Дискриминација на жените во христијанската религија

Discussion in 'Религија' started by mimiiiii, Dec 27, 2012.

  1. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Joined:
    Jun 27, 2015
    Messages:
    2,623
    Likes Received:
    32,783
    Gender:
    Male
    Половата еднаквост не подразбира дека жената и мажот се буквално еднакви, од физички и физиолошки аспект, туку дека треба да им бидат овозможени еднакви права и можности. А до пред помалку од 100 години, тоа никаде не било така. Моето прашање врзано со христијанската религија беше зошто?

    Низ светов постојат заедници и племиња во кои жените се ловци и собирачи, а мажите остануваат во населбите, вршат домашни работи и се грижат за децата.

    Што значи, теоријава дека „жената раѓа, а мажот е должен да се грижи за неа и за децата“ нема биолошка основа и императив, бидејќи постојат заедници низ светов, кој функционираат без проблем и во обратната ситуација. Патријархатот е човечка измислица, исто како што и пред него бил матријархатот - и двата немаат природна основа.

    Не мора да одиме толку далеку во минатото, се до Византија, или да земаме толку екстремни примери, како тешка физичка работа или војување. И не мора за пример да земаме благороднички кои владееле - да се задржиме на обичната жена.

    Постојат многу работи и професии за кои не е потребна асполутно никаква физичка сила. Зошто, на пример, на жените им било забрането школувањето или правото на глас? И зошто црквата немо молчела пред ваквата неправда и угнетување на жената - иако според христијанството мажот и жената се еднакви?

    Многу лош аргумент, кој го следи истото „резонирање“ кое било користено за угнетување на жените низ вековите.

    Каква е поврзаноста на тоа што жената може да биде мајка со тоа дека не може да биде свештеник? Ако одиме по истата логика, многу брзо ќе се најдеме во мрачното, не толку далечно минато.

    • Жената не може да се школува, затоа што Бог нејзе и` дал можност да биде мајка.
    • Жената не може да работи, затоа што Бог нејзе и` дал можност да биде мајка.
    • Жената не може ______, затоа што Бог нејзе и` дал можност да биде мајка.
    И така натаму.

    Значи, маж може да биде и свештеник и татко, ама жената може да биде само мајка. Каде е тука еднаквоста и каде е, впрочем, логиката?

    Свештенството не е тешка физичка работа, за да жената биде хендикепирана во неговото извршување во однос на мажот. Напротив, тоа е целосно интелектуална (или духовна) работа и реално, нема ниту една валидна причина зошто жена не би можела да биде нешто повеќе во хиерархијата на црквата од монахиња.
     
    Someonespecial and Lella like this.