Дислексија и дисграфија

Дискусија во 'Дете' започната од AnaKarenina, 13 септември 2012.

  1. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.261
    Допаѓања:
    54.974
    Пол:
    Женски
    Дислексија е состојба која се јавува кај детето во која постојат тешкотии при читањето и разбирање на прочитаното. Децата кои страдаат од оваа болест, имаат тешкотии и при интерпретацијата на визуелните симболи. Иако имаат нормален вид и слух, како и навики за пишување, тие имаат тешкотии при пишувањето на букви или зборови по саканиот редослед или некогаш ги мешаат некои букви, така на пример како б и д или п и н.
    Често мешаат и блиски зборови, не обрнуваат внимание на интерпункцијата и читаат со монотон глас. Многу често ги пишуваат зборовите како што и ги изговараат.
    Децата кои страдаат од дислексија, не заостануваат во менталниот развој од своите врсници па дури и во некои случаи ги надминуваат. Но, ако дијагнозата не се постави на време и не се спроведе потребното лекување, детето ќе заостанува во училишните активности и ќе почне да пројавува отстапувања во однесувањето.

    Дисграфија пак, е состоја при која детето се соочува со тешкотии при пишувањето.
    Вообичаено, децата кои имаат ваков проблем, имаат неуреден ракопис, лошо поставен простор меѓу зборовите (некои зборови ги спојуваат), ги мешаат буквите, не знаат кога треба да напишат мала, а кога голема буква, при пишување некои зборови не ги довршуваат и мошне бавно пишуваат.

    Дислексијата и дисграфијата не се болести, туку потешкотии кои се јавуваат кај детето. Не претставуваат пречки во менталниот развој или било какви оштетувања на слухот и видот.


    Јас веќе неколку години наназад, секојдневно работам со дете кое страда од дислексија и дисграфија.
    Детето оди два пати неделно на логопед кој му помага при читањето и пишувањето, но потребно е секој ден по неколку часа да се работи со него. На почетокот беше премногу тешко, затоа што кога пишувавме домашни, јас морав полека да му читам, а тој да пишува. Му ги кажував буквите една по една, му кажував кога да остави место, кога да употреби голема, а кога мала буква, кога да напише точка, а кога запирка. Домашните ги пишувавме многу полека, и секогаш го корегирав кога ќе напишеше збор што не може да се прочита. Работевме со часови, за домашното да биде уредно напишано и читко.
    При читање, имаше уште поголеми тешкотии. Читаше многу бавно, и вообичаено самиот си ги довршуваше зборовите без да ги прочита. На пример, во учебникот пишува училница, а тој откако ќе ги прочита првите букви, викаше ученик.
    Поради ваквите тешкотии, заостануваше со материјалот и додека другите деца веќе учеа латиница, тој се уште ја немаше совладано кирилицата. Беше потребно многу време и пред се многу трпение за работа со него.

    Со неколку години секојдневна работа, кај него се забележува голем прогрес. Веќе сам чита лекции и лектири, пишува без проблем и има убав ракопис. При читање знае малку да запне на некои зборови, но воглавно нема проблеми. Како и да е - треба уште со него да се работи, бидејќи е навикнат домашните да ги пишува со нечија помош и не може да се снајде сам.

    Многу е важно на ваквите деца да им се даде поддршка.
    Од лично искуство знам дека ако почувствуваат дека им треба посебен третман, се чувствуваат омаловажени. Детето со кое работам често знаеше да се расплаче во школо, бидејќи учителката поинаку го третирала. Го седнувала во прва клупа, повеќе му помагала, поголемо внимание му посветувала... А тоа децата го забележуваат. Освен тоа, останатите соученици поинаку гледаат на децата кои имаат вакви тешкотии.


    Дали сте имале вакви проблеми со детето кога почнало да оди на училиште?
    Ако сте забележале дека има тешкотии при читањето и пишувањето, дали сте се консултирале со логопед? На каков начин сте се обиделе да му помогнете на детето?
     
    На maravillosa и avita им се допаѓа ова.
  2. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    837
    Како поими дислексија и дисграфија сум ги сретнала, но не сум се заинтересирала што точно значат и не сум ни помислила дека можеби постојат вакви појави кај дечињата. Не е лошо да се знае и да се внимава на ова, за да се реагира на време.
    Ме интересира дали со тек на време може целосно се нормализира детето и успева да ги стигне останатите деца во напредокот?
     
  3. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.261
    Допаѓања:
    54.974
    Пол:
    Женски
    ^ Детето со кое работам досега има постигнато огромен напредок!
    Веќе само чита, пишува, не ги меша буквите, има убав ракопис и правилно пишува.
    Само се уште му е потребно внимание при извршување на домашните задачи.
    Треба навистина многу, многу работа со дете кое има такви тешкотии. Затоа што ако се запостави, може понатаму да има многу поголеми проблеми. А освен тоа, детето може да изгуби самодоверба, да добие комплекси, бидејќи ќе се почувствува поинакво од останатите соученици.

    Ова дете со кое работам јас, е доста паметно и интелегентно.
    Кога ќе го испрашувам, се знае, убаво зборува, дури не ни д'дка.
    Најнормално си правиме муабет, ми ги раскажува лекциите и брзо учи.
    Ама кога ќе дојде време нешто сам да прочита или напише, е тука веќе се јавува проблем.
    Веќе неколку години постојано работиме со него, и јас и мајка му и татко му, и мислам дека ако продолжиме со ова темпо, веќе нема да има проблеми. Само потребно му е внимание.

    Ако има некој искуство во работа со вакво дете, би му била многу благодарна да сподели некој совет со нас.
     
    На Elen4e_sonce и sunfemina им се допаѓа ова.
  4. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    3.460
    Допаѓања:
    59.756
    Веројатно има различни степени на дислексија, и речиси сигурна сум дека муж ми има некаква блага форма на дислексија. Има потешкотии при читањето, особено на глас. Мојата ќерка од трето одделение чита подобро од него, а подобро читаше и лани, кога се ги научи буквите. Едноставно ги гледа поединечно, и тешко му е да ги спои. Е сега, кога чита во себе чита нешто побрзо, ама сепак споро, многу поспоро од мене.

    Дека се работело со него сум повеќе од сигурна, особено што мајка му е професорка по македонски, па не и било право тоа што синот „потфрлил“ баш во читање. Можеби да не работела со него ќе бил во полоша состојба.

    Инаку немал проблеми со учење, баш беше бубалица, со натпревари, ова-она.
    Еднаш беше на интервју за работа и му дале нешто да прочита, се врати ептен разочаран :)))) А и тие заебани, во работата за којашто се пријави цел ден нема потеба „а“ да каже. Ама ајде де... :D

    Инаку баш деца со дислексија не знам дали имам сретнато. Имаше едно девојче со мене во основно, заедно учевме до трето. И помагав да научи да чита, и да го учи материјалот по другите предмети, ама после некое време ја префрлија во „Иднина“. Можеби имаше пречки во развојот, а може и да имаше дислексија, само беше од прилично запуштено семејство (Ромка, многу сиромашна), па можеби никој и не се потрудил околу неа, инаку би имала резултати.
     
  5. avita

    avita Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    133
    Допаѓања:
    31
    здраво имам првчае дома, има 6 годинки..како мала беше бајче бебе за милина поседува убав карактер мила. разбирлива...има внимание кон помалите, кон деца со посебна потреба им помага бидејки имаме . таков случај во пријателите..живеем во станство. тамо прваче е ама баш прваче тргнуваат на 6 годинки.. веке имаат изучено сите букви пишуваат читаат ,имаат изучено ракописни букви мали големи се. и сметаат до 10 но со поголемата керка немав никаков проблем со ученјето .. ама ајде да не споредувам .. секој си е посебен. сега немам трпение но мислам дека е ок почна да чита веке слог по слог.. ама математика .. се соочуваме со конфликт.. никако да се свати одземанје и собиранје некогаш бројките наместо 3 ке го написе обратно или 1 нее битно .. нз дали од невнимание.. дали премногу очекувам за разлика од сестра што беше.број 1 во класот. ноооооо нз колку пати и имам објаснено. дека кога се одзема секогаш напред стои поголемиот број таа пише 1_2 нз кај мие главата дали е сеуште мала и премногу бараат .. неккао како да нема меморија добра.. нз дали да почекам или со б6 б12(витамини) да и давам .. работам со нејзе ама тешко сфака..премногу мие детинеста .. премногу си игра.. живее во нејзин свет.. помогнете ми како да ја разбудам.. :sweat: ви благодарам многу
     
  6. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.261
    Допаѓања:
    54.974
    Пол:
    Женски
    ^ Авита, немој во никој случај да ја споредуваш помалата со поголемата ќерка.
    Детето со кое јас работам, има помала сестра која е многу бистра и порано кога ќе седневме да пишуваме домашно, таа секогаш се плеткаше лево-десно и му поткажуваше.
    Поради тоа, детево почна да се чувствува омаловажено и беше премногу самокритично кон себе. Секогаш викаше: Глупав сум! Како може дада да е помала, а повеќе да знае?

    Секое дете си е приказна сама за себе. Некому му треба повеќе време да разбере, некому му треба помалку. Некој созрева порано, некој подоцна. Проблемот кој ти го имаш со помалата ќерка мене ми е сосема познат и разбирлив. Јас со ова дете работам уште од прво одделение (сега е 7мо) и на почетокот се соочувавме со исти проблеми. Немаше концентрација, лесно му се одвлекуваше вниманието по нешто друго, ги мешаше буквите, ги мешаше и знаците (+ / -, < / >). Заостануваше многу со материјалот и беше премногу тешко да се работи со него на домашните, затоа што не беше на исто ниво со неговите врсници. Ама со секојдневна, упорна работа, детето може навистина многу да напредува.
    Работата бара премногу трпение и јасно ми е дека некогаш се вадиш од такт затоа што едно исто го повторуваш милион пати. Ама така мора да биде. Ако ја запоставиш, тогаш ситуацијата може само да се влоши.

    Во однос на витамините и такви слични апчиња за подобрување на концентрацијата и меморијата - не знам што да ти кажам, затоа што немам искуство со такво нешто. Ама можам да ти гарантирам дека ако упорно и напорно работиш со твојата ќерка, може многу да напредне.
    Еве баш денес со детево пишувавме домашна по англиски. И ми е премногу мило кога ќе видам дека почнал да ги разбери работите, сам се снаоѓа и знае да напише реченици со past simple, past continuous, да направи негација и слично. А до вчера не можеше да ја разликува b од d.
     
  7. avita

    avita Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    133
    Допаѓања:
    31
    уффффф тешко мене ке биде изгледа, ама мора да се работи да .. и многу стрпление од моја страна.. :sweat: но не сакам да размислувам дека е мала и има врме сепак денешниве деца. се многу напредни и сакав да те прашам дали знаеш некои игри за подобруванје на меморијата..домашниве игри ги знам .. но на ком. некој линк ако може.ти благодарам многу анна каренина :*
     
  8. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.261
    Допаѓања:
    54.974
    Пол:
    Женски
    ^ Има доста сајтови на интернет со игри за деца што ја подобруваат меморијата.
    Еве овде можеш да најдеш повеќе.
    Copy Cat Jack е интересна и лесна како за помало дете :)
     
    На avita му/ѝ се допаѓа ова.
  9. avita

    avita Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    133
    Допаѓања:
    31
    супер.. ние претежно фрив ама слабо наогам такви како што сакам.. или игре за децу ама тамо .. ја привлекува само шминканје или.. облекуванје за модни ревии .. :?: :^) ке и пуштам некоја потешка .. таа си ја мени.. овие ми изгледаат добри ;) тнх
     
  10. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.132
    Допаѓања:
    45.454
    Пол:
    Женски
    Јас со моите деца не сум имала сличен проблем,но има една програма за развој на ментални способности кај деца со нормален психо-физички развој.Се вика Brain o brain,ја има кај нас,јас ги запишав моите деца.

    Програмата е всушност ментална гимнастика кај децата со помош на абакус,стар нумерички систем кој се користел пред многу години.Децата од 4-14 год,преку допир,гледање и слушање развиваат способности,притоа користејки ги левата и десната мозочна хемисфера истовремено.
    Со тоа би требало да се развијат поголема концентрација при учењето,брзина,ефикасност,фотографска меморија од една страна,како и самодоверба,натпреварувачи дух и лидерство од друга страна со НЛП-техники кои ја развиваат личноста.Програмата се изведува во нивоа.Има 10 нивоа.

    Јас до сега сум задоволна,моите се 2 ниво.Од нив се бара секојдневно вежбање по 15-ина минути(моиве тешко ги убедувам да седнат),ама со упорност може многу да се постигне.


    Јас најмногу ги запишав за да пронајдат полесен начин за учење,затоа што имаат премногу предмети и обемен материјал во повисоките одделенија.
     
    На sofijanoka, Annath, avita и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. avita

    avita Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    133
    Допаѓања:
    31
    линкот од игрите се прекрасни и да тие се од бриан програма . .. понатаму ке видеме ..сепак се деца и се менуваат ама ..ако се фати од помало.. на прав пат тогаш тешко да скршне :hai: :)
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
  12. bilence

    bilence Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    Zdravo,sin mi ima disleksija,disgrafija i akalkulija ima li nekoj na forumov so slicen problem i kako se spravuvate so toa.Me interesiraat iskustva i dali ima nekoi kursevi ili vezbi sto bi pomognale da se nadmine problemov.

    Pozdrav
     
  13. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.261
    Допаѓања:
    54.974
    Пол:
    Женски
    bilence, колку години има синчето твое?
    Детето со кое јас работам долго време одеше и на логопед кој многу му помогна. Неодамна логопедот му препорача некакви витамински апчиња што ќе му го подобреле помнењето, ама уште ги нема пробано. Ако сакаш можам да се распрашам како се викаат апчињата и од каде можеш да ги набавиш.
     
  14. bilence

    bilence Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    Sin mi ima 7 godini i e vtoro oddelenie,rabotime so dva razlicni defektolozi 5 pati vo nedelata,plus ucilisniot defektolog raboti so nego ednas vo nedelata(znaci pokrien e na toa pole 100%),od terapija imame samo tanakan od 40 mg i odlicno mu deluvaat na memorijata,zaostanuva so pisuvanjeto i citanjeto za razlika od drugite deca,no barem pocna da gi pomni bukvite pa duri i naucivme da pisuvame kratki zborcinja.Me interesira kakvi apcinja mu preporacale na drugoto dete i dali se raboti so nego nesto plus.Steta nema mnogu zainteresirani za ovaa tema,bas bi sakala da vidam kako drugite se spravuvaat i dali ima nekakvi kursevi za deca za podobruvanje na memorijata ili taka nesto za deca so disleksija.....
    Pozdrav i ti blagodaram sto se javi AnaKarenina
     
  15. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.261
    Допаѓања:
    54.974
    Пол:
    Женски
    ^ Ако продолжи со исто темпо, нема да има проблем. Само треба секојдневно многу да се работи со него. Јас имам пишано и претходно дека детето со кое работам без проблем сега пишува и англиски и германски. Ама имаше огромен проблем на почетокот, додека соучениците негови учеа ракописно, тој се уште ги совладуваше печатните букви. Исто беше и со латиницата - многу подоцна почна да ја учи. Сметај на тоа дека тогаш не пиеше никакви апчиња, значи сé се сведуваше на макотрпна работа. Важно е само да не се почувствува запоставено, да не забележи дека има поинаков третман спрема него отколку спрема другите деца.
    Што се однеусва до апчињата - логопедот се уште им ги нема дадено, ама што добијам некои подетални информации, ќе ти пишам.
     
  16. hapy

    hapy Нов член

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    2
    Ана Каренина, може ли да ми појасните дали вие сте логопед или сте друга професија, ова го прашувам од причина што сакам да стапиме во контакст со Вас и со останатите родители кои имаат деца со дислексија.Сакам да се организираме и да основаме здружение или нешто слично со цел побрзо да обезбедиме промени во образованието со што на нашите деца ке им биде подобро и посрекно во животот. Уште еднаш апелирам сите што ке ја прочитат поракава можат да ми се јават на 02 521 77 37 после 19 часот, поздрав од мене.
     
  17. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.261
    Допаѓања:
    54.974
    Пол:
    Женски
    Здраво hapy :hai:

    Јас не сум логопед и единствено работам со едно дете кое ми е блиска роднина и сакам да му помогнам. Јас имам сосема друга професија, но скоро секој ден одвојувам време за да работам со детето, особено за предмети кои му се потешки како математика и англиски. Додека беше
    прво-второ-трето одделение, работевме многу повеќе, некогаш и по 6-7 часа дневно. Бидејќи во исто време посетуваше и логопед, логопедот ни даваше забелешки за работата за да знаеме на што да обрнеме повеќе внимание.
    Во почетните одделение е многу тешко да се работи со такви деца, треба да си многу внимателен и пред се многу трпелив. Јас сум прилично толерантна личност, секогаш само со убаво му приоѓав, иако често сакаше само да ме изнервира за да прекинеме со учење. Ама јас не попуштав, се обидував да го мотивирам, а освен тоа знаев како полесно да му ги објаснам работите преку асоцијации, за полесно да ги разбере. Она што во учебниците беше напишано на покомплициран начин, јас му го објаснував на поедноставен служејќи се со моите стари учебници. Затоа повеќе сакаше да работи со мене, наместо со мајка му и татко му.
    Зборот ми беше, јас ова не го правам за пари, не спаѓа во мојата професија, туку го правам чисто од желба да му помогнам. Што се однесува до логопед за вашето дете, сигурна сум дека лесно ќе најдете некој што ќе му помогне. Сепак, потребно му е и стручно лице, ама треба многу да се работи и дома.
     
  18. hapy

    hapy Нов член

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    2
    За Ана Каренина, ти благодарам што веднаш ми одговори и те како многу ми значи.
    Во однос на пронагање на логопед, синот веке долго време од прво одделение оди на вежби кај логопед во Центарот за говор и слух , но вежбите се однесуваваат исклучиво за подобрување на поврзувањето на буквите во една целина, но не и помош во однос на совладувањето на наставната програма,туку за тоа е прпуштен на мене и мојата логика да ги учиме градивата, а кои по одредени предмети е невозможно ( поради апстрактните поими) да се употребат асоцијации ( тој е сега шесто одделение).
    Во изминатиот период син ми смени две училишта од една единствена причина што во училиште наставничкиот кадар воопшто нема желба да разбере каков проблем е дислексијата, напротив за истите е поважно детето да биде етикирано дека е ученик со посебни образовни потреби ( како што го вика неговата класна - ученик со ПОП) . наместо да извојуваат по 5 минути од секој час усмено да му го објасни секој својот дел - тековната лекција а само после мој огромен напор и притисок од Народниот правобранител едвај исите се „ потрудија “да направат божемска посебна образовна програма, која се состои од тоа детето да ја научи лекцијата напамет, а тоа барем според укажувањето на логопедот е невозможно барем досега - освен прочитување на зборовите но не и нивно запаметување, кај моето дете сеуште не е постигнато. Сето ова од септември наваму детото ми се смени се исфрустрира и верувајте заработи потенцијален диебет 2. И покрај се не се предавам но она што сметам дека губам дргоцено време е што не користиме правилна техника на учење.
     
  19. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.261
    Допаѓања:
    54.974
    Пол:
    Женски
    hapy, жал ми е што наставничкиот кадар нема разбирање, а голем удел имаат и наставниците. Детето со кое јас работам, имаше прекрасна наставничка од прво до четврто, која на секаков можен начин се обиде да го вклопи во одделението и да му помогне за совладување на материјалот без притоа детето да почувствува дека нему му е посветено повеќе внимание.
    Но, откако почна петто одделение, се појавија наставници на кои воопшто не им беше грижа за тоа дали детето има некакви проблеми. Меѓу нив, се најде и наставничката по математика која се осудила и да го навреди пред целото одделение и да му вика дека е глупав и дека ништо не разбира. Не можам да ти опишам колку беше скршено детево, колку дома плачеше и колку беше омаловажено пред другите деца. Се искомплицира целата работа, се свикаа состаноци со директорот, психологот и дотичната наставничка, ептен испадна голема работата. Јас не можам да разберам како некој што нема љубов кон децата и нема желба да им помогне, може да работи таква работа. Ама и јас се заинатив, па останував со детево по цели денови да работам математика, за веќе на следниот тест да извади тројка, а сите претходни тестови и други описни оценки да му бидат единици по тој предмет.
    Што се однесува до учењето на памет... не може, значи невозможно е. Мора да го разбере материјалот, да знае да ги поврзува работите, бидејќи децата кои имаат вакви проблеми, имаат тешкотии со помнењето. Доколку имаш било какво прашање за материјалот што го учи твоето синче, слободно пиши ми лп, па ќе се обидам да најдам некој едноставен начин за да му ги објасниш работите.
     
  20. hapy

    hapy Нов член

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    2
    За Биленце, имам прашање за тебе, имаш наведено дека пет дена во неделата детето е на вежби со логопеди.Така тие ви имаат укажано или вие самите инсистирате за тоа.
    Ова го прашувам во смисла дали детото работи само околу надминувањето на препознавање на буквичките или со нивна помош го учи градивото за училиште или тоа го правите сами.
    Како го постигнувате тоа, бидејки во случајот со мојот син, тој иде два пати во неделата на вежби по пола сат што мислам дека е малку, а останатите денови сами се снаогаме, но мислам дека е недоволно.Пробававме и дополнително дома да доага друг логопед во останатите денови, но со тоа му се скратува времето за домашни од градивото посебно што детето се жали на постојан замор.
    Воедно, дали кај твоето дете му правеа проверка на степенот на интелегенција?
    Исто така од форумџиките прочитав за некаков курс за подобрување на меморијата - Брајанов метод така нешто, ме интересираат повеке информации за ова.