Работев во градинка и се соочивме со сличен проблем. 3 деца во група од 28. Едно со пречки во развој кое беше насилно. Другите две Аутизам и Даун,кои воопшто не беа агресивни. Детето со пречки во развој,тежок случај кое немаше дефинитивна дијагноза ги тепаше сите деца ,а и нас. Родителите реагираа и детето продолжи да оди во центар за деца со пречки во развој. Сметам дека треба да спроведува инклузијата како што треба,да има дефектолог и асистент присутен иннаку е инклузија само на хартија детето нема да има бенефит од неа.
Како не е исфрлен, извини, познавам неколку деца кај што учев јас, со нормален развој кои биле исфрлени од школо или префрлени во друга паралелка зашто биле со несоодветно однесување. Едноставно сметале на наставата. Ако не функционира пристапот на наставникот се бара друго решение.
Девојчето е запишано во редовен образовен процес со специјална програма. И, да учи и може да научи зависно нејзините интелектуални способности. На училиште ја придружува асистент, поточно цело време има некој со неа кој го контролира нејзиното однесување. Не верувам дека асистентот дозволил да дојде до поголем инцидент. Најголема улога во тоа како девојчето ќе биде прифатено, има учителката. Дали ќе ја прифатат, ќе и помагаат или ќе ја малтретираат се зависи од учителката и упатствата што ги добиваат соочениците како да се однесуваат кон детето со посебни потреби. Ниту едно дете со Даунов не реагира ако не го испровоцираш.
Јас досега не сум слушнала некој да биде исфрлен од школо ако малтретирал други деца. Ако малтретирал наставник, може бил исфрлен (примерот во скопското училиште). Но има безброј примери кадешто е вршено меуѓврсничко насилство и никој буквално никој не реагирал. Во регионот мислам дури и имаше жртви поради ова (самоубиство поради насилство).
Така тврдат родителите кои што ја потпишале петицијата. Асистентот кој што доаѓа со неа на училиште, го тврди спротивното
А се сеќавате на бунтот од жителите на с. Тимјаник во однос на центарот за деца со интелектуална попреченост шо требаше да се гради во селото? Here we go again. Каде е ваквата сложност кога се во прашање други основни проблеми во општеството?!
Од кај стана очигледно дека не му е место во училница? Го гледав видеото сабајле, на албански беше, не можам да го најдам кај беше. На новинарот му рекоа сега ќе ви покажеме во каква сала имаше настава, само да го земам клучот. И му ја затворија вратата од училиштето. На вакви луѓе да веруваме? едит- еве го https://www.mkd.mk/makedonija/razno...ne-mozhe-da-sledi-nastava-so-drugite-deca-oti
Јас длабоко во себе сакам да верувам дека малку се луѓето што вака размислуваат. Објасни ми те молам како дојде до заклучоков дека нема да научи ништо и дека не може да следи настава? Врз основа на која експертиза и анализа ти е заклучоков?
Душичка. Среќа не е успешна петицијата и девојчето ќе си се врати во училишните клупи. Треба само повеќе едукација дефинитивно.
За агресивност и врсничко насилство и булинг има постојано за тој што сака да се буни, да крева револуции. Ама не се сеќавам да сме многу гласни. Само ако е дете со пречки во развој, тогаш многу свесни родителите, а колку пати нивни деца биле насилни, ама тогаш така растат деца. Срамота, ама очекувано. Се изненадувам во последно само на позитивни работи.
Џабе враќање, ко се однесуваат како лепрозна да е. Катастрофа, друг збор немам. Одамна нешто не ме потресло толку.
Заборави на она моено омилено "хехе многу ми е хиперактивно детето, живо си е такво" не не е. Невоспитано ти е.
Сакав да кажам, стручен тим одлучил дека е океј да е интегрирана во наставата со другите деца, што е проблемот? Ако била толку како што викате агресивна ќе се ја однеле на време во институција или посебно школо има за такви деца. Агресивна била, океј. Каде има примери како била агресивна? Ги тепала, кубела? Видео има? Пошто вака и јас може да почнам петиција онлајн дека ти си двоен профил па тоа не значи дека си Спојлер Нели
Неможам да се изначудам на ова што се случува во нашата земја. Едноставно неможам да разберам зошто сме волку без човечност и без емпатија. Колку булинг има по училиштата, па волку фама и глас не се кренало до сега. Колку видеа и слики сум видела од тепачки, кубење коси, па сите учат во иста училница со такви, зошто?! Оти децата му се нормално родени, така?! Јас лично учев во основно каде што имаше премногу булинг од страна на машките спрема нас девојчињата, и уште до ден денес имам некои трауми од тоа, а сега ќе потпишуваме петиции за девојченце со даунов синдром да учи само, да има посебна простирија за неа? До кога вака бе луѓе? И каде тоа девојченцето било агресивно?!
Ова истово се што пишуваш кажи го таму каде што живееш и ќе видиш каков одговор ќе добиеш. Знам што зборам.
Како бе сама? Греота е бе. Ни ќе има врсници кои ќе надгледва за да учи од нив, ни другарчиња ни ништо.