1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дискриминација на децата со посебни потреби

Дискусија во 'Образование' започната од Shery, 25 ноември 2011.

  1. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.588
    Допаѓања:
    39.585
    Пол:
    Женски
    Кај нас во град шета еден со даун синдром и воопшто не е насилен. Јас не сум видела дете со даун, а да е насилно. Напротив. Многу здрави деца има, а насилни со ретардирано понашање
     
    На Snowflake97, cresa-jagoda и Feminka22 им се допаѓа ова.
  2. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.190
    Пол:
    Женски
    Па во школото ја водеа за нормална, немаше дијагноза.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.585
    Допаѓања:
    38.884
    Пол:
    Женски
    И ова не е во ред што го пишувате. Инклузија важи само за ДС, за други не?
    Секогаш кога се насилни деца има причини, не е здраво во никој случај, ама со тоа прво треба да се занимаваат оние педагози и психолози што доаѓаат на работа во школо за кафе и цигара, а не децата да се етикетираат како ретардирани.
     
    На M.B., MarijaMi90, BezglasnaBukva и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Traveler91

    Traveler91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2019
    Пораки:
    621
    Допаѓања:
    916
    Пол:
    Женски
    Е тоа е веќе проблем, и требало твоите да превземат нешто околу тоа...
     
  5. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.588
    Допаѓања:
    39.585
    Пол:
    Женски
    Кај пишав дека се ретардирани?
     
  6. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.190
    Пол:
    Женски
    Нормално дека презедоа, нормално дека девојчето не ме малтретираше само мене туку и други помирни соученици ама школото не го реши проблемот пошо девојчето само било потемпераментно и требало и ние малтретираните да имаме разбирање за неа. Иначе, јас лично собрав храброст еднаш и го решив проблемот на да речам нејзиниот начин. Не беше во ред што паднав на нејзино ниво, но ниеднаш после тоа не се осуди да ме измалтретира кога виде дека можам да ѝ возвратам.
    Него, само споредив какви може да бидат нормалните деца.
     
    На MarijaMi90, Guns N` Roses и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  7. Traveler91

    Traveler91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2019
    Пораки:
    621
    Допаѓања:
    916
    Пол:
    Женски
    Сигурно била ќерка на некој судија, богаташ, за тоа не е било превземено ништо, што е и нормално во оваа држава...
     
  8. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.190
    Пол:
    Женски
    Не, на локална фризерка и поштар.
     
    На nena2010 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.420
    Допаѓања:
    165.286
    Пол:
    Женски
    Во врска со деца со посебни потреби оти сте начнале тема, деца со Даунов Синдром кои се насилни се исклучок, редок, редок, редок исклучок. Пошто дете со Даунов Синдром е доминантно гушкабилно, мило, сака внимание, онака ако те сака дур си в соба само ќе те гледа и ќе се смешка. Ако познавате некое дете со Даунов, кога би се сретнувале/ оделе или иделе на гости имајте ситен поклон за него. Денот му го прај. Најголема насмевка ќе видите. И за век ќе ве сака.

    Други деца со атипичен развој исто можи да се престимулирани. Јас не би категоризирала како насилни оти најчесто е престимулација, уште почесто провоцирана од околината ( пак, во мое искуство). Во мое искуство најчесто е дискриминација поставена од родители и булинг врз атипични деца дур се престимулираат па укажат јавно агресивни тенденции. Шо не велам дека треба да покажат, само велам дека не е фер према нив да се донесат до то ниво на сила.

    И за крај да, има атипични деца кои се склони кон насилство и тогаш се зборува со родител, се работи со дете со училиштен психолог/ педагог и приватно, си има образовен асистент кои сите заедно гледаат детето да не повреди никој. Накратко, има луѓе кои се грижат тоа дете да не повреди некој, шо не е случајот кога е обратна ситуација, иако сме свесни и во двете ситуации институциите знат да не се ажурни. За жал. И факт е дека полошо ќе се осуди и дискриминира атипично дете склоно кон агресија наспроти типично шо не е во ред. И со двете треба да се работи еднакво ако има агресивни тенденции.

    И за крај, не "ненормално" или "ретардирано" туку атипично. Не "нормално" или " како шо треба" туку типично.
     
    На CameliaMiller, Amellie13, M.B. и 13 други им се допаѓа ова.
  10. Traveler91

    Traveler91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2019
    Пораки:
    621
    Допаѓања:
    916
    Пол:
    Женски
    Чудно... обично ваквите ги решаваат по брза постапка, барем така беше во моето училиште.
     
  11. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    9.096
    Пол:
    Женски
    Јас сега кога прочитав за ова девојчево што се врти веста по фејсбук, не можам сеуште да поверувам дека е вистина, како може бе да постојат вакви луѓе и вакви родители воопшто ама искрено не ми е јасно, што душа треба да носиш во себе за да своето дете го учиш уште од мало да мрази и има одбивност кон одредени личности со попреченост.
    А ич и не ни сакам да помислам како им е на родителите на девојчето, кога цел клас сите здружени те отфрлаат.
    Оваа наша чудесна држава одамна го има допрено дното, а веќе се подлабоко го бушиме, па сами сме си криви за тоа бе.
    Све да им е*ам на тие родители што ја бојкотирале наставата, а да имаме и некоја функционална држава сега сите по ред тие "мајки" ќе ги собере на советување.
     
    На CameliaMiller, Ambitious, MeowMeow и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.420
    Допаѓања:
    165.286
    Пол:
    Женски
    Искрено и мене ме интересира се ова шо прашваш. Пошто од старт го учиш детето на дискриминација, а ко демек го штитиш. Не го штитиш. Го насочваш кон иднина која не е идеална психофизички, каде отсуствува емаптија. И то е тажно. Еве мое дете не би сакала да дискриминира, да врши булинг и евентуално да порасни во возрасен без емпатија.

    Сум имала и случај во градинка каде оди сестричка на атипично дете, и таму има друго атипично дете и воспитачка и сите деца се насочени кон то да не дискриминираат кон детево, да го играат ама онака баш со почит, да не дојди до престимулација и преминвање граници. И за покасно кога одржувавме настан, и сестричкава ги покани на настанот пошто нели, е сестра на атипично дете, сите деца од градинка инсистираат да одат со родителите како поддршка ем на свое другарче, ем на сестричкава. И ова ќе го памтам цел живот пошто слатко е и убо. Оти ова е алтернативата на хејтање. При дискриминација се ова отсуствува, ама ако се тргни дискриминацијата настрана ова останва. За жал ова сеуште е ретко, ама мислам дека постепено се створа попозтивна клима за атипични деца и возрасни ( дури некогаш мислам толку сме фокусирани само на атипични деца шо забораваме дека растат во атипични возрасни) и дека то во иднина ќе влијае позитивно врз родителите и децата со атипичен развој. Башка шо ако не се створаа промени немаше да сме тука да збораме како сме згрозени од семејството шо бојкотира дете со Даунов Синдром, ако немаше промени, ќе ги тапкавме родителите по рамо и ќе користевме зборови како „ретардирани“ и „ненормални“. Ама полека, ама сигурно се крева свест дека то не е во ред. Бавно е, за жал. Ама барем се случва.
     
    На CameliaMiller, MarijaMi90, Ambitious и 2 други им се допаѓа ова.
  13. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    Може си испомешала со аутизам.
    Затоа што за аутистични деца знам дека има и насилни и ненасилни.
     
  14. Luciferka

    Luciferka Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2020
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    1.738
    Пол:
    Женски
    Гревота за девојченцево а уште повеќе гревота ова труло општество во кое што живееме.
    Во основно учев со дете со даунов синдром кое не беше воопшто насилно напротив сите ние цело одделение бевме насилни кон него ќе бидам искрена вклучувајќи ме и мене, иако подоцна разбрав дека тоа што му го правев и јас не беше воопшто добро пред се не беше човечки да се изживувам над некој послаб од мене кој не може да ми возврати ни вербално ни физички.
    Друго лице со даунов немам сретнато но по изглед само ако гледаш ќе разбериш дека се безопасни и не се воопшто агресивни се додека не нападнеш по нив иако дури и тогаш не ти можат ништо.
     
  15. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.462
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Не можам да разберам како може институциите да дозволат ваква петиција, па дури и решенија од типот да ротира во три одделенија или да учи сама.
    Прв кој што треба да реагира за ова е психолог, педагог и директор на школото. Не смеат да ги поддржуваат за петицијата и да спроведуваат вакви идиотски решенија.
    Очигледно треба едукација, пред се за родителите. И исто така работилници за развивање емпатија. Сигурна сум дека ниеден од тие родители коишто ја потпишаа петицијата не размислил како се чувстува девојчето, важно нивните деца мирни се и секако, ненасилни.
     
    Последна измена: 3 февруари 2022
    На cresa-jagoda, Ambitious, Guns N` Roses и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Traveler91

    Traveler91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2019
    Пораки:
    621
    Допаѓања:
    916
    Пол:
    Женски
    Не сум испомешала, прво едуцирај се па коментирај.
     
  17. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.087
    Допаѓања:
    26.908
    Срам ми е што живеам во држава со народ што ги третира дечињата со Даунов синдром како да се животни.
    Абе родители што сте го поркенале ова, нели ви е срам уште од најмали нози да ги делите дечињата и да им всадувате омраза на вашите?
    Глуп, прост, неедуциран народ. Како бе ви дава душата да изигравате мајмуни спрема едно мало детенце со синдром??? До толку ли сте без душа. Од што го гледам само срце ми се кине, не пак да сакам да му наштетам.
    И да е било агресивно, (иако се покажува дека не е било и дека си прават екскурзии на мозокот овие родители) вака ли се тоа средува?
    Срам да ви е.
     
    На noteforself, BezglasnaBukva, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  18. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.317
    Пол:
    Женски
    https://www.slobodenpecat.mk/tarava...-da-se-chuvstvuva-kako-da-e-vo-nejziniot-dom/

    и овој ретардиран, селете ја како мигрант па ќе се чувствува како дома..Дома така не и` прават!Дома ја сакаат и ја гледаат како рамна на нив.Бедотија страаашна е ова.
    Да се префрли детето во Скопје.Ние овде сме нормални, навикнати сме на секакви различности и нема да биде отфрлена.
    А родители, место да дремат по форуми, Фејсбук, кафичи и да си смислуваат оргии, трач рубрики, шо ќе носам утре, која утакмица да ја пишам на тикет, да седнат да си ги воспитаат децата.А не од 1 година, дај му телефон па само нека се учи.Ова се последиците од тоа.Нови генерации се, сите после 2002 се` бетер и бетер деца искачаат.Ни почит имаат, нит се писмени, нит култура имаат-НИШТО.Мислите образовните институции се должни во потполност да ги воспитуваат децата, а вие дремете си, е не може така, најголемото знаење и воспитување доаѓа од дома.Јас ли да ги учам
     
  19. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.462
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Едукација треба. На родителите и на децата. Тоа што се врати во класот е супер, но однесувањето на другите деца кон неа исто така е многу важно. Во школо никој родител не праќа дете за да трпи насилство од дебили и разгалени дечишта. Од родителите се очекува да ги научат своите деца да не се исмејуваат или да вршат насилство. Но кој да ги научи родителите?!
    Затоа според мене задолжително во секое школо на родителски, кратка едукација за вакви теми, би ја сменила ситуацијата.
     
    На Guns N` Roses му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Legally_Blonde

    Legally_Blonde Активен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2022
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    109
    Пол:
    Женски
    Срамно и жално какво општество станавме. Па уште плачат во ЕУ немало да не примат. Кај ќе им оди душата на овие демони бе? Каков пример се за своите деца? Кога видов девојчето дека седи само во училницата срцето ми се искрши. А овие злобниците ни Господ не ги сака очигледно. Никој не одбира како ќе се роди и секако животот е едно тркало. Не знаеме што ги чека овие истите што го прават ова на девојчето.
    Сега читам ја вратиле на настава. Требаше јавно сите да видат и народот да почни да плука и по директорот на школото и по ТИЕ што неможам да ги наречам со името родители па да го вратат? Сега демек нема да го малтретираат девојчето веќе? Само родителите си знаат низ какви стресови и болка поминуваат.
    Ова е сигурно еден тест да се измери до кај може да оди човечката злоба. Само во Македонија секој си зема за право да дискриминира туѓо а да не гледа што си воспитува дома.
     
    На Feminka22 и Snowflake97 им се допаѓа ова.