Да знаеш само под каков притисок се работи. Газдите не ни даваа слободен ден ни кога сме болни. Кратат од плати. Се изживуваат со нас.
Еве пример за оглас за негователка: X...е приватна детска градинка која постои од 2015 година. За потребите на градинката, се распишува отворен оглас за слободно работно место:НЕГОВАТЕЛ. Идеалниот кандидат/кандидатка ги има следните квалификации: - Лиценца за неговател издадена од Министерство за Труд и Социјална Политика - Работно искуство во градинка - Познавање англиски јазик е предност - Сака да работи со деца - Културно се однесува - Одлично комуницира и со деца и со возрасни - Има висок праг на самоконтрола и толеранција. На ваков оглас во приватнава градинка не верувам дека ќе вработат негователка која не знае да се справи со немирни дечиња. За во државните градинки не коментирам затоа што знам случаи на негователки кои со врски завршија педагошка со врски работат и сметам дека не се соодветен кадар за работа со деца. Сепак за оваа работа пред се треба голема љубов кон децата, разбирање на детската психологија, многу нерви и убаво навеле во огласов висок праг на самоконтрола и толеранција. Да не се лажеме не е секој за работа со деца. Инаку денешниве деца се производ на воспитувањето на денешниве родители. А плачело а играло пикни му таблетот или мобилниот во рака. Ако замара наоколу, да темпераментно било детето е изговорот. Не не е темпераментно детето туку нема кој да му обрне внимание и соодветно да го насочи од дома, е кога ја нема таа елементарна култура и воспитание не може да се очекува негователката да му го вкорени тоа што родителите не го направиле.
Не, не е најлесно да се каже. Најлесно е да се плеска детето и да си се тешиме колку добри мајки сме. Најлесно е да истуриш гнев врз некој послаб.
Од збор до збор се согласувам.Подобро додека е мало дететето да седи 2 мин во ќош, отколку големо да лежи 2 год во затвор. Детето треба да се научи дека лошото однесување (особено ако повреди некого) си повлекува последици. Денешниве родители имаат некоја чудна потреба да ги стават во стаклени ѕвона децата и да им дадат до знаење дека тие се тронот и никој ништо не им може. Во наше време 1 од 30 деца било проблематично, денеска е обратен соодносот. Очигледно нешто се греши. Како тоа да бира кого ќе почитува? Каква, таква сум му мајка има да ме почитува. Учителките ги едуцираат, хранат и бришат газе, има да ги почитува. За тоа нема компромис! На возрасен се знае како се обраќа. За тоа не му давам право на избор! Ако крене рака на мене , ќе повишам тон и ќе мора да се соочи со мојата лута фаца. Тоа е последица на неговото однесување. Сум била плескана и по газ, се трчало со папуча по мене и сум благодрна на тоа. Не сум психички пореметена. Случка од парк. Дете од околу 7/8 год си игра со други деца. Мајка му луѓе , пола саат го викаше по име како навиена. Детево игнор. Мајка му продолжува да го моли да оди дома, детето се врти и ја опцу. Мајкта почна да му се заканува со таткото, детево игнор. И мајкава свитка опашката и си отиде. Да беше мое дете, наклоци би го терала до дома, не да ми биде страв да му се приближам. Ете такви деца сретнувам се почесто. Тоа е резултат на таквото опен мајнд и кул воспитување.
Тоа е проблемот, детето ако дома се однесува добро, има убаво воспитување, ред и дисциплина, не може во градинка да биде без контрола. Тоа што дома е шеф на сите домашни и ги врти околу мал прст, така ќе се однесува и во градинка. Вчера бев во игротека на роденден. Моево има 9 месеца и беше седната во базенот со топчиња. Дете од околу 6 години се качува на кровот од пластична куќарка до неа. Ако се лизне врз глава ќе и падне. Му викам, зошто се качуваш, види како сите деца си играат доле убаво, сакаш да паднеш и да се удриш. Го симнувам од кровот. Врти кругче низ игротеката 2 минути, се враќа, во очи ме гледа и се качува пак. Го земав за рака и построго реков: нели ти реков дека може да се повредиш, ајде симнувај се. Мајка му седи на метроипол до него, мува не ја лази. Две девојчиња ги следат 8 деца што се таму, ги пазат, им помагаат, ама не може да бидат секаде секогаш. Да не беше моето дете таму, ќе беше некое друго. Откако тој од кровот ќе му падне врз глава на детето под него, џабе и ќош и муабет и казна. И да не повреди друг, себеси може да се повреди. На искачање го гледам детето испотено од трчање, мајка му го држи за ракавот од блузата и му се дере: сакаш ли да те носам дома сега?, сигурно направил пак нешто. Тој само се извлекува и продолжува да трча. Воопшто не го дирна тоа што мајка му го кара. Јас да сум воспитачка во градинка и тоа дете да треба да го чувам 8 часа, и те како ќе го турам во ќош кога е опасност за останатите 20 деца околу него. Подобро 3 минути во ќош него на душа да ми е бељата што ќе ја направи. А да го воспитам нема шанси. Кога никаков авторитет нема мајка му, учителка сигурно нема да има. Има деца што се разбираат од збор, и има такви што не се разбираат. И тоа се учи и на 1 година дома, а не на 3 во градинка или на 7 во школо.
А ти наместо да си го прибереш твоето бебе од 9 месеци во таа гужва, одиш и се расправаш со туѓо 6 годишно дете? Таму се за игра и за лизгање и за скокање во базен од топчиња. Не да се грижат бебиња да не повредат.
А ако беше моето 2 годишно таму? да ја приберам од гужвата оти багабонтот не е дојден да пази на неа ами е дојден да демолира, а мајка му да дреме како падната од марс? Моето да плачи зошто не си игра, ама овај да го оставиме, м?
9 месечно бебе нема што да бара во базен со топки додека има еден куп деца со различна возраст таму. Ако сака да си игра, однеси го насамо со други бебиња, толку едноставно.
Еееее сеа не си во право. Покането е на роденден. Да не оди, дека е бебе? Може Спиди сакала да го слика само. Однесувањето на 6 годишниов, а особено на мајка му не се во ред, без разлика дали имало или немало бебе кај топчињата.
Па не ја ставив во трамполината. Во самиот ќош на игротеката беше, кога отидов натака беше затоа што немаше ниедно дете таму, и јас не би сакала да им сметам на децата да си играат. Возраста на детето не е битна, и да не беше моето дете под него, стојам на 20 см до дете што се качува на кров од пластична куќарка, не знам дали родителите го имаат на видик, прва реакција ми е да не се повреди самиот тој. Може првпат пробува да се качи, и еве не знае дека тоа не е добро, и мајчински се поставувам дека треба да внимава, му го кажувам тоа, му помагам да се симне. Поентата ми беше нема плод од муабет со дете кое ни мајка му дома не му збори. Зошто да ме послуша мене или учителката кога мајка му не си ја слуша.
Не е твоја работа да кажуваш дали туѓо дете смее да се качува на кров од пластична куќарка Има енергични, еластични деца кои по цел ден се качуваат, скакаат и не се повредуваат. Штом мајка му не се секира сигурно си го познава детето и знае дека нема да се повреди. Ти гледај си го твоето другпат и за други многу не треба да се секираш. Ако сметаш дека е во опасност, тргни го. Бебе е, твоја одговорност е.
Вториот пат кога се качуваше, веќе ја имав тргнато. Не сум будала да ја оставам во ризична ситуација. Ама логиката дека затоа што е туѓо дете не треба да се грижам дали ќе падне не ти држи. Човечки е да се грижиш, зошто е дете, не знае, не се плаши. Не мора да сум вработена во игротеката за да го припазам во моментот. На секој може детето да му избега од видик на пола минута и се да се случи. Ако можам да спречам да скрши нешто при пад од метро ипол, пак "ќе се сеќирам за туѓо дете".
Да, да, познавам мајки што толку многу се секираат за други деца само кога нивното е околу нив, или за да ја оговараат мајката и да се истакнат тие колку подобри, погрижливи мајки се. Се повреди детето на крај? Си замина крваво дома? Сигурно не, поради твојата грижа, секако. Сите би изреагирале кога дете е во опасност, само тука не се збори за тоа, да бидеме реални.
Зошто? Не те разбирам. Ние родителите сами сме одбрале да имаме дете, значи од љубов и со љубов го правиме тоа. Ако сме го сметале за товар ич не требало да го правиме веројатно.
Значи не му го спасив животот на тоа дете, ниту со некого го искоментирав однесувањето на мајката. Ако прочиташ некое мислење мое по темиве за бебиња ќе видиш дека по повеќето стандарди сум најголема немајка. Не ни сакам во животот да се однесувам припотресена за бебето. Нејсе, случката ја дадов како пример дека како и да се поставиш према дете кое се однесува погрешно, дали со најмил збор или со дерење, ако детето нема воспоставено ред од дома, нема да има ефект. Темата беше дисциплина во градинките. Се ставам на место на една воспитувачка која е одговорна за група деца, за сите еднакво е одговорна, а секогаш ќе има мирни и немирни деца. Сакав да кажам дека секогаш треба да се проба да се разговара со детето, особено кога е доволно големо да разбере, ама мора да има поголеми дисциплински мерки за тие деца кои во очи ќе те гледаат и пак ќе прават бељи, малтене за инат.
Spidy нема ти што да се секираш и пикаш нос во туѓо дете. Ако одевме сите така да делиме совети на деца што не се наши ехеее. Ко прво некоја мајка може да ти рече да не му се обраќаш на нејзиното дете со наредби и со право. Па и не те слуша, а зошто да те слуша која си ти? Ако имаш нешто да кажеш одиш дирек кај мајката.
Па може дома и клоци му маваат па затоа ни збор веќе не пали. Не знам твоето колку е поарно од нејзиното.