Дислексија и дисграфија

Дискусија во 'Дете' започната од AnaKarenina, 13 септември 2012.

  1. Rhaenys

    Rhaenys Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2017
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    91
    Пол:
    Женски
    Него мене ме мачи друго нешто поврзано со темава, па си реков ајде ќе ве прашам вас како личности кои сте информирани колку толку со состојбава.
    Имено, знаеме дека овие појави дислексија и сите нејзини форми и варијанти се и генетски донекаде. Јас сум свесна дека јас ако имам деца дека можно е тие да го имаат истиов проблем. Овој факт е еден од главните кои ме натераа да се соочам сама со себе и да работам на себе. Не сакам моите деца да се соочуваат со истите трауми. Сакаам да имаат комплетна подршка, информиран и подготвен родител.
    Е сега проблемот е мојот сегашен партнер. Заедно сме година и пол и планираме иднина заедно Јас го информирав за мојата состојба и моето детство. Информиран е дека можно е нашите деца да имаат дислексија и дека треба со време да се спремаме да учиме. Сите информации што ги имам се кажани.
    Проблемот е што имам впечаток дека не ја разбира сериозноста.
    Прво он си мисли дека нема тоа да му се случи а шанисте постојат. Особено во мојот случај. Од на татко ми фамилијата скоро сите биле слаби ученици, со слаби оцени, не сакаат да читаат. Тоа се се симптоми и тоа е реалноста. Но имам впечаток дека он сака да замиже, ставот е као од кај знаеш баш ти, као си сигурна??
    Второ постојано ми вика дека нема трпение со деца, дека не може да ги тинтра, да ги учи.
    Ако јас му родам дете и се погоди дислектично, и те како треба да се има трпение. Страв ми е дека он ќе се повлече и целиот товар ќе падне на мене. Дислектичар да учи дислектичар ... “закон“
    Не ме сваќајте погрешно, се разбира ќе работам со детето ама би сакала да имам помош. Бидејки јас преку тоа дете ќе се соочувам со моето детство и сигурно ќе ми биде тешко и би сакала да имам подршка и разбирање од сопругот.
    Се осекам ко да не ме разбира суштински. Ни еднаш нема нешто читнато, прашано што е како се манифестира. Факт е дека обичните луѓе е тешко разбираат што е, си мислат дека читаме обратно и што ли ја знам. Некако не се труди да научи, да истражи, се што ќе му кажам за ова од едно уво низ друго и толку.
    Кажете ми дали претерувам ? Дали моите грижи се на место? Како да се справам со ова ?
     
  2. Cinderfakinrella

    Cinderfakinrella Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2016
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    7.410
    Пол:
    Женски
    Кога дознавте/ сфативте дека имате дислексија?

    Дали претходно се прашувавте зошто ви треба толку време за нешто да разберете, зборувам за материјалот за учење? Како се почувствувате откако дознавте дека имате дислексија?

    И дали освен дислексија имате и друго како дисграфија, дискалкулуија или пак диспраксија...?

    Најдов интересни работи и се трудам конечно да можам полесно да ја сварам теоријата. Чинам затоа тупкам во место... Се осеќам понекогаш како дебил... Најсериозно... Сакам да го завршам факсот без препотвања пред испит, да си ја намалам анксиозноста и стравот од “што ако и сега паднам...“

    п.с. http://www.dyslexia-info.com/
     
  3. Rhaenys

    Rhaenys Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2017
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    91
    Пол:
    Женски
    Јас си укопчав пред неколку години, со тоа што прво несакав да си признаам... но читав се повеќе и состојбата ми стана очигледна. Сфатив читајки за симптомите и моите сеќавања од детсттвото. Памтам дека моите ме тераа да пишувам по една страница од секоја буква, а јас постојано грешев. Имам лошо држење на моливите/пенкалата. Читање на памет.. ова особено. Партали правев од четивата. Паметам како моите се исфустрирнаи со мене и сестра ми се дури се зафркаваше на оваа тема, што нормално ми остави емотивни лузни понатака.
    Во однос на другите појави мислам дека ги немав или дека не беа толку изразени. Со математика секогаш сум била ок, сум грешела знакови, но задачите ги разбирав и ги решавав.
    Во однос на пишувањто никогаш не сум била добра. Ми се случува да ми се измешаат мислите, и да не можам да ги срочам убаво на хартија. Е сега ова може е знак на дисграфија или пак едноставно неможност да се фокусираш и на тоа плус, кога ти се обидуваш да ги згодиш буквите.
    Со диспраксија мислам дека неам проблеми.
    Како мала да дефинитино се прашував зошто ми е потребно повеќе време, се затворив сама се повлеков се криев пред учениците. Но моите беа строгички и не се давав на школо, секогаш сум била добра ученичка.
    А кога бев поголема средно и факс.... ако нешто споро ми одеше, или добивав полоши оцени... имав секакви изговори... од дислексијата ми е, анемична сум дрн дрн. У суштина не бев одговорна се лажев себе си како што сум правела и предходно со другите.
    Бидејки и јас тупкав во место на факс како тебе мој совет е, доколку навистина имаш некој од горенаведение проблеми, застани диши и помири се со тоа. Прифати го тоа како дел од себе. Втор чекор е анализирање како се чуствуваш додека мисиш на оваа тема. Во овој момент тоа што те држи во место е емотивната реакција на дислексијата, не дислексијата сама по себе.
    Научи како се манифестира кај тебе, како ја перцепираш, како ја совладуваш. Значи идеата е ти неа да ја владееш не таа тебе.
    Слободно пиши ми доколку имаш прашања бидејки сум тазе излезена од факс и можам да се поврзам со тебе.
    позз
     
  4. Maya001

    Maya001 Активен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2017
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    23
    Пол:
    Женски
    Поздрав.
    Еве и ние да се пријавиме на темава . Син ми има 8 год. На возраст од 3 год.имавме две операции трауматични за него. После тие операции детето од траума и стрес почна да дтка . Прво одд поминавме онака . Дека не одел во градинка па сметавме дека ке надомести све во прво одд. Имавме мака кога не беше заинтересиран и стануваше од столче си шеткаше низ училна додека другите деца пишуваа и учеа. Во второ одделение истото се случи но почна да црта и по некоја буква да памти. Ние како секој родител на дете кое поминало низ трауми и стрес не обрнувавме многу внимание на тоа и сметавме дека детето поради дткањето се затвара во себе. Он беше дете кое требаше да се тера да оди во школо и да учи, но дома се што ке види на тв ќе запомнеше . Исто така кога имаа предмети во школо како македонски, математика не седеше мирен. Но кога имат физичко , ликовно , претстави, излети прв беше таму . Сега сме трето одд .уште се мачиме со поврзување на зборови , со читање , со математика . Едноставно нема воља кога ке седне да учи не е заинтересиран. И тоа што ќе го запамти дома утредента не го знае. Наставничката се жали дека од 34 деца нема многу време за него , а дефектологот исто така , лани работеше со него само 3 пати во целата учебна година . Вчера бевме во Симпо и таму ни рекоа дека има дислексија и фисграфија . Емотивно е оптеретен исто и исто така проблемот со дткањето му е уште една препрека. На приватен логопед одевме но нема некој помак . Кај него е периодично . Сега моментално аплициравме во приватната клиника во Хрватска па ќе видиме дали има некои резултати. Ме интерсираше за здружението Ајнштајн. Дали врши зачленување ? Дали имат некои собирања за деца ?
     
  5. Mama985

    Mama985 Нов член

    Се зачлени на:
    28 март 2018
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Zdr.Eve I jas da se priklucam na temava.Imam kerkicka od 8god I treto odd. Imame poteskotii vo uciliste...Ja odnesov na testitanje vo institucija (privatna)so logopedi I defectolozi I mi rekoa deka dedevo e ispusteno no treba mnooogu da se raboti so nea,rekoa deka ima izrazena disgrafija i akalkulija.Moeto prasanje e kade I kako da najdam defektolog/logoped koj privatno raboti po doma no sekako cenata da mu e normalna i pristupacna za rabotnicko semejstvo
     
  6. Maya001

    Maya001 Активен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2017
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    23
    Пол:
    Женски
    Da proverite vo naselbata kade sto ziveete sigurno ima logopedi i defektolozi . Cenite im se od 400-500 den po cas . Isto taka rabota so ucilisniot defektolog da pobarate .