Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дискриминација и насилство врз жените во секојдневието

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од KateKane, 24 декември 2019.

  1. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.105
    Допаѓања:
    26.969
    Не знам. Се зборува тука дека партиски нешто било вмешано.
    Колку е точно не знам.
    Беа осудени на две години.
     
    На mode-kristina му/ѝ се допаѓа ова.
  2. piksooki

    piksooki Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    1.812
    Допаѓања:
    10.929
    Пол:
    Женски
    Јас навистина не знам кој монструм треба да бидеш за да го направиш ова. Ова е еднакво на тоа да убиеш некого затоа што ако некоја од овие девојки не е емоционално силна да се бори со вакви работи( ретко кој е) може да посегне по својот живот. Личноста ако ја откријат треба да биде казнета минимум 30 год. Колкава фама како да не виделе женско тело. Мажи да одат голи на сред центар никому ништо. Оххх само нека им е со помош на девојките.
     
    На mode-kristina му/ѝ се допаѓа ова.
  3. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Па буквално во линкот пишува дека се пуштени заради одлуката на владата да се одложи издржувањето на затворската казна на дела кои не можат да застарат, заради Ковид19. Треба во септември да се вратат на издржување.

    Ништо, само доказ колку власта се грижи за жените, оти кретените закани од притвор и испраќаа и сега ги пуштија да можат полесно да си ги исполнат заканите.
     
    На candy.cane, Luminary, poppie и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.430
    Допаѓања:
    60.529
    Пол:
    Женски
    Дај ма не ме нервирај и ти со вакви наивни муабети.
    Каков ковид, какви глупости. Ја заболе владата за затворениците и можноста за трансмисија на ковид. Веројатно се имаат договорено да дадат гласови или да изнудат гласови ако се локални малокурести силеџии за возврат на неколку месеци слобода.

    Ги боли курот нив што можат пак да го осакатат девојчето од ќотек или што можат да повторат дело. И што се праќа порака дека за крвничко претепување на жени 2 години се добива. Избори се ближат, сите криминалци кои можат да им донесат гласови се на слобода. Знаеш кој лежи затвор? Тој што е наивен и што не знаел навреме газот да си го продаде.

    Од ковид ги штителе, жими дундава.
     
    На candy.cane, fana, *Amethyst* и 6 други им се допаѓа ова.
  5. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Апсолутно не ми ја разбра поентата.
    Баш тоа беше, дека ги боли курот дали ќе ја осакатат жената или повторат делото. Тие би требало да бидат од висок ризик и уредба или не - би требало да се држат зад решетки.
    Ама тоа никогаш не е случај, и брдо од фемицидите се случуваат после пријави и пријави на насилтво, после години пријавување и на крај секогаш одговорот е „кој можеше да предвиди, арен човек беше не знам што му текна одеднаш да си ја убие жената“. Поентата ба ми беше да доловам колку општественото уредување и државата не води грижа за жените жртви на насилтво, напротив - придонесува за нивно дополнително маргинализирање. За жал, не верувам дека некоја одредена партија е крива во случајот, тку целиот систем во кој вакви силеџии не се сметаат за ризична категорија оти ништо посебно не направиле.
    Во превод, ова нивно тепање се смета како да се степале во дискотека, па ништо страшно. Се заборава целната жртва, затоа што тоанивно тепање е дефинитивно целно полово насилство - вакви инциденти не се случуваат во стилот „се степале мажите меѓу себе“ и сакав да ја нагласам потребата за промена на законите и прописите, кај што вакви силеџии ќе бидат сметани под висок ризик за повторување на делото, нешто што ако не грешам би требало да се случува според Истанбулската конвенција.
    Далеку од наивно е моето гледиште на настанот, и многу подлабоко од „ветиле гласови за партија“. Едноставно, државата нема пристап кон половото насилтво на начин на кој се заштитуваат жртвите. Многу порасипан е системот од „партиски е“.
     
    На Bezimenka90, mode-kristina, Nausicaa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    А кој да превземе нешто како прво 90 посто од правниот систем се мажи и одлучуваат за цела држава како второ тие се исти манијаци кои одат со малолетни девојчиња и се манијаци исто..
     
  7. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.105
    Допаѓања:
    26.969
    Апсолутно нема врска дали 90% се во правниот систем се мажи.
    Буквално кај нас жените се поклети. Нем да мислеш дека жена ако е судија ќе покаже епматија спрема девојчето.
    @KateKane и јас така разбрав. Дека се од оние партиските војничиња. Колку е точно не знам.
    Ако е за гласање, мислам дека и затворениците може да гласаат. Ништо чудно да ми се појави еден од овие на врата и да ме моли да гласам за партија...
    Цел систем ни е ојден во бестрага.
    Ништо чудно да ги видам по градот слободно дека се шетаат.
     
    На Bezimenka90, KateKane и Angie1432 им се допаѓа ова.
  8. mode-kristina

    mode-kristina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2014
    Пораки:
    1.155
    Допаѓања:
    4.092
    Пол:
    Женски
    За истово сакав да пишувам, ама сепак ти излезе побрза.

    Се согласувам со @KateKane дека ваквата појава тешко дека ќе заврши. Стојам на ставот и дека не треба родителите на ќерките да им велат да се чуваат од манијаци, туку да ги воспитаат своите синови како да не бидат манијаци.

    За жал, жртвата е секогаш виновна кај нас. Уште полошо е што голем дел осудувачките коментари се кажани или напишани од жени.

    Очигледно е и дека на сајбер - манијачиштава им годел карантинот. Ова можам од искуство да го кажам.
     
    Последна измена: 8 јули 2020
    На candy.cane, Feminka192, Bezimenka90 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    Не ми е јасно кога станува збор за политичар или за некој моќен бизнисмен или некоја позната јавна личност одма се дознае кој и прете и ако објаве некој таква слика или закани уцени може и доживотен затвор да добие а кога станува збор за девојка од ниска класа тогај полицијата ништо не превзема, страшно, овие девојки од Гевгелија заради такви глупаци што немаат попаметна работа во животот нема да можат ни работа да најдат и на мира да испијат кафе во кафич, Воспитајте си ги машките деца!
     
  10. mode-kristina

    mode-kristina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2014
    Пораки:
    1.155
    Допаѓања:
    4.092
    Пол:
    Женски
    Би сакала да прашам дали го сметате за силување она кога некој ќе ве напнува да му праќате интимни фотографии, иако вие не сакате. Јас го сметам за силување затоа што ве тера да направите нешто што не сакате. А вие?
     
    Последна измена: 11 јули 2020
  11. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.562
    Допаѓања:
    12.819
    Пол:
    Женски
    Што мислите ако маж отиде во полиција да пријави дека некоја жена го вознемирува или малтретира дали они би постапиле исто како кога жена би пријавила за истото маж?
     
  12. mode-kristina

    mode-kristina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2014
    Пораки:
    1.155
    Допаѓања:
    4.092
    Пол:
    Женски
    Бидејќи поголемиот дел од луѓето кај нас се патријархални, мислам на жена би ѝ дале поголема казна, а ако жена пријави маж за насилство, како што имам слушано, ќе му одржат таму некои предавања и ќе го пуштат.
     
  13. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.162
    Допаѓања:
    49.363
    Пол:
    Женски
    Има машки што и ден денес потценуваат девојчиња.
    Јас бидејќи претежно движам околу машки доста пати сум се соочила со реченицата ,,девојче си не ти личи”.
    А шо ти ако си машко ти личи тоа да го праиш?
    Тие што ме знаат среќа не ме потценуваат ни умствено нит па физички ми се јачаат, се имам поставено како да сум еднаква на нив
     
    На candy.cane и Billy Idol им се допаѓа ова.
  14. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.924
    Еднaквa? Сo некoи дебили пoтценувaње е дa се изеднaчувaш, тoa штo се мaшки никaквa рaзликa не прaви. Смени си гo рaзмислувaњетo, знaм декa сaкaш дa дoкaжеш нештo нo женa мoже дa биде и нaд мaж, немa пoтребa дa се рaдувaш aкo си стигнaлa дo изеднaчувaње или вooпштo дa гo кoристиш збoрoт -еднaквa. Пoштo -еднaквa сo мaж би знaчелo и еднaквa сo нaјслaбиoт примерoк oд нивниoт рoд. А тoa сигурнo не сaкaш.
     
    На candy.cane, Alisa22 и Feminka22 им се допаѓа ова.
  15. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.162
    Допаѓања:
    49.363
    Пол:
    Женски
    Не секако.
    Али не сакам да бидам изоставена од нешто кога сум со машки само пошто сум женско.
    Плус доста прилагодлива личност сум.
    Али мислев еднаква во смисла, не се плашам да им се спротиставам коа не се слагаме, или да им укажам на грешките па некогаш и да им повишам тон само пошто се машки и ,,посилни од мене”.
    Ама ич не ми е гајле.
     
    На Billy Idol и Bridget им се допаѓа ова.
  16. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.232
    Допаѓања:
    40.048
    Пол:
    Машки
    А што треба да се смета? За супериорна?
    По твојата теорија има доста послаби примероци и од женски род кон кои треба и мажи и жени да се чувствуваат супериорно, и баш поради тоа се отворани овакви теми бидејќи некој се чувствува супериорно над другиот само поради полот што го има, или поради тоа колку е "слаб" по некои свои параметри. Па си зема за право да дискриминира.
    Не. Не. и НЕ!!!
    Оваква нацистичка идеологија не треба да се поддржува и не и е местото на форум.
    Без разлика од кој пол припаѓаме, треба да сме еднакви. А, еднаквоста значи да ги имаме истите права од прв до последен без разлика на пол, националност, боја на кожа, физички изглед итн итн. Сите сме луѓе, и никој не заслужува да е над некој друг само затоа што во глава си се замислува дека е супериорен, затоа што не е!
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  17. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.702
    Пол:
    Женски
    И јас го делам истото мислење со тебе.
    Силување е све што е интимно а не сте го направиле по ваша желба. Или сте биле принудени да направите нешто а да неќете.
     
  18. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.924
    Стремежот да си еднаква со цел машки род е навреда во општество каде жените имаат исти права како мажите. Еднаква си по права, не мора да се трудиш да бидеш нешто што не си за да бидеш повеќе „машка", што и да значи тоа во околината во која си израсната. Со тоа признаваш дека мажите се нешто поразлично или подобро од тебе и сакаш да си како нив. Кога има закони битка ќе водиш преку нив, секое друго докажување кое е надвор од твојата природа за да се вклопиш или опстанеш во машко друштво е непотребно. Сами си ствраат жените притисок непотребно.
    И секако дека постојат разлики помеѓу луѓето, затоа не може секој да биде директор/ка или министер/ка, што не значи дека тие разлики треба да се искористат за дискриминација и малтретирање и покажување супериорност (ок, грешка имам напишано -над нив ама на скратено за да не тупам многу) туку да не се ограничуваат на машки и женски пол.
     
    Последна измена: 12 јули 2020
    На mode-kristina, f.girl, Alisa22 и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.232
    Допаѓања:
    40.048
    Пол:
    Машки
    Ако си се држиш до себе си не значи дека си супериорна кон другиот пол, тоа што си различна не те прави над другиот.
    Еднаквост не значи да бидеш ист со другиот, копија, туку освен што ќе имаш исти законски права, да имаш исти морално и етички права, начела кои нема да дискриминираат ниту една единка и да ја прават супериорна без разлика на полот, работната позиција и IQ-то што го поседува.
    Овака проповедајќи супериорен концепт, само им даде уште еден аргумент на дискриминаторите да продолжат со тоа што го прават и се израмни со нив.
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.924
    Океј, по вторпат не планирам да се објаснувам.