Нема ништо супериорно во ова, работата е што на одредени жени понижување им е да се поврзуваат со женственоста и мислат дека колку повеќе со сила се израмнуваат со мажите толку поеднакви се, иако постојат природни разлики и сосема е во ред да постојат, тоа не го прави едниот пол супериорен во однос на другиот.
Мене ме тераа да праќам, ама сепак си останав на своето, не пратив. Замисли, типот ти праќа слика со неговиот "алат" , а ти не си го побарала тоа од него и ти вели дека сега ти си на ред. Да ти пратам слика?! Аха, сигурно, само ти сонувај си! И за сајбер - силувачите треба да има казни, но кога правниот систем ни е таков каков што ни е, тогаш тешко дека ќе има казни и за нив.
Дали преовеличувам незнам или јас само ова го гледам како дискриминација, на y8 гледајте како се поделени игрите ма машко женски демек женските ги интересира во игричките само готвење, чистење, шминкање а машките спорт, менаџмент, забава, борбеност, оваа страна за игри треба да се корегира 21 век е..
Мајките треба да седнат и да им кажат на своите синови што е добро а што не. Жените се едуцирани и знаат него машките се тие што не се едуцирани за ова. Посветете му внимание на вашиот син колку години и да има и кажете му што се случува ако е насилен, научете го што е добро а што не.
Треба казни за тоа. Зашто прво тој не ни знае дали си тип кој тоа го сака или не. Тоа е уфрлување буквално!