1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дискутираме автор: Петре М. Андреевски

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од RainBow, 31 јануари 2013.

  1. MotherMonsterI

    MotherMonsterI Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2012
    Пораки:
    797
    Допаѓања:
    837
    Дискутираме автор: Даниела Стил

    Од Даниела Стил ја имам прочитано само Сестри.

    Книгата ме остави без зборови...лесна за читање а и страните сами се вртат.
    Многу убава содржина и многу едноставен лесен стил на изразување.
    Секоја чест. :clap:
     
  2. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Дискутираме автор: Даниела Стил

    Ја имам читано само Lone Eagle. Ја купив лани за време на попустот во Матица, колку да имам нешто на англиски за читање.
    Не велам дека зажалив што ја купив и прочитав. Се чита ептен брзо, онака знае авторката да те залаже и заинтересира што наредно ќе се случи, ама... Ама.
    Прееееее-премногу совршени ликови, премногу совршени ситуации, па бакнежи на дожд, па се наежив, па и‘ падна прамен врз очите, па тој ја бакнуваше по лицето онаму каде и‘ капеа солзи.... За мене сето тоа беше too much, или барем доволно за да ја избегнам авторкава кога следниот пат ќе видам нејзина книга на полицата.
    No no.
     
  3. Kalinka94

    Kalinka94 Активен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    4
    Дискутираме автор: Даниела Стил

    Две книги имам прочитано од Даниела Стил и не сум баш многу воодушевена од нејзиниот стил на пишување. Сепак во план ми е да ја прочитам “Сестри“ заради добрите критики, па може ќе го сменам мислењето :D
     
  4. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.419
    Допаѓања:
    200.971
    Пол:
    Женски
    Дискутираме автор: Даниела Стил

    Даниела Стил почнав да ја читам во второ-трето одделение, со неа дефинитивно расчистив во прва средно. Татко ми на времето кога купувал книги (како член на клуб на читатели во Загреб, Хрватска), на попуст купил цел комплет нејзини книги, мислам дека беа 6 или 8, не се сеќавам точно. Книгите се на српскохрватски јазик, сите ги прочитав за неколку месеци. Можеби возраста не ми соодветствуваше со тематиката, ама јас на таа возраст и Шелдон го имам читано.
    Како и да е, тогаш мислев дека е одличен автор, бидејќи не можев да ги оставам книгите. Ама што знае 10годишно дете. Сега знам дека пишува класични љубовни романи од кои најголем дел се со среќен крај, ама знае да го замае читателот. Не сум читала од неа ништо од поновиве книги, едноставно не ме влече да ги купам, иако на попустот во Матица имаше голем избор на нејзините дела на англиски јазик, беа по 120 ден. од книга.
    Нејзини дела кои ги имам прочитано се:
    „The ring“ (ми остави најголем впечаток, дури ја гледав и серијата и филмот)
    „Now and forever“
    "Season of passion"
    "Summer's end"
    "The promise"
    "To love again"
    "Passion's promise"

    Барем тие се насловите на кои се сеќавам, и гледам дека сите датираат од седумдесеттите години на 20 век. Ништо поново немам прочитано, и засега немам намера. Таа е од оние автори кои на пошироката читателска публика и го сервираат она што сака да го чита и да верува во тоа - приказни со среќен крај. Можеби би рекла и дека е еден од оние автори кои го најавија раѓањето на чиклитот.
    Во ист кош со неа ги ставам и Николас Спаркс и Гијом Мисо. Имаат слични дела, сличен стил на пишување, барем за мене.
    Од Спаркс ја имам прочитано само Dear John - во неа многу се пронајдов во тој момент кога ја читав, со таа разлика што мојот тогашен дечко, а сега сопруг беше во кризно подрачје, но не како воено лице.
    Од Гијом Мисо ја имам читано само „Дали ме чекаш“, интересна беше, ама не нешто посебно извонредно, ниту пак нешто што ќе ме натера да читам повторно нешто од него.
     
  5. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Дискутираме автор: Даниела Стил

    Мајка ми има вечна опсесија со женава па дома имаме цела полица полна со нејзините книги. Во средно почнав со една и ги исчитав сите. Маааалку се нереални, така малку повеќе, меѓутоа навлекуваат. Јас не можев да ја оставам книгата додека не ја дочитам, буквално ги голтав страниците. Од тој аспект е одличен писател и плус има убави описи. Меѓутоа премногу се предвидливи и тоа ме нервира.

    Морам да напоменам дека има огромна разлика Даниела Стил на македонски и српски. На македонски имам прочитано само една и беше ужасен преводот, со маки сум ја читала. Реченици од стилот на првоодделенче. На српски се многу поубаво преведени.

    Најдобар впечаток ми има оставено Близначки. Не знам дали е преведена на македонски ама во секој случај приказната беше малку поинаква од другите и навистина ми остави впечаток. Најлоша, Ангелот Џони. Никако да не ја читате, посебно не на македонски. Ужасна и мутава, жал ми е три саати што ги потрошив на неа.
     
  6. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.053
    Допаѓања:
    66.726
    Пол:
    Женски
    Дискутираме автор: Даниела Стил

    Роберт Ладлам е Американски автор кој има напишано 27 трилери. Неговите книги се објавени во 40 земји и се преведени на 33 јазици. Кај нас има преведено многу негови дела, Пеколен фактор, Стратегијата Банкрофт, Париска Опција, Операција Амблер, Сигма протокол, Сложувалката на Парсифал, Корзиканско писмо...
    Еве ја листата на книги:
    The Scarlatti Inheritance (1971)
    The Osterman Weekend (1972)
    The Matlock Paper (1973)
    Trevayne (1973, writing under the pen-name Jonathan Ryder)
    The Cry of the Halidon (1974, writing under the pen-name Jonathan Ryder)
    The Rhinemann Exchange (1974)
    The Road to Gandolfo (1975, writing under the pen-name Michael Shepherd)
    The Gemini Contenders (1976)
    The Chancellor Manuscript (1977)
    The Holcroft Covenant (1978)
    The Matarese Circle (1979)
    The Bourne Identity (1980)
    The Parsifal Mosaic (1982)
    The Aquitaine Progression (1984)
    The Bourne Supremacy (1986)
    The Icarus Agenda (1988)
    The Bourne Ultimatum (1990)
    The Road to Omaha (1992)
    The Scorpio Illusion (1993)
    The Apocalypse Watch (1995)
    The Matarese Countdown (1997)
    The Prometheus Deception (2000)

    Credited to Ludlum, published posthumously

    The Sigma Protocol (2001, the last novel written entirely by Ludlum)
    The Janson Directive (2002)
    The Tristan Betrayal (2003)
    The Ambler Warning (2005)
    The Bancroft Strategy (2006)
    Што сте читале од овој автор?
    И ја замолувам членката што ми испрати лп со предлози да ми ја препрати, а и другите што имате идеја слободно пишете лп. :)
     
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.053
    Допаѓања:
    66.726
    Пол:
    Женски
    Значи, ништо од Роберт Ладлам, м?
    Добро, да преминеме на нешто наше, Петре М. Андреевски.

    Петре Мито Андреевски (Слоештица, Демирхисарско, 25 јуни 1934 - Скопје, 25 септември 2006) бил македонски поет, романсиер, раскажувач и драмски автор. Се вбројува меѓу најдаровитите, а воедно и најпопуларните македонски поети и раскажувачи. Неговите приказни се честопати необични и чудно испреплетени, но во особеноста на својата упатеност кон читателот, раскрилуваат еден познат и близок свет, што го препознаваме како ехо на дамнешни, напати, темни кажувања.
    Биографија
    Основно образование завршил во родното село, гимназија во Битола, а студирал на Филозофскиот (сега Филолошки) факултет во Скопје. Работел во Македонската телевизија. Бил уредник на списанието „Разгледи“. Член на Македонската академија на науките и уметностите. Член на Македонскиот ПЕН центар. Член на Друштвото на писателите на Македонија од 1964 година, a во 1983 година бил и негов претседател.

    Застапуван е во сите антологии на македонската поезија објавени кај нас и во светот. Негови дела во посебни книги се презентирани на повеќе јазици надвор од Македонија.

    На 9 октомври 2007, Претседателот на Република Македонија - Бранко Црвенковски, постхумно му доделил Орден за заслуги за Македонија, за исклучителниот придонес во развојот и зацврстувањето на македонскиот дух и националната самобитност.


    Литературно творештво
    Гробот на на Петре М. Андреевски во Слоештица.
    Марка на Македонска пошта по повод 75 години од раѓањето на Петре М. Андреевски (ФДЦ 15б/2009, 4 ноември 2009)
    Стихозбирки
    Јазли (1960)
    И на небо и на земја (1962)
    Дениција (1968)
    Дални наковални (1971)
    Пофалби и поплаки (1975)
    Вечна куќа (1987)
    Лакримариј (1999)
    Книги со раскази:
    Седмиот ден (1964)
    Неверни години (1974)
    Сите лица на смртта (1994)
    Боеми (постхумно)
    Романи:
    Пиреј (1980)
    Скакулци (1983)
    Небеска Тимјановна (1988)
    Последните селани (1997)
    Тунел (2003)
    Бежанци (постхумно)
    Книгата драми (1984), во која влегуваат:
    Време за пеење
    Богунемили
    Стихозбирки за деца:
    Шарам барам
    Касни порасни
    http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9F%D0% ... 0%BA%D0%B8

    Што сте читале од нашиот автор, какво е вашето мислење за него, што ви се допаѓа, што не од неговото творештво?
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.600
    Петре М. Андреевски лично за мене останува еден од најдобрите македонски автори.
    Ненадминат, со интригантен стил на пишување.
    Дениција останува вечна љубовна поема за деликатните чувства кон една жена и не верувам дека сум прочитала нешто толку поетски совршено од друг македонски автор со љубовна тематика.

    За Пиреј не постојат доволен број на зборови кои ќе го изразат моето воодушевување, само ќе кажам дека секој кој се чувствува барем зрно Македонец и сака да си го запознае народот и менталитетот подобро, да го запознае неговото минато, сегашност и иднина, Пиреј е најдобриот начин да го стори тоа.
    Овој македонски роман воодушевува, како стилски, така и со идејата и тематиката, приказната, изведбата и ликовите.
    Има толку длабока симболика и вистина во него, што неминовно ви доаѓаат солзи на очите додека читате.
    Прекрасен роман, нема друг збор.

    Тунел ја имам прочитано одамна и ме потресе, ме остави со некое нелагодно и непријатно, тажно чувство. Би ја прочитала повторно, можеби ќе ја разберам подобро или поинаку.

    Касни порасни ја чувам и за своето дете. Тоа се тие мали книгички, како Зоки Поки на Оливера Николова, Шеќерна приказна на Славко Јаневски и Касни-порасни на Петре М. Андреевски заради кои уживавме во едно детство кое наликуваше на убава бајка, барем додека се работеше за книги.

    :)
    Квалитетен автор и оваа земја треба да е горда што некој како Петре М. Андреевски творел, се инспирирал и оставил книжевен печат токму тука.
     
    На Tanjamm, antonina и Waka-waka им се допаѓа ова.
  9. barbiegirl.24

    barbiegirl.24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2014
    Пораки:
    804
    Допаѓања:
    4.453
    Пол:
    Женски
    Гијом Мисо
    Прекрасни книги, со крај којшто изненадува, особено би ја истакнала "Затоа што те љубам"
    Искрено, многу ме разочара неговата последна книга "Седум години подоцна", крајот ми беше очигледен, иако тоа не е својствено за него. Не ми се допадна приказната, знаев уште пред да стигнам до половина на книгата што всушност се случува и можеби затоа не ми беше интересна, навикната сум од него со нетрпение да го очекувам крајот, што со книгава не беше така.
     
  10. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.213
    Пол:
    Женски
    Од Петрета имам цела едиција дома и ги прочитав неговите романи после матура. Непопуларно мислење - не бев и не сум воодушевена. Освен Пиреј, овие книги не се паметат.

    Што се однесува до Пиреј, ми личи дека е инспириран од ремек-делата Судбината на човекот (Шолохов) и Одвеано од виорот (М. Мичел), и секако дека не доспева до нивно рамниште. Број 1 негативен момент се сочните вулгарни термини и фрази (во задолжителна лектира :rofl:) , а потоа ритуалот на селаните кои ги спалуваа животните живи, и воопшто не ми се допадна податокот дека ова бил најпреведуваниот македонски роман, македонската средина колку и да е рудиментарна и примитивна, не е најпаметно да се прави реклама од тоа.
    Единствено вреди пораката дека жената ќе истрае, а токсичниот мажјак ќе скапе, која е пред своето време, а поминува незабележано зад националните тажаленки.
     
    На Ugly Duckling му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.850
    Допаѓања:
    12.417
    Да се родеше во една Русија, САД, Франција, Германија дефинитивно ќе беше нобеловец. Има таман книги колку што треба, ни повеќе, ни помалку. Нормална продукција за неговиот век, за разлика од многу млади денес кои на 37 години имаат објавено 11 книги на пример, а ниту една не е добра, туку се просечни. „Дениција“ сметам дека е негово највпечатливо и најуспешно дело. Единствено „Преместен камен“ од Никола Маџиров може да се приближи на оваа книга, ама ако ги ставиме на вага, пак ќе победи „Дениција“ како ремек дело со совршени, уникатни, и компарации со висока естетска вредност.