Форумџика на годината

Дисциплина

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од MissChievous, 21 јануари 2024.

  1. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.005
    Дисциплината е клучна за остварување на многу нешта. Потребна е и мотивација, меѓутоа многу нешта можат да се направат и без неа, сè додека се има дисциплина. Дисциплина е кога правиш нешта кои знаеш дека се добри за тебе, и тогаш кога немаш волја и те мрзи.

    Колку сте дисциплинирани?
    Дали лесно ви е да одржувате дисциплина?
    Што најмногу ве тера да бидете дисциплинирани?
    Постојат ли тактики за одржување на конзистентна дисциплина?
    Дали дисциплината може да се добие преку воспитување или е прашање на карактер?
    Колку ви е важно да сте дисциплинирани?

    Јас лично се сметам за мрзлива личност и дисциплината не ми доаѓа природно. Вечно водам борба против својата мрза и не го сакам чувството кога ќе дозволам да ме совлада.

    Во последните 5 години најмногу научив како да бидам сериозно дисциплинирана, иако како што веќе кажав не ми е воопшто лесно да бидам. Дали е созревање во прашање или едноставно промена на менталитет/перспектива, не знам.
    Но уште потешко ми е да се соочам сама со себе кога подолг период не сум ги правела нештата важни за мојот општ добробит, се каам, разочарана сум од себе си и се осеќам како привремено сама себе да се имам заборавено. Тоа е главната причина зошто секојдневно се борам против мрзата и разните оправданија, и се трудам да бидам што е можно повеќе дисциплинирана.

    Секако појдовната причина се бенефитите од стекнување на позитивни и корисни навики. Но не е работата само да си свесен што е добро за тебе и идејата да остане само идеја, туку да превземеш акција и да бидеш конзистентен, и тогаш кога мотивацијата ќе ја снема.

    Тоа што мене најмногу ми помага да бидам дисциплинирана е водење на дневник. Водењето на дневник ми е прекомплексна активност за моментално да ја објаснувам во воведов, ама се сведува на обележување активност и пратење прогрес. Таквото запишување, анализирање, рефлектирање најмногу ме држи под конец дека ќе бидам доследна. Нешто како пратење калории за одржување дефицит.

    На крајот сè се сведува каков човек сакаш да бидеш за себе и што сакаш да постигнеш. Кога имаш јасна визија, можеш да се научиш едноставно да ги правиш нештата, без многу размислување.

    Па ајде дајте некоја идеја или совет како да се биде дисциплиниран.
     
    На Cutiepie1, simoncelicius и srhsejbsk им се допаѓа ова.
  2. dea.18

    dea.18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2021
    Пораки:
    699
    Допаѓања:
    2.093
    Пол:
    Женски
    Омилена тема за муабет. Можеби требаше војник да станам:D Па, вака:
    1.Не сум пре, ама сум доста дисциплинирана. Кога имам зацртана цел, морам да ја остварам, без разлика дали е тоа дневна обврска или на долгорочен план (факултет).
    2.Да, лесно ми е да одржам ред и дисциплина.
    3.Лична сатисфакција е, патот до успехот е претежок и болен, ама баш го уживам.
    4.Не знам дали има посебни тактики. Карактерно сум тврдоглава, огнен знак сум во хороскоп, што значи сакам такви работи што подразбираат стрикно држење до план, to do листата да ми е секогаш довршена до рокот којшто го имам запишано.
    5.Интересно прашање. Првично ќе дадам прости примери: прво, татко ми ме научил војнички после спиење секогаш да си го местам креветот, второ, во тинејџерските години се враќав од надвор точно на време кога сум се договорила со моите, без минута доцнење или пак, ќе споменам дека долги години тренирав боречки вештини каде се бараше континуираност, борбеност, ред, дисциплина, станување рано и организирање тајминг за се до минута.
    Од друга страна, карактерот си има удел, секако, но според мене прашање на навика е. Колку повеќе правиш едно исто секој ден, најмалку 21 ден, ти преминува во навика, а чим ти е навика, значи се (само)дисциплинираш.
    Бескрајно му благодарам на татко ми и тренерот тогашен кои ме научиле на толку ,,прости" работи, кои подоцна во животот, како пример сега, ми помогнале да стигнам до успехот.
    6.И те како важно. Не можам да се замислам себеси како латергична, мрзлива, одложувач на обврски и слично.

    Инаку, би сакала нешто другарски да те советувам, што јас го имам поминато безброј пати, сигурно си го чула/видела: верувај му на процесот (Trust the process). Што тоа значи?
    • Сакај го тоа што го правиш.
    • Не се оптоварувај себеси. Не си задавај големи обврски одеднаш. Пиши си на лист, пример, оди утре во банка; оди напиши 2 страни проект итн. Немој тоа да биде: заврши цел проект утре. Step by step.
    • Кога успешно ќе ги совладаш малите обврски дај си награда нешто за тоа. Нешто ситно.
    • Кога успешно ќе ги совладаш големите обврски, дај си награда да одмориш колку што ти бара телото.
    • Не се споредувај со другите.
    • Некогаш нема да сакаш да си дисциплинирана и океј е тоа. Пример, вчера сум ставила аларм во 9 за да почнам да учам, ама сум станала 10ипол. Ама не е крај на свет. Телото ми барало повеќе да одморам и тоа е супер. Ќе имам повеќе сила за обврските така.
    • На човекот му се потребни повеќе од 66 дена за да одредена активност му прејде во навика, а со тоа и дисциплината. Многу е тенка линијата меѓу овие поими според мене.
    • Ако ти е потребна дисциплина за учење, учи 30 мин и прави 10 мин пауза. и така по неколку часа. Ем продуктивнст ќе имаш ем дисциплина.
    • ВАЖНО: ИМАЈ СИ ПОТСЕТНИК СО МОТИВИРАЧКИ ПОРАКИ!!!!!!! Многу помагаат. Еве една од мене:
      Don't stop until you're proud:*
    Се надевам помогнав.
    :l:
     
    На zemzela91, bookslover, TrinityNeo и 8 други им се допаѓа ова.
  3. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.870
    Допаѓања:
    8.284
    Според мене, дисциплината секогаш ќе те одведе многу подалеку од мотивацијата. Бидејќи не можеш да си мотивиран 365 дена.

    Кај мене дисциплината е дел од карактерот. Не водам евиденција, едноставно тоа е некој вид на животен стил. Знам што сакам и што не сакам.

    Она what keeps me going би рекла се резултатите од сите аспекти. Дисциплината ми ги олеснува работите. Немањето изговори saves time.

    Совет што би дала е оди директно во целта. Направи го тоа што цело време го избегнуваш. А потоа дај си мала слатка награда за постигнатото. Утре пак и така во круг. Потребни се само 20 дена да се стекне навика.

    Lastly, take accountability. Никој нема да дојде да ни го среди животот и реализира целите :*:
     
    На srhsejbsk, sj *O* и MissChievous им се допаѓа ова.
  4. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.005
    Во последниот подкаст што го слушав зборуваа дека најновите студии покажуваат дека навика се стекнувало од 20 до 260 денови, ваљда зависи од навиката, но и од човекот.

    А што со оние навики и goals што се доживотни, немаат една "мета" за постигнување? Пример, физичка активност, добра исхрана, медитација, читање книги, you name it што и да ти помага да имаш поквалитетен живот. Тука некако највеќе се гледа/осеќа дисциплината. :D
     
  5. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.870
    Допаѓања:
    8.284
    @MissChievous Би рекла, за да што побрзо ја стекнеш навиката, треба на она што го правиш, да го гледаш позитивно.

    Ако го гледаш како на казна, дека се тераш на нешто, мислам потешко би било :D

    За последните набројани работи, она што би требало да ти помогне да ги правиш се баш фактот што ќе ти дадат дологрочни неверојатни резултати.

    Пример, за вежбањето и исхраната резултатите се многубројни. Пред се си здрав, посреќен, убава кожа, коса, убаво изгледаш што и да облечеш, зголемена самодоверба.

    А понатаму тоа те води до плус резулати. Поубав социјален живот, поголема детерминираност за работа и правење пари, поквалитетен живот и поквалитетна интимност со партнерот. Разбистрен ум :sun:

    Па тоа натаму иде кон тие reels каде некој од 85 години ќе каже оти не користи лекови, пешачи секој ден и пред се изгледа 20 години помладо :D

    Ја би ти рекла да си поставиш предизвик. Малку да си го разработиш адреналинот и да се активираш :D Почни од baby steps :*:

    Пр, оваа недела секој ден вежбај само 30 минути. Поттикни се со омилената музика.
     
    На FierceFemme_, Angie1432 и MissChievous им се допаѓа ова.
  6. dea.18

    dea.18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2021
    Пораки:
    699
    Допаѓања:
    2.093
    Пол:
    Женски
    Тогаш прави го тоа што ти е најголем предизвик и кога не сакаш прави го, така ќе стекнеш навика, но само со поставен реален временски период. Пример:
    Да читаш книга по 2 страни на ден една недела, потоа 4, па 6, 8 итн.
    За вежбање, како што кажа членката, се започнува со пешачење 15, 20, 25, 30....55 минути. Па лесна програма за вежбање, после тоа потешко ниво :)
    ПС. за исхраната мислам дека е полесно да се стекне навика, едноставно си имаш список што да купиш за дома здрави намирници и ќе немаш избор освен да почнеш здрави рецепти (кои претходно ќе си ги зачуваш од милијарда страници и профили за здрава храна:lol:).
    Најважно да немаш големи очекувања, зашто ќе се разочараш.
     
    На MissChievous му/ѝ се допаѓа ова.
  7. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.005
    @Polyincognito Навикиве за кои зборувам за мене лично, јас ги стекнав периодот 2018-2019. Е сеа живот ко живот, има периоди кога ми опаѓа фокусот или неам толку време. Едно беше живот без дете, друго е живот со дете. :D На пример, ако порано возев по 20 км точак и имав плус слободен саат за вежбање со тегови, сега возам точак до работа, пешачам колку можам повеќе, играм на музика со тодлеров мој, трчам по неа, и гледам да искористам прилика секаде за движење, пример 4 спрата скалила на работа неколку пати во денот. Ако читав по неколку книги во месецот, сеа читам една, ама битно читам, не престанувам. Исто ми страдаат навиките за добра исхрана, медитација и пишување во дневник, пред сè неам толку време, обврските си го прават своето, ама никогаш ништо не престанав со правење еве веќе 6та година. Ама дефинитивно не е беспрекорно, нарушена ми е конзистентноста, па ќе признаам дека сум поминувала и по пар недели на целосно баталување на навиките, односно дисциплината ми била 0. НО :!: секогаш сум ја наоѓала и сум си се враќала назад на она што ме прави мене тоа што сум. :D

    Една од главните причини што никогаш не се откажав целосно е ова:

    Ко ќе видам стари генерации како се мачат, ми се наштемува перспективата во права насока пак.
     
    Последна измена: 21 јануари 2024
    На BlackNight и Polyincognito им се допаѓа ова.
  8. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.870
    Допаѓања:
    8.284
    @MissChievous Јас би ти рекла, не биди престрога кон себе. Мислам дека е amazing сето тоа што го правиш и го имаш правиот мајндсет :*:
    Ехее јас мислев правиме муабет за баш нула-нула дисциплина. Верувај ти си далеку од тоа, скроз малку ти е потребно да се вратиш full back on track :D

    На темата, јас уште нешто би додала. Мора многу да внимаваме со кого го поминуваме секојдневието и со какви се дружиме. Во животот потребно е да ја имаме the right support група на луѓе. Таквите честопати може да ни послужат како зајакнување на дисциплината и мотивацијата да си го подобриме животот. Па и да заглавиме некаде, да се инспирираме да продолжиме, наместо да застануваме.

    Во погрешното опкружување, човек многу лесно може да заборави да се грижи за себеси и да се препушти на погрешни навики. Да престане да се сака и да влезе во некоја токсична комфор зона.
     
    На simoncelicius и MissChievous им се допаѓа ова.
  9. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.831
    Допаѓања:
    23.488
    Пол:
    Женски
    @MissChievous Кога пиша за дисциплина во СДК, почнав да те цитирам дека ти се восхитувам. Таман сега отвори тема за да се восхитувам уште повеќе. :D

    Во овој период од мојот живот и број 1. цел што си ставив оваа година е да бидам повеќе дисциплинирана. И баш имам struggle со ова. Ментална битка ми е, која ја губам повеќето од времето. Мене не ми е баш проблем мрзата (иако и тоа), туку перфекционизам и признавам weak mindset. Наместо да се фокусирам на конзистентност, јас се фокусирам да биде совршено. Невозможни цели.

    Пример ако сум замислила 3 пати дневно да имам тренинг од 1 час, а поради сплет на околности имам време само за 30 минути тренинг, јас нема ни да отидам во теретана. Потоа имам проблем и со прокрастринација. Едноставно, хаотична сум. Но, се трудам.

    Криво ми е пошто вака знам да сум многу организирана и да имам убаво испланирано што да правам. И потоа тоа паѓа во вода. И знам дека јас сум крива, затоа што до сега би требало да ја имам научено лекцијата - направи го дури и ако не е совршено. Во книгата Атомски Навики тоа е објаснето многу добро. Но, не. Имам некоја кочница.

    Ако имате уште некои совети, споделете, би сакала да чујам.

    А јас не прекинувам додека не изградам дисциплина. Затоа што мислам дека многу ми го намалува квалитетот на животот, и најбитно односот самата со себе. Дисциплина е љубов спрема самиот себе.
     
    На MissChievous му/ѝ се допаѓа ова.
  10. dea.18

    dea.18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2021
    Пораки:
    699
    Допаѓања:
    2.093
    Пол:
    Женски
    Тука е првата грешка - поставување понекогаш невозможни цели, или народски кажано - голем залак земаш во однос на целите.
    Изоставив многу битен дел од набројаните погоре, еве сега ме потсети да пишам:
    Да се биде прилагодлив.
    Ама не се однесува да се прилагодиш на луѓето и да им одиш по терк, туку да се прилагодиш според ситуацијата и времето и приоритетите, а сепак да си ги решаваш дневните обврски и цели. Значи не може успех со големи чекори и големи очекувања.
    Ете, ти, за тренингот 3 пати неделно по саат. Ако понеделник си го извежбала тренингот саат, тогаш океј, во среда нешто ќе испадне побитно и времето ќе ти дозволи да истренираш 25 минути. И ТОА Е ОКЕЈ! Е тука се гледа дисциплината. Може ќе бидеш пред добивање и ич нема да ти се вежба, ама ќе извежбаш за ИНАТ! Пошто ќе имаш бенефит - помалку ќе те болат јајници кога ќе добиеш пример (кај мене така е). За време на плодни денови имаш сила за 2 саати, а не 1 саат тренинг. Колку - толку.
    Битна е конзистентноста. Идејата во глава да се има, да имате визија каде ќе бидете за 1, 2, 5, 10 години од денес.
     
    На MissChievous и Srckata28 им се допаѓа ова.
  11. Directioner005

    Directioner005 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    2.405
    Хм, а како се вика кога се завршуваш на крај, ама најодложено возможно, додека не те удри стрес и нервоза? Реално, дисциплинирана и одговорна сум, не се откажувам, немам оставено никој на цедило.
    Ама се во 5 за 12, или 12 и 5:worried: Вака функционирам со години и многу штета ми прави..
    Најпрост пример, договорена сум да излезам во 9, ми треба 1 час да се спремам, јас го знам тоа и се излежувам до 8:15. На крај пак ќе се спремам на време, ама со нервоза.
    Некое решение за ова?
     
  12. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.870
    Допаѓања:
    8.284
    @Srckata28 Јас вака би ти рекла: Целта нема да се смени ако денес се сменат средствата.

    Meaning, цел ти е вежбањето. Ако денес поради Х причини не можеш да вежбаш 1 час, извежбај само колку ти дозволува времето. И така штиклирај си го денот како направен тренинг.

    Значи додека се гради дисциплината, важно е not to beat yourself down. Туку да го ре-програмираш мозкот дека си способна, дека можеш. А со тоа нема да дозволиш мали отстапувања да ти влијаат негативно.

    И да извежбаш 20 минути, утре ќе си се вратиш на рутината, ништо страшно.

    Поентата ми е да не си создаваш притисок, кој може да биде контрапродуктивен, како што спомна дека лесно ти настанува хаос :D
     
    На MissChievous, MarijaMi90 и Srckata28 им се допаѓа ова.
  13. dea.18

    dea.18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2021
    Пораки:
    699
    Допаѓања:
    2.093
    Пол:
    Женски
    Procrastinator - одложувач:)
    Не знам решение што би ти било тебе најпогодно, не знам како функционираш..
    Јас што би направила: би направила увид што е тоа нешто што ме тера да одложувам? Најверојатно може да биде телефонот/телевизорот. Тогаш би го смалила користењето и тоа ставање тајминг максимум 3 саати на телефон. Кога би ја лекувала последицата, тогаш, ако седам на телефон, барем да имам аларм ко во твојот случај - ако сум договорена во 9, тогаш аларм да си ставам во 7:45 и да почнам да се спремам полека (без да гасам на snooze).
    И секако план за се`. На што најмногу се задржуваш пред искачање? Тоа е шминка, облека, туширање? Шминката би ја поедноставила, облеката ќе ја изберам однапред да не морам да се испаничам што ќе носам и туширањето ќе ми биде без музика (дури и со млака вода ако треба, за да не се задржувам повеќе од 10 мин:D)
     
    На Directioner005 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.005
    Дефинитивно конзистентноста е суштинска за дисциплината. Понекогаш не е ни до толку битно колку правиш нешто, колку што е битно тоа дека всушност правиш, толку колку што моментално ти дозволуваат времето, енергијата, финансиите. Зошто битно е нештото да ти биде дел од секојдневието, оти само така може да има прогрес во тоа што го правиш. Зошто на крајот од денот, секој вложен труд, секој направен чекор може да е само чекор напред кон остварување на посакуваната цел. Односно секој направен чекор, колку и да е мал, е подобар од секој замислен, а ненаправен чекор.
    Така да, подобро е да се искористува секоја прилика за дејствување, неголи да се отфрли со оправдување дека е малку. Бидејќи сè се насобира. Со секојдневното (конзистентно) правење го добиваш кога-тогаш тоа што го сакаш. Дури и да е прашање на доживотно нешто, како добра исхрана (за општо здравје, не со цел на симнување кг на пример) и физичка активност, константното правење на добар избор е целта. И тука дисциплината е клучна, таа е двигател.
     
    На dea.18 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. dea.18

    dea.18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2021
    Пораки:
    699
    Допаѓања:
    2.093
    Пол:
    Женски
    Многу ми е мило шти сама си ја постави темата и прашањата и речиси сама (со наша мала помош) дојде до одговорот и заклучокот. :D
    Ти посакувам конзистентност која вродува дисциплина :sun:
     
    На MissChievous му/ѝ се допаѓа ова.
  16. srhsejbsk

    srhsejbsk Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    1.593
    Допаѓања:
    9.362
    Пол:
    Женски
    За мене стекнувањето дисциплина е едно од најдобрите работи што ми се случиле во животов. Се сеќавам порано колку бев обратно од ова што сум денес и многу добро знам зошто пред 3-4 години работите воопшто не одеа онака како што јас посакував. Постојано си имав различни изговори за работите што ги правев или не ги правев ама дефинитивно најголем изговор ми беше дека немам мотивација. Работите почнаа да се менуваат кога сфатив дека мотивацијата можеш да ја имаш денес, а да ја немаш во наредните три дена, додека истрајноста и дисциплината можеш да ги одржуваш секој ден. Па така, еден ден решив да ги исфрлам изговорите и да преземам одговорност за своите постапки. Пример: паѓам предмет на испит. Старата јас ќе речеше дека прашањата се катастрофа, многу конфузни, па професорот е идиот намерно ме падна и сл. Новата јас ќе го положи испитот бидејќи си учела континуирано, добро си го менаџирала времето за да се посвети и на себе и на блиските и на крајот е среќна и задоволна од самата себе.
    Вакви примери имам милион за било што во животов.

    Да одговорам на прашањата:
    1. Колку сте дисциплинирани?
    Доволно за да ги остварам сопствените цели и да бидам во чекор со обврските. За некои луѓе моето ниво на дисциплина можеби е мало, за некои преголемо, но на крајот од денот најважно е дали мене ми доаѓа природно или се форсирам и на крајот излегувам burned-out.
    2. Дали лесно ви е да одржувате дисциплина?
    И да и не. Да затоа што дисциплината ми стана навика и животен стил. Не затоа што има периоди кога ми е потребно повеќе време да видам резултати и мојот мозок упорно ме тера да се откажам. Сепак сите ние сме живи луѓе и секојдневно се спрауваме со различни емоции, расположенија и искусуваме различни нивоа на енергија. Ако денес чувстувам дека не можам да пешачам 1 час нема да се форсирам и ќе пешачам 30 минути или помалце.
    3. Што најмногу ве тера да бидете дисциплинирани?
    Дефинитивно резултатите кои ги добивам. Дисциплината ми помогна да сум секогаш во тек со настаните, да не пропуштам рокови и после да си ја чукам главата од ѕид и секако ми заштеди многу време.
    4. Постојат ли тактики за одржување на конзистентна дисциплина?
    Не знам дали мојот начин воопшто е тактика, но она што јас правам е дури и во денови кога сум немотивирана и мрзлива гледам да сработам нешто. Тоа што ќе го сработам не мора да е директно поврзано со обврските што ги имам во моментот. Ако се решам да работам на она што првично сум мислела, на пример да прочитам 3 теми од материјалот за учење, наместо сите 3 ќе прочитам само 1. Не користам to do листи, всушност ги мразам. Сум забележала дека премногу ме ограничуваат, па секогаш гледам да работам со свое темпо.
    5. Дали дисциплината може да се добие преку воспитување или е прашање на карактер?
    Нема нешто на светов што е целосно карактер. Нашето однесување и функционирање е спој на наследни и средински влијанија, така да дисциплината може да се научи и негува дури и да не е во коренот на личноста.
    6. Колку ви е важно да сте дисциплинирани?
    Многу. Зборовите на еден професор секогаш ќе ги памтам 'Во животот не успеваат најинтелигентните, туку најупорните'.

    Consistency is key!
     
    На MissChievous му/ѝ се допаѓа ова.
  17. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.005
    Кога ќе размислам подобро, порано не се замарав баш со поставување на цели, немав навика да размислувам многу на тој начин. Односно на пример после средно знаев дека сакам да студирам и во тие години, да, цел ми беше да завршам факс, меѓутоа не размислував многу околу тоа, знаев дека со тек на време ќе го завршам. Не размислував што сакам да правам во слободно време, едноставно правев што ќе ми текнеше во моментот, било да е дружба со друштво, играње игра на пц, гледање филм. Живеев неиспланирано, спонтано.

    Сè до моментот кога сфатив дека сум здебелена. Па сфатив дека треба да превземам нешто. Па сфатив дека немам никаква физичка активност и јадам што сакам, кога сакам, колку сакам. Сфатив дека воопшто не размислувам свесно за тие нешта и дека немам апсолутно никаква дисциплина. Па почнав да вежбам и - да учам за храна. Мислам дека тука некаде почнав да се учам да бидам дисциплинирана.
    Ја сфатив сериозно работата - мојата желба - почнав да наоѓам најефикасни решенија. Бидејќи чув некаде дека најмногу се памти со запишување, земав тефтер специфично за да запишам нутритивни вредности на разни видови на храна, за идеи за комбинации, за рецепти за оброци, итн. Баш ја простудирав тематиката. И почнав прво со планирање на оброци, ги запишував сите оброци и ужина за цела недела.

    Тоа ме поттикна да почнам да го планирам цел ден. Е тука дефинитивно ја стекнав дисциплината. Можеби на многу би им било досадно да функционираат на тој начин, ама за мрза ко мене дефинитивно најдобра опција беше. Буквално си пишував распореди на како ќе го поминам денот, со саати, со сè. Стани тогаш, појадувај тогаш (тоа и тоа), медитирај тогаш, вежбај тогаш, од толку до толку саат слободни саати за било што (лабаво нешто, пример кантер или филм), итн. Имав денови кога денот го имав испланирано до степен да пишам кога ќе се истуширам. :wasntme: Да, малце е роботски овој начин на живеење, ама така успеав да си всадам дисциплина. После некое време полека полека го разлабавував распоредот и почнав спонтано така да живеам, ама тогаш веќе може да се каже бев дисциплинирана.

    Периодов се трудам да се вратам на таквата дисциплина, ама многу е тешко кога си одговорен и за друго човече. :D Многу нешта се непредвидливи и тешко е да се задржи организацијата. Борба, тоа е. :D
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  18. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.192
    Допаѓања:
    13.028
    Пол:
    Женски
    Цел живот дисциплинирана, не би да споделам од кои причини зашто тоа е премногу лично за мене. Туку, некогаш и од многу дисциплина ќе го јадеш најдебелиот крај па на моменти завидувам на понедисциплинираните.
     
    На Cutiepie1 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.730
    Допаѓања:
    322.850
    И мене омилена тема ми е дисциплината.

    Луѓето често дисциплината ја мешаат со принципиелноста.

    Едно е да си дисциплиниран (да следиш правила кои се општи) а друго е да си принципиелен (овде веќе се работи за следење на свои принципи, не дадени од друг, не наметнати и не се општи)
     
  20. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.831
    Допаѓања:
    23.488
    Пол:
    Женски
    Леле исто! Ме потсети на време кога бев многу подисциплинирана. Во белешки на телефонот имав милион каде се сум испланирала до најмал детал. И ден денес ми е многу грдо кога сум слободна и не можам да се одлучам што да правам. Затоа буквално си планирав и од непродуктивни активности колку и што да правам. И исто како тебе, до најситни детали, станување, 15 минути будење - ВЦ и скинкер, 20 минути појадок, 20 минути пишување во дневник со кафе итд. :D Мислам дека токму поради таа навика што ја имав, карантинот пред некоја година ми беше добар период, и спротивно од повеќето јас многу ослабев и бев во добра форма физички и ментално (иако имав проблем со исхрана така да нема да глорифицирам), но само ја потенцирам дисциплината.
     
    На simoncelicius и MissChievous им се допаѓа ова.