Тоа воопшто не е во ред. Не знам кој е крив а кој прав, но со насилство ништо не се решава. Страшно.... Многу ми е жал за девојчево...
Нема да има правда.. Девојчето кажува дека сите знаеле и молчеле. https://www.dosie.mk/moja-prikazna/...me-natepaa-pred-dva-meseci-i-mi-se-zakanuvaa/
И после зашо младите се иселувале ццц, дефинитивно нема правда во ваа држава, такви психопати и мене ме фаќа страв што ке се случува понатаму.
Насилник ќе си остане насилник. Одма ги пуштија...многу сум револтирана, овие утре било кој може да нападнат. Само се надевам дека нема да бидат погледнати од девојка..
Лелее, ми се стемни кога го прочитав ова, МИ СЕ СТЕМНИ! Беа осудени 2,5 години, а одлежаа само неколку месеци. Жално за девојчето, сега буквално никого нема. Има за жал и жени што поддржуваат насилство и понекогаш се срамам што сум женско поради нив. Прво "Јавна соба" на Телеграм, потоа кутрата девојка од Штип, потоа девојката од Куманово која беше вознемирувана на интернет. Да се задржам на девојката од Штип. Сега нема никој што може да и помогне, правниот систем ни е никаков, кутрата сега нема еден родител, а другиот во психијатриска установа. И' посакувам на девојката да биде силна и да победи во битката за својата правда.
ДЕЧКИ!!!!!!!!!!!!!!!!!! https://www.slobodenpecat.mk/po-javna-soba-sega-i-gevgelijahab-pornografski-klipovi-od-zheni-od-gevgelija-se-shirat-po-privatni-poraki-na-fejsbuk/
Казнија некој од Јавна соба? Не. Се дозна кој е креаторот? Не. Доби некој некаква парична/затворска казна? Не. Ги осакатија девојчињата без никој ништо да им направи? Да. И сакате да се уплашат, да си стават прст на чело и да речат не треба така? Сексуални манијаци се во прашање, од нив мозок и човечност не очекувајте. Редовна појава ќе е ова, ние може пак 200 страници да испишеме и пак истото ќе се случува. Никој ништо нема да превземе и никој нема да одговара.
"Полицијата презема мерки за расчистување на случајот." Превзема да, секако. Единствено што превземаат се видеата, да си ги гледаат и тие.
МВР, адвокати, правници....каде се? Ние ако пишуваме на форуми или на фејсбук никој нема да престане со тоа што го наумил.Ужас, сигурно и тие кои треба да ја преставуваат правдата со потсмев гледаат на ова.
Па од полицијата треба да почнат, после со јавно обвинителство, судови и се по ред. Во секоја партија имаат унии на жени што редовно замараат да се зачлениш, кои исто така очигледно не им е многу гајле за својот пол и тие што треба да ги застапуваат. И на крај генерална апатија кај народот за било што. Зошто на протести масовно се излегува само ако се политички организирани. Дури и ете да се организира непартиски протест, нема да е масовен. Од луѓе со став "Епа што се снимале/сликале/испраќале/сами си го барале" не може да се очекува поддршка, а се многу застапени во земјава. После некој ќе каже на исто рамниште сме биле тука со мажите. Yeah, right.
Се превземаат мерки за расчистување на случајот. Се прекршија од превземање. А оние двајцата стоки што ги пуштија на слобода, од Штип што го претепаа девојчето...сакам на нивните адвокати нечовечни да ги прашам дали мирно спијат навечер
Не знам. Изреволтирана сум до бескрај. Немам зборови. Така функционира во нашава држава се. Жал ми е за девојката, мислам дека и татко и почина скоро...
Премногу се револтирам за ова со сликите и видеата, да знам некој околу мене што препраќал би го задавила. Гниди едни, на ќерките ваши така да им прават дали ќе ви е сеедно? Ќе си пукнам, па и ништо не се презема ниту очекувам да се преземе. Се знае кај нас како оди "секое чудо за три дена" и после ќе заборават сите, никој казнет, а ќе си влечат последици жртвите. Нормално е изгледа кај нас ова.
Нели се пуштени заради одлуката на владата да се оддложи извршувањето на затворските казни заради Ковид19?