Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дискриминација на децата со посебни потреби

Дискусија во 'Образование' започната од Shery, 25 ноември 2011.

  1. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.111
    Допаѓања:
    179.471
    Пол:
    Женски
  2. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.115
    Допаѓања:
    27.013
    Уште од мали вака ги делат дечињата. Јас стварно мислам дека проблемот е што има Даунов синдром, а не што демек била агресивна. Пошто да беа вака родителите гласни за сите агресии што ги имаат “нормалните деца„ тогаш секое школо ќе имаше по минимум 5 вакви простории сами да учат агресивните.
     
    На Snowflake97, theowndemon, QweenSM и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.791
    Допаѓања:
    16.583
    Пол:
    Женски
    Штета, во какво општество живееме, ама не сум изненадена.
     
    На deskarada и theowndemon им се допаѓа ова.
  4. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.347
    Допаѓања:
    182.299
    Оф, мори демон, ништо не разбрале. Тутурутки. Они мислат школо е за да учиш, и во сала, сама да учиш, доволно е. За така може и дома.
    Види го видеото во веста погоре. Значи они се договориле кога тргнала на училиште, да ја ротираат меѓу 3 одделенија, на секои 2 недели. Педагози вработуваат во училиштата или овчари бе?! :@
    До утре можам да пишувам, ама сега времето ми е кратко, па ќе си збирам нервоза:|
     
    На noteforself, Feminka22, CameliaMiller и 6 други им се допаѓа ова.
  5. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.487
    Допаѓања:
    7.912
    Пол:
    Женски
    Уште еднаш докажавме дека за ништо не сме способни.
    Ништо од оваа држава!!!
     
    На Feminka22 и Snowflake97 им се допаѓа ова.
  6. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.101
    Пол:
    Женски
    Па по форумов највеќе се гледа кој ќе стане родител и какви деца ќе воспитува.

    Ајде сега испревртете го ова и кажете навреда е.
    Нели 100 стапа врз туѓ грб не болат ;)
     
    На Hortenzija, Camille84 и Snowflake97 им се допаѓа ова.
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.143
    Допаѓања:
    67.331
    Пол:
    Женски
    http://www.femina.mk/новости/актуел...-од-сите-страни-за-ембла-и-нејзините-родители
    Министерот за образование, Јетон Шакири, сподели дека Ембла се враќа во школските клупи заедно со своите соученици.

    „Четвртоодделеката Ембла Адеми од Гостивар не ја почувствува радоста од повторното враќање во училишните клупи на првиот ден од второто полугодие, затоа што, за жал во нашето општество сеуште постојат стереотипни размислувања и предрасуди за луѓето со посебни потреби.“

    „Но, на мое лично и уште повеќе на задоволство на членовите на нејзиното семејство, а најмногу на нејзино задоволство од денес таа е повторно меѓу соучениците и неизмерно среќна што продолжува да стекнува нови знаења, да напредува и да ги развива пријателствата со своите врсници.“

    „Среќата во очите на Ембла е наша заедничка среќа. Победа на општеството и на вистинските човечки вредности. Посакувам вакви ситуации да не се повторуваат. Затоа, мораме да продолжиме да даваме придонес кон подигнувањето на свеста за децата со попреченост.“

    „Тие не се поразлични од другите и заслужуваат еднаков пристап до квалитетно образование како и сите други. Тоа е основно право и должни сме да го овозможиме, да создадеме услови во кои секое дете ќе го развива и ќе го реализира својот полн потенцијал.“

    „Да докажеме дека подигнувањето на инклузивноста на образовниот систем е наш врвен приоритет и процес кој ќе продолжиме да го спроведуваме.“

    „Драга Ембла, ти посакувам успех во понатамошната едукација. Застанувам позади тебе во секоја следна битка!“
     
  8. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.606
    Допаѓања:
    13.104
    Пол:
    Женски
    Не сум сигурна, не сакам никого да навредам, ама како сестра на дете со атипичен развој можам да кажам дека многу подобро за него беше кога почна од редовно школо да оди во школо за деца со посебни потреби, таму има дефектолози, има стручни луѓе кој можат да му помогнат и повеќето деца се како него па не се чувствува осамен и поинаков, по самото дете се приметуваше, дека е посреќен кога околу него има деца како него и не е единствен кого го покажуваат со прст.. Не ја оправдувам постапката на родителите, ама треба да има јасни граници кое дете смее а кое не смее да посетува уличиште за деца со типичен развој а кое дете е за училиште за деца со атипичен развој, а тоа треба да го утврдат стручни лица, педијатар од Центар за ментално здравје.. Девојчето често било агресивно колку што разбрав, викало од негде никаде, на другите деца им се пореметувал мирот, значи дете од 7-8 години толку фали некој да почне да вика на час и му отиде вниманието.. Според мене, самите родители требало да бидат свесни и да го однесат детето со време па ако не и од сам старт во школо за деца со посебни потреби, она школо во кое има лица кој се стручни и имаат знаење да се справат со сите негови потреби, децата е океј да се учат дека има и поинакви од нив, да не им се смеат на такви деца и се тоа, ама не смее да им се пореметува нивниот мир поради тоа што некое дете е со атипичен развој и има нагон да вика на среде час.. Јас сум за инклузија на овие деца во редовно школо, ама дел од тие деца, кој можат да се вклучат, а не по секоја цена, секое дете со атипичен развој да се вклучи образовен процес со редовна настава.
     
    На M.B., mareane, Peanut Butter и 5 други им се допаѓа ова.
  9. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.111
    Допаѓања:
    179.471
    Пол:
    Женски
    Изјавава од министерот е постара вест. Којзнае што ќе биде на крај.

    Ама можеби би требало бар класот да и го сменат ако ја враќаат навистина назад. Мене искрено ме плаши да ја вратат меѓу истите, па да и прават проблеми само...
    Да бевме нормална држава директорот ќе беше отпуштен. А наставниците и родителите задолжително ќе посетуваа часови по едукација за прифаќање на различностите.

    Ја прочитав Синоличка Т. вели уште поодамна кога нејзиното дете тргнало во школо во Холандија имало дете со даун во класот. Останатите родители доброволно волонтирале по некој час во денот за да му помагаат. Кај нас потпишуваат петиции оти според нив најверојатно поинаквите не се достојни да учат со нивните презлатни деца. Ооооо колку е трагично колку сме неписмени како народ само.
     
    На noteforself, Feminka22, Hortenzija и 13 други им се допаѓа ова.
  10. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.487
    Допаѓања:
    7.912
    Пол:
    Женски
    Премногу е тажно да се изолира сама во училница.
    Треба родителите кои ја потпишаа петицијата малку да размислат како ќе се чувствуваат ако нивното дете е само во училница.
     
    На Feminka22, buba4e89 и Snowflake97 им се допаѓа ова.
  11. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.486
    Допаѓања:
    127.316
    Пол:
    Женски
    Ова не е точно.И деца со попреченост можат да научат.Со помош, ама можат.
    Не треба да го криват детето.Атипичното дете и да е агресивно не може да разбере дека е, додека типичното дете е прилично свесно дека е агресивно, ама е невоспитано или дома се соочува со проблеми од друга природа и поради тоа покажува агресија и надвор од домот. За второспоменатото кривицата е и кај родителите и кај институциите.
    Но, најмногу треба да се криват институциите бидејќи не вршат (доволно) контроли како се одвива образовниот процес (дали атипичните деца ја добиваат соодветната помош за следење на наставата и како се однесуваат типичните деца кон другите типични деца и кон атипичните).
    Без инклузија едните ќе се чувствуваат отфрлено и лошо, а другите нема да научат убаво што е толеранција и во иднина ќе станат одвратни возрасни ко родителиве што се бунат.
     
    На Feminka22, buba4e89 и IRBBB им се допаѓа ова.
  12. Ambitious

    Ambitious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2015
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    11.690
    Пол:
    Женски
    Дали јас добро разбрав дека прво полугодие била сама и тоа во сала?
    И никој не изреагирал? Супер им било? Добро, нормални ли сте бе????
    Срамота.
     
    На Feminka22, buba4e89, Just.do.it и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.915
    Допаѓања:
    171.763
    Пол:
    Женски
    Оф душа бе, да завршам со часој ќе видам видеото од преѓе инфо ми е тука шо читам пошто само на паузи ѕиркам. Ама не е хумано ова. Срамота е. И ако вработените таму се согласат на нешто вакво, нека си искинат дипломите. Ни педагози, ни психолози, ни учители не се достојни да се.
     
    На Feminka22, buba4e89, CameliaMiller и 2 други им се допаѓа ова.
  14. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.606
    Допаѓања:
    13.104
    Пол:
    Женски
    Ми текна нешто, во основно школо имавме едно девојче со атипичен развој кое учеше со мене, беше насилна и многу покрупна од мене, кога не беше по нејзино ме тепаше и удираше по главата и никој ништо не викаше само затоа што беше со атипичен развој..
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  15. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.143
    Допаѓања:
    67.331
    Пол:
    Женски
    И со ова се согласувам, или и училиште да сменат.
    За овие нема оправање.
     
    На Feminka22 и Yowannty им се допаѓа ова.
  16. Lotus Girl

    Lotus Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2021
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    4.506
    Пол:
    Женски
    Не дај боже никому да почуствува таква болка и немоќност како што проживуваат родителите на децата со попреченост и самите деца.

    Размислете само како би ви било како родител секојдневно вашето дете да биде гледано поинаку од буквално сите луѓе во општеството ( на улица, во маркет, парк ...) од возрасни и мали, да биде отфлрано од градинка, школо, другарчиња. Селекција на секој чекор. Секојдневна битка на осудување, многу прашања ( никој нема да сака да оформи фамилија со моето дете, кој ќе се грижи за него/ неа кога нас ќе не нема)

    да не збориме и за финансии . ...

    Овде доаѓа и прашањето како му е на тоа дете цел живот да води битка само затоа што е роден малку поразличен од ,,нормалното дете,, и тоа не по негова вина.
    Сите сакаме да бидеме физички и психички здрави и неосудувани.

    Барем малку емпатија да се има.
     
    На Hortenzija, TarantulaA, Snowflake97 и 2 други им се допаѓа ова.
  17. st-el

    st-el Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    712
    Допаѓања:
    4.844
    Пол:
    Женски
    Имам соседи иселени во Германија. Едно од нивните деца е дете со посебни потреби... Сме разговарале со мајка му како ги третираат ваквите деца таму, во Франкфурт. Вели дека тоа си учи во одделение за деца со посебни потреби, имаат дефектолози кои работат со нив, а родителите имаат меѓусебни средби за воочување и решавање на проблемите, таа е задоволна од третманот на институциите.
    Никола не може убаво да збори, има Даунов синдром, проблем со вниманието и контрола на емоциите(лесно се лути ако не е по негово). Инаку мн полесно искажува чувства од др деца, сака да си игра и да биде меѓу деца. За родителите, а и браќата и сестрата е многу потешко одгледувањето и воспитувањето на вакво дете...
    Еве кога читам за девојчево на него се сетив.. Колку е погрешен пристапот на нашата држава кон ваквите деца, колку ли само страдаат тие, а и семејствата.
    За мене тој е ко секое друго дете, така го воспитувам и моето дете да нема предрасуди.
     
    На TarantulaA и Tanjamm им се допаѓа ова.
  18. Leucadia

    Leucadia Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2022
    Пораки:
    299
    Допаѓања:
    520
    Децата со даунов синдром не се агресивни него нежни,мили. Ако ги провоцираат во околината тие развиваат агресивност нормално си се бранат како шо знаат, сваќаат дека не се прифатени.
    Кај мене во основно имаше детенце со една болест(не знам која беше) детето не можеше да се движи, правилно да зборува, проблеми со памтење и слично. Многу од соучениците го задеваја, го вреѓаја, исмејуваа ато ти беше премирно, мило, се смееше со сите, секогаш расположено. Никој не сакаше да се дружи со него, не сакаја да седат до него не било капено, мирисало, здивот му мирисал, на одмор секогаш беше само во училница, никој не правеше муабет со него не се ни трудеа едно здраво, ако сакаше да зборни нешто ќе згреши или ќе викни посилно и сите паѓаја во смеа. Тоа знаеше дека не е прифатено но наоѓаше сила да иди на школо секој ден. Класниот раководител зборуваше со децата, со родителите, ништо не се промени. За полуматура немаше партнерка седеше само. Го оговараа по сите деца низ цело школо, многу лоши работи. То е колку се воспитани децата од дома така остаени. Вината е во родителот.
    И овие родителите место да ги подучат децата како да се однесуваат со вакви дечиња,како да му се доближат, да му посветат внимание , да ги сакаат ,да ги дружат па дури и да му простат ако тоа било вознемирено и изреагирало некако, да сватат дека тоа е болно му треба повеќе внимание од било кое друго, едноставно да порастат во тоа умот нивни дека секој заслужува шанса. Значи тоа дете не можи да се прилагоди на нив , тие треба на него да се прилагодат.Тоа секое утро се буди не секогаш во добро расположение гарант али собира сила да иди на школо , сака да се дружи. Па уште и само во сала да седело, само алоо каде така сте виделе, кој ви дозволи бре , тоа не оди на училиште за лекцијата да ја научи тоа оди да се дружи со деца не да се изолира и дискриминира. Болни.
     
    На noteforself, Ladybug98, buba4e89 и 3 други им се допаѓа ова.
  19. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    8.987
    Допаѓања:
    273.892
    Пол:
    Женски
    Сигурна сум дека детето ќе биде вратено назад во школо со сите деца.Само заради што тие е по сите законски прописи и плус публицитетот што го доби случајов.
    Ама ако од училиштето поминат без санкции за тоа дека цело полугодие учело во посебна просторија само и со години било ротирано во 3 паралелки значи незнам што да речам :@Див запад...Недозволиво.
    Од лани а посебно годинава децата со атипичен развој одат на комисија која проценува дали детето може да биде интегрирано во редовна паралелка или оди во посебна паралелка.Дел од децата добиваат и образовен асистент.
    Е сега колку и каде е подобро за тие деца најмногу зависи од желбата па и можноста да се ангажираат сите засегнати(наставници родители ,соученици...)Ако наставникот од старт створи добра атмосфера децата лесно прифаќаат и секое негово однесување го сваќаат и разбираат.А родителите не смее да се дозволи вака да реагираат.Најголема вина е во случајов управата на училиштето.
    Иако инклузивноста по секоја цена незнам колку ќе се покаже за ефективна.
    Зашто комисијата скоро на сите деца дава препорака за редовна настава (нормално со посебна програма ИОП)посебно ако родителот има желба за во редовна настава.
     
  20. Peanut Butter

    Peanut Butter Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2021
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    17.503
    Пол:
    Женски
    Многу пати бев цитирана, да не ве тагнувам сите, ќе одговорам вака.

    Една од членките сподели искуство на лице со посебни потреби во фамилијата на кое подобро се чувствува и подобро напредува во школо за деца со посебни потреби отколку во регуларно. Ако веќе има такви училишта, зошто не се користат? Зошто има факултети за дефектологија ако треба сите деца да бидат во регуларно школо? Што фајде има детето да следи материјал кој не може да го научи? Ако е за дружењето, има активности на кои може да оди и да биде во контакт со други деца. Де пополека, не е сѐ дискриминација, понекогаш е чиста логика. Никој не го навреди детето со погрдни зборови, ниту го нападна. Детето не е виновно воопшто. Виновно е школото што го ставало да учи само во салата, но виновни се и родителите на детето кои инсистираат да посетува регуларно школо.

    Околу агресивноста, не знам дали е или не е агресивно, еве можеби родителите лажат. Но, што правиме со прекинувањето на наставата? Како наставникот да предава лекција и истовремено да се бори и надвикува со детето?

    Прашањето ми е, зошто не училиште за деца со посебни потреби? Срамота ли е од комшиите?
     
    На poenta му/ѝ се допаѓа ова.