     
  2. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.345
    Зошто со 180екс не можат да работа во државна аминистрација

    колку што знам јас многу фирми даваат предност на државните факултети отколку на приватните,дури понекогаш и во огласите е тоа потенцирано,така што и не треба толку да те чуди-причината е едноставна, сметаат дека дипломците од држ.факултети се со поголемо знаење и одговорност
     
  3. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Зошто со 180екс не можат да работа во државна аминистрација

    Затоа што додека тие на приватните си ја купувале дипломата, тие на државните биле дискриминирани.
     
    На girl1985 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.098
    Допаѓања:
    56.329
    Пол:
    Женски
    Зошто со 180екс не можат да работа во државна аминистрација

    Па зашто би требало да имаш 240 кредити. Како тоа 180? Не разбирам...
     
  5. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.345
    Зошто со 180екс не можат да работа во државна аминистрација

    ^повеќето факултети сега се тригодишни-6 семестри по 30 кредити се 180 кредити,а постдипломските траат две години.
     
  6. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.098
    Допаѓања:
    56.329
    Пол:
    Женски
    Зошто со 180екс не можат да работа во државна аминистрација

    Јас мислев дека и факултетите со 3 години имаат 240 кредити :|
    Па тогаш, без разлика дали е приватен или не, не може да е исто 180 со 240 кредити - нема логика.
    Не ми се допаѓа ова што ги намалија факултетите на три години. Ако ги скратуваа, требаше малку да ја набијат програмата, вака нема смисла. Приморани се да одат на магистерски, а тоа е скапо... абе бизнис. :doh:
     
    На NeVeruvajVoNikoj му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    Зошто со 180екс не можат да работа во државна аминистрација

    Кредитите се во зависност од предметите и нема тука никаква дискриминација...Иако и некои од државните се со три години,во нив има предмети ко за четри години и затоа со нив се добиваат 240 кредити, доколку има предмети ко што има во три години ќе има 180 кредити...Многу просто :) Јас сум на приватен со три години но бидејќи во тие три години имам предмети колку што би имала за четри години ,добивам 240 кредити..тоа е целата работа :wasntme:
     
  8. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.344
    Зошто со 180екс не можат да работа во државна аминистрација

    Јас на повеќе огласи имам забележано каде што е потенцирано дека кандидтите кои се пријвавуваат не смеат да бидат од приватен, а со кредитите е исто секаде каде што се 3+2 организирани студиите. Со три години имаат по 180 кредити, понатаму до постдипломски 240.
     
  9. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Работа во државна аминистрација со диплома од приватен факул

    Jaс сум од приватен имам работено во 2 одлични фирми, имам одбиено неколку места зашто не ми даваа услови за студирање на постидпломски и работа (пример работно време од 9 до 18 часот |( ). И не ме вратил никој зашто сум од приватен.
    Кога некој работодавец ќе ти види ЦВ, ќе започне разговор со тебе одма се гледа дали ти имаш памет или немаш :lol: , затоа постојат и 2 или 3 селективни интервјуа.
    Јас знам луѓе од државен со диплома на кои им е платена, а други кои немаат грам мозок сеедно дали учече или не, не се амбициозни, не се вредни итн. Знам од приватени факултети луѓе кои се премногу интелегентни, деца со капацитети.
    Затоа не треба да се прават споредби државен приватен во однос на работни огласи. Колку мои колеги работат во одлични фирми само.
    Али не велам дека нема глупаци на приватните. Ама и онака тие се синчиња на мама и тато, ќе работат во семејната фирма.

    Туку јас лично само на принт скрин имам видено оглас каде што велеа да не се пријавуваат од ФОН. Од Пивара беше огласот. Сега Пивара стипендира студенти на Фон, а и знам човек од фон што работи таму. Тој оглас е многу одамна.
    Може постои некој оглас и сега не викам не, ама лоша е таа поделба, зашто сепак постојат студенти од приватни кои се подобри од дел од државен. Само си учат во факултети со подобри услови...


    А за темава 3+2 срамота за државата само ќе кажам.
    Донесоа болонска декларација европски систем на учење, за истиот потоа да не го вреднуваат и да не вработуваат лица дипломирани со 3 години. Зашто не оставеа 4 години да се учи??? Зашто менуваа?
    Требаше по мене да си остане 4+1
     
    На Blanca му/ѝ се допаѓа ова.
  10. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.176
    Допаѓања:
    23.855
    Па секаде во Европа е 3+2 со тоа што кај нас како и се што се носи од страна, се чита, не се дочитува и се прави хаос.
    Секоја година менуваат нешто, а ни самите не знаат што менуваат.
    Во Државна институција можеш и со средно да работиш. Зависи за која позиција конкурираш. Ова со приватниве им е само изговор претпоставувам

    АМа без јаки КАБЛИ во државна администрација не влагаш . Па ти биди и доктор на науки ако сакаш.
     
    На sweetybarby му/ѝ се допаѓа ова.
  11. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.098
    Допаѓања:
    56.329
    Пол:
    Женски
    Точно, и јас повеќе го почитувам системот 4+1.
    Само мислам дека темава нема врска со приватни VS државни, зашто и на државните сега се скратија факултетите на 3 години (некои).
    Државна администрација не дискриминира дипломирани од приватен универзитет. Државната администрација дискирминира (и тука ставам точка). Не им е воопшто важно каде и што си завршил, туку каква книшка имаш.
    Јас се пријавував две години на конкурси, со сите услови кои се потребни, и пак си примаа дипломирани од туризам. Не, не, не ги примаа, туку веќе работеле од претходно. Еве, сега за Општина Охрид има распишан конкурс за 20ина работни места, кои се пополнати долго време пред да се распише конкурсот. :@
     
  12. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.007
    Мене ми се чини дека сепак си е до човекот.Ако некој учи,си ги цени своите амбиции и се стреми кон успех ќе просперира и на приватен и на државен,ако некој се шлепа само колку да ја добие дипломата и Свети државен да е,исто му се фаќа.
    Јасно е дека непотизмот и слични ми такви работи постојат,ама ете ајде ако се прашувам јас,нема потреба од дискриминација во смисла на тоа дали студирал на приватен или државен,нека се даде шанса и нека покаже што знае,нормално докулку ги исполнува критериумите за соодветното работно место.
     
    На sweetybarby му/ѝ се допаѓа ова.
  13. violinistka

    violinistka Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2010
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    152
    И јас мислам дека не е битно дали си на приватен или на државен,битно е утре кога ќе идеш на интервју и кога ќе бараш работа да покажеш што знаеш и колку знаеш,односно дали си способен и имаш знаење или дипломата си ја добил ради-реда.

    Исто системот 3+2 не ми се допаѓа,мислам намерно ова го ставија само за пари.
    Бидејќи бараат 240 кредити,ти всушност си приморан да земеш постдипломски ако сакаш да работиш.
    Да беше 4+1,подруго ќе беше.Се знае учиш 4 години,ги земаш потребните кредити и немаш гајле.
    Вака за никаде е.
     
  14. Butterfly87

    Butterfly87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2010
    Пораки:
    445
    Допаѓања:
    634
    Пол:
    Женски
    претпоставувам дека зборувате за правен факултет зошто замо тој мислам дека е со 3г. Можеби се лажам, ама економски, филозофски филилошки и педагошки се 100% СО 4......
     
  15. sweetybarby

    sweetybarby Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    8
    Тоа дали некој студирал на приватен или државен не е важно, важно секој се запишал онаму каде што имал можност. Оној кој навистина има капацитет и знаење лесно може да се препознае.
    Но сите знаеме каква е ситуацијата овде кај нас и добро знаеме дека за жал непотизмот владее. Државната администрација кај нас мора да се реформира и бројката на вработени во истата од 128 000 треба да се намали на 40 000 вработени и кадрите кои ќе ја сочинуваат треба да се компетентни во вистинска смисла на зборот. Административците својата работа ја извршуваат толку неефикасно, непрофесионално, политизирано, неажурно....со што го отежнуваат функционирањето на системот. Потребата за да се надмине овој проблем одамна се налага но и понатаму наместо да се преземат чекори за нејзино престуктуирање и вработување на високо образовани и стручни кадри се вработуваат луѓе кои си имаат јаки и тоа како јаки врски. За жал ние дипломираните јавни администратори ќе си седиме дома.... Да не должам многу дискриминацијата во државната администрација не се однесува на тоа дали си завршил приватен или државен факултет туку се сведува на партиски книшки и роднински врски... Инаку воведувањето на ЕКТС- Европски Кредит Трансфер Систем и мене не ми се допаѓа но тоа е тоа, кај нас се се прави за пари... Патем јас кога се запишав на Факултет за Јавна Администрација се си мислев дека ќе студирам 4 години, да си мислев така бидејќи пред да се запишеме ни презентираа четири годишна програма, но откако измина првиот семестар нас не информирааа дека програмата се сменила и дека е воведен ЕКТС (3+2) со што всушност се налага студентите да мора да се запишат на постдипломски студии... И така јас сега си седам дома бидејќи финансиската состојба не ми овозможува да се запишам на постдипломски иако имав огромна желба и воља за тоа бидејќи навистина бев јак студент. Ако беше 4+1 јас таа 4та год ќе плаќав само 200 евра бидејќи бев во државна квота, а вака ќе треба да плаќам две години по неколку илјади евра. И сега располагам со само 180 кредити, а повеќето огласи бараат работна сила која располага со 240 кредити... Инаку Butterfly има повеќе факултети кои ги направија со три год а за правниот конкретно во Скопје е три но во Битола е со четири години...