1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дискутираме автор: Петре М. Андреевски

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од RainBow, 31 јануари 2013.

  1. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Дискутираме автор: Николас Спаркс

    За претходниот автор Гијом Мисо имам само позитивно мислење. Тој е автор кој ветува многу, а и (мислам дека е жив) допрва има што да покаже.
    Скоро сите негови дела ги имам прочитано, уште 2-3 дали треба да ги дочитам.
    Воодушевена сум од книгите, мислам по мој ќеф се и ми се допаѓаат. Секоја книга си има своја приказна која те трогнува на посебен начин.
    А за Николас Спаркс исто така имам пофални зборови. Немам нешто многу негови книги прочитано, т.е имам само две и така да не сум баш компетента да давам критика за него, ама од тоа што го прочитав Порака во шише мислам и Notebook ми се допадна. Мајстор за љубовни книги, штета што до сега сум немала време да прочитам повеќе негови книги, на полица ја имам Драг Џон која ќе треба да ја прочитам за некој период кога ќе и дојде редот, се на се, Спаркс ми има оставено позитивен впечаток со овие две книги.
     
  2. MotherMonsterI

    MotherMonsterI Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2012
    Пораки:
    797
    Допаѓања:
    837
    Дискутираме автор: Николас Спаркс

    За Николас Спаркс негативно немам што да кажам... ја имам досега само Порака во шише прочитано и веднаш се најде на листата на мои омилени...книгата е врв кој ја дума веднаш да фати да ја чита. Многу му е лесен стилот и читлив па не треба многу размислување се е понудено на тацна. Само пофалби ! :$ Следна ја планирам Dear John па после да го гледам филмот, зошто ако е обрано никогаш не ќе ја прочитам.. :x
     
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.053
    Допаѓања:
    66.730
    Пол:
    Женски
    Дискутираме автор: Николас Спаркс

    Јас ги имам прочитано Порака во шише, Прошетка за паметење, Вистински верник и На прв поглед.
    А ги имам и неговите останати книги, ама никако да се наканам да ги прочитам. Работата е што не ми оставаат впечаток, сите му се некако слични. Порака во шише ми е најдобра од него, можеби зашто е првата која сум ја прочитала, другите некако ми се преклопуваат. Стилот му е лесен, разбирлив, па веројатно и затоа има толкава публика, ама пак ќе кажам, мене не ми е ништо посебно.
     
  4. SnowWhite91

    SnowWhite91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 септември 2012
    Пораки:
    1.153
    Допаѓања:
    1.399
    Дискутираме автор: Николас Спаркс

    Човекот задолжен да те разнежни, а потоа и да те расплаче.
    Повеќето од неговите книги ги имам прочитано („Порака во шише“, „Чекори за сеќавање“, „Страници на нашата љубов“, „Одлука“, „Вистинскиот верник“, „На прв поглед“, „Последната песна“), а дома на мојата„Листа за читање во иднина“ ме чека и „Драги Џон“.
    Можеби е вистина дека веќе по неговата 3 или 4 прочитана книга веќе станува „досаден“ затоа што е тој-тој стил низ сите книги (љубовта, романтиката, копнежот, а подоцна и болката), ама јас не можам да се откажам од него. Едноставно, знае со зборови да допре до срцето и да те разнежни и го сакам поради тоа, иако знам што да очекувам понатаму од книгата.
    Досега не сум зажалила и не сум кажала „Џабе потрошив време за книга која однапред ја знам“. За негова книга-НЕ! Не му се ни нешто wooow книгите, не одрекувам. Но, грев е на листата „Прочитани книги“ да не се најде и некоја негова. :)
     
  5. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Дискутираме автор: Николас Спаркс

    Ја имам читано само „Прошетка за паметење“ и не сум баш заинтересирана да читам било што друго негово. Прелигав ми е, некако hopeless romantic, што ме вадеше од такт на моменти додека ја читав книгата. Дури ни филмови не гледам, ако знам дека се адаптација на негови книги.
     
  6. alekce83

    alekce83 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    903
    Допаѓања:
    1.133
    Пол:
    Женски
    Дискутираме автор: Николас Спаркс

    Од Николас Спаркс имам прочитано три книги-Олука, На прв поглед и Порака во шише.Ок е како автор, книгите му се лесни и интересни, а и филмовите му се одлични.Реткост е филмовите да се попознати од самите книги, како што е пример со неговите.Ми се допаѓа тоа што за разлика од другите филмови што се снимени по книги, неговите се блиски до барем мојата имагинација а и глумците се одбрани со внимание и се полн погодок.Исклучок ми е Мили Сајрус, не ја поднесувам како личност па затоа тој филм ми е со најслаб впечаток.
    Мислам дека со последните книги станува досаден.Штом земам да читам некоја книга од него знам отприлика како ќе заврши.
    Оценка од мене за Николас Спаркс е јака 4
     
  7. cheetah.girl

    cheetah.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    1.416
    Дискутираме автор: Николас Спаркс

    “I am nothing special, of this I am sure. I am a common man with common thoughts and I've led a common life. There are no monuments dedicated to me and my name will soon be forgotten, but I've loved another with all my heart and soul, and to me, this has always been enough..”
    ― Nicholas Sparks, The Notebook
     
  8. Ilusionist

    Ilusionist Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.912
    Дискутираме автор: Николас Спаркс

    Сите книги ги имам прочитано.
    Николас Спаркс има лесен стил на пишување, многу разбирлив.
    Сите негови книги се пишувани на ист стил.

    Значи неможам да кажам дека неговите дела ме оставаат без збор, бидејќи стилот е ист, а некако и додека ги читав делата како да знаев каков ќе биде крајот. И затоа што сум читала дела кои не ми се оставале од раце, каде што имало многу побогат вокабулар, поголема содржина и сл.

    Лесни му си книгите и интересни. За лето, за на плажа, измислени се.

    Добар е, добар е...џабе не сум ги читала сите негови дела.
    Ама не оти ме навлече нешто посебно, туку така се зареков дека сите ќе ги прочитам.
    Абе секоја книга со своја убавина...нели...
     
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.053
    Допаѓања:
    66.730
    Пол:
    Женски
    Дискутираме автор: Николас Спаркс

    Следен авотр, да речам авторка е Даниела Стил. На ничиј предлог, некако слабо ви иде тоа, па пак ве замолувам да пишете лп ако имате предлог, а убаво би било да имате. :)

    [​IMG]
    Даниела Фернанд Доминик Шулејн - Стил (англиски: Danielle Fernande Dominique Muriel Emily Schuelein-Steel) (родена на 14 Август, 1947, Њујорк) подобро позната како Даниела Стил, е Американска новелистка романсиер и автор на познати драми.

    Најдобро позната по новелите, таа има продадено над 580 милиони копии од нејзините книги (од 2005та година) на светско ниво. На 7ма позиција е од рангот на најдобри писатели на бестселери на сите времиња. Нејзините новели се наоѓаа 390 последователни седмици на листата од бестселери во весникот Њујорк Тајмс, од кои 22 се екранизирани.
    Листа на книги на англиски во спојлер:
    Year Title
    1973 Going Home
    1977 Passion's Promise
    1978 Now And Forever
    1978p The Promise
    1979 Golden Moments
    1979 Season of Passion
    1979 Summer's End
    1980 The Ring
    1981 Palomino
    1981 To Love Again
    1981 Remembrance
    1981 Loving
    1982 Once In A Lifetime
    1982 Crossings
    1983 A Perfect Stranger
    1983 Thurston House
    1983 Changes
    1984 Full Circle*
    1985 Family Album*
    1985 Secrets
    1986 Wanderlust*
    1987 Fine Things*
    1987 Kaleidoscope*
    1988 Zoya*
    1989 Star*
    1989 Daddy*
    1990 Message From Nam
    1991 Heartbeat*
    1991 No Greater Love
    1992 Jewels*
    1992 Mixed Blessings*
    1993 Vanished
    1994 Accident*
    1994 The Gift*
    1994 Wings
    1995 Lightning
    1995 Five Days In Paris*
    1996 Malice
    1996 Silent Honor*
    1997 The Ranch
    1997 Special Delivery*
    1997 The Ghost*
    1998 The Long Road Home*
    1998 The Klone and I*
    1998 His Bright Light
    1998 Mirror Image
    1999 Bittersweet*
    1999 Granny Dan
    1999 Irresistible Forces
    2000 The Wedding*
    2000 The House On Hope Street*
    2000 Journey
    2001 Lone Eagle
    2001 Leap Of Faith*
    2001 The Kiss*
    2002 The Cottage
    2002 Sunset in St. Tropez (novel)
    2002 Answered Prayers*
    2003 Dating Game
    2003 Johnny Angel*
    2003 Safe Harbour
    2004 Ransom
    2004 Second Chance
    2004 Echoes
    2005 Impossible
    2005 Miracle
    2005 Toxic Bachelors
    2006 The House*
    2006 Coming Out
    2006 H.R.H.
    2007 Sisters
    2007 Bungalow 2
    2007 Amazing Grace
    2008 Honor Thyself
    2008 Rogue
    2008 A Good Woman
    2009 One Day at a Time
    2009 Matters Of The Heart
    2009 Southern Lights
    2010 Big Girl
    2010 Family Ties
    2010 Legacy
    2011 44 Charles Street
    2011 Happy Birthday
    2011 Hotel Vendome
    2012 Betrayal
    2012 Friends Forever
    2012 The Sins of the Mother
    Па, повелете со вашите омилени книги, или можеби не толку омилени. :)
     
  10. Butterfly14

    Butterfly14 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2013
    Пораки:
    757
    Допаѓања:
    456
    Дискутираме автор: Даниела Стил

    Од Даниела Стил ги имам читано Да се сака повторно, Подарок, Втора Шанса, 5 дена во Париз и Ветување.Најсилен впечаток ми остави Подарок и таа ми е омилена книга од неа .Тоа беше воедно и првата книга која ја читав од неа.Книгата ме воодушеви, ме расплака.Има прекрасна порака книгата, ја препорачувам на сите.Ветување исто така ми се допадна, ја читав на хрватски бидејки незнаев дека ја имало и на македонски.5 дена во Париз едвај чекав да ја завршам незнам некако многу досадна ми беше книгата.Другите две исто така не ме многу воодушевија.Во план сум сега да ја читам Сестри бидејки имам слушнато многу добри коментари за таа книга.
     
  11. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.891
    Допаѓања:
    4.896
    Пол:
    Женски
    Дискутираме автор: Даниела Стил

    Даниела Стил,од неа е имам читано само книгата Подарок.И ми стана омлиена,а сум во потрага кога ќе имам малку послободно време да продолжам да читам и други нејзини книги наредна во план ми е Да се сака повторно:) Ми се допаѓа начинот на кој таа пишува.Неможам да коментирам многу бидејќи имам прочитано само една книга.Така да неможам многу многу да кажувам. Со Подарок успеа да ме расплаче,е спомнав дека е имам читано еднаш,а сега е читам по втор пат.Во принцип несакам да читам книги што веќе еднаш сум ги прочитала,но мислам дека оваа вреди да се чита и безброј пати :lol:
     
    На Butterfly14 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Beautiful-Princess

    Beautiful-Princess Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2012
    Пораки:
    755
    Допаѓања:
    373
    Пол:
    Женски
    Дискутираме автор: Даниела Стил

    Јас ја имам само прочитато „Да се сака повторно“, ја прочитав во еден здив и се убив од плачење. Абе ја преплакав цела книга. А инаку го имам гледано „Накит“, и тој ми е еден од омилените филмови. (сега знам што ќе гледам викендов :lol: ) T.e. каков викенд го пуштам одма. ;)
     
  13. NovusOrdoSeclorum

    NovusOrdoSeclorum Популарен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2011
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    2.270
    Пол:
    Женски
    Дискутираме автор: Даниела Стил

    Од неа ги имам скоро сите прочитано и можам да кажам дека е многу монотона во врска со тематиките. Лесни книгички, онака кога немаш што да правиш да ги читаш. Единствена нејзина што ми остави малце повеќе впечаток од останатите е „Наследство“ и ви ја препорачувам на сите што веќе сте ја читале оваа писателка.
     
  14. Lola-M

    Lola-M Популарен член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2011
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    536
    Дискутираме автор: Даниела Стил

    Лимонада- литература популарна во 80-тите и почетокот на 90-тите.
    Нешто слично на оние кратки љубовни романчиња што ги имаше на времето, само во разводнета и развлечена верзија.
    Скромен речник, нарација нула, уметничка вредност, исто така нула.
    Имам прочитано неколку ,,дела,, од авторкава, ама за жал , од што толку ме воодушевиле, не се сеќавам ни на наслов, ни на содржина.
     
    На Hipica, kravce и NovusOrdoSeclorum им се допаѓа ова.
  15. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.053
    Допаѓања:
    66.730
    Пол:
    Женски
    Дискутираме автор: Даниела Стил

    Јас книгите од Даниела Стил почнав да ги читам уште во основно. Тогаш имаше многу мал избор на книги во библиотека, па ги читав овие на српско-хрватски во некои распарталени изданија. Некои не ми ни текнува дека сум ги читала, ама можам да кажам дека овие поновите што ги читав беа разочарувачки, како на пример Дебитантка. Ужасно лоша книга, тотално разочарувачки.
    Сум ги прочитала Подарок, Злоба, Сестри, Враќање дома, Тајни, Доба на страсти, Накит, Да се сака повторно, Крила, Втора шанса, Ангелот Џони, 5 дена во Париз, Осамениот Орел, Прстен... И има уште...

    Некои книги и се јаки и ми оставиле впечаток, можам да ги издвојам Злоба, Доба на страсти, Накит...
    Има некои што се ок, ништо посебно ама интересни како Крила, Враќање дома, Ангелот Џони...
    Има некои и што се ужасно лоши како Втора шанса, Да се сака повторно, Дебитантка...

    Една од работите што ми се свиѓа кај авторкава е што повеќето од книгите опфаќаат подолг временски период, неколку генерации, така се добива многу поцелосна слика за карактерите.
    А тоа што не ми се свиѓа е хиперболата, преувеличувањето на љубовта, на добрината, на убавината... Во многу од книгите главните карактери се просто совршенство, едноставно дава чувство на нереалност...

    Од последните книги од неа бев навистина разочарана, а сега имам поголем избор на читање и мислам дека веќе сум завршила со оваа авторка. :)
     
  16. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.965
    Дискутираме автор: Даниела Стил

    Даниела Стил ја земав сосема случајно, кога во скромната библиотека каде сум зачленета никако не можев да си ја дочекам книгата што ја барав, па ја видов и реков ајт, и така многу е зборена, да видиме за што се работи. Ја земав Ангелот Џони. Не ја прочитав искрено, почнав, ме изреволтира, рипав страници и ја баталив. Можеби, ама можеби, да бев 8-10год. помлада ќе ми се допаднеше, ама сега само ме изнервира. Дали беше до преводот, ама стилот на пишување, изразите, фразите, карактерите толку беа прости и целата приказна звучеше како едно големо клише. Ако добро се сеќавам, почетокот идеше вака -тој беше најдобар сите го сакаа, таа беше најмила и највредна, тие најмногу се сакаа, сите можеа да им позавидат на љубовта бла бла бла- :| Ваков тип на книги, по вкус, не читам, порадо ми е да гледам филмови, ми немаат вредност, не ме збогатуваат со зборови, мисли, метафори, ниту пак душевно ми носат задоволство.
    Не знам какви и се другите книги, немам намера ни да дознаам, ја пречкртав.
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  17. blingy

    blingy Активен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2013
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    19
    Дискутираме автор: Даниела Стил

    Мојата единствена прочитана книга од Даниела Стил е Злоба.
    Според мене писателкава е доста остроумна и женствена. Многу реално е опишана тематиката во книгава. Многу ми се допадна, но единствено нешто што ме разочара беше крајот на делово. Не очекував таков крај. Како и да е, бев доста импресионирана од книгата и едноставно неможев да ја испуштам од раце. Делово го резимирам како доста моќно, женствено и јасно. Да бидам искрена, доста мисли ми се вртеа во главата откако ја прочитав книгава, 'Како и на кој начин со луѓето?' .
    Доста поучно дело, вреди да се читне.
     
  18. krEM4Eto

    krEM4Eto Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    4.274
    Пол:
    Женски
    Дискутираме автор: Даниела Стил

    Книгата "Прстен" ја имам прочитано од неа. И стварно е добра, одлична е. За авторката дознав од оваа книга, и стварно ме воодушеви. Би рекла има единствен стил, се има убаво раскажано, јас би сакала да беше подолга книгата но океј беше и вака. Буквално се соживеав со ликовите, и сега засега таа ми е омилена книга. И ви ја препорачувам, јас успеав да ја прочитам за 2 дена многу беше интересна за жал немав време истиот ден да ја дочитам.. Ама сепак вредеше :!:
     
  19. SnowWhite91

    SnowWhite91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 септември 2012
    Пораки:
    1.153
    Допаѓања:
    1.399
    Дискутираме автор: Даниела Стил

    Имам доста нејзини книги прочитано, меѓу кои: „Ангелот Џони“, „Втора шанса“, „Да се сака повторно“, „Подарок“, „Накит“, „Враќање дома“, „Исчезнат“, „5 дена во Париз“, „Сестри“, „Сега и засекогаш“ и може уште некои.
    Највпечатлива дефинитивно ми беше „Накит“. Таа книга можам да ја сместам и во моите топ 10 книги. Жалам што не можам да го најдам филмот, само некои сцени имам гледано на youtube.

    Што се однесува до нејзиниот стил: Не можам да кажам дека ми оставила некој којзнае каков впечаток. Некои случки толку ми се филмски и во некои книги дури има и многу „лигавења“ во поглед на премногу романтични ситуации, а ретко кој доживува такви во реалноста. Ми смета и тоа што во повеќето книги (да не речам во сите) главните протагонисти се луѓе од високата класа чиј живот во материјална смисла секогаш е безгрижен. :!: Па дај смени малце.

    Сепак, од мене има некоја јака 3+ оценка. Сакам такви животни драми, но со малце повеќе возбуда, повеќе подеми и падови, која освен во „Накит“, во ниту една друга нејзина книга не ја сретнав.
     
  20. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    Дискутираме автор: Даниела Стил

    Моментално ја читам-Дебитантка- од проста причина бидејќи е мала а кратка сум со времето моментално , но гледам интресни наслови според вашите мислења ке се потрудам да ги побарам :P