Затоа немој да зборуваш од твое искуство и ти кога си била мала и да го претставуваш како нешто што треба да се прави кога и сама си против тоа, веќе имаш пишано и разглабано. И лицемерно е сега малку тоа тука да го претставуваш и браниш како добро нешто.
Па јас како мала реинке сум била послушна и мирна, ако детето од мало не се научи на ред, почит и се останато кога? Можда лошо сте ме сфатиле што сакам да кажам.. плус јас чуден лик сум, со мене човек никогаш не е на чисто
Дали е побитно тоа што како мала си била толку послушна или како тинејџер низ што си поминувала? Види како подоцна тоа се одразило. Не е поентата само детето да е умно и да е послушно, не е тоа роботче и не треба да биде. Поентата е и да порасне во индивидуа со здрав однос кон родителите. Премногу фокус се става на малите деца и нивната послушност, па се чудиме какви тинејџери биле после.
Во тинејџерството на сите ни шетаат бубачки во главата реални да бидеме, средно, хормони, друштва, искачања, дешавки, се тоа влијае исто како што влијаеше врз мене. Ама фала Богу веќе на 18 полни години не осеќам веќе потреба да се карам со моите за глупости, да ги нервирам и повредувам, нити па да правам глупости во школо или надвор. Бубачките ме држеа од прва до лани. Морам да признаам дека периодов, бар од јули навака сум дооста смирена, и после случката со татко ми во август буквално ги истерав бубачките од мене и си ставив прст на чело.
Дискусија е, нормално дека можеме да се цитираме и да се прашуваме, секој може да одговори или да не одговори. Не гледам ништо лошо во тоа што си го пишала, баш напротив. Лошо би било дете со такво однесување и со очигледни проблеми да се стави во затвор под казна или да се остава само под казна. Само ќе станува полошо и полошо бидејќи не се делува на проблемот.
Друго и нема што да се очекува од дете на кое уште на две-три години родителите му кажуваат дека не мора никого да почитува ако не сака. Мене ваквото воспитување ме асоцира на проблематични и размазени деца во иднина , со кои апсолутно никој нема да може да излезе на крај. Затоа што височеството на милата мала госпоѓица или мал господин, решило дека учителката не е достојна за нејзината / неговата почит. Страшно. Затоа и се вакви генерациите какви што се.Од родителите.Ама на крај , родителите се тие на кои како бумеранг ќе им се врати плодот на (не)воспитанието на своите деца. Да се вратам конкретно на темата. Син ми сеуште не оди во градинка, но кога ќе тргне се разбира дека ќе го научам дека учителката треба да се слуша и да се почитува нејзиниот збор.А како поинаку? Методи за справување со одредени испади или одредена непослушност не е на одмет да има, се додека се тоа благи методи со кои детето ќе разбере дека не е во ред пр. да се удира другарче , или да се биде агресивен. Седење на страна со учителката и разговор, додека другите си играат ми изгледа сосема во ред како метод со кој треба детето да разбере зошто не е добра некоја негова постапка. Од мало се учи. Термини како затвор не треба да се користат.Ниту пак метод со кој детето ќе го стават во креветче со решетки.Не ми се верува дека ова би донело позитивен исход.Можеби ќе се смири , нема да се закачува со другарчињата , но ќе му се разниша самодовербата на детето.
Не е добро да се казнува детето само на стол на страна или во ќош. Уште патам од тоа што учителката еднаш ме скубеше пред табла пред четири одделениа, а еднаш на истото место со собрани прсти ме удри со стапче и мн ме болеше малиот прст. Причината беше дека не сум ја избришала таблата пред да почне часот, бев дежурна. Од прво до четврто оддление. Сега се чудам каква и беше таа дисциплинска мерка и нарачуваше од родителите да и прават шарени стапчиња па тие дигнати кој поубаво направил. Ти девојко не си за во градинка веќе сто пати се докажа низ темите.
Не знам што очекувале вработените кога се вработувале во градинка. Па и некои родители што очекувале кога имале дете. Тоа е, ќе го плескаат детето и ќе си речат нема друг начин многу е немирно пошо да си речеш дека уствари има друг начин само не треба да те мрзи да го побараш наместо да го исплескаш е тоа делува малку неубаво па ај ќе си кажеш такво е детето нема друго чаре. И после се чудат кога се тепа во градинка.
Се чудам до кој степен заминавте. Јас каде што работев најголемата дисциплинска мерка беше седење на столче, а не тегнење, викање, малтретирање. Нормално, ќе повишеш тон. На едно дете знам му зборував постојани, го земав в скут, се гушкавме, и му објасниував но џабе. Од дома си го знаеа и тоа е тоа. Разни родители, разни потреби за дисциплински мерки. Една, кажа дека е старомодно да се седи во ќош. Друга, никако да не повишуваме тон на детето. Трета, не сакала изолирање во група. Не можеш на секој да му погодиш. Една ги заборавил топлинките, па ти вели сакаѓ да му ги избришете патиките и така он да влезе внатре.
Од кај знаеш каква си била како мала? ние збориме за деца во градинка. Не за деца од 5 год. Тие веќе се друго. Дека памтиш каква си била на година дена и дали си имала тантруми чисто сумњам
Наставниот план заедно со пола професори е големо срање така да деца што не можат да седат по 7 часа во училница и да ја слушаат некоја ненормална кај што лупета би рекла дека се паметни деца. Јебига светот се мења, али никако не се мењаат луѓето што се на НАДРЕДЕНА позиција ко што ти велиш, наставничката била над него. Кога уште од старт она тргнува со тој став дека е над него тука е веќе се изгубено. Деца што се на школо проблематични во смисла се тепаат со други, кршат итн, секогаш ама секогаш доаѓаат или од дисфункционално семејство или имаат некаков друг голем проблем, така да ти како воспитувач треба да си свесна дека неможе да си завршиш факултетче и да си се вработиш и да си предаваш и сите да ќутат пошо тебе не ти е дојдено до расправање и сакаш да се осеќаш убаво за себе си колку те слушаат пошо ти си најдобра. Ти треба да си свесна дека работа со деца е комплицирана и да престанеш да си гледаш филмчиња. Ако она е ставена тука да го учи моето дете нека го учи не да го малтретира. Кутрите учителки и нивната психа. Што мислеа кога се вработуваа? Правете деца - роботи. Гледам во темава уште постојат родители со став од пештерско време. Почитта не се добива, се заслужува и тука нема дискусија. Ако некоја наставничка го ваѓа некое дете што ја нервира на табла и го понижува пред сите, за такви ние сме криви родителите што не покренуваме петиции да летаат од работа. Пошо ако има фрустрации нека ги лечи во институација, не на моето дете.
@Spidy тебе како стоматолог не ти е јасно дека возрасни се плашат од одење на стоматолог а не пак деца? Гледај ситуација, детето е исплашено вели дека го мрази татко му и ти му велиш дека тоа не е убаво. Детето не го мрази татко му. Децата имаат одреден број на зборови во вокабуларот, не елаборираат како нас и кога чувствуваат некоја емоција и се обидуваат да го пронајдат најприближниот збор која ја опишува таа емоција. Е затоа се родителите тука тоа да го знаат и да не си редат при срце и да викаат како може мене ваков прекрасен родител да не ме почитува, туку да препознаат дека е преплашено и бара помош. Ти со тоа што му велиш дека не е убаво, прво му го подценуваш стравот ко да е небитен, и второ му редиш дополнителен товар дека е лошо дете. Не се лоши децата ако изразат емоција. Ние сме лоши што не мрзи да се справуваме и сакаме само мирни и послушни деца. Сакам дете ама нејќам вакво
Не планирав да се вмешувам во дискусијава, ама оваа констатација ти е страшна. Колку години имаш? Според ова не повеќе од 17. И баш ова се случува кога се дозволува детето само да одбере кого ќе почитува. Глупачите, ни криви ни должни, лупетаат. На секое дете наставната програма му е срање како што ти викаш, затоа што е дете, затоа што сака надвор. Ама институцијата мора да се почитува, наставникот мора да се почитува. Што знам, мене ова ми се изместени вредности.
Слушај само едно ќе ти кажам. Кога ја почнуваш реченицата со Колку години имаш, сигурно 17, јасно ми е дека се обидуваш моето мислење да го прикажеш како незрело поради годините што ги пишуваш. Дај друг аргумент ова не пали. Некогаш не знаеш дека зад тастатурата може да пишува родител што уопште не му е гајле за нафурани наставници. И јас пред да родам не се замарав ич. Ама сега гледам како се поделени луѓето. На родители што се замараат, луѓе што немаат деца и не се замараат, и наставници на кои не му е гајле за децата. 17годишните сметајте ги за незрели тоа е целиот проблем со наставниците. Децата се глупи, а наставниците се паметни. Децата да не беа наставниците ќе немаа работа пошо голем дел од наставниците се посебна категорија на психопати. Петгодишно дете треба да го почитуваш како што почитуваш возрасен. Тоа од тебе ќе учи и ќе почитува други. Сакаш да се осеќаш зрело и паметно на сметка на децата? Со нив ако се споредуваш, да позрела си од нив ете браво. Ама со твоите врсници тешко. Да се надополнам. Да изместени вредности се. Порано вредност било да ги тепаат наставниците децата у школо. Фала богу што се изместени вредностите. Гледај само да не заглавуваш дури другите се менуваат. Еден пример ќе ти дадам, во финска децата плачеа кога доаѓаше летен распуст, сакаа во школо да одат. Овде морало да се почитува совршеното школство и совршените надтавници. Ама ние изгледа и од финците сме поуспешни, а од кого не сме
Баш дека детето не си ја сфаќа емотивната состојба, треба да му посочиме дека гнев и агресија не се соодветен одговор на таа ситуација. Јас сум имала пациенти и од 2ипол и од 65 години кои се плашат. На возрасните им ја објаснуваш ситуацијата и сами мора да се изборат со стравот. На децата мора да им се доближиш прво. Ниедно дете не сум го грабнала со сила да му правам заби, освен кога имал сериозен проблем кој морал во моментот да се реши и немало време да има повеќе посети додека да се опушти. На сите деца им ги покажувам инструментите, им објаснувам што се прави (на детски начин секако- има црвче во запчето, па ќе го миеме со водичка да го измиеме црното од забот и сл.), се трудам најпозитивно да им доловам дека не треба да се плашат од доктор, дека дојдени се да им помогнам. Стравот е дел од тоа. И јас не сакам да ми се поправаат заби. Клучниот дел од сево ова е да сфатат дека забите МОРА да се поправат (аналогно како што некои правила во градинките МОРА да се следат). Ако детето не соработува, мора и да сфати дека има последици (ќе го боли повеќе, ќе треба пак да дојде, ќе треба забот да се извади, ќе треба инекција) и тоа не му го кажувам за да се плаши, тоа е вистината. И ми давам избор. Сакаш денес да го направиме, полека, со паузи, ако те боли ќе ставиме лекче, или ако не го правиме да те боли повеќе и да го извадиме утре. И ова функционира. Имам деца за кои додека сум на породилно сум одела да ги прегледам зошто не сакаат да слушнат за друг доктор. А јас знам да бидам и најдобра и најлоша на свет. Соодветно на детето. Сум седела по 3 саати муабет да правам на дете кое мене не сакаше во очи да ме погледне, а мајка му ја маваше секојпат кога можеше. Некогаш муабетот нема плод. Затоа сум за одредени дисциплински мерки. Толеранција мора да се има, детето треба да научи многу работи и тоа може само ако му се објасни. После одреден степен, мора да има и последици. Креветчето наше дома е со решетки од сите страни. Детето е безбедно внатре. Ако го наречам затвор и го користам за казна, не гледам проблем со тоа. Ако детето го тргнам од игралиште зошто тепа други деца и како казна седи само дома, немам проблем и со тоа. Не сум против некоја шлаканица, да бидам искрена. Па макар и да ме сметаат за најголема немајка, сакам детето да го воспитам да биде културно и да ги почитува сите околу него. Ќе зборувам со саати, ќе го казнам во ќош/кај и да е, па и ќе го плеснам. Нема да јаде ќотек зошто превртело кутија со играчки, ама нема и да добие "немој, мамичка" од мене кога по 7ми пат ќе штипе некое друго дете. Прво треба да се трудиме да научат. И најчесто тоа помага. Ама во мојата дејност се покажало дека деца кои имаат дозвола така да се однесуваат спрема сопствените родители, мене нема да ме сакаат ни почитуваат па и на трепки да стојам за нив. Смешно е кога тригодишно дете те мава дека е луто, воопшто нема да биде смешно кога ќе ти мавне бокс на 30 години.
@Mantub па незрело е. Можам да разберам така да размислува пубертетлија, каде хормоните вријат, ама возрасен зрел човек да каже дека децата се во право што не почитуваат затоа што наставната програма е срање, не ми е разбирливо. И не ми извртувај зборови, и не прави споредби со нешто што воопшто не беше спомнато во моето мислење.
[ Детето си ја сфаќа емотивната состојба, ти не му ја сфаќаш. Ужасно е да мислиш дека ти си таа која треба да му диктира на детето како да се чувствува. Не било страв и гнев соодветна реакција на дете кое го носат на стоматолог. Ич не ти коментирам натака, пошо вашиот проблем е тоа што мислите дека мајките што не ги шамараат децата им викаат немој така мамичка. Епа не се само тие две решенија. Има милион алтернативи. Тие се две крајности. Шамарање и разгалување. Помеѓу тие двете крајности се наоѓаат добрите родители. И поверојатно е дека ќе ми удри бокс кога ќе има 30 години а јас ќе сум стара, ако го шамарам дур е мало, а не ако не го шамарам. Па фала богу јас сум му покажала дека послабиот може да јаде ќотег од посилниот и не смее да зуцне.
Стварно што не е срање ај те молам објасни ми. Не е срање што уште од 9 години почнуваат со оценки? Не е срање што се редат сите во иста кутија а секое дете бара индивидуален пристап? На 18 год никој нема волја за некаква работа, пасија, никој не го пронашол својот талент сите одат на факултетот кој што најмногу ќе им донесе пари во иднина? Спомна децата сакале да се надвор, не го споменувај тоа ко да е нешто лошо. Лошо е што де затворени по толку сати во училница, а можат да се ваѓаат надвор и да учат за врапчињата у двор а не од слика. Не е срање што има премногу теорија а малку пракса? Не е срање што секој губи самодоверба во училница? Што ако кажеш свое мислење си невоспитан? Ај не почнувам за школство, тоа е огромна тема која кај нас не е мрдната од мртва точка
Ај сериозно олади... пошо нишо што имам кажано немаш укапирано. Мора да слуша!!!! Кога се предава лекција се седи и се слуша, кога се прави тест се прави за сите!!! А не реков да слуша ако некој го вреѓа... Ти, си баш од тие, што мислат дека можат да се дрзнат да вреѓаат, а вреѓаш наставен кадар и генерализираш. Зборам за воспитување од дома, како треба да го научиш да се однесува во колектив, а заедно со тоа и како да реагира во ситуацииве кои ги опишуваш, без притоа да бидат, ркање, вреѓање, мавање, кршење и ткн... зошто ако учителот има лош однос, детето да не покаже дека тоа не чини, па место водење инат со груб начин, да води инат со убави манири...