1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дисциплински мерки во градинките

Дискусија во 'Дете' започната од GirlLove, 30 октомври 2019.

  1. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.066
    Допаѓања:
    14.160
    Пол:
    Женски
    Дали се лутите доколку вашето дете е на некој начин 'казнето'?
    Кои воспитно мерки ги превземаат воспитувачките над вашите деца?
    Кои се позитивни?
    Кои негативни?
    А, кои ги превземат вие дома?
     
  2. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.192
    Допаѓања:
    123.793
    Досега не е казнета мојата, никогаш ни она се пожалила ни они од неа. Кажува дека кога ќе бутнат нешто или ќе паднат или ќе згрешат, учителките викале ништо страшно.
    Дома не сум ја казнила, само со разговор и гушкање решаваме, не викам, и кажувам дека сум лута, она ќе се натажи и по некоја минува се извинуваме и се гушкаме.
     
    На buba4e89, Melinda85, Bupalu и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.743
    Допаѓања:
    108.730
    Да. Едно од прашањата кога бирав градинка беше како постапуваат со децата кога треба да бидат "искарани". Во една ми рекоа дека ги ставааТ во ќош додека не се извини.
     
    На sj *O*, Elenpelen и GirlLove им се допаѓа ова.
  4. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.066
    Допаѓања:
    14.160
    Пол:
    Женски
    Претпоставувам, не ја одбравте таа градинка.
     
  5. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.743
    Допаѓања:
    108.730
    Да :)
     
  6. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.066
    Допаѓања:
    14.160
    Пол:
    Женски
    На кој начин сметате вие родителите дека детето треба да биде 'искарано' од страна на воспитувачот?
    Постојат деца кои иако ќе им се укаже едно 100 пати што не треба, а шо треба да прават,тие повторно си тераа по свое.
    Па ако се повише тон, одма му пренесува на родителот, кој секако вината ја префрлува во институцијата, покрај тоа што заборава дека треба 50% да земе дел од неа.
    Децата, сепак се огледало на родителите кои им го даваат првичното воспитување.
     
    На kikin и the.vampire.girl им се допаѓа ова.
  7. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.297
    Пол:
    Женски
    Мене ми се допаѓа да се построги воспитувачките. Мора и да повишат тон и да ги искараат понекогаш. Претпоставувам имаат и некои поблаги методи за казна. Син ми им има стравопочит, ги сака, ама не смее многу многу да им се прави шериф како дома.
    Кога не ме слуша дома му се заканувам дека ќе го кажам на учителките, ми вели - Немој мамо не ме кажувај, ќе слушам! :lol:
    Го гледам откако оди во градинка е сменет на подобро, почитува правила и ред, подисциплиниран е и тоа ми прави ептен ќеф. Јас дури и им кажав да му се потскараат кога нема да сака да јаде и имаше ефект, пројаде уште наредниот ден, додека го молеа со убаво не сакаше ни да проба да јаде. (fingers)
     
    На kikin, buba4e89, Ava.84 и 19 други им се допаѓа ова.
  8. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    15.549
    Допаѓања:
    72.391
    Пол:
    Женски
    Кај синчето незнам, а кај малава имаат столче (кое не е во ќош, туку на страна) и ако не е послушно детето си седи на тоа столче под казна, додека сите други деца си играат, поголема казна од тоа амин. Нареден пат знае дека не е убаво да си седи на столчето (досадно е ептен нели), па не прави иста грешка.. :) Вака не ми звучи страшна оваа казна, секако не седат цел ден на столчето или со саати... тоа додека трае некоја игра 20мин, пола час. (Ова за во државна градинка, зашто поставено е прашањево во темата па да нагласам дека за државна зборувам).
     
    Последна измена: 31 октомври 2019
    На Girl-Rabbit, BoaVista, SexiLy и 17 други им се допаѓа ова.
  9. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.743
    Допаѓања:
    108.730
    Ќе се зборува и објаснува.
    Јас па не сакам да има стравопочит од никого. Со правилен пристап детето ќе соработува и без да има страв. @Lolipop23
    @mariz јас пример одма би им рекла такво нешто никогаш повеќе да не применат на детето мое. Психолошки не остава добра порака на детето.
     
    На sj *O* му/ѝ се допаѓа ова.
  10. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    15.549
    Допаѓања:
    72.391
    Пол:
    Женски
    Вака секое дете што излегува од таа група веќе како прваче е супер, дури бараат да се кај неа децата. Не сум слушнала од нејзина занимална неконтролирано викање, а од другите да... Секако дека прво со зборување пробуваат, па крајно е столчево. На малецкиве уште не го применуваат, мали се, тек учат како треба да се однесуваат, но ни го кажа на родителска дека тоа применува понатака ако мора. Инаку не седи само, седи негувателка/воспитувачка до него (најверојатно и му зборува тогаш) и како што кажав столчето не е во ќош или ептен одвоено, туку до едно масиче на воспитувачките.
     
    На Girl-Rabbit, mssuniquee, the.vampire.girl и 4 други им се допаѓа ова.
  11. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.297
    Пол:
    Женски
    Според мене стравопочитта кон воспитувачот/учителот е многу битна. Губењето на авторитет на учителите е еден од најголемите удари на денешниот воспитно образовен систем. Ако на времето непослушност се јавуваше во тинејџерските години денес уште во 1во одделение е безредие и наставникот не може да поведе ред баш затоа што децата не го гледаат со стравопочит.
    Ние дома се решаваме со разговор, со убаво, со зборење, но јас година дена не успевам да му дадам манџа да јаде, а ете во градинка почна да си ги руча сите манџи дури и зелка манџа ејјј, што дома не верувам дека би се случило во наредните 10тина години. И тоа откако им реков да му се потскараат малку, да му дадат до знаење дека мора да си го изеде ручекот и уште од првиот ден имаше ефект.
    Сум и за да има некој поблаг метод на казна, кај нас не е во ќоше, ама имаат едно креветче бебешко со дрвени решетки и го викаат затвор и на родителска ни кажаа дека ако некое дете е ептен немирно, ги тепа другите деца и сл. го ставаат под казна да поседи 10тина минути таму.
    Јас во никој случај не би дозволила некој психички или физички да се изживува врз моето дете, секој ден го препрашувам како поминал во градинка и дали учителките му се карале, од околку го прашувам и за другите деца да не случајно ги удараат и сл... Постојано му повторувам дека учителките мора да се слушаат и дека што ќе каже учителката е закон и мора да го почитува, но ако и малку се посомневам во некоја неисправност веднаш ќе реагирам. Го гледам дека сака да оди во градинка, за учителките кажува дека ги сака, дека му е убаво... и тоа ми е доволно.
     
    На Someday, kikin, Girl-Rabbit и 21 други им се допаѓа ова.
  12. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.743
    Допаѓања:
    108.730
    @mariz што значи спремно прваче? Кај внука ми истото го кажуваа, па они натерај ги пола и повеќе да учат. Јас јасно би им кажала дека такво нешто не дозволувам да применуваат на моето дете. Па уште и "затвор" што го спомна @Lolipop23 . Боже!

    @Lolipop23 јас сакам да гради односи на база на почит затоа што некој ја заслужува таа почит, а не од страв од казна или дека мора. Ако им е забавно, интересно и се ангажирани ќе соработуваат. Децата "аздисуваат" кога не се ангажирани. Ако се тепаат меѓу себе треба да им се каже дека не е убаво. Мојава не е тепач, ама ги гледа другите. Пред некој ден негувателката ми вика многу убаво се вклопи, еве и ја удри Петра денес зошто и го зеде мечето. Достигнување големо! И реков да и зборува дека тоа не е убаво. Јас не сум ја видела никогаш да удри некој. Дури ко грев е на лулашки, децава насилни, она не се брани. И и зборувам дека не е убаво и дека не треба да се тепаат, не го охрабрубам тоа однесување и до сега има ефект.
    Децата немаат почит, ама и денешниве наставници се убиј боже. Се скарале Петко и Трајко зврц на родителите, па тие продолживаат со караницата. Тоа се цели политики, игри, заврзлами. Децата утредента нема да се сеќаваат, ама родителиве уште закарани.
     
    На Mantub, Elenpelen и eli25 им се допаѓа ова.
  13. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.541
    Допаѓања:
    95.399
    Пол:
    Женски
    Затвор? Ќош? Па во кој век живееме?

    Моето дете е од помирните, сака да помага, сака да се вклучи во секој момент во играта и воспитачката кажува дека и помага многу, мирен е, не влегува во шутки, расправии, караници, тепачки, одсабајле и помага да ги пребројат децата. Нејзиниот начин е со разговор и награда, ама не и казна. Она вика дека кога некое дете ќе направи беља седнува да разговара со него и прашува дали мисли дека е тоа убаво? Дали смета дека постапил/а правилно? Извлекуваат поука и на крај прават договор за неповторување. Кај неа нема 5ка на раче по секоја цена, се заслужува, ако помогне во игра, намести правилно, изврши задача, буквално да се заслужи. Моево си доаѓа бар 2 пати неделно со 5ка на раче, тогаш знам дека направил нешто добро. Многу ми се допаѓа воспитачкава и многу сум задоволна. Ги учи дека треба да мијат раце, да внимаваат да не прскаат насекаде со вода, моето откако оди во нејзина група многу е напреднато и многу има научено.
     
    На senjorita-v, Girl-Rabbit, sj *O* и 2 други им се допаѓа ова.
  14. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    15.840
    Допаѓања:
    108.842
    Пол:
    Женски
    Мислам дека мора да има дисциплински мерки во градинките. Не може секој да прави што сака. Секако не казна за не јадење ама за удирање и кубење коса треба и мора да има казна. Најмногу од се би ме револтирало Петко да ја удри ќерка ми а воспитачките да не изреагираат никако или да му речат само "не е убаво да ја тепаш Ева" |( да, не е убаво Ева да ја тепа па затоа ќе го натепа Трајко.
    Исто важи и во обратен случај и таа сакам да биде казнета ако удри некое дете.
    Не знам дали е ок ќошот и затворот како дисциплинска мерка ама дека некаква треба да има, треба да има.
     
    На Girl-Rabbit, galapce, SexiLy и 17 други им се допаѓа ова.
  15. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.297
    Пол:
    Женски
    Кукле не може дете од 2-3 години само да процени дали некој заслужува почит или не. Учителот е авторитет и треба да се почитува, со таа мисла треба дечињата да тргнат во школо.
    Но воедно треба да му се објасни дека никој не смее да го тепа и ако тоа се случи да не се плаши и веднаш да каже дома.
    Јас не се сеќавам да имам трауми од школството, а она што најмногу памтам е дека највеќе ги почитувавме наставниците кои беа строги, кои не даваа да им се шушне на часот и кои бркаа од час ако некој не е мирен. Е од тие наставници најмногу и научивме. А денес родителите се тие што први го рушат авторитетот на учителот, пред децата зборат се и свашта за учителите, се караат со нив, овој нечинел, оваа не ја бивало итн....

    Не знам навистина и јас сум во милион прашалници, што е она што е најправилно??? И мене сето ова ми е ново, месец ипол како оди малиот, ама морам да признаам ми се допаѓа фактот дека им има малку страв на учителките и почитува се што ќе кажат и таква дисциплина стекна што мене на пример дома со убаво зборување не ми успева секогаш.
     
    На V.odolija, BoaVista, galapce и 13 други им се допаѓа ова.
  16. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    15.549
    Допаѓања:
    72.391
    Пол:
    Женски
    Епа ѕврц на родителите зашто ете има такви родители кои не сакаат ни да ги искараш малку нивните деца. А верувај дека има такви деца кои не можеш да ги смириш со зборување (особено ако дома не им зборуваат)... И повеќе ке пали кај тоа дете да поседи на стол 10мин, отколку да му зборува (а гледа во ѕидот), плус другиве гледаат дека не е убаво тоа што го направил и дека седењето на столчето е досадно, па нема ни да се обидат да прават нешто погрешно. Воопшто не ми изгледа казнава страшна, 10мин да седи на столче до воспитувачката за да сфати дека не е убаво тоа што го правел. И ова е крајна казна покрај зборување и опоменување едно 15 пати. Секакви деца има.

    Не оправдувам вербално заплашување, стоење во ќош, или како оној случај што беше... детето го затварале во шкаф?!?! И им кажувале бубачките ке дојдат сега! Е тоа воопшто не е во ред. Таа казна си доби.
     
    Последна измена: 31 октомври 2019
    На BoaVista, galapce, karak и 19 други им се допаѓа ова.
  17. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.747
    Допаѓања:
    65.195
    Пол:
    Женски
    Ај вака да видиме.
    Нели овие во градинкиве беа компетентни и професионалци? Зарем не се школувани за ова? Зарем не учат за психологијата на детето и како треба да се постапува и кои дисциплински мерки се најдобри да се употребат?
    Зарем не треба сите исто да се школувани и исто да постапуваат?
    Од што се компетентни сега ќе читаме овде дека употребуваат нешто што го викале затвор.
    На мали деца. И професионалци биле. Хех.
     
    На Girl-Rabbit, Mantub, sj *O* и 5 други им се допаѓа ова.
  18. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    15.549
    Допаѓања:
    72.391
    Пол:
    Женски
    Башка денешниве деца се повеќе непослушни се, се пострашни генерации доаѓаат... нешто очигледно се греши...
     
    На Girl-Rabbit, Harper, green.eyes и 9 други им се допаѓа ова.
  19. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.066
    Допаѓања:
    14.160
    Пол:
    Женски
    Значи ја бараме соодветната дисциплинска мерка за децата.
    Од претшколска возраст, од 3 до 5 години.
    Постојат деца кои доаѓаат во градинка и одма врескаат, пискаат, им ги земаат играчките на децата, им го земаат јадењето.
    Некои родители толку не веруваат во тоа што одма префрлуваат на воспитувачите дека не знаат да работат и дека нивното дете си е мирно.
    Приватни градинки зборувам.
     
    На Martka, Harper, Luna91 и 6 други им се допаѓа ова.
  20. sofi2107

    sofi2107 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2014
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    5.881
    Пол:
    Женски
    Не дека е мое па како мајка мора да си го величам и правам нај нај детето ама сепак треба да сме и како мајки искрени и реални. Некогаш да се ставиме и на местото на таа воспитачка или негователка па и нечија мајка на друго дете.
    Сум и сметам дека сум посветена мајка, во дадени моменти и премногу попустлива НО во глобала сум реално строга мајка кога станува збор за воспитување. Поучена од деца на пријатели од кој некој веќе и се по 20тина години имав прилики да ги гледам како растат, како и на кој начин биле воспитувани и во какви тинејџери пораснаа.
    Со самото тоа стекнав некоја слика на воспитување и горе/доле најдов златна средина.
    Несакам и нема никогаш да дозволам да воспитам дете кое утре ден ќе ми враќа на збор, ќе биде како грото денешни деца кој ги среќаваме често дали на улица, трговски центар или маркет. Деца кој дрско се обраќаат према родителите, ги пцујат и се понашаат недолично. Но, тоа само се препишува на не доволната дисциплина ( не мислам на лупање од земја на детето и изживување физички и психички ) од страна на родителите и градинка/школо.
    Имам другарки кој се учителки и верувајте дека им е страв да повишат тон на дете или казнат зашто? Зашто Петко се кавува кај мама/тато и они кај директорот на кој му се закануваат дека мама/тато се тие и тие и на дете не смее да му се повиши тон зашто учителката ќе направат све да остане без работа.
    Е сега во однос на градинката.
    До пред некој месец дете мое беше бубаче од мило најмило. Како грев беше кога некое дете ќе го закача или ќе му земе играчка он јаден како фетус ќе се стутка кај мене и ќе плаче. И опппп преокрет дете во последно време почна да се мења. Да крева рака на нас, во момент на незодоволство или ако го скара некој да земе предмет и да те гаѓа. И не, ние дома не се гаѓаме со предмети, не се боксуваме нит шамараме фала Богу еве 15г :D
    Да бил присутен негде на нешто такво нема шанса зашто никад никој не ми го чувал.
    И нема кој начин не го пробав за да го сфати тоа дека не е океј и дека може да повреди некој. Не, од земја не го акнав нит го шамарав. Се до моментот пред извесен период кога во игра со внук ми помалиот ( 13мес ) бебе му ја зема играчката и синко мој во дел од секунда ја граба металната количка и таман да го тресне по глава како супермен сестра ми летна го повлече бебе. Ќе му ја расцепеше главата буквално! Мајка како мајка се воздржав не да го треснам туку да не го плеснам од ѕид! Да ете скокајте сеа дека сум грозна мајка! Како го повлеков и клекнав да му објаснувам што можеше да се деси ( читај он поима нема шо значи расцепување глава нит сфаќа опасност ) зема дете да ме шамара! Баш да ме шамара! Во дел од секунда се воздржав да не му ја врзам една! Го исплескав сефте по газе и го стаив на фотеља под казна за сефте. На адаптација во градинка бубалче се израдував, но им напоменав какви испади има и да внимаваат. Збунети ме гледаа и “ као “ ма што зборуваш дете ти е како памук збор не му се слуша.
    И опппп во понеделникот идам да го зимам ( 11:30ч ) ми го носи негователката и ми вика дете твое денес не изненади сите! Од нигде негде почна да ме тепа неможев никако да го смирам ме маваше и морав да повишам тон за да прекине и да се смири!
    Пропаднав во земја буквално :worried: од бајче дете стана насилен во дадени моменти.
    И кажав слободно ако пак се повтори да му свикаат без двоумење зашто не смее такво нешто да прави.
    И вчера беше хорор. Ми се јавија дека имало инцидент кој за среќа го спречиле. Кога ми кажа што се десило .... верувајте дека да бев таму хмммм нај ама нај искрено ќе го истепав јас за прв пат. Некое детенце му ја земало играчката и мојов да ја земе некоја голема дрвена играчка да се стрча да му ја тресне од глава. Среќааааа една од негователките изреагирала. Одма во минутата ми се јавија мене. Им кажав да го плеснат слободно по газе и скараат ама без двоумење!!!! Да баш тоа кажав ете грозна мајка сум!!!
    Ама ајде реално да гледаме бива ли?
    Што ако недај Боже стварно ете дојдеше до момент да го тресне и да му ја сокрши главата на тоа дете? Можеше да дојде до последици по тоа дете! Тоа дете има родители па дај да се ставиме во ситуација да ни се јави воспитачка испаничена да ни каже : Ве молам се деси страшно нешто детето ви е со дупната глава, тече крв мора да дојдете по него! Па шиење, па потрес мозок и кој знае што може да биде! Па како би изреагирале јас/вие на местото на таа мајка? Ја во несвест би паднала ни диезапам не би ме спасил и хаос ќе направам со родителите на тоа дете ама буквално хаосссс.
    Епа ете во оваа наша ситуација јас дадов зелено светло и одврзани раце на воспитачка и негователки да му повишат и тон, плеснат по газе ( не да го акнат од земја нели ) и дали на стол или на кревет невитно да го стават под казна ( Тајм аут методата ) .
    Еве јас не знам кај потфрлив и во кој дел на воспитувањето за да дојде до од дете бубалче до дете кое има вакви испади. Не го акаме од земја, не лечиме фристрации на него, не се тепаме по дома и маваме со предмети нит бил видел такво нешто до сеа негде!
    Инаку да резумирам дека во глобала е тежок љубовџија, само се гушка и бакнува и многу е мил. Но, еве има и вакви испади. Оние кој го немаат видено во тие испади никогаш не ми веруваат кога ќе им кажам. Го знаат како мирно, мило, гушкатор и само да се бакнува дете.
     
    На Girl-Rabbit, the.vampire.girl, green.eyes и 6 други им се допаѓа ова.