1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дисциплински мерки во градинките

Дискусија во 'Дете' започната од GirlLove, 30 октомври 2019.

  1. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.132
    Допаѓања:
    14.379
    Пол:
    Женски
    Џабе им е, кога постојат родители што во стаклено ѕвоно си ги чуваа децата и им смета ако некој им подвикне.
    Прашај се, каде е професионализмот во Македонија? Кога од факултет , се работи шанкер, келнер, продавач а не она што си дипломирал. И така си го губиш знаењето.
    И кога за 2,3 годни ќе се најде таква работа, ете професионализмот
     
    На Martka му/ѝ се допаѓа ова.
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.793
    Допаѓања:
    65.509
    Пол:
    Женски
    Нешто се случило со детето. Не се менува така преку ноќ.
    Треба да се допре до него некако и да се открие причината зашто така реагира и прави, а не да се делува на симптомот со насилност.
    И во градинките е исто, многу деца се и не работат на коренот, на зашто нешто се случило и како дошло до нешто, туку само спроведуваат казни. Според мене во градинките не се воспитува, само се чуваат децата додека се родителите на работа, им се вика или казнува за да слушаат и ги пазат да не се утепаат. Толку е нивниот опсег. И од она што го гледам кај ќерка ми е баш така.
    Ти од родителите ли ја бараш мерката? Нели веќе воспитувачите треба да знаат како да постапуваат? Другиот дел од муабетот врска ти нема, ако работиш такво нешто ќе се навратиш на тоа што си го учела, а не туку така ко на слепо да земеш да работиш нешто што си заборавила. А е со една многу ранлива група.
     
    На Girl-Rabbit, kukla21 и sofi2107 им се допаѓа ова.
  3. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.298
    Пол:
    Женски
    Што е чарето тогаш???
    Ете се сложувам дека голем процент се непрофесионалци, како треба ние како родители да постапиме???
    Да им го преиспитуваме секој метод на воспитување, да го негираме нивното повеќегодишно искуство со стотици деца побивајќи го со нашето скромно искуство со 1-2 дечиња и нешто теорија прочитано на нет... па да менуваме градинки, школи додека не ја пронајдеме вистинската..... што???
    П.С. Не го сфаќај ова како лично за тебе, обожавам да те читам на вакви теми и баш ме интересира твоето мислење, бидејќи јас немам сè уште цврсти ставови по овие прашања.
     
    На Luna91 и fana им се допаѓа ова.
  4. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    15.740
    Допаѓања:
    72.648
    Пол:
    Женски

    Во нашава градинка не е така. Еве за кај ќерка ми ке зборам. Стигаат децава во градинка и прво сами облекуваат топлинки: се редат едно позади друго (2г дечиња) и одат да мијат рачиња, сите по ред, како вовче, исто со вовче се враќаат. Сами ги учат да се облекуваат (чевли, топлинки, пижами, облеката). Сами ги учат да јадат, да мијат рачиња пред јадење и по јадење, на јадење не треба да се зборува. Кога се игра се игра, ги учат кога е време за игра, кога е време за некоја задача, кога е време за спиење се спие и точка, пред спиење се чита приказна и сите мирно слушаат, штама е во градинка. Ги учат да мочкаат на нокшир. Сами да си ја чистат занималната после играње. Сами да го кренат тањирчето после јадење. И искрено воодушевена сум од работата нивна. Децава се златни, послушни, а толку малецки :inlove: За казната за која ја кажував не верувам дека ја примениле бидејки се прва мала група и тек се адаптираат, се учат на навики итн... Ако е така како што викаш поубаво да си ја префрлиш некаде.
     
    На Girl-Rabbit, Martka, green.eyes и 9 други им се допаѓа ова.
  5. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    3.858
    Допаѓања:
    21.138
    Пол:
    Женски
    А како мислите дека треба да му се покаже и докаже на дете дете згрешило, освен муабет? Кога муабет и објаснување не поминуваат, туку додека вие(учителките зборат, објаснуваат) тоа упорно прави бељи, мава, крши, повредува?
    Како тоа да нема никакви мерки освен муабет?
    Зошто тогаш барате педагози, психолози по образовните институции?

    Не секое дете сака и може да разбере само со еден збор.
    На некое дете му треба повеќе време и поголемо внимание, односно да се најде начин како ќе допре до него тоа што направило нешто лошо.
    И не не е страшно ако го седнат на страна само. Напротив, тоа е најблага мерка после неуспешен разговор.

    Ја на ќерка и кажувам дека не е убаво тоа што го направила, да оди да се извини и гушне, во спротивно не и дозволувам да го прави тоа што сака во моментот.

    Во градинка е бајче и ме ми веруваат какви проблеми имам јас дома.
    Ова дете не слуша дома? Е така ми велат.
    Ама вчера јас ја имав најтешката епизода на тантрум, дете да се бори за здив... мајка да се тресе...
    И ако и го дозволев тоа што го сака, или да земев да и објаснувам зошто не може(зошто веќе и беше кажано дека дур не престане да плаче тоа нема да го добие) ќе направев само поголем револт.
    Вака, таа плаче, ја седнав на гарнитура, јас сум тука да ја пазам дур не и помине, казната беше нема палење тв. Се смири, јас си излегов на цигара, а таа побара да читаат со татко и.
    Ама казната продолжи.
    Не можете да очекувате дека секое дете ќе ве разбере само со муабет муабет и многу муабет без да направите било што друго.
    О да, и воопшто не е навреда за детето да му кажете дека ве засрамило со однесувањето, кога навистина е тоа така, кога навистина прави работи кои се за срам.
    Вчера сакав во земја да пропаднам...
    Имам такви кои мислат дека со не мамичка и гушкање и бацување мислат дека се воспитува дете и верувајте, нивното дете полошо се однесува од моето.
    Па после коа ќе ви каже шо ми е гајле, ти ќе ми кажеш, ќе праам што сакам... е тогаш ќе се запрашате каде сте згрешиле и зошто вашето дете не сака да ве сослуша.
    Еј шо убаво, тоа за малце што не влетало под автобус, ама вие сте најмајка и само со муабет ќе му кажете не е убаво така...
    Да да, сигурно ќе разбере дека не е убаво зошто може да ги има најлошите последици.
    И не, не викам дека треба да го истепате детето во тој момент, но мора да се напраи нешто друго, казна, начин како после на улица нема да помисли да излета, зошто ќе знае што ќе следи.
    Не може моето дете да доаѓа искасано од градинка, моето, што е најмирно таму, што сите го фалат, ради некоја мајка што не дозволува нејзиното мува да го полази.
    Ете не знам како таа истата мајка ќе изреагира ако тоа се случи на нејзиното дете.
     
    На Girl-Rabbit, M&M, thinkerbell и 21 други им се допаѓа ова.
  6. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    8.465
    Допаѓања:
    82.112
    Пол:
    Женски
    Градинките не се тоа што беа пред 20 год.
    Сега е поинаку.
    Порано не праќаа во ќош.(понижувачка метода за детето)
    Сега се користи тајм аут во големите групи.
    Тоа е метод каде детето ке седне со учителката настрана ,заедно со играчка што ја сака.
    Ќе се смири,ќе поразговараат,ќе поигра,пак ќе поразговараат,со прашање зошто мисли дека е во тајм аут.
    Потоа продолжува со активностите,смирено.
     
    На M&M, sj *O*, the.vampire.girl и 7 други им се допаѓа ова.
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.793
    Допаѓања:
    65.509
    Пол:
    Женски
    Јас сум за помали групи, до десетина дечиња максимум, да можат учителките да им се посветат и да се поврзат со нив и кога некое дете се однесува насилно да знаат како да реагираат, да знаат што е причината, а не само казни го или ѕвони на родителите. Да се соочиме со фактот дека децата поголем дел од денот го минуваат во градинка. Затоа таму треба да се обрне многу внимание на нивниот развој.
    Друга работа е кадарот на кој треба да се обрне многу внимание. Ама тоа знаеме како оди и немам надеж дека ќе се смени.
    Мариз, тоа се системски работи на кои им сд придава преголемо значење, јас не очекував таму да ја научат да се облекува, да јаде сама и раце да мие, тоа сум ја научила дома. Повеќе сакам да научи да се справува со другите дечиња и да функционира во група, затоа и ја праќам, засега гледам интересно и е, и не примениле некои дисциплински мерки.
     
    На Girl-Rabbit, candy.cane, Chantal и 3 други им се допаѓа ова.
  8. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.733
    @Lolipop23 а зошто да се покорни? Нас дрка така не воспитувале? Јас не сакам да е покорна, сакам сама да реши кого ќе го почитува. Мала е, ама и те како знае со кого како. Ако некој не ја бендисува си го изразува своето мислење за него на свој начин.

    И не сметам дека ова моево има врска со почитта во школо утре здравје боже. Тоа што е распашана команда се должи на недостатокот на знаење на педагошкиот персонал, не дека децата се не знам какви. Нас класната ни беше ко другар. Се зезаш дур се зезаш, ама кога се фаќа работа сите штама.
     
    На sj *O* и mal.ecka им се допаѓа ова.
  9. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    А ти мислиш декa сo 1500 ден имaш плaтенo психoлoг и вoспитувaч и негoвaтел и сите требa дa нaвлегувaaт длaбoкo вo психaтa нa секoе дете (a знaеме кoлку се вo групa), дa ти нaјдaт причинa зa секoјa прoменa вo oднесувaњетo нa дететo и дa ти јa решaт? Демек штo бaрaме мерки oд рoдителите, тoa рaбoтa нa вoспитувaчите е?
    Oснoвнa грижa ќе дoбиеш и oснoви при вoспитувaње, пoвеќе oд тoa -не. Акo е прoблемaтичнo верoјaтнo ќе се пoтрудaт мaлку пoвеќе aмa вo крaен случaј предупредувaaт рoдителите дa превземaт вo свoи рaце.
     
    На Girl-Rabbit, SexiLy, Martka и 10 други им се допаѓа ова.
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.793
    Допаѓања:
    65.509
    Пол:
    Женски
    Зошто да не?
    Зошто да не бараме и да се трудиме да е подобро?
    Сме се научиле само доволно ни е, ќути си и трај си.
     
    На Mantub, fana и kukla21 им се допаѓа ова.
  11. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Тaкa е секaде, зa пoвеќе, ќе си плaтиш. Плус, кoлку е извoдливo еднa или две жени дa им се пoсветaт целoснo нa 30 децa кoи требa и дa се нaхрaнaт и пресoблечaт и дa се пaзaт oчи дa не си извaдaт...
     
    На slobodka, Girl-Rabbit, SexiLy и 4 други им се допаѓа ова.
  12. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    15.740
    Допаѓања:
    72.648
    Пол:
    Женски

    Учи и дома малата за навиките, ама учи за таму кога е ред за се, за се има ред и треба да научи да го почитува тој ред на градинката. А не сите кога раскреваат, да си седи.. или сите да цртаат, друго да се шета, или приказна да се чита, некое да си зборува и да не слуша, да се шета додека се јаде, да зборува додека се јаде, така го одвлекува и вниманието на сите други. По неколку опомени ке мора да си седне на столчето.
     
    На Girl-Rabbit, JoyJoy и Martka им се допаѓа ова.
  13. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    8.465
    Допаѓања:
    82.112
    Пол:
    Женски
    Зависи каква е и конфигурацијата на групата.
    Имав 26 деца од 4,5 год.од кои 20 машки,сите до еден темпераментни потенцијални прваци по борилачки и Џеки Чен вештини:D

    На час ,на активности под клупа се закачаа.
    Во тие моменти е битно главниот тепач да се одвои.
    Обично му дававме друга активност,да се смири, да црта,да конструира со коцки или некоја друга игра..
    А бидејќи ќе му се укаже дека мора да се почитува физичкиот интегритет на другарчињата,и не смеат да се тепаат,ќе се смири, па ќе си се врати во игра.
     
    Последна измена: 31 октомври 2019
    На Girl-Rabbit и Chantal им се допаѓа ова.
  14. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.298
    Пол:
    Женски
    Ама Реин тие работи не се во наша надлежност, да можам и јас би поставила 1 учителка на 5-6 деца, ама знаеме дека е невозможно. Свесно ги праќаме децата во такви услови па и озгора да им бараме на учителките да не им се караат, да не им викаат и да не ги казнуваат кога заслужиле... а како тие 2 жени ќе се снајдат со тие деца 8 саати само тие си знаат.
     
    На Girl-Rabbit, Martka, oblace1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. pianogirl

    pianogirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2018
    Пораки:
    647
    Допаѓања:
    767
    Пол:
    Женски
    А ти знаеш ли ние наставниците-педагозите колку мака мачиме со тоа што така ги воспитувате децата? Да бираат спрема кој ќе имаат почит немој те молам. Главно бон-тон правило е да се почитуваат возрасните. Од толкава слобода уштемод мали што им давате после ние наставниците не можеме да ги ставиме во ред, треба да знаат да почитуваат збор на постар поготово во воспитно-образовни институции каде што ние педагозите се трудиме да ги научиме децата што е можно повеќе.
     
    На Someday, Stressed Out, Girl-Rabbit и 23 други им се допаѓа ова.
  16. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.648
    Допаѓања:
    95.735
    Пол:
    Женски
    Мила моја, со средно трговачко полагаат лиценца стануваат негователки, а искрено, повеќе време во денот со негователка поминуваат.
    Јас сум мајка која воспитува со плескање по газе за направена беља и разговор од типот Ајде седни да ми кажеш зошто и тоа се гледаме очи во очи. Дете е 3ипол години, досега нема мавнато по нас или друго дете, не покажува агресија, не е гласен, не е насилен и не е нападен. Имам 2 внуци од прв братучед кои се не агресивни, злобни, големото му има дупнато глава на малото на 2м, со дрвена кутлача, со намера да го убие, дете од 2 години, одговорот бил Не го сакам веќе, заради него баба не ме држи по цел ден во раце повеќе, знаеш како изреагирале, го скршиле од ќотек детето, со модринки беше по газето цел месец. Пред некое време мајка била кај нив и ми се јавува, јас не знам тие луѓе како функционираат, ми се чини ми ја дупнаа главата, толку беа гласни. Урлање, викање, дерење, трескање од земја, трчање у круг и дерење, како големиот така и малиот. Кај мене е се хаос растурено, ама дете игра, никогаш не зел да џитка играчки и да фрла, овие нов новцат таблет го џитнале во камин за да видат како ќе пука. Ова ти се два примери на воспитување, и јас плескам по газе, и они, ама мене дете кога ќе ми викне јас одма одговарам, а кај нив главата само во телефон им е, сум ги видела лично како му викаат Бегај бе, Што сакаш сега, Ај мани ми се, Не досаѓај... За внимание го прават сето тоа, не за друго, а почнуваат ли дома исто прават и во градинка. Не знам дали и кај тебе е така ама пробај да видиш, можеби си сменила нешто во секојдневието, можеби му е некоја фрустрација. И јас плескам по газот, и они исто, ама они после се свртуваат на телефон а јас разговарам уште пола саат со него зошто и разглабаме и додека не се бациме и да ветиме дека нема веќе така, нема мрдање.

    Нема правила во воспитувањето, треба да се најде само вистинскиот начин со кој ќе допреме до детето, ако тоа е муабет ок, муабет, ако е покажување, покажување, ако е казна, казна... Сум против ќотек, ама самата знам да го плеснам по газе кога ќе направи некоја беља, и јас сум човек и некогаш ми се спојуваат жичките, ама на крајот од денот секогаш разговараме за се, иако не зборува убаво, се обидувам и се трудам од него да извлечам максимум.
     
    На senjorita-v, fana и sofi2107 им се допаѓа ова.
  17. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.194
    Допаѓања:
    10.815
    Пол:
    Женски
    Моево уште не е во градинка, ама јас работам како стоматолог, многу често со деца. Како личност која треба да процени карактер на дете и соодветно да му пристапи за да има тоа некаков резултат, еве ќе ви кажам дека воспитувањето само од родителите почнува. Ако построго го држат дома, тие родители ќе дозволат и во градинка да го прават истото, и детето си е бајче. Ако дома не се знае кој пие а кој плаќа, во градинка со муабет нема да го скротат. На деца кои не се однесуваат како што треба, ако им пристапиш со милост, ќе те згазат. Се дере на мајка му те мразам, јас му викам ајде немој така не е убаво, тој ја мава мајка му и таа се извинува и го изнесува од ординација. Во друг случај, го видов синот од 3 години како му мава шамар на татко му зошто го тера да иде на забар, таткото не реагира. Пред тој момент бев најмила на свет со детето, после тоа нормално дека го скарав. На што личи тоа да го тепаш татко ти, само уште еднаш така си направил тешко тебе! Детето со мене е бајче, со татко му се иживљава.
    На немирните деца, особено тие кои кон родителите немаат почит и децата не им се плашат, со добро тешко дека далеку ќе стигнеш. А да не правиме муабет како можат да повредат некое другарче во меѓувреме.

    Тајм аут техника, или казна со земање на играчка на одреден период, за мене се соодветни начини на кои јасно ќе им се даде до знаење на децата дека секоја акција си има последици. Проследено со строг тон за да сериозно те сфати детето и доследност до крај на казната.
    Така би сакала и мојата ќерка да биде третирана во градинка.
     
    На Stressed Out, Girl-Rabbit, Martka и 16 други им се допаѓа ова.
  18. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.733
    А зошто мора по дифолт да те слуша? Каде се твоите педагошки мерки да ја заработиш почитта и вниманието на детето?
     
  19. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    3.858
    Допаѓања:
    21.138
    Пол:
    Женски
    Значи сите се криви, само твоето дете е право а?
    Во градинка школо средно факс, мора да слуша!!!! Се што е поврзано со наставниот план.
    Не може ти, или твоето дете да каже не може сега не ми се прави тест, кога тоа е така за сите.
    Не можеш така да воспитуваш дете, да не почитува. Не мора да ја сака, обожава, но бидејќи е над него, мора да послуша.
    Сакаш да кажеш дека ако не ја почитува може комотно да земе да ја акне од земја???
    Не сфаќам што сакаш да постигнеш.

    Еј пази почит да заработела, а она е тука ставена да го учи твоето дете, кое ти го учиш да не ка почитува неа.
    И вие се буните за кадарот.
     
    На Someday, Stressed Out, V.odolija и 30 други им се допаѓа ова.
  20. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.194
    Допаѓања:
    10.815
    Пол:
    Женски
    Исто како што возрасните треба да си го почитуваат надредениот на работа, така и децата треба да ги почитуваат сите учители, негувателки, луѓе кои се одговорни за нив. Нели ги учиме сите деца да кажуваат добар ден на постарите, тоа е исто, почит и култура.
    Доверба треба да се заслужи, а почит треба да се има и може да се изгуби ако тој не ја заслужува.
     
    На Girl-Rabbit, M&M, thinkerbell и 21 други им се допаѓа ова.