Изреволтирана од денешниот наслов на еден дневен весник, детето на македонската пејачка Ребека, Маркијан е избркан од градинка затоа што некои родители потпишале петиција да го избркаат и не сакале нивните деца да бидат во придружба на "болно дете" плашејќи се да не добијат зараза Со еден збор СРАМОТА Случајот е пријавен, но никој не превзема мерка затоа што ова е толку чест случај во нашето образование што никој не се замара да го реши Не е само ова. Што треба да се превземе за овие деца да имаат нормално образование како сите? Тврдам дека сите деца се исти и сите имаат исти права, но некако ова не е случај кај нас. Прво недостатокот од воспитен кадар, второ менталитетот на нашиот народ е на толку ниско ниво паднат што срамота е мал збор Кој е вашиот став за образованието на овие деца? Дали го заслужуваат и дали воопшто можат да го имаат, дали има услови за тоа? Не ја знам точната бројка но на некои факултети во Скопје има студенти (лица со посебни потреби) и искрено многу ме радува тоа Дали вие еден ден кога ќе бидете родители ќе имате разбирање за овие деца или ќе бидете дел од онаа група на луѓе кои ваквите деца ги сметаат за болни, ненормални? Споделете мислења Спојлер Темата е сместена во образование, а не во дете зашто се дискутира за образованието на овие деца
Го нема повеќе моралот во нашата држава. Се знае чии деца одат во приватни градинки. Тоа често се деца на богати родители кои се префригани и мислат дека целиот свет се врти околу нивното дете ( не сакам да генерализирам, што значи дека не сите деца што одат во приватни градинки се исти). И на совршено здраво дете му се случува да се налути, да гризне прст на друго дете...И што? Кога се случило детенце да биде избркано од градинка заради гризнување на прст? Колку што прочитав за време на седуммесечниот престој во градинката, Маркијан никогаш не покажал никаква агресивност. Сум имала прилика во текот на моето школување (основно и средно) да учам со две деца со посебни потреби, кои да бидам искрена никогаш не покажале никаква агресивност, освен ако не биле провоцирани од некои ментално здрави деца, меѓутоа многу поагресивни и невоспитани. Секогаш како мала кога сум била удрена или навредена тоа не било од дете со проблеми во развојот, туку од размазани деца чии родители се гордеат на своето темпераментно и интелигентно дете (па нели треба кликер за смислување пцовки и навреди, а и треба снага богами за тепање ). Прочитав многу коментари каде што некои луѓе ја критикуваат Ребека, демек ова го користи за промоција и популарност. Можеби сум наивна но мислам дека немат таква мајка која би го сторила тоа, љубовта на мајката кон своето дете е неприкосновена, во неа нема сомнеж. Нормално дека сите деца имаат исти права, а сосем очигледно е дека не располагаме со соодветен воспитен кадар кој би се снашол во ваква ситуација и би превзел други мерки , а тоа не би било бркање од градинка или училиште.[/size]
Имам пишувано и во друга тема, но еве и тука. Сите деца се исти. Сите тие се невини и чисти душички. Со Ева во градинка имаше едно дете со посебни потреби. И да - ги гризеше, и да - не можеа да спијат. Па што? Модриците им поминаа, а сите деца од таа група, благодарение на воспитачките, секако и родителите кои размислуваа со ладни глави, научија дека треба и мора да се привикнуваме на оние околу нас. Мислам дека станаа големи деца , токму заради тоа детенце. Кога ја прочитав статијата за детето на Ребека, прво што помислив беше - Ребека ова не би го изјавила. Не дека ја познавам. И бев во право. Сепак тоа беше Хелена . Настанот што се случил го имала објавено на ФБ статус. Извинете ама мене тоа не ми е во ред. Тоа ФБ им го зема паметот на многумина. Алооо па таму ли револт ќе покажуваме или грижа за внукот или можеби ќе се радуваме на лајковите. Ајде бре розо. Ребека работи многу за децата со аутизам. Имаат свое здружение (од тоа што гледам на ТВ). И нека бидат сите фер и нека не ја повредуваат со коментари дека ова и е начин за профит. Си има таа мајка други маки.
На оваа болна тема не ми се коментира од пуста причина што ми се затресуваат рацеве кога ќе го видам насловов и само сакам да кажам дека тие деца се за греота, тие само сакаат да им бидат занемарени и не толку експонирани нивните недостатоци, тие ли се криви за тоа? Секако дека не... не заслужуваат да бидат гледани поинаку од другите, тоа е најмалку она што тие го сакаат... јас имав една другарка да речам порано постара од мене т.е. ќерка на далечна роднина на мајка ми инвалид и првиот пат кога отидовме кај нив и кога ја видов да, чудно ми беше, бев дете ама потоа веднаш како што бев хиперактивна ја здружив со секакви игри приспособливи за неа, значи буквално девојчето беше пресреќно, секогаш ме бараше на телефон и иако само мрмореше и не можеше чисто да зборува јас се трудев со сите сили да ја разберам, да и возвратам некогаш сме се заборавале на телефон и раскажував за во школо а таа со задоволство ме слушаше, буквално многу ме сакаше зошто очигледно само јас изгледа ја третирав како нормално дете, како сите други деца, си игравме се што можеше таа освен нормално жмурки, брканици и такви работи, јас ќе се качев на точак а таа во количката и ќе возевме по собите, ах колку беше среќна... можам роман да напишам за тоа зошто имам и искуство едно вакво, ама зошто темава е во Образование ќе речам само дека да, треба да има посебни училишта за нив зошто има доста такви деца, негователи и наставници со висок морал, трпение, свест и развиена љубов кон тие деца, тие заслужуваат однос каков што им прилега, каков што се бара поради нивните потреби... ете и девојчево одеше на училиште такво, за жал во Шуто Оризари во една соба биле неколкумина со потреби како нејзе, ама пак се образуваше, може не со којзнае какви привилегии какви што заслужуваше, ама важно тоа и беше обезбедено. Не сметам дека е дискриминација тоа што децата со посебни потреби одат во други училишта од оние без такви потреби, тоа така и треба да биде, зошто тие прво нема да можат да се прилагодат така лесно и да бидат во чекор со другите деца кога би учеле во исти училишта како нив. Замислете еден час, професорот предава и има едно дете со посебни потреби, а тој нема време и не може да му објаснува поединечно постојано нему и да му обрнува толкаво внимание, каде се другите 30тина деца? А и професорите треба да се однесуваат со посебно внимание, да бидат освен професионално, туку и многу поемотивно настроени кон тие деца, буквално попосветени од обично... Затоа е најдобро сите вакви кутри деца да бидат згрижени во посебни училишта со сите услови, со посебен кадар на наставници кои ќе се однесуваат соодветно нивните потреби и ќе ги прилагодуваат часовите, испрашувањата, темпото на наставната програма од страна на Министерството за образование итн. Е баш тогаш ќе знаат исто колку и другите можеби покасно ќе го научат тоа и потешко, ама нема да се чувствуваат дискриминирани, отколку да седат во клупа со хиперактивни деца на кои ништо не им фали и да заостануваат зад нив, е тоа е дискриминација и чувство на нижа вредност. Тоа сакав да го кажам.
Проблемот на интеграцијата на децата има повеќе аспекти, не е се така црно и бело. Прво, родителите не признаваат дека нивното дете е посебно. Инсистираат да оди во редовно училиште, да се интегрира и дружи со секакви деца, не сфаќајќи дека искрснуваат еден куп проблеми од таквото неприфаќање на фактите. Колку и да викаме дека децата се невини и чисти душички, во суштина се сурови. Ако увидат некој послаб од нив, ќе му се накачат и ќе го малтретираат здружно. Дали е тоа од домашна (не)култура или тоа ни е запишано во генетскиот код - не знам, не сум компетентна да одговорам. Друга работа, ако е детето со ментални попречувања, не може да ја прати редовната настава, додека сите одат напред, тоа ќе назадува. Наставникот не е обучен за работа со посебни деца, за тоа си има дефектолози. Дури и на своја сопствена волја да работи со тоа дете, сите останати ќе назадуваат, а тоа не е поентата на една паралелка. Второ, немаме соодветни професионалци - оние изговорите за психолози по училиштата не се замараат со такви работи, у стилом - не е мој домен? Училишниот психолог треба да ги тестира децата и да заклучи дали е детето за во редовна паралелка или не. Кај нас по училиштата скоро сите деца ги запишуваат во редовна паралелка... па потоа имаме вакви проблеми со интеграција. Трето, нашиот менталитет е прост и назаден, и децата со посебни потреби ги третираме како нешто најстрашно да се, а така ги задојуваме и нашите деца. Страшна практита што треба еднаш засекогаш да се искорени, нажалост ... нема изгледи за така во брзо време.
Го достигнавме дното. Со кој памет се покренува петиција за да се изолира девојче со даунов синдром во посебна училница самостојно да слуша настава со изговор дека била насилна?? Дно од држава сме!!
Тие какви душички се Да фатиш да ги изгушкаш.Јас и во основно и во средно имав такви деца во школо (не во клас), абре тоа не го слушаш дека е таму, не па да те нападне, и сите ги сакавме и седевме со нив. А тие циганите, нека се избањаат прво и нека прекинат да дуваат лепак од 10 години и да праат деца ко племе да се па ќе праиме муабет Жалосно срце мало Сега контра петиција
Кај си видела бе такво?Психички не се во состојба да те повредат, физички па ич ради мускулната хипотонија. Па секое дете може од 1одд-4та средно да биде насилно.Кај мене во 5-6то не знам кога беше се гаѓаа со ножици и линијари машките, под клупи сме се криеле.И никој ништо не викаше.Ама овие се со поголема болест од девојчево, ментално ретардирани се до крај и затоа ова го зборат.Гарант не знаат што е ДС Плус можеш да замислиш како ќе се осеќа девојчето??И онака веќе се одвојува од другите поради психофизичките карактеристики, уште па во три класа да ја селат Грев е бе
Со Даунов синдром баш не се насилни. Сега ај вака ќе речам колку од нормални деца се насилни, невоспитани без никаква култура. Побрзо тие ќе го малтретираат и исмејуваат. Искрено се згрозов. Пештерско племе, а сака во Еу да оди. Уште еден доказ колку сме заостанати во 2022г, а светот светлосни години е пред нас. Кога родителите бојкотираат, тоа го гледаат нивните деца и исто ќе постапуваат и сега и према било кое дете со посебни потреби. Ужас.
Децата со даунов синдром ниту се насилни ниту се опасни за околината. Информирај се повеќе пред да збориш.
Има 'нормални' деца кои се насилни па за нив викаат темпераментно е детето, ама кога се работи за дете со посебни потреби одма е насилно.
Знам таков пример бе. Ти би дозволила ли твоето дете да биде бодено со шестар од такво дете? Секако дека не.
Најдобро би било да превземат некои мерки и да изолираат "нормални" дивјаци што лечат фрустрации врз други, од такви си патиме.
Со мене од 1во до 4то учеше нормално девојче без психофизички недостаток кое на секој одмор ми маваше чврги, ме маваше по задник, и ме фаќаше за капата кога носев јакна со капа и ме носеше како куче да носи. Во вц одеше по голема нужда и со рачката од метлата која чистачките ја чуваа таму земаше од изметот и мачкаше по ѕидовите од тоалетот. Ама беше нормална и темпераментна, нАли?!
Не верувам дека би била агресивна од чиста мира туку била третирана како што не треба па си реагирала инстинктивно. На видеото, новинарот му вика на директорот да ја отвори салата каде што го оставале само девојчето, директоров му вика аха добро само да земам клучеви од горе, го снемува и не се појавува. Што значи во којзнае какви услови го чувале детето, за тоа некој треба да си одговара. Друго, не се криви само тие туку и тие од мон, донеле закони колку да се има површна инклузија а како ќе биде спроведена баш им е гајле. Деца со посебни потреби бараат посебен пристап, не може да ги оставиш во школо со други деца и да се надеваш на најдоброто. Колку што прочитав дури сега годинава добила асистентка, претходно зар сама ја оставале? Значи има закони а нема контрола врз тоа што стварно се случува во школите.
Прекрасно створење, навистина Ја ако почнам да зборам каков психички и физички булинг имам трпено во основно..и дека со плачење сум идела. И мене удрена ќе ме направи. А нормални здрави прави деца беа.И машки и женски