https://mms.mk/268389/петиција-на-р...ampaign=петиција-на-родители-против-малата-ем Одамна ме нема нешто вака погодено. Она е само дете кое не по своја вина е родено малку различно од другите, кое нешто не и го ускратува правото да живее и да се школува како и "нормалните" деца. Ова нормални е дискутабилно, со оглед на фактот какви родители имаат. Срам да им е!
Дојдов да пишам за Амла, девојчето со Даунов Синдром што е дискриминирано од 14те мајки кои дале потпис да не учи девојчето во школо со нивните деца. Ме интересира само едно бидејќи сите други зборови се излишни. Кои се тие малоумни мајки што го потпишале тоа? Нека се објават со име и презиме, нека се испринтаат летоци со нивни слики, нека се напише одоздола нешто и нека се делат низ цела Македонија, сакам до срж да осетат што значи дискриминација, срам и отфрленост, што значи никој да не ти збори,да те гледаат со презир и да се срамат од нив. Да ги плукаат на улица,да ги исмеваат. Само така им доаѓа паметот на проста малоумна нација!
Па не би рекла дека се малоумни, стави се во позиција на учителката, како ќе одржиш час? Не можеш да го застанеш да седи мирно, фокусот цело време ќе ти лета да го пазиш тоа дете, а не да ја предаваш лекцијата. Едноставно е, тоа дете е со посебни потреби, треба да оди во посебно школо. Не е дискриминација.
Не треба да иде во посебно школо. Се стремиме кон инклузивно образование, а тоа значи да не се делат типични и атипични деца. Со ова дете во наставниот процес присуствува асистент и работи дефектолог, значи со ништо не ја попречува работата на учителката.
Се сложувам, не е тоа дискриминација, се стремиме кон инклузивно образование кое кој знае кога ќе биде прифатено кај нас. Но, другарка ми е баш од тие кои работат со "ваквите" деца и понекогаш едвај и успева. Треба нашите деца да ги прифатат и нив, но дефинитивно им треба посебна школа со соодветно внимание кон нив. Мое мислење, не осудувам никој.
Никад нема да биде од нас луѓе и никад, пак ќе кажам никад, секој ден све поише и поише ме згадува македонскиов народ и нашата неукос и саможивост. Одвратно.
Со мене во основно, во клас учеше едно детенце, мислам дека немаше Даунов синдром, но беше дете со посебни потреби. Колку што јас се сеќавам, учеше со нас до 6/7мо и потоа веројатно го префрлија во специјално школо. Не сметаше мн на наставата, некогаш само ни правеше смешки. Е сега колку за него беше корисна, зошто немаше некој што ќе му помага и посебно ќе му се посвети нему, не знам. А не знам ни какви се условите во специјалните училишта и дали таму повеќе би напредувале децата со Даунов или со било каков друг проблем од тој тип или баш напротив. Како и да е, не се сеќавам никој од родителите да се побуни некогаш. Веројатно, ако некој се бунел, тоа биле наставниците, зошто мора да има некоја причина што се префрли на крај во друго школо.
Посебни школи во Македонија нема за деца со Даунов синдром. Вклучени се нормално во наставата со асистенција на стручни лица, но проблем е што било неколкупати агресивно, ама одма мора како дискриминација да се сфаќа.
Па пишаа погоре дека не било со посебни потреби, пробувам да разберам дали е или не е. Јас како што сфатив, детето е со Даунов синдром, оттаму сметам дека родителите имаат право што се бунат, најверојатно ја попречува наставата на другите деца.
Што е ако е со посебни потреби? Да не е заразни случајно. Ако има даунов синдром не значи дека треба да е изолирано. Ми се гади од вашите размислувања.
Колку деца има што се без попречености ама се разлигавени од мама и тато и ја попречуваат наставата на секаков начин, зошто за тие деца не се прави вакво нешто? Ајде те молам сите сме виделе деца со дс па ни едно никогаш не било агресивно, напротов, колку примери сме виделе кај што живеат самостојно или создаваат фамилии. Срамота.
А дали имаше во случајов дефектолог во училиштето? Како да разбрав дека нема. Исто така, разбрав дека програмата за деца со интелектуална попреченост е катастрофално изработена, воопшто не биле консултирани стручњаци од таа област.
Инклузивност во образование постои и дете дали ќе оди во посебно или редовно училиште пак нешто добива и нешто губи. Ама се стреми кон инклузија зошто атипично дете учи од типичните деца, не е изолирано во посебен свет туку гледа и учи каков е 'реалниот' свет. Многу често атипични деца во редовна паралелка имаат подобри резултати од атипични деца во паралелка со посебни потреби каде има инстанци на губење говор и генерална регресија. Зато и има стручна проценка кое дете можи да се вклучи во редовна паралелка, а кое не. Атипично дете не е само на наставата, си работи со стручен тим и образовен асистент.