Дисциплински мерки во градинките

Дискусија во 'Дете' започната од GirlLove, 30 октомври 2019.

  1. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.846
    Допаѓања:
    14.461
    Пол:
    Женски
    Сигурно не казнуваат деца ако кивне и не си ја покрие устата со рака.
    Си има основни правила, нема тепање, нема качување по маси, нема крадење играчки, нема фрлање храна. Тие работи секој ден се зборат и ако детето упорно се спротивставува во тој случај седење на столче некоја минута не е крај на свет, таман воспитна мерка си е.
    Ве читам спомнувате 30мин-2часа. Тоа е претерано. Вообичаено се оди минута по година. Значи дете од 3 години треба да седи 3 минути, не 1 саат.
    А тоа се деца, ќе трчаат, ќе викаат, ќе им паѓаат работи, нормално е. Ама ако оди штипе некое дете, тоа дете плаче, учителката му вика немој, и тој оди штипе друго дете, па нормално дека добро би му дошло 3 минути да размисли малце. А муабетот е неизбежен. Никој не е роден учен. Ако не му кажеш дека не смее да штипе, од кај ќе знае?
     
    На Lella, Girl-Rabbit, candy.cane и 14 други им се допаѓа ова.
  2. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.522
    Допаѓања:
    288.771
    Мене детски психолог ми ја препорача оваа мерка за справување со проблематични ситуации. 1-3 минути ми беше речено за таа возраст од 2-3 год.
     
    На Girl-Rabbit, mimiiiii, Coco31 и 7 други им се допаѓа ова.
  3. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.971
    Акo не се рaзбирa тoa дете oд збoр и упoрнo прoдoлжувa сo штипење или мaвaње и рaзни aгресивни oблици, тешкo декa ќе гo зaдржиш нa кaзнен стoл или ќе имa некaквo влијaние. Тие децa штo редoвнo беa кaзнувaни нa тaкoв нaчин честo беa кaј психoлoзи.
    Зa ситници oд типoт -не стoи вo врстa, стaнaл зa време нa јaдење или земaл игрaчкa, други метoди пoстoјaт. Изoлирaње oд групa не знaм кoлку е пaметнo.
     
    На GirlLove му/ѝ се допаѓа ова.
  4. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.896
    Мене дефектолог (и тоа дефектолог што многу го ценам) ми препорача 4-5 минути во ќош. Е тоа што син ми ќе згреши и сам вика Ќоооош, се смее и оди таму, е веќе мој проблем :)
     
    На JoyJoy, Feminka22 и Spidy им се допаѓа ова.
  5. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.522
    Допаѓања:
    288.771
    Па да, постојат други методи за ситници. Дефектолог или психолог мислам не зборуваат за ситници.
     
  6. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.909
    Допаѓања:
    36.740
    Пол:
    Женски
    А вие мислите дека тајм аут методата се применува за секоја ситница? Јас колку што сум запознаена (барем кај нас во градинка е така) оваа метода е крајна опција, откако сите претходни обиди биле неуспешни. И не трае подолго од неколку минути. И јас дома ја применувам понекогаш :!: Немајка :^)
     
    На JoyJoy, candy.cane, M&M и 13 други им се допаѓа ова.
  7. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.846
    Допаѓања:
    14.461
    Пол:
    Женски
    Јас кога ја коментирав оваа метода, така ја замислував. Ако за се ги ставаат во ќош, па цело време сите деца само во ќош ќе бидат. Деца се, ќе прават грешки и глупости. За тоа има персонал кој треба да ги пази. Казните се за намерно однесување кое претходно било објаснето дека не е дозволено, и зошто е така.
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.586
    Допаѓања:
    140.186
    30 деца да ги чува една жена, притоа воспитани дека учителките треба да заслужат почит, нема шанси да седат мирни.

    Столчето како мерка го нема во нашата градинка, се е на база на награда со 5ка на раче и гушкање.

    Мојот психијатар вика дека само гушкање треба и кога има напади на врескање и гризење.

    Јас пре би казника со НЕМА 5КА ЗА ТЕБЕ ДЕНЕСКА отколку седење на страна. А дома немаме казни, раговор само. Мене од такт ретко ме вадат, за да удирам дете и да покачам глас, треба ептен да е хорор нешто. Мојата мајка се дереше за се и маваше по газ со влечалка, па ништо не и кажувавме за да не не казнува. На крај само она изгуби.
     
    На mal.ecka, Lolipop23, fana и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.522
    Допаѓања:
    288.771
    И мене ми рекоа при напад на гризење/врескање или да игнорирам или да гушкам(зависно што е вистинското за детето). Во таква состојба не можеш дете да му даваш тајм аут, најчесто вришти истегнато на земја, ваљда нема низ соба да го влечат до ќош да дојдат.
    Но провокативно, свесно, намерно пркосење и нанесување штета/болка (најчето по икс пати) е друго.
     
    На gjoker4e, candy.cane, Coco31 и 7 други им се допаѓа ова.
  10. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.871
    Допаѓања:
    28.562
    Се сложувам дека се основни особини, кај некои деца помалку изразени , кај некои повеќе.
    Но мислам дека децата кои се потемпераментни, пољубопитни, им се поголем проблем на воспитувачките и најчесто таквите се казнети. Мислењето ми е стекнато од случки кои ги имам слушнато.
    Многу често темепераментно и љубопотно дете се поистоветува со лошо и невоспитано дете, па таквите се често казнети со казнени столчиња, стапчето ,,Мирко" , магарешка клупа и сл. И гледам ова го сметаме за нормално, особено кога јавно пред цела група се прави, демек поучно е.
    Фали она сфаќање дека се деца кои се љубопитни, темпераментни, зборливи на кои им треба внимание, можеби повеќе трпение и објаснивање за направените грешки.
    Инаку и јас сум казнувала дома, но поголем ефект имам видено од разговарање после смирена ситуација, затоа споделив мислење.

    Дани а како успеваш во проблематична ситуација да го седнеш на столче и да седи 3 мин мирно? Пример сабајле пред градинка бара што да облече, се противи на твојот избор, станува напнето, плачење, викање... и ти - оп, ајде на столче! Те слуша ли?
    Искрено, нормални ми се такви ситуации , секојдневно се справуваме и ние дома , ама прашањето ми е како расплачено и нервозно дете успевате да задржете мирно да седи.
     
    На kukla21 и Cka им се допаѓа ова.
  11. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.522
    Допаѓања:
    288.771
    За мене е нормална фаза од развитокот да се обидува сама да си одбере облеката. Во плакар се работи соодветни за временска сезона, ако реши да облече еден фустан да носи нека го носи. Проблемот ми е кога истовремено сите викаат и не можам да сфатам кој што сака и тоа кај нив нуди негативни емоции па е мал мини хорор со вриштење. Не дека оти јас не би дала фустанот да го носи, туку ланецот на комуникација е нарушен.
    Не тепам, не се дерам, тајм аут неколку пати имам употребено.
     
    На mal.ecka, Girl-Rabbit, candy.cane и 2 други им се допаѓа ова.
  12. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.257
    Допаѓања:
    16.531
    Родителот сте знаете дека не можете што се вели на крај со едно да излезете, а не 1 на 30 или 2 на 16.
    Лупам.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  13. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.756
    Допаѓања:
    21.441
    Пол:
    Женски
    Внимавај на психата на детето кога ќе му го повишиш тонот, внимавај кога ќе го ставиш на казнено столче, а особено пази да не ти се случи никако да го плесниш по газе или раче кога по 1000ти пат не се разбира од збор... Психата на детето.
    А кај е тука психата на родителите, на оние кои поминуваат квалитетно време со детето, воспитувачките, наставниците? Нивната психа не е битна ич? Па да ми се качи на глава и 1000пати да повторам што не треба да прави и што е погрешно, па ќе се мрднам од памет бе. За среќата на детето, клучно е и луѓето околу него да се среќни и задоволни.

    Толку потценување прочитав низ коментарите за оние кои се тресат на вашето дете секој ден, му менуваат пелени, го хранат, го социјализираат. На крај не чинат ако го стават на казнено столче, бидејќи Неговото Височество не било разбрано и ја реметело цела група. Епа извинете, ако дома вашето дете ви е центар на светот и не дозволувате криво да биде погледнат, во градинка има едно 30тина деца како него кои не се воопшто должни да трпат нечии испади. Па и не заслужувале почит воспитувачките оти биле вработени со 3месечен курс, или оскудно образование.(facepalm) Леле мајко, чувајте си го во стаклено звоно дома, никако во градинка. Да му го бриши газето некоја необразована, па на крај да бара и да биде почитувана? Молам? Нема шанси.:D

    Ќе бидам досадна и напорна со муабетов, ама последниве генерации од деца се ужас. Скоро сите деца во моја околина кои ги познавам се разгалени и лоши. Креваат рака на родителите, немаат култура, плачат, вриштат ако не го добијат тоа што го сакаат. А родителите од страна се смешкаат, као "темпераментна е, ќе и помине". Не е темпераметна и нема да и помине, туку ќе се влоши состојбата. Ако на 4ри години е во состојба да крени рака на родител, шо ќе прави во тинејџерските години? Ќе те брка од дома ако не и дадеш пари за кафе или?
    Се знаеше кај мене, доволен беше еден поглед од мајка ми да знам каде ми се границите. Само да ме погледне на криво, ништо повеќе. Се дешаваше да бидам и плесната по газ кога ќе претерав. И што? Еве ме, во психички болна особа израснав, а мајка ми не сакам со очи да ја погледнам. Како само можела по газ да ме удри кога ќе се понашав крајно невоспитано. Мамо ма, немајко една:o

    Ги оставате децата да ве манипулираат како сакаат, не се тие наивни душички како што изгледаат баш. Ќе се однесуваат онака како што вие се поставувате со нив. И да, највеќе го почитувам другарскиот однос родител - дете, ама клучен е оној во кој ќе се поставите како авторитет пред се.
     
    Последна измена: 3 ноември 2019
    На Hipster, jacqueline.s, Lady*Bug и 30 други им се допаѓа ова.
  14. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.257
    Допаѓања:
    16.531
    На christinnn и fana им се допаѓа ова.
  15. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.815
    Допаѓања:
    97.327
    Пол:
    Женски
    Фала богу дека само она губи.
    Тајм аут е друго кога е дома, друго е кога е пред куп деца на кои треба да им биде пример детето кое седи на столчето па уште магарешка клупа ја викаат, ко на детето да не му е доволен товарот од тоа што седи изолирано, па уште пример треба да е.
    Какви родители постојат, да ти е страв да читаш. Факт е како и родителите така и воспитачките ги мрзи колку и да звучи невероватно, едноставно ги мрзи да застанат и да разговараат а полесно е пикни го у ќош и плесни го. Па после стануваш зависен од чувството кога гледаш како лесно си се ослободуваш од нервозата. Еден психијатар/психолог нема посочено позитивна страна на ваквите казни, али мајки сме ние, кој знае подобро од нас
     
    Последна измена: 3 ноември 2019
    На gjoker4e, fana и zuto им се допаѓа ова.
  16. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.257
    Допаѓања:
    16.531
    Постојат деца каде што ни разговор не помага.
    Не знам како не сфативте дека сите се различни, како и ние.
    Еден муабет му го кажуваш 1000 пати. Со убаво, па после одбираш зборови, па го мазиш со пердув. Се само да не се изгуби клиентот.
    А психата на вработените???
    Не, не е битна.
    Баталете амерички филмови. Премногу се занесувате декљ децата наши и тие таму се исти.
    Погледнете им ја средината и културата каде што се растени.
     
  17. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.235
    Допаѓања:
    67.743
    Пол:
    Женски
    Само 7 години има најмладиот пациент со депресија во Македонија
    https://meta.mk/samo-7-godini-ima-n...O-pA-jbkn6AfkFLjW7kgcnrvbIb0GLtsNfAss9VL8_LI8
    Се помали се децата кои имаат симптоми и знаци на депресија, односно кај кои се јавуваат депресивни манифестации, предупредуваат детските психолози и психотеравпевти.

    Само седум години има најмладиот пациент со кој работи психологот Катина Павлоска во Центарот за ментално здравје на деца и младинци.

    Во Македонија не се води точна евиденција конкретно за оваа патологија. Според податоците на Светската здравствена организација пак, во светот, од 10 до 20 отсто од децата и адолесцентите икусуваат ментални растројства. Половина од менталните болести започнуваат од четиринаесетгодишна возраст. Невропсихијатриските состојби се водечки кај младата популација во сите региони во светот.

    [​IMG]
    Менталното здравје кај младите во европскиот регион. Извор: СЗО
    – Водечки страв кај децата е стравот од неуспех, на било кое поле. Не знам колку се свесни родителите што им прават на нивните деца со изјавите „Ако не учиш никој нема да те сака“. Симптоми на депресија се јавуваат многу рано, уште во училиштната рана возраст. Но ние тоа не го ставаме во депресија, туку го нарекуваме депресивни манифестации. За жал, тие се јавуваат на сѐ помала возраст. Причините се бројни, има повеќе компоненти, всушност како за сите емоционални и психолошки состојби. Влијание имаат самото воспитување, околината, загубата. Депресијата знае да биде одговор на загуба. Но, не мора таа загуба да значи загуба на блиска личност, туку загуба во смисла на тоа кога детето се префрла во ново училиште, со што следуваат стравовите на пример, дали ќе биде таму прифатено. За тоа дали едно дете ќе пројави симптоми на депресија, има улога биологија, но и семејство. Емоционалните проблеми и депресијата најчесто одат со анксиозноста, а со тоа и стравови, опсесивно фобични негативни мисли за себе, страв дали ќе успее, дали ќе биде сакано – објаснува Павлоска за „Мета.мк“.

    Околу третманот на депресијата кај деца, Павлоска вели дека прво се почнува со советување, со поддршка и на детето, но и на родителите.

    – Не се оди веднаш на терапија со лекови. Даваме најчесто витамини за релаксирање, но ако состојбата е со поголеми размери, тогаш се дава и терапија со лекови. Ниеден производител на антидепресиви, не дава нив да ги користат деца, но праксата е таа, тие се користат каде што навистина има потреба – информира психологот.

    Ивана Хаџиванова, психолог, психотерапевт и основач на „Неокортекс“, центарот за психотерапија, психодијагностика, тренинг и едукација, вели дека кај неа доаѓаат се повеќе деца и адолесценти кај кои таа препознава депресивни симптоми и реакци.

    – Добро е што родителите сѐ повеќе се отворени за соработка и бараат стручно мислење и помош, односно дел од нив веднаш штом препознаат промени кај своето дете го носат за консултација и потенцијално третман. Следствено на ова, покрај индивидуалните психотерапии, семејно-системскиот пристап и сесии се секојдневие во нашата работа, особено кога станува збор за малолетни личности – вели Хаџиванова.

    За тоа, како да се препознаат симптомите, што да преземат и како да постапат родителите, таа вели дека треба да се обрне внимание на повеќе нешта.

    – Важно е да се знае дека депресивната слика кај децата и младите може да се манифестира со свои специфичности и разлики од сликата типична за возрасните, кои се должат на разликите во развојот, матурацијата и животниот циклус. Кај овие возрасни категории особено треба да обрне внимание во детекција на следните симптоми и бихејвиорално-емоционални промени: иритабилност и лесна раздразливост, променливост во расположението, пад на фрустрациона толеранција и опозиционалност особено во контакт со родителите, потешкотии во социјалните релации како конфликтуозност, или можеби повлекување и изолација, губење на секојдневните задоволства во кои до сега се уживало, односно намалување на играта и забавата, а чести се и соматските поплаки и тоа најчесто болки во стомакот и главоболки. Многу типични се и негативните вербализации за себе, поплаки дека не се доволно добри и како другите и не се популарни, односно јасно да го манифестираат падот на самодовербата и негативната слика за себе – појаснува Хаџиванова.

    Значаен индикатор, додава таа, за родителите треба да биде и наглиот пад на училишниот успех и поведението во училиштето.

    – Децата и адолесцентите имаат побунтовни психолошки механизми и често знаат да прават агресивни и бесни празнења (temper tantrum, acting out). Адолесцентот може да манифестира и мрзоволност, да се жали дека се му станало досадно, да биде претерано опседнат и незадоволен од физичкиот изглед, да се соочува со зголемени анксиозни стравови и тоа често врзани за телесното здравје. Морам да напоменам дека депресивноста кај адолесцентите во многу случаи оди заедно и со злоупотреба или зависност од психоактивни супстанци. Некогаш и не е така лесно родителите да ги разликуваат и препознаат симптомите, бидејќи често се препишуваат на пубертетот или другите развојни фази, како и психо-биолошките промени кои се нормативни за детството и адолесценцијата. Неопходни и пожелни се навремени реакции и рано препознавање од страна на родителите, па со внимателен пристап кон сензитивната детска и адолесцентска личност да се побара стручна помош за психодијагностика и третман со професионалец од областа на менталното здравје – додава психологот.

    Според последните извештаи на Светската здравствена организација, во европскиот регион расте бројот на случаи со ментални проблеми и однесување кај децата и адолесцентите. Последното истражување за здравствено однесување кај деца на училишна возраст, 29 отсто од петнаесетгодишните девојчиња и 13 отсто од петнаесетгодишните момчиња во европските земји, изјавиле дека „се чувствуваат „down“ повеќе од еднаш неделно. Исто така, едно од 10 адолесценти (петнаесетгодишници), редовно пијат алкохол еднаш неделно (9 отсто од девојчињата и 16 отсто од момчињата).

    Во извештајот е нотирано дека самоубиството е водечка причина за смрт кај адолесцентите (на возраст од 10 до 19 години) во земјите со низок или среден приход, а е втора водечка причина за смрт во земјите со високи приходи во европскиот регион. Во 2015 година, во Европа имало над 4.000 самоубиства кај деца од 10 до 19 години.
    Ако вработениот не може да се снајде и му е тешко на психата слободно нека оди да си бара друга работа. Исто како и сите други што прават кога се во таква ситуација.
     
    На gjoker4e, senjorita-v, AngelOfArh и 4 други им се допаѓа ова.
  18. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.257
    Допаѓања:
    16.531
    Најлесно е да се каже, најди си друга работа.
    Да седеш без пари со месеци.
     
  19. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.235
    Допаѓања:
    67.743
    Пол:
    Женски
    Море не само друга работа, туку сосема да се смени професија. Работата со деца треба да е од љубов, ако не е, подобро е било што друго да се работи, а не да се истура нервоза на деца. За жал има и доста такви. Се тоа треба да се искорени. Но, за жал знаеме какви се кај нас работите и тоа е тоа.
    Оваа работа не треба да се работи само за да се има пари, ако е само за тоа може келнерка во било кое време да се работи и пак нема дома да се седи.
     
    На gjoker4e, AngelOfArh, candy.cane и 6 други им се допаѓа ова.
  20. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    28.546
    Мое мислење е дека не треба да се применува иста мерка за сите деца, туку треба индивидуален пристап кон секое дете. Не пали кај секој истата метода на казна или убедување за нешто. Јасно ми е дека се многу деца и дека не може да се знае сѐ за секое дете, ама тоа се решава со консултација со родителите. Јас и кај моите две деца различни методи употребувам скоро секогаш.

    Имав сега скоро лично пример, не се работеше баш за дисциплинска мерка оти моите деца се релативно послушни, туку се работеше за пристапот до моето дете кое одбивало да јаде во градинка цели 9 саати. Воспитувачките пробале и со добро и малку на сила, но никако не можеле да го натераат да јаде, па ми се пожалија.
    Наредниот ден откако ми кажаа за тоа, одам да го земам и одма ме прашаа: „Добро што му направи на детево, како успеа? Сите оброци ги јадеше, дури и по две чинии бараше од ручекот.“ Кога им ја кажав „финтата“ нивната реакција беше: „Леле да, таков е тој, како не ни текна!“

    Знам дека е малку вон темава примеров, само сакав да посочам дека ако не воспитувачките, родителите би требало да знаат како најдобро се пристапува со нивното дете и да помогнат во таква ситуација. Лошото е што има родители кои недоволно си ги познаваат своите деца (небитно поради која причина), па не знаат да пристапат соодветно. Не ми е намерата да навредам никого, само да кажам дека со малку повеќе труд може да се пристапи до секое дете, а родителите се тие кои може и тоа како да помогнат во тој процес и надвор од дома.
     
    На pianogirl, AngelOfArh, M&M и 7 други им се допаѓа ова.