1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дисциплински мерки во градинките

Дискусија во 'Дете' започната од GirlLove, 30 октомври 2019.

  1. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.073
    Пол:
    Женски
    Ти опишуваш ситуации една во милион. Како ги опиша, децата маваат, кршат, вреѓаат, а бе анархија! Децата што ги прават тие работи секогаш имаат големи проблеми и никогаш во живот не биле згрижени. И јас ќерка ми ја учам како што пишувам овде па никогаш не се однесувала како што ти опишуваш. Не драматизирајте
     
    На zuto и kukla21 им се допаѓа ова.
  2. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.130
    Допаѓања:
    10.723
    Пол:
    Женски
    Па добро, јас планирам и од едната и од другата крајност да применам по нешто. Кога малата го фаќа кучето, и викам немој мамичка и и покажувам како убаво треба да го гали (зошто не знае и тоа треба да го научи). За една година, кога убаво ќе разбира се што кажувам, и после моето зборење цела година сака да го скубе или удри кучето, па и ќе ја плеснам. Се надевам нема да дојде до тоа, се трудам да не дојде, ама ако дојде немам намера да оставам друго суштество да трпи затоа што ќерка ми не се разбира од збор.
    Ако сите се однесувавме како што се однесуваат мали деца, анархија ќе имавме место општество. Јас сметам дека сите нормални однесувања се учат од бебе. Не дете на 3 години, не момче на 13 или маж на 30 години. Од првиот момент кога ќе се јави однесувањето.
    Не очекувам никој да се сложи со мене. Не ми смета и да ме етикетираат како лош родител. Го правам тоа што мислам дека е најдобро за моето дете за да не се најдам во ситуација понатаму во животот да пораснам себично суштество кое си прави како на него му одговара.
    Јас сум таква, Бунтовна, инаетчика, без никаков однос со мајка ми, со себичност до таван кога нешто не ми одговара. И пробувам да ја научам ќерка ми поинаку. Мајка ми мене ме тепаше за 4ка во школо, ме казнуваше за 5-. А бубаче дете сум била, понаивно дете од мене немало. Немало потреба во градинка да ме дисциплинираат. Не мора да ја имам најпаметната ќерка на светот, ниту титула на прекрасна мајка. Создадов живот кој сакам да биде продуктивен заедно со сите останати членови на општеството. А општеството функционира со правила, со ред и мир. Ако ќошот во градинката помага во тоа, I'm all for it.
     
    На oblace1, Nausicaa, Coco31 и 8 други им се допаѓа ова.
  3. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    3.810
    Допаѓања:
    21.028
    Пол:
    Женски
    Значи ти ја воспитуваш дека може да праи што сака додека другите прават тест???
    Кажи конкретно?
    Значи аман заман не зборам за секојдневни ситни дешавки, па да мора секогаш да слушаат учител, наставник.
    Збориме да ги научиме што треба и кога.
    Нормално дека ќе ги учиме дека никој не смее да им се дере, тепа, заканува.. ама исто не смеат ни тие. И тие правила треба да се за сите.
     
    На Luna91 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.073
    Пол:
    Женски
    Така е, и јас велам се учат дур се мали. Плескај го сега дур си посилна од него, ќе го плеска и таа нејзиното дете кога ќе е посилна од него Како што те плескала и тебе мајка ти кога била посилна од тебе. Кругот кој ќе го скине ќе видиме
    И мајка ти мислела за тебе не помага друго мора ќотег иако ти мислиш дека си била премирна. И со твоето дете во некои ситуации некој би се справил поинаку кај што ти би употребувала ќотег. Се' разбирам, али кревање рака на дете, (не тепање пошо тој збор многу ве вознемирува па ај да ублажиме) е една од најнеприфатливите работи.

    Не, не ја учам дека може да праи што сака. Конкретно. И она прави тест кога има тестирање.
     
    Последна измена од модератор: 4 ноември 2019
    На zuto и kukla21 им се допаѓа ова.
  5. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.130
    Допаѓања:
    10.723
    Пол:
    Женски
    Пак се избега од темава ама ајде.
    Јас кажувам дека немам против плескање како дисциплинка мерка за одредени акции. Читаш како ти одговара. Значи јас поминувам една година во зборење, објаснување, покажување дека моето дете не треба да го малтретира кучето, тоа не разбира, ме гледа во очи и намерно оди да го прави тоа. Едноставно не се разбира од збор. Колку деца сум видела така што прават во животов. До кога јас треба да зборувам дека не заслужува кучето така да биде третирано, пред да променам тактика?
    За ова беше целава дискусија на темава. Кога во градинките се јавува дете на кое секојдневните методи на воспитување не функционираат, која е соодветна дисциплинка мерка што една воспитувачка може да ја примени. Сигурно не е да го тепа и малтретира. Треба да му објасни што згрешило, треба да му каже како да се поправи, треба да му најде друга занимација. Ама аман разберете дека има процент на деца кај кои ова НЕ ФУНКЦИОНИРА. Дискутираме кое е соодветна следна мерка.
     
    На Luna91, Coco31, Feminka22 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.832
    Допаѓања:
    28.313
    Домашното воспитување ич не е за потценување и се забележува во градинка и школо колку едно дете има добри манири или нема.
    Децата треба да ги учиме од мали да почитуваат возрасен, се разбира овде спаѓа и наставник / воспитувач.
    Но како ќе тече наставнот час во школо или активноста во групата во градинка и сл. не зависи само од домашното воспитување туку и од спосбноста на наставникот / воспитувачот.
    Тие се одговорни и должни да створат работна атмоафера, да задржат внимание кај децата, да изработет тест во мирна атмоафера, да раскажат лекција/ приказна и соте деца да слушат, да си го реализираат наставниот план и програма успешно.
    Афторитето врз децата сами си го градат, од нив самите зависи колку ќе бидат почитувани од децата. Колку и да збориме од дома слушај во градинка, биди умен, почитувај... ако самиот наставник не умее да ги натера децата на такво однесување тогаш нашето настојување од дома не е доволно. Но ете гледам најлесно е да се каже ,, невоспитано дете,, и затоа јас сум неуспешен наставник/ воспитувач.
    Зарем не сте имале во школо наставници кои ви биле понитересни и сте учествувале на часовите и наставници кои помалку сте ги почитувале па часовите биле катастрофа.
    Чинам тоа и беше муабетот неколку страни наназад на @kukla21 дека почитта и афторитето сами треба да си ја постигнат наставниците/ воспитувачите , а не да чекат од дома да ги програмираме децата.
    Е сега, како се станува успешен наставник/воспитувач, по кои методи и начини, е ваљда зависно од самиот карактер и способност, од тоа колку се учело на факултет, од искуството , од љубовта кон таа работа, од тоа колку психички се спремни наставниците/ воспитувачите.
    А и тоа е тамата, кои мерки да се применуваат во градинка и колку ние родителите се соогласуваме со тие мерки, ама ете бегаме од темата некако.
     
    На mal.ecka, Lolipop23, zuto и 2 други им се допаѓа ова.
  7. pianogirl

    pianogirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2018
    Пораки:
    647
    Допаѓања:
    767
    Пол:
    Женски
    Една моја пријателка работи во градинка и ми кажува нервозна леле едно дете шѕо имам во групата мн е лош и ми вика,, Ќе те кажам на татко ми'' А пази татко му инспектор. И нејсе жената кога го предава детето му кажува на човекот дека е бесно, не ја слуша и сл. И неговиот коментар знаете шо беше?,, Па да е мирен дома ќе си го чувам зошто го носам во градинка '' Повеќе не аакам да коментирам за ваквите родители и силата на децата шо ја даваат, демек тато инспектор и сеа никој ништо не ми може. И она вика и ја сеа шо да му речам повеќе на тоа. Така да повелете кажете ваше мислење за вакво понашање на дете и родител
     
    На GirlLove, Luna91, Chantal и 5 други им се допаѓа ова.
  8. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.073
    Пол:
    Женски
    Боже, од кај да знам јас што функционира за твоето дете. Имаш интернет, имаш психолози, ако не можеш да најдеш решение сама побарај помош. Јас само ти кажувам дека плескање не смее да се употребува кај никое дете.
    Не можам да сфатам како сериозно мислиш дека ако го плеснеш детето кое го малтретира кучето дека тоа ќе помогне? Детето е посилно од кучето, само го учиш да го малтретира уште повеќе. Ако не разбира со збор тргни го од кучето и скрати му некое задоволство. Ти овде ми зборуваш премногу општо. Ништо не функционира, тајм аут не функионира. Ако во собата за тајм аут има играчки или телевизор нормално дека не функционира. Ако го кратиш тајмаутот порано, нормално дека нема да функционира. Ако го држиш предолго пак нема да функционира. Ако се нагодуваш со детето нормално дека нема да функционира. Може збориш на телефон или седиш на инстаграм кога детето сака да игра со тебе па се фрустрира. Може е срамежливо па не знае како да му пристапи на другарчето за да игра со него па ќе го удри. Ни еден коментар не прочитав да напишете дали некоја воспитачка у градинка седнала да размисли зошто детето направило така. Ама сите седнале да му кажат дека тоа е лошо. За нивната психа се изначитавме.
     
    На zuto, gjoker4e и kukla21 им се допаѓа ова.
  9. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.073
    Пол:
    Женски
    Тоа сакам и јас да кажам. Не им се лутете на децата. Во родителите е целиот проблем.
    Не може кога се добри децата, сигурно имаат добри родители кои убаво ги воспитуваат.
    А кога не се добри, не знам што да му правам. Епа и тогаш е до родителите сигурно. И секако постојат многу нормални работи во детскиот развој кои на нас не нервираат, а не треба.
     
    На zuto, gjoker4e и Spidy им се допаѓа ова.
  10. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.130
    Допаѓања:
    10.723
    Пол:
    Женски
    Значи ова сакам да го посочам цело време. Ако јас како родител немам никакви (или само неефективни) мерки на дисциплина дома, мора воспитачката да има нешто со кое ќе воведува ред. И ако јас дома на детето му давам да крши играчки, не значи дека тоа смее и во градинка. Воспитачката нема мене да ме смени, ама детето е со неа пола ден и мора да најде начин да се справи со децата.
    Ама не, ако го стави во ќош психички ќе го оштети.
    Разговорот е само првиот чекор, и некогаш не е доволен. Не може да речеме дека воспитачката (или ние родителите) не смееме да повишиме тон, да забрануваме, да караме, да го одвоиме детето на неколку минути да се смири кога е луто. Ако остане само на "немој мамичка" може и никаков напредок да нема во однесувањето на детето. И сум комплетно за се ова што наброја, и лично го применувам. Не сакам да ја плеснам ќерка ми. Ама не велам дека никогаш нема.
     
    На fana и pianogirl им се допаѓа ова.
  11. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.073
    Пол:
    Женски
    Ама никоја од членките што пиша дека не применува плеснување, никоја не напиша дека му вели само
    немој мамичка кога ќе згреши. Незнам од кај ви е тоа.
    Во тантруми децата се преплавени од емоции, буквално се плашат од себе си што не можат да се справат со толку голема емоција, па уште и од нашата лутина да се плашат во тој момент.
    Да, треба да имаме ефективни мерки дома. Али некои мислат ефективно е да го маваш и да го вреѓаш, па му се закануваат, ќе те кажам на татко ти, полиција ќе викнам, го плашат со некој човек, и во градинка во група кај што се социјализира губи контрола и проблематично е детето, па родителите викаат се применуваме, а уствари тоа што го применуваат може да има контра ефект. Треба ние родителите да престанеме да бидеме егоистични говна, да си признаеме дека не знаеме се, да бараме совет од стручни лица, да читаме малку детска психологија и да си признаеме дека за голем дел од проблемите на децата, виновни сме ние.
     
    На zuto и kukla21 им се допаѓа ова.
  12. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.544
    Допаѓања:
    95.413
    Пол:
    Женски
    А да работиш и тоа да ти влијае на здравјето, добро е? Ти имаш кажано дека си пиела антидепресиви поради испад на дете. Ко што сфатив си ја сменила работата, не знам за професијата ама ти не си девојче за негувателка.

    Алелуја! Не може на сите деца исто да им се постапи! Две деца од една мајка па не се исти а камоли повеќе и различни родители и карактери.

    Во ниедна игротека не пишува дека е забранет влез за 9м бебиња, тие корнери со топчиња се баш за овие бебиња. Како што останатите деца се таму за играње и тоа бебе е рамноправно гостинче на роденденот. Ако не па некое нека ја демолира игротеката, нема скрши се, ама дека е он поголем и е гостин и ќе му простиме.

    Јас ако сум негователка и детето нема топлинчиња пре би му ги избришала патиките на детето и би го внела него ли босо да го оставам. И да, хигиената меѓу другото е и твоја обврска. Ама тебе не ти била таа работа погодена и затоа нас овде не оправаш и се правдаш пред луѓето. Не знам зошто воопшто уште ги оправаш родителите и децата, ете не работиш веќе таму, што се вознемируваш. Ако си сеуште негователка со најдраго срце ти кажувам, смени работа! Ти не си за со деца и не си за оваа работа, се гледа од постовиве и повеќе од доволно. Не знам дали си свесна ама форумов го пратат и градинки и министерство сите го пратат, сум имала лошо искуство, те молам не ме сфаќај погрешно, ама премногу детали кажуваш. Јас како родител не би сакала да се прочитам по форуми и фејзбуци ако некоја негователка или воспитувачка мисли дека сум кажала нешто погрешно. А дека пратат од лично искуство ти кажувам.
     
    На zuto му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.073
    Пол:
    Женски
    Се слагам за се со тебе.
    Али што ако пратат?
    Какво негативно искуство можеш да имаш од анонимен профил на форум? Крај краева, секој може да измислува што сака.
     
  14. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    8.026
    Допаѓања:
    40.192
    Син ми ги имаше еднаш измочкано топлинките, му ги избришале патиките и во нив седел. Никако да не седел бос.
     
  15. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.544
    Допаѓања:
    95.413
    Пол:
    Женски
    Сестра ми беше повикана на разговор во градинката зошто директорката прочитала и ја поврзала градинката и ситуацијата со нејзината градинка. Еве поконкретно. Уште пред 6г. А јас наседнав на една будала од форумов исто така и ставив во ризик моја блиска.
     
    На Mantub му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.890
    И тебе те читaaт, пa и те знaaт пoштo слики имaш стaвенo. Пaзи се и ти oд сoцијaлни служби, или мислиш декa си мaјкa зa пoстер?
     
    На TutiFuti, lovestoneddd и Dentina им се допаѓа ова.
  17. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.544
    Допаѓања:
    95.413
    Пол:
    Женски
    Боже мили...
     
    На sofi2107 и kukla21 им се допаѓа ова.
  18. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.130
    Допаѓања:
    10.723
    Пол:
    Женски
    Ич нејќам да сум оф топик, ама што ќе ми направи директорот на градинката ако споделам што му се случило на моето дете? Не е тоа професионална тајна, па да не ме дознае конкуренција. Свашта имало :D
     
    На oblace1 и Dentina им се допаѓа ова.
  19. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.068
    Допаѓања:
    14.177
    Пол:
    Женски
    Како прво не пиев антидепресиви за децата.
    Нз како не ви е срам да коментирате за тие што пијат ад.
    Одамна ја имам прекинето терапијата. Веќе сега работам од дома, фала Богу.
    Второ, сигурно не сум толку да ги оставам боси децата.
    Трето, ја отворив темата да сте свесни малце, мислејќи дека ќе помогнам.
    Нема да сметам повеќе.
    Имам други поважни работи во животот.
     
  20. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.890
    Oти збoри зa привaтни грaдинки, Бoже сaчувaј нештo лoшo зa нив дa се кaже, требa дa oди вo друг грaд девoјкaтa и oд тaму дa пишувa, седнaтa вo некoе кaфуле вo црнo oбвиенa. Зa држaвни не е прoблем, слoбoднo плукaјте и пo вoспитувaчки и пo децa и пo рoдители.
    Пa уште и предупредувaњa -пaзи се, ќе те фaтaт. Нaместo oтвoренo дa се збoри кaквa е ситуaцијaтa...свaштa.
     
    На oblace1, kalinaka, Dentina и 1 друга личност им се допаѓа ова.