Дислексија и дисграфија

Дискусија во 'Дете' започната од AnaKarenina, 13 септември 2012.

  1. kiki-riki

    kiki-riki Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2009
    Пораки:
    228
    Допаѓања:
    107
    hapy фала за одговорот ова сега го најдов на нет нетрплива сум да го пуштам линкот а после ке го простудирам се надевам дека ке е од корист http://www.disleksija.rs/Saveti.html
     
  2. slavica42s

    slavica42s Активен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2013
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    8
    Здраво на сите,

    Еве ме мене пак на фемина, ве поздравувам сите и се надевам дека убаво си ги поминавте празниците.
    Како што ве информирав претходно при крајот на декември е основано Здружението за дислексија Ајнштајн Скопје. Целта на здружението е да се собереме што повеќе родители на деца со дислексија, стручни лица кои се заинтересирани за оваа, кај нас недоволно позната проблематика, наставници и сите останати кои сакаат да дадат свој придонес во актуелизирање на дислексијата кај нас во Македонија. Иако во Македонија нема статистички податоци поврзани со дислексијата, се претпоставува дека кај словенската група на јазици, како полесни за изучување ( секој глас = своја буква) 7- 10 % од населението е со дислексија. Во англиските говорни подрачја дислексијата ја има кај повеќе од 20 %.Ова значи дека во просек 2-3 деца во едно одделение имаат некоја од формите на дислексијата. Наставниците можеби не е дека дотолку немаат разбирање за нашите деца, туку едноставно не се информирани, незнаат дека таква појава постои и кај нас во Македонија и едноставно никогаш не учеле за тоа. Со заеднички сили, обединети со проблемот со кој се соочуваме, можеме да придвижиме некои процеси во нашиот образовен систем со цел да им олесниме на сите оние кои се соочуваат со тешкотии во читањето, пишувањето и математиката а воедно се просечно или надпросечно интелигентни. Можам да забележам дека на овој форум, и на оваа тема има многу малку посетители а убедена сум и знам дека многу луѓе се соочуваат со овој тип на потешкотии, и деца и возрасни.
    Ве поздравувам и се надевам дека наскоро ќе се сретнеме и ќе си размениме искуства за нашите деца.
     
    На Cinderfakinrella и sofijanoka им се допаѓа ова.
  3. nene88

    nene88 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2012
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    491
    Пол:
    Женски
    Поздрав мамички.
    Ве изначитав сите, некои мислења и по повеќе пати. Со овие проблеми се имам сретнато, а имам и работено со деца со дисграфија и дислексија. Не сум логопед ( иако ми беше голема желба ), сепак мојата работа е блиска на логопедијата - работам како професор по јазик. Некаде низ мислењата го прочитав името на Душка од Пржино. Епа „занаетот“ си го учев од нејзе, внука сум и :) Поради мојот интерес кон логопедијата работев со баба ми за време на моето школување.
    Сега предавам во приватно училиште и се случи да имам ученичка со овој проблем. Таа, како и повеќето луѓе со дислексија и дисграфија, не ми кажа ништо од срам. Да не беа тие години поминати покрај баба ми и нејзината работа, веројатно немаше да го препознаам проблемот, бидејќи на факултет не не учат ништо на темата, и ќе си мислев дека девојчето едноставно не го бива за јазици. АМА јас и посветував повеќе внимание, за неа правев специјални вежби и на крај и држев и приватни часови, па девојчето колку-толку се поопушти. Сега си тераме во 4ти степен. :) За овие потешкотии треба само упорност и мноооогу работа со децата од страна на родителите. НО, мора да се превземе нешто за буквално да се образуваат и просветните работници, бидејќи НЕ станува збор за проблеми во психичкиот развој или болест. Едноставно, тоа се луѓе на кои треба повнимателно да им се предава градивото и да им се одвои малку поголем дел од часот, наместо да се прерипуваат кога на час се чита ново четиво.
     
    На Cinderfakinrella, danidani, Mishela и 2 други им се допаѓа ова.
  4. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.261
    Допаѓања:
    54.974
    Пол:
    Женски
    Славица, на кој начин би можеле да ве исконтактираме?
    Ги информирав родителите на детето со кое работам дека постои вакво здружение, па ме замолија да побарам повеќе информации. Се состанувате заеднички, на кој принцип споделувате искуства?
     
  5. slavica42s

    slavica42s Активен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2013
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    8
    Zdravo,

    Na ovoj link mozat da se informiraat site zainteresirani.
    https://www.facebook.com/zdruzenie.einstein
    Se izvinuvam za zadocnetiot odgovor ,ama jas podolgo vreme ne sum se vklucila ovde na femina.

    Pozdrav
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
  6. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.198
    Допаѓања:
    15.504
    Пол:
    Женски
    На 13ти јуни имате отворен ден во Здружение за дислексија АЈНШТАЈН, ајде сите заедно да издејствуваме и да си ги бараме правата на сите дислексичари.
    https://www.facebook.com/events/1404991163161739/?ref=1

    Јас имам близок кој има работено 3-4 месеци интензивно со приватни часови со дефектолог, и никаков ефект.Во училиштето не можеме да издејствуваме да работи секојдневно, само еднаш неделно има часови кои не вродуваат со никаков плод.Сеуште ги меша буквите, има големи тешкотии при читање а детето е страшно креативно и интелигентно!

    [​IMG]
    Еве каде се наоѓа здружениево.
    Заедно сме посилни!
     
    На Cinderfakinrella му/ѝ се допаѓа ова.
  7. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.198
    Допаѓања:
    15.504
    Пол:
    Женски
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
  8. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.261
    Допаѓања:
    54.974
    Пол:
    Женски
    ^ Убава емисија, сè што треба да се каже за оваа тема е вклопено во 25 минути. Препознав многу работи што беа кажани во емисијава, истите ситуации, истите реакции, истите тешкотии. Мислам дека главен проблем е што луѓето не се запознаени со оваа состојба која може да се јави кај детето. Особено е страшно кога родителите целата работа ќе ја препуштат на наставничката, нема да учат со детето дома, дури на крајот и ќе му ја префрлат вината на детето. Дека е неспособно, дека е глупаво. И секако најдемотивирачкиот момент - ќе го споредат со другите врсници. Нема полошо од тоа. Исто така голем проблем е кога детето нема да наиде на разбирање од страна на наставниците. Сум пишувала и за ова, трагично е како некој што воопшто не сака деца и не сака да им помогне, избрал таква професија.

    Јас пак ќе кажам дека со многу труд и време поминато во работа, може да се надмине овој проблем. Кога ќе ми текне што сè имаме поминато со детето со кое работев, стварно си се прашувам како сум имала нерви за сето тоа. Си ги препрочитав и старите постови и стварно ми е мило кога ќе видам дека има огромен напредок. Искрено на моменти губев надеж, мислев дека никогаш нема да ги совлада тешкотиите при читање и пишување. Сега е веќе поголем, чита споро, ама е даааалеку подобар од она што беше. Веќе не заостанува со материјалот како порано, сега оди паралелно со програмата. Дури веќе нема ни поинаков третман од наставниците.

    Јас само се надевам дека почесто ќе се зборува на оваа тема во јавноста, за барем малку да се подигне свеста и информираноста за овој проблем.
     
    На Cinderfakinrella, joy1, do-re-mi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.198
    Допаѓања:
    15.504
    Пол:
    Женски


    Уште една емисија вредна да се погледне...
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. maja71

    maja71 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2012
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    1
    Ми треба помош на оваа тема,моето дете има 8 години и многу тешко му оди и пишувањето и читањето,минатата година мака мачевме во учиште со многу труд ги научи буквите но сега почнува новата учебна година а тој си ги има подзаборавено :(.Ве молом доколку нејој има искуство на оваа тема да го сподели
     
  11. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.261
    Допаѓања:
    54.974
    Пол:
    Женски
    Маја, летово вежбавте пишување и читање? Ако не сте работеле цело лето, многу ќе му биде тешко сега да се врати во форма :?: Годинава треба да почне до латиница?
     
  12. maja71

    maja71 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2012
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    1
    Бев очајна што не направивме додека свативме зашто се работи всушност и на крај се одлучив да побарам стручна помош,за срека најдов дефектолог по препорака април мај и јуни си работеа , пола јули јас работев со него и после напорната година си дадовме одмор,кога се вративме гледам пак си подзаборавил сега прочитав дека има формирано здружение па планирам да проверам како се работи таму.Дали има некој искуство со здружението ...........
    Ке продолжи секако да работи дома после целодневна со дефектолог бидеки во училиште навистина не постигнува ништо
     
  13. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.198
    Допаѓања:
    15.504
    Пол:
    Женски
    Контактирај не во здружение, слободно. :)

    Еве и едно кратко видео од се позасилената кампања, погледнете.

     
    На Cinderfakinrella му/ѝ се допаѓа ова.
  14. lans

    lans Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2013
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    152
    Пол:
    Машки
    nekoj logoped za receptiven govor?
     
  15. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.498
    Допаѓања:
    25.466
    Пол:
    Женски
    На МРТ1 во емисијата Тунел, тема е дисклексија, баш сега во моментот слушам.
    Интересно што слушнав сега, а незнаев, дислексијата не ја распознаваат многу професори.
     
    На Petra777 и korisnichka им се допаѓа ова.
  16. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    4.715
    Допаѓања:
    40.988
    Трагично е што просветните работници учители не ја распознаваат оваа состојба и не им помагаат воопшто на овие деца па уште повеке им паѓа самодовербата на децата и најчесто не саакаат ни настава да посетуваат
    Треба да се говори јавно да се запознаат најмногу учителите па да се помогне на дечињава
     
    На PUPICA, baba Rada и Petra777 им се допаѓа ова.
  17. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    16.770
    Допаѓања:
    255.833
    Пол:
    Женски
    Kerka mi ima disleksija .I ucitelkata ne samo sto ne go razbirase nejzniot problem tuku nekolku pati ja oslovila i so 'ovaa ama bavno cita' .Na deteto mu pagjase samodovrbata skroz vo ovie momenti,i naiduvase na potsmev od decata.Bese pod golem stres koga trebase da cita.

    Treba m rabota.So logoped,psiholog i so nas roditelite.Eve kaj kerka mi ima golem napredok no ne celosen seuste.Veke ne e tolku bavna koga cita no seuste gi pisuva mn cesto zborovite onaka kako sto gi izgovara.
     
    На baba Rada, M&M, AnaKarenina и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Cinderfakinrella

    Cinderfakinrella Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2016
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    7.410
    Пол:
    Женски
    Јас имам дислексија :)
     
  19. ***Lami***

    ***Lami*** Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2016
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    98
    Пол:
    Женски
    Jas ima problem so sinceto.Sega ke odi vo treto odd.i ima odbivnost kon citanjeto.Gi znae bukvite i kirilica i latinica i koga cita gi kazuva bukva po bukva.Nikako nesaka da sedne da cita.Sestra mu (bliznacka)cita tecno .Neznam kako da postapam veke koga ke mu kazam da citame vednas nesto go boli izmisluva.Dajte mi sovet.Pozz
     
  20. Rhaenys

    Rhaenys Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2017
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    91
    Пол:
    Женски
    Ахххх тема блиску до срцето
    Јас сум 24 години и имам/имав дислексија. Јас ќе го споделам моето искуство од страна на дете кое се справувало со тоа, со надеж дека ке помогнам на некој.
    Прво за поимот дислексија и што значи и како се манифестира дознав пред некоја година и тогаш бев као ааааааа а тоа ли било. И си го сфатив цело детство. хехех
    Коа бев мала и коа почнав да одам на школо бргу разбрав дека не напредувам како сите, дека читам како ќе ми дојде, дека мешам букви итн итн. Набргу за тоа разбраа моите и нормално не дај боже детето да биде фалично и да му иде лошо во школо а непочнато, решија да ми се дерат да остануваме до доцна да ме срамат како тоа јас не разбирам/ не читам. Тогаш сфатив дека тоа што не можам да читам брзо е лошо, срамота и дека сум глупава на некој начин. Ама јас бидејки бев најмало дете и пустото тоа сакав да угодам на родителите (ова ми беше особено битно/ не толку колку школото) решив да лажам и да глумам дека знам и да планирам. Понатака цело мое детство до кај 7 одд јас бев под огромен стрес како да ги убедам моите и школото дека ете неам проблеем. Тоа вклучувше останување после часови во школо сама, да повторувам расказите од учебник бидејки моите ме испрашуваа од таму. На школо коа требаше да читаме јас секогаш броев, ако секое дете треба да прочита по еден пасус тогаш мојот е да речеме 7 пасус и додека другите читаа јас си го вежбав мојот. Не дека го разбирав него во умот си го вежбав само изговорот.
    Си имав мрачно и тажно детство и се криев од сите секогаш и секаде.
    Последиците се сеуште видливи но се во форма на емотивна лузна. Се уште имам ниска самодоверба, чуство дека не ме бива доволно, дека не умеам. Имам огромен срам за ова. Исто така сето тоа лажење ми прејде у навика да лажам и за други работи. Со моите кога бев во пубертет имав многу лош неискрен однос. Лажев за се и сешто и богами се доведов и неколку незгодни ситации.
    Но сеа сум голема и гледам да не ми влијаат тие комплекси, да не ме кочат во секојдневниот живот.
    И ве молам родителите на тие деца
    Бидете екстремно внимателни со вашите деца!!! Јас сама си разбирав дека не сум толку добра, но вашите погледи зборови енергија се тие кои условуваат дали тие деца ќе пркнат или не.
    Нас ни треба љубоов и разбирање и подршка!
    И објаснување !! Има начин како да му се објасни на детето зошто е тоа така и каков е начинот да се надмине.
    Еден час со дефектолог или логопед еднаш неделно е премалку. Треба да се работи ПОСТОЈАНО! Нема тука летна пауза. Децата со дислексија го неамат тој луксуз. Треба да бидете дисцлипинирни редовни и упорни со многу љубов и охрабрување. Треба детето да добие желба да се бори да се радува за секој мал чекор, да гради самдоверба! Бидејки што и ако ете ств го надмине проблемот и може да чита. Што ќе прави со траумата, со срамот. Никогаш нема да си го доживее сопствениот потенцијал!

    Ета ова се моите мисли на темата
    Слободно пишете ми доколку имате прашања
    Поззз :*
     
    На Lolipop23, AnaKarenina, mariz и 1 друга личност им се допаѓа ова.