-Дискусхернија претставува испуштање на дискусот кој што се наоѓа измеѓу прешлените. Дискусот ви е сличен како рскавицата, бидејќи овозможува простор помеѓу прешлените и нервите кои се наоѓаат помеѓу прешлените. Доколку тој се испушти, едниот прешлен допира на другиот и може да притиска прешленот на нервот и така да го оштети или да го скини нервот. Причини се неправилно земање на тешки работи(треба прво да клекнете и да го дигнете нештото доколку е тешко и задолжително појас околку половината), неправилна положба-во една положба цело време и неанатомска положба на грбот и други причини кои донесуват до дискусхернија. Физикалната терапија и рехабилитација се водечко лекување на дискусхернијата. Се применуваат струи, масажа и доколку е во добра состојба пациентот се прават и вежби. Најчесто место е колкот и вратот, ретко градните прешлени. Масажата како природна техника дава најдобар ефект, бидејќи ја намалува болката на местото и допирот се користи како најосновно средство во ова терапија. Операција се изведува во тешки случаи на дискусхернија, веќе кога целосно е испуштен дискусот и нема друга алтернатива.