@GirlLove и други кои работите како воспитувачи, сакам да прашам дали казнетото столче како метода за решавање конфликт кај децата ја има во книгите од кои сте учеле. Како таму се гледа на моментот детето да биде понижено со седнување на тоа столче. Сте учеле детска психологија, предучилишна, развојна, па ваљда таму е запазен моментот како да се реаѓира кога настанува конфликт во групата. Само тој метод ли го знаете? Нели помага повеќе повишување и снижување на гласот, задржан поглед, наградување со 5ка, раскажување поучна случка за проблемот... Па ете нека биде и казна од типот одземање играчка или боички и сл. Јас искрено не сум толку против казните колку што конкретно сум пртив тоа изолирање од цела група и седнување на казнетото столче, го сметам за понижување на детето. Ќерка ми била казнета во градинка,т.е одземена и беше играчка која ја однесе од дома затоа што одбивала да се вклучи во активностите за да ја игра играчката. Воопшто не се побунив ни навредив, после 3 дена и беше вратена играчката со објаснување дека наредниот пат воошто нема да и ја вратат. Еднаш настанало расправија во групата кој да легне на првото креветче, воспитувачката го надминала проблемот со тоа што креветчето останало празно и никој не спиел на него (не искористила казнување со столчето). Друг проблем беше кога со некое мече се мавале децата, мечето им го одзела и знам дека сеуште не им е дадено да играат. Овде можело една купа деца да ги седнува на столчето, ама одбрала други начини и методи. Јас не се потресувам ако на моето дете му повишат тон кога треба, ако биде казнето со казни од типот (одземање играчка, преместување на друго креветче и сл) ама понижувачки ми е методот да ги седнуваат на столче издвоени како лоши и грешни. Сигурно има други методи и истите би дале поголем ефект врз воспитувањето на детето а не моментално стивнување на конфликтот. Инаку ви ја ценам работава и ви се дивам на трпението кое го имате. По мое ја работите најодговорната и најзначајна работа. А се сложувам и со муабетот на @zuto , не кај сите деца делуваат истите методи, па начинот на ,,контролирање,, на децата треба да биде прилагоден. Кај некое е доволно повишување на глас, кај некого само остар поглед, друго пак бара да слушне причина зошто нешто не смее да прави. Чинам тие последните се најтешки и тие најчесто се казнувани. Воспитувачите си ги познаваат децата и треба да знаат на кој начин кај кое дете. А се разбира потребна е соработка и од страна на родителите, затоа е битен и коректен однос помеѓу воспитувачите и родителите. Темава е несицрпна, има многу што тука да се збори.
Да да, затоа ја пцуеше, а на неа и беше страв од сопственото дете. Изгледа обратно ќе да беше, тоа ги дига на клоци по дома. Инаку мојата е мала, ама уште од сега знае кај кого, колку и границта. Разговарам со неа како да е поголема и фала му на бога е разбрано дете. Доволно е да ме види дека сум лута и знае дека претерува . На 2год и 3м знае да дојде и да се извини. Уствари не ни мора да знаеш за моето дали е подобро или не. Ќутете на секој испад без да повишите тон или да примените некоја казнена мерка и кркајте шамари и клоци од сопствените деца. Дека нели тоа фаза е, ќе помине.
Плеснување по газе, одземање омилена играчка , тајм аут и сл. Зошто ако не помага муабет не можеме да кренеме раце и да речеме ете такво е, а Тоа да мава, да пцуе кај стигне. Муабетот никогаш не треба да изостане, ама и друга метода не е на одмет ,кога гледаме дека само муабет не пали. Зошто плеснувањето по газе се смета за претепување и психички трауматско дејствие, затоа сме дојдени до овој степен
Just to say.. се дур идете со она -ајде мило немој, ама немој мило а тоа упорно продолжува да прави нешто што НЕ треба, од тоа дете ќе направите прво индивидуа која нема да знае што значи да му се каже НЕ, агресивна личност, размазена личност и на крај, на глава ќе ви се качуваат. А ако некогаш кога ептен ќе забегаат им го повишите тонот, ги седнете на ,,казнено столче” тие деца ќе го научат методот награда-казна и ќе научат што значи АВТОРИТЕТ и почит кон повозрасен. Ако им покажеш заби ќе си ја соберат опашката со време.Ако не..отиде возот, прасето пред Божиќ не се гои. Ви кажувам како девојче кое и во градинка и во основно трпела врсничко насилство и била опкружена со деца кои не знаат за НЕ и НЕ МОЖЕ. Он се клацка на стол, наставничката му вика немој ќе паднеш вака-така он продолжува и продолжува бидејќи гледа дека е мека и си поиграва со нејзиниот авторитет. И во средно е така, збори пример некој на час, го ремети часот и проф. ќе ги опомене со фино ,,доста ајде попосле ќе си кажете тоа што имате” ; ,,бидете потивки” итн и они ќе си продолжуваат со муабетот и реметење на часот се дур на проф не и пукне филмот и не се издере ,,тишина глас да не чујам” или ќе се закани со запишување во забелешка. Е тогаш сите како бајчиња учат. Така да не си ги штедете децата толку и не ги чувајте под стаклено ѕвоно бидејќи само лошо им правите така и на крај вам од глава ќе ви се удри тоа.
Баш така. Прост пример во школо, строгите професори секогаш ги слушавме и почитувавме. Со попусливите и мирните, се играше мајтап, на глава им се качуваа. Децата се мали манипулатори, истото го прават и со родителите. @danichap секако ќе терам јас како што си мислам. Ова е форум, си размениваме ставови.
Затоа го дадов примерот со средно..чим деца на 17-18 год. што разбираат што е манипулација, професор, авторитет итн го прават тоа, зошто мислите дека малите деца не го прават истото само што врска си немаат од авторитет од стравопочит итн.. Колку деца знам и машки и женски, од што им се треселе мама и тато и им дозволувале се и сешто да прават, станале тешки манипулатори, агресивни личности, личности кои не прифаќаат никако освен по нивно..
Извинете, ама смешно е да се убедуваме дека да го мавнеш детето е добро при толку факти и докази во денешно време. Еве ви пример: Smacking children could encourage violent behaviour in later life and lead to academic problems or mental health issues. According to new research, there is less violence among young people living in countries that have banned corporal punishment. Countries with legislation enforcing a complete ban on hitting children experienced rates of physical fighting up to 69% lower than states that condoned smacking. Ете ви ги фактите, па зборувајте до утре дека има ефект. Моментално ќе го исплашиш, ама тој страв си делува понатаму. Раскажувајте анегдотални приказни до утре, ама џабе е. Кај нас најголем дел од родителите се уште воспитуваат со ќотек, тоа вие што го гледате е само револт на детето, мавано дете учи и да мава, враќа од бес. Најголем дел од родителите се користат со вербално и психичко малтретирање. Воопшто не ми е гајле дали на некој му изгледало моето дете некако во одредена ситуација. Гајле ми е за неа и нејзиното здравје. Никој не зборува дека детето не треба да се дисциплинира и да ги знае границите, напротив. Зборуваме за како е тоа најдобро да се направи. И најдобро за детето, а не за психата на вработените во градинката. Еве навистина, нека пише @GirlLove , што учела, како пишува да се постапи?
Реин..никој од нас не збори за мерката ќотеќ.Бар јас не поддржувам да удри некој мало дете, ни родител не па некој друг. Јас конкретно зборев за повишување тон и казнени мерки од типот на казненото столче, одзимање играчки и слично. Никој/с од вас немале во школо магарешка клупа за непослушните?не е истото? Не ви свикале некогаш во школо кога ќе претерате?или на некој друг? Епа истото е, дали има 3,4 или 13,14 години истото е.Плус како викаат ,,железото се кова дур е жешко”. Еве јас како мала ептен сум била џамбаз, жива струја и се ме интересирало, секое ќоше дома сум го нушкала, АЛИ кога моите ќе ми кажеле Феминка, НЕ јас сум сфаќала дека има работи кои не треба/не смеам да ги правам. Сум знаела дека во спална нема чепкање, нема зимање облека или шминки од мајка ми, компјутерот на татко ми не ми бил играчка туку мисловна именка, пикање прсти во штекер, фаќање рингли и друга електрика исто ми било забрането. Не ми објаснувале сигурно на 3,4 години зашто не смеам тоа да го правам ама нивниот збор за мене бил ЗАКОН. Не и не. Во градинка не смеело да ми падне на крај на памет да земам туѓа играчка, да повредам некого или да не ги почитувам воспитувачките.И за тоа обраќањето по име, никогаш не сум им се обратила со име ама памтам дома на моите им викав ,,Маре денес нѐ учеше да цртаме” или пр. ,,Маре денес ни кажа песничка” и памтам дека мајка ми еднаш толку убаво ми се развика и ми рече ,,не ти е она тебе Маре, не ти е другарка од градинка, туку она е ВОСПИТУВАЧКАТА/УЧИТЕЛКАТА Маре”.Уште ми е врежано ова во глава и знам дека не смеам на професор/учител да се обратам по име. Да не зборам дека учам со деца кои со ,,свиркање” ги викаат професорките..во ГИМНАЗИЈА, на 17 години. Што повеќе? Ви реков, не си ги мазете толку децата, ќе ви се удри од глава.Не гатам на памет, кажувам од вистинити примери на кои сум сведочела или знам дека се случиле во моето опкружување.
Детето никогаш не е криво. Никогаш. Но крив е оној што не може да се справи со истото и неговите потреби/карактер/емоционална состојба итн. а не бара помош од некој покомпонентен од него. Сеуште да дискутираме дека врз деца не треба да се применува удурање мислам дека е бесмислено.
Извини ама... Треба да те потсетувам што сѐ имаш пишувано за твоите родители? И тука пишуваш да не си ги мазиме децата? Баш обратно би очекувала од тебе, многу повеќе емпатија. Патем, никој не пишува за мазење, пакќе кажам, а кажав и погоре дека дисциплина мора да има. Зависи како е спроведена.
Многу подобар и поефикасен метод е тајм аут него дерење и лупање по маса. Детето не е само туку со воспитувачот. Нема што @GirlLove да ви дава отчет. Девојката потполно ја зборува вистината поготово за приватните градинки. Таму воспитувачот е приморан да погази и знаење и сопствени принципи бидејќи на децата не смее да им се укаже на ништо,не зборувам за казни туку дека децата прават што сакаат,граници на однесување,нема. Но тој проблем учителките ќе го имаат времено,а родителите трајно. Сите грешки доаѓаат на наплата покасно. Ако дете на 5 год.е спремно на воспитувач да каже "ти ќе ми кажеш". Ќе биде забавно кога ќе има 15год. Или кога ќе тргнат во школо и ќе продолжат да прават што сакаат,нит учителка,нит училиште,не може да ги исправи грешките направени дома.
Како тоа не е криво? Ако моето/твоето или на Петка детето е агресивно/бучно/раздразливо кој ќе е крив?Воспитувачките?Немој те молам.. Во првиот момент кога се сврти учителката кон другите деца, ми ја мавна главата од ИВИЧЊАК на стол. Со нормална психа беше детето, ме лупна бидејќи неќев за рака да го фатам?! Кој е крив?Она што се свртела кон групата па идиотот начека прилика и ме мавна?Или јас што не сакав да го фатам за рака? Две недели живеев на бебешка храна и попара бидејќи устата ми беше парче. Заради него, од градинка која беше блиску до мојот дом и баба ми и дедо ми можеа да ме зимаат, моите мораа дури во Центар да ме преместуваат во градинка.. Дај ви се молам со муабетиве. Бидејќи сум била ЖРТВА на ПСИХИЧКО и ФИЗИЧКО насилство, а ми било страв да се пожалам негде, да не добијам некоја столица по глава, затоа ОПРАВДУВАМ дисциплински мерки. Бидејќи со мољакање и циле миле фајде нема. Ќотекот уопште не го дискутирам бидејќи не поддржавам такви мерки поготово кон дете во години во градинка. @RainBow не треба да ме потсеќаш, памтам се што сум пишала и си стојам зад тоа.Баш пошто не сум била мазена и галена туку ми се викало за се нешто, а јас сум карактер кој само контра ќе оди од тоа. Од се што пишувам овде на форумов, дали за добро со моите дали за лошо, гледајте да извлечете некоја поука. Не пишувам туку така, дека сакам да се исповедам овде или дека цел форум треба да знае што ми се случува во животот, ама од искуство на едно 18 год девојче многу родители можат да ,,укапираат” и сознаат некои работи. Од туѓите грешки учиме нели..
Доколку детето е агресивно и има тешкотии во социјализација на тоа дете треба да му се помогне баш за да не повреди некои друго дете или само себе. И да, криви се и родителите и воспитувачите доколку одбиваат или не препорачуваат соработка со лице кои би му помогнало на детето во она кое они не успеале.
,,пуштени од ланец” си чула? Знаеш колку примери знам кога децата едвај чекале родителите да не се во близина за да направат 300 пакости? Пред мене БРАТ и СЕСТРА со ножици се гаѓаа, со ножици луѓе, драматично беше тоа мислев око ќе ми истераат. Кога дојдоа нивните беа мирни како бајчиња. Друг пример, едно девојче си го малтетираше мачето, го маваше од ѕид му го газеше опашот и ред други работи и буквално душата му ја вадеше, а пред нејзините го галеше демек иако мачоров мислам дека имаше страв во коски, а замислете девојчето имаше само 13 години а? А поддржавам посета на педагог, психолог и се што треба. Настраните однесувања и испади не се за занемарување
Баш зашто ти се викало за се нешто треба да си сега против тоа. Едно кажи ми, дали твоето дете би го воспитувала исто како твоите тебе? Што мислиш, зошто така се криеле од родителите? Веројатно зашто се или тепани или исплашени од нив и прават сѐ позади грб. Гледале и насилство, па го прават истото. Дете што не е растено со насилство и страв, со психичко и вербално малтретирање поневеројатно е да има испади вакви.
Ќе го воспитувам на култура, на воспитание баш како што треба.Од моево искуство со моиве ќе гледам кои принципи треба и кои не треба и нема да ги употребувам. Нема да му го правам на моето дете она што не сакав мене да ми го прават моите нема зашто и моето дете истото да го преживува. Ама не значи и дека ќе го размазам и дека ќе биде чувано под стаклено ѕвоно. Се, умерено.
Затоа што нема потреба да објаснува што и како учела. Друго,тој метод не се употребува за мавање со мече ,туку за посериозни работи. Едно е кога гледаме од надвор,сосема друго внатре. Пример: Имавме дете од дисфункционално семејство,со многу проблеми во однесување,разбирливо. Проблемот беше кога ќе имаа слободни игри ,внатре или надвор во двор ако не е како тој сака ги штипеше силно за образ или ги удираше,а за време на ручек за нога под маса. Јас со викање силно по него немаше да постигнам ништо. Кога ќе ја приметев агресијата кај него,го тргав настрана,одевме на масичка. Многу сакаше да црта.Дома не му купуваа боички,му купив јас се за дома. И додека другите си играа ние разговаравме додека тој црташе. Ќе го нацрташе цртежот ,ќе добиеше на рака и ќе се вратеше во игра со договор без да ги повредува другарите. Кај него делуваше на мирот,продолжуваше без агресија. Знаеше дека е казнет ,но знаеше и дека ќе продолжи да игра доколку не ги повредува другите. Така го промени однесувањето. Ако сакаш да имаш другари,не смее да ги удираш. Мораше да ме" слуша" ме сакаше многу. Сега е 8 одд.