1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дискриминација и насилство врз жените во секојдневието

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од KateKane, 24 декември 2019.

  1. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.180
    Совет до сите жени:
    Опулете си ги очите.
    Кога некој ќе ве навреди, омаловажи, направи да се чувствувате невредна како личност.. Ако некој ви забранува да постирате нешто, или да облечете нешто, или да отидете некаде... Ако некој ве испцуе, ви се изнаразвика, ве удри... Време е за заминување.
    И не само од вакви партнери да се тргате на страна, туку и од сите луѓе во вашта околина кои се моделирани да размислуваат во склоп на претставата за помала вредност на жената во однос на мажот.

    Ако познавате некоја која е во врска или брак со партнер кој ја малтеретира психички и/или физички.
    Ако знаете за некоја која од родителите е потценета и омаловажувана...
    Помогнете им.
    Не фаќајте сеир, пријавувајте и помагајте.
    Верувајте, и вие би сакале да имате некој кој ќе ви помогне, ако сте во таква ситуација.

    Греота е што и во 2020 сеуште зборуваме за рамноправност меѓу половите..
     
    На Peperutce1115, monibejbi, felisitas и 9 други им се допаѓа ова.
  2. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.971
    Допаѓања:
    260.982
    У Тетово и околија 21 век касни да ви кажам.
    Денес бев канета на тетовски "мекици" односно "бабино".
    И не отидов.

    Оти само за жени било.
    Шо имаат мажите со бебиња, нели.
    Женска работа.
     
    На felisitas, theowndemon и Alisa22 им се допаѓа ова.
  3. Волшебникот

    Волшебникот Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2018
    Пораки:
    423
    Допаѓања:
    485
    Пол:
    Машки
    За да направиш насилство врз девојка/жена треба да бидеш гад ментално чукнат без емоцијален генетски код... Мислам дека треба да има по РЕГИОЗНИ казни. Кој ќе удри на девојка/жена со таа рака шо го направил тоа таа да му се исечи или пак да направи НАСИЛСТВО под хитно кастрација со вжештена маша, летва со шајки и сто удри еднаш брои и ортомата околу ВРАТ.
     
  4. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.075
    Допаѓања:
    6.635
    Пол:
    Женски
    Малце ке звучам за некои лошо ама повеке се заштитени кучињата одколку жените повеке здруженија донации триста глупости значи исрено
     
  5. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.074
    Пол:
    Женски
    Место да се радувате што има здружениа за се и сешто, види што пишуваш. Не се кучињата повеќе заштитени од жените не се секирај толку, многу делуваш загрижено. Не се случило до сега на жена да и ја расцепат главата со секира и насилникот да си шета на улица слободно. Пошо тоа се случило со куче.
    Не се жените клоцани и труени секој ден по улици. Се малтретирани, али не како куче и споредбава е бесмислена. Ти мислиш ако има донации за едно, ќе нема пари за друго? Не функционира така светот. Секој си донира таму кај што си се пронаоѓа. Донирај и ти и не кажувај кај треба другите да донираат. Ние кога ќе се опоравиме ко општество ќе има пари и едните и другите да се заштитат.
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  6. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.075
    Допаѓања:
    6.635
    Пол:
    Женски
    Јас реков не е во ред и на куче секако не сум монструм да мислам така ама искрено повеке здруженија и донации имаат. Во Македонија последните 10 години се убиени 70 жени и што со тоа? Кај се убијците сигурно до сега се и излезени од затвор
     
  7. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.074
    Пол:
    Женски
    Ама ти свесна си дека ни едно здружение да не постоеше за животни пак ист број на убиени жени ќе имаше? Свесна си дека едното не го побива другото?
    И свесна си дека и заштитата на жените и заштитата на животните е обврска на државата, а не на здруженија?
    Дај Боже да не постоеше потреба за здруженија, а не уште да се буниш дека имале донации, а знаеш во какво место живееме.
     
    На Peperutce1115, theowndemon и candy.cane им се допаѓа ова.
  8. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.075
    Допаѓања:
    6.635
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека се е продавање магла и за жените и за животните нема фајде додека не се уведат строги казни и закони нема ништо да се смене
     
  9. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.074
    Пол:
    Женски
    Тоа е друга тема. Јас ти велам дека ни едно здружение за заштита на животни да не постоеше пак ќе имаше исто насилство врз жени и затоа да не ги наоѓаш криви тие што се грижат за животни бидејќи прават едно добро. Никој не може да го спаси светот, секој си донира таму кај што мисли дека треба да донира.
     
    На Peperutce1115, theowndemon и candy.cane им се допаѓа ова.
  10. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.075
    Допаѓања:
    6.635
    Пол:
    Женски
    Јас животно и човек на исто ниво не гледам незнам за некој друг секако не подржавам насилство и дома имам миленик со години ама сепак повеке да ставеме акцент на овие права на жените. Иако верувам дека девојчињата што толку се јаки на фб со постовите за да помогнат на кучињата тоа го праат за популарност неможе да е против насилство на животни а у ресторан месо да јаде
     
  11. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.074
    Пол:
    Женски
    Ама ти не ме разбираш или јас не те разбирам. Дали ќе објавува на фејсбук или не а после јаде месо не е уопште твој простор за коментирање. Ќе беше намалено насилството врз жени да немаше здружениа за кучиња? Ќе беше, ајде одговори ми? Дали ставаме акцент или не на насилство врз жените, тоа е нашето ниво на свесност, а за тоа не се криви здруженијата а уште помалце кучињата. Никој не ти рече да редиш куче и човек на исто ниво и ако прочита некој на темава да пишал дека ги реди на исто ниво ај посочи ми каде. Ти реков дека треба да се радуваш што постојат здруженија за животни, за животна средина, за луѓе со посебни потреби и се така до недоглед. Секој има различна кауза и цел во животов. Ти донирај за тоа што мислиш и гледај повеќе да збориш против злото, а не против доброто. Збориш против луѓе што се борат против насилство, они прават добро, ти што правиш
     
    На Peperutce1115, theowndemon, Lella и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.075
    Допаѓања:
    6.635
    Пол:
    Женски
    Еве ја мојата инспирација за да пишам таков коментар имам комшивка која момчето дома ја малтретира и понижава а она се трпи и кути и еднаш и рековме оти бре не го испудиш во твоја куќа е вика не бе тој е секако подоминантен во се и се смешка а за улично куче човек ке утепа и прае заедници за правата на кучиња а самата таа е жртва како човек. И јас сум против насилство над животните ама повеке ставам акцент и се борам за моите права сеа капираш и ке завршам со муабетот тука :D
     
  13. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.266
    Допаѓања:
    37.080
    Пол:
    Женски
    Дискриминацијата ја правиме сите и во секое време, затоа што имаме таков систем на вредности, изграден врз патријархални норми и не е ништо чудно колку е всушност таа честа.
    Сите кои сме израснати тука си го носиме тој менталитет, кој повеќе, кој помалку.Разликата е дали некој повеќе вложил труд да се едуцира, да си ги прошири погледите и да проба да отфрли различни сексистички гледишта, односно прво да тргне од менување на сопстените ставови.
    Верувам дека многу од луѓето не се ни свесни колку ограничувачки и дискриминаторски размислуваат и постапуваат затоа што никогаш не ни размислиле за своите постапки туку едноставно слепо го следат тоа што е општоприфатено на овие простори и традиционалното воспитување со кое пораснале.
    Проблемот е што од најмалите ситници, секојдневни дискриминации и сл. произлегуваат и поголемите работи, како насилства и силувања.

    На пр. последно што ме изреволтира беше сликата што се прошири на интернет, за наставничката Ангела и клеветите врз нејзе.Мислам, каде тоа се лепат текстови на бандери за жени и им се префрла некаква вина дека се неморални и "ороспии"?Колку за споредба, кога било кој маж бил вака јавно ставен на тапет?
    Истото е и со секојдневното етикетирање на жените како курви, лесни и сл. поради фактот што веројатно женската сексуалност ни е се уште по малку табу тема, па неретко следи срам и криење.Не знам за вас, ама никогаш до сега не сум слушнала некој да прогласува машко за неморално поради број на партнери, целиот товар паѓа врз жената.Уште ме чуди како млади девојки размислуваат дека дечковците треба да ги молат за секс а тие да ги потиснуваат своите потреби заради фактот што ќе испаднат "лесни".
    Оцрнувањето на поуспешни жени дека не биле способни сами да се изборат и да стигнат до позицијата до која се туку "кој знае со колку легнале", фактот што многу жени треба многу повеќе да си ја докажуваат својата способност за работење затоа што се потценети поради полот, обично во средини кои се доминирани од мажи...
    Грижењето за домот, за децата и сите домаќински работи се очекува да паднат на грб на жената, инаку е неспособна, недомаќинка, срамота е...многу луѓе истиве работи им ги пренесуваат на нивните женски деца, уште од мали спремајќи ги за нивната улога на добри сопруги кои ќе слугуваат.
    Примери, милион, може до бескрај да се набројува.
    Најлошо е што не е само мажите да се обвинат, туку и огромен број на жени, и стари а и млади го поддржуваат сексизмот што им се наметнува и го прифаќаат како нешто сосема нормално, а понатаму го шират и тие.
    Од сите вакви ситници и не толку ситни работи крајно произлегува и насилство, почнувајќи од сопрузи кои ќе ја искористат својата поголема физичка сила да ја "доведат во ред" жената, да се почувствуваат доминантни врз нејзе, па до силувања, кои за жал најчесто се од луѓе блиски на жртвата.И тука неретко слушаме коментари од типот на "сама си го барала", ставајќи ја жртвата на позиција да биде виновна само поради фактот што носела одредена облека или се однесувала на начин неприфатлив за околината без да добие основна почит како човечко суштество.Згора на тоа и корумпираноста која владее кај нас, многумина ќе се извлечат а жртвата ќе остане понижена и без заштита.

    Не ни се потребни кастрирања, тепања и уште не знам какви креативни начини на казнување на насилникот, а вакви коментари често читам по интернет.Построги казни да, секако сум за, но мислам дека е најважно правилно информирање и менување на оние ставови кои ни стојат закоравени, како и јавно и со сите да се поттикнува дискусија.Ко што кажав на почеток, сите сме на некој начин виновни, па и колку да сме свесни за проблемот, понекогаш ќе дискриминираме, ќе кажеме навредливи работи и сл.Се е тоа во ред, се додека се трудиме да се промениме, и на нашите деца да им пренесеме подобри вредности со кои ќе растат.
    Какви и казни да се смислат, ништо нема да помогне доколку нашиот менталитет си стои во место и иако мислам дека ќе ни биде потребно многу време, сепак имам мала надеж дека работите во иднина ќе бидат различни.
     
    На Lella, monibejbi, felisitas и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.178
    Допаѓања:
    57.653
    Пол:
    Женски
    Да си знаете да не мрдате многу многу со опашките

    EOkfFkjWsAA_BYx.jpeg
     
    На Peperutce1115, Alisa22, theowndemon и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.760
    Допаѓања:
    17.266
    Пол:
    Женски
    А кој маж домаќин седи до 3 по полноќ? :?:

    Ајде, здравје, може за 50 години ќе излеземе од 19 век (facepalm)
     
  16. felisitas

    felisitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    1.144
    Баш ова го дискутирав скоро со пријатели. Значи на гости бевме со сопругот кај негови пријатели брачен пар и таму имаше уште 1 брачен пар. И домаќинката млада жена 30 години, автоматски на мажите им стави ракија притоа ги праша дали сакаат ракија или узо а нас жените ни тупна по една чаша кока кола, жени сме ние не сме за алкохол.
    Најголемите деградиации од жени потекнуваат од жени!! Да ви кажам мене како ме воспитувале, баба ми поготово, значи маж е глава на куќа, не смееш да му вратиш на збор, маж и да оди со други жени го личи, он треба да ти даде дозвола за се. Кафана е за мажи итн. Колку ми биле смешни оние жени што не работеле и додека е мажот на работа одат кај комшивка и тоа скришно и брзај брзај да не не ги фати дома кога ќе дојде Среќа сум доволно едуцирана а и уште од мала сум размислувала логички и не сум дозволила перење на мозок.
    Некогаш самата се фаќам за некои работи дека се подредувам махинално ама тоа е ретко и одма си мавам "шамари".
    Законски сме рамноправни меѓутоа вистинската рамноправност ќе ја постигнеме во нашиот мозок и да прекинеме самите себе да се деградираме и осудуваме за исти работи кои ги сметаме нормални за мажи.
     
    На Alisa22, Asparagus и НаталиЛили им се допаѓа ова.
  17. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.760
    Допаѓања:
    17.266
    Пол:
    Женски
    Точно. И потоа некој ќе дојде овде и ќе каже дека сликите од учебниците од основно не прават никаква штета.

    Деца растени со такви убедувања како ќе видат различност и како ќе ги внесеме во 2020 доколку и систематски учат по ист шаблон.
     
  18. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.075
    Допаѓања:
    6.635
    Пол:
    Женски
    Немој да се разочаруваш сите над 40 50 години а да не зборам за постари 80 посто го имаат тоа мислење. Тај шо е овца засекогаш ке биде овца и ке ги уче и другите да бидат овци за да му е полесно да не е сам пошо сама овца никогаш неможе да опстане
     
  19. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.385
    Допаѓања:
    34.197
    Пол:
    Женски
    Колку ти нема врска муабетов... Јас имам 44г па никогаш не сум размислувала вака. Баба ми 88 имаше, па не мислеше дека мажите и жените се различни. Не е до годините, до опкружувањето е, карактерот, воспитувањето донекаде...
    Читни на форумов да видиш колку млади жени / девојки размислуваат како госпоѓава погоре. Мене тоа ми е поразително.
     
  20. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.075
    Допаѓања:
    6.635
    Пол:
    Женски
    Ја кажа 80 посто немора ти да спаѓаш у таа група. Да управо си има и деца што така размислуваат ама главно се постари бидејки пред едно 40 години било е нормално некои работи несакам да ги именувам а денес е тоа ненормално пример ке го земеме семејното насилство порано немало никаква заштита ни па закон за тоа и затоа им е испран мозокот на постарите жени се правеле само да не јадат ќотек