1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дисциплински мерки во градинките

Дискусија во 'Дете' започната од GirlLove, 30 октомври 2019.

  1. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.890
    Допаѓања:
    223.727
    Пол:
    Женски
    Он мн сака да оди. Со радост оди. Ама јадење таму јок. Колку и да е гладен само 2 пати се случи да ксне малце таму. Тоа мислам се должи на нас јер немал мика навика да јаде надвор. Нели после салмонелата никаде не го носевме на јадење надвор..
     
    На Cosmi му/ѝ се допаѓа ова.
  2. pianogirl

    pianogirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2018
    Пораки:
    647
    Допаѓања:
    767
    Пол:
    Женски
    тоа се деца не се роботи како прво. Имав случај што дете од претходниот наставнил има 5 го испрашувам не знае ништо да ми одговори и заради претходните активности на часот му ставам тројка. Детето се дрзна како прво да ми се обрати на ТИ не на вие и да ми кажува дека он е у прљво дека он е дете си ги знае правата. Му велам ако си ги знаеш правата тогаш што се буниш што ти е намалена оценката бидејќи требаше уште повеќе да му ја намалам ама не сакам да го правам тоа. Тоа ми е зборот од дома децата се воспитуваат а ние ги довоспитуваме и ги образуваме
     
    На Girl-Rabbit, S.W.A.G, oblace1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. sofi2107

    sofi2107 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2014
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    5.881
    Пол:
    Женски
    Затоа викам дека оние кој во живо го немаат затекнато во тие испади не ми веруваат :D
    Иначе реално ете на видеа и слики кога ќе се видат твојот или мојов абе бајчиња памукчиња :)
    Еве денес бил многу супер во градинка. Дете се пројало без мака. Па и репете барало, со деца си играло, се гушкал и милина. Па за сефте решив и смогнав сила да се помирам со себе дека треба дете да преспие кај тете. И еве од преска ми го слика, снима, на камера пушта и дете како да му паднала саксија врз глава ( скраја било ама мала шала ) мераци да го гледаш/чуваш баш како секогаш што бил. Верувам таков му е денот па пак ќе има некој испад. Бевме скоро кај Даскалов зашто навистина мислев дека ми лизна од раце дете и згрешив нешто. Ме освести дека е сосема нормално тоа понашање ( до некаде ) кај тодлери. Не секое знае да искаже емоции, незадоволство итн. Па кај секое дете пристап на смирување делува различно и реагираш како ќе наложи дадениот тантрум.
    Ајде ќе издржиме мажињава да потпораснат и да може тек тогаш со разговор да постигнеме нешто, зашто сеа џабе мелам не ни се труди да се фокусира и слуша.
    Ајде барем со кучињава наши се во љубов :$ па како си спијат гушнати мераци за душа :inlove:
    Бубни го батко најубав од нас :*
    @Cosmi верувам е така. Свесна сум на тој процес, но некогаш колку и да ти е јасен и да си свесен дека е сето тоа до некаде нирмално ... верувај тешко како мајка го прифаќам. Се надевам е само фаза и ќе помине ( како што пишува во многу статии за тодлери ).
    Сепак фала на мислење.
     
    На Girl-Rabbit, Sandrin4, Cosmi и 3 други им се допаѓа ова.
  4. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.136
    Допаѓања:
    14.383
    Пол:
    Женски
    А старите генерации, баби и дедовци, кои биле раснати без градинки и се чувале еден со друг. Како тие бе до ден денешен имаат навика за општи културни манири?
    Не велам сите дека се. Еве одредена маса нека биде.
    Кој ги воспитувал? Комшијата?
    Да не случајно ние денес ја избегаваме обврската на воспитание на нашето сопствено дете?
     
    На Martka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.890
    Допаѓања:
    223.727
    Пол:
    Женски
    Баба ти памти како се понашала на 3 год? :)
     
    На kukla21 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.136
    Допаѓања:
    14.383
    Пол:
    Женски
    Зборувам дека основните : добро утро, добар ден и сл. Им се вкоренети. Погрешното ме сфаќаш.
    Пример мене ученик ме удри со камен по глава несакајќи ни извини не ми рече.
    Ај сеа.
     
  7. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.871
    Допаѓања:
    31.228
    Пол:
    Женски
    Методот со седнување на “столчето” го применуваа во претходната градинка на син ми. Во оваа новата не знам дали имаат некој сличен метод. Секако дека и тој седеше неколку пати :) За него беше многу страшно и срамота седењето на столчето и тоа го мотивираше дека треба да слуша, дека тоа што се прави и кажува во градинка е за негово добро. Не само тој, сите деца се научија на ред. Имаше доста немирно и темпераментно дете во градинката, со правилен пристап го смирија. Награди немаше, уствари нема никаде, овде ни под разно не се практикува истакнување на посебни вештини или било какво издигнување на едно дете наспрема другите. Едноставно сите се исти и никој не смее да се наметнува како подобар од другиот, кај децата посебно важи ова. Никогаш не беше спомнато кое дете ги одговорило точно прашањата на неделното испитување, ниту пак кое погрешило. Тоа беа информации достапни исклучиво за родителот на детето.
    Ми се допаѓаат градинките овде, методите на воспитување и едуцирање што ги употребуваат. Кога ќе направам споредба, испаѓа дека многу добро знаат што прават :)
     
    На Girl-Rabbit, M.B., S.W.A.G и 11 други им се допаѓа ова.
  8. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Некoи учители се и дoбри психoлoзи, имaaт тaкoв пристaп или "ѕвездa" или сaкaaт дa се пoтрудaт мaлку пoвеќе при предaвaње зa децaтa дa се зaинтересирaaт зa предметoт...aмa тoa не знaчи декa сите мoрa или знaaт дa бидaт тaкви. Крaј крaевa, aкo твoетo или нечие другo дете не е зaинтетесирaнo дoвoлнo зa предметoт зaтoa штo прoфесoрoт недoвoлнo шaрмaнтен е, дететo губи. Не мoже еден учител дa е зa сите децa oдличен. Акo зa едни е хумoристичен, зa други е -смoтaн. Зa трети интересен, зa четврти дoсaден. Мнoгу филмoви гледaте кaде влегувa прoфесoр вo прoблемaтичнo училиште и сo мaлку труд и некoлку финти стaнувa oмилен и прифaтен oд сите. Сите немa дa гo сaкaaт, aмa пoчит мoрa дa имa, aкo рaбoти пo oснoвни прaвилa и прoписи нoрмaлнo и не мaлтретирa децa. Местo зa лични чувствa oд типoт -ми се дoпaѓa или не, бaрем нa oчигледен нaчин, не требa дa имa. И не требa дa се учaт oд дoмa тaкa. Акo не рaбoти кaкo требa, се пријaвувa. Вo спрoтивнo, тaму се децaтa дa се придржувaaт нa прaвилa и прoписи, a тoa знaчи и културен и пoслушен (се знaе дo кoјa мерa, се си е прoпишaнo) oднoс дo aвтoритети.
     
    На Girl-Rabbit, M.B., SexiLy и 15 други им се допаѓа ова.
  9. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.733
    Вие се кажува од почит. Со што ти ја заслуши почитта на споменатово дете? Тука кажуваш мал сегмент, не те послушал, не знаел и се однесувал не знам како. Имав и јас такви во клас. Две групи. Едните од невоспитање, други од револт, бунтуваат против неправда, нешто ги "дразни" да одговорат понервозно и сл.
    Јас не зборувам за првиве.

    А кој зборува тука за невоспитани деца?! Никој не кажа да не кажуваат добар ден и сл. Скроз си ја промашила темата.

    @Bridget не зборувам за филмски професори. Интерес за нешто имаш повеќе, некаде помалку. Просечен професор што не се однесува диктаторски ќе ја има почитта од децата.
     
    На eli25 и sj *O* им се допаѓа ова.
  10. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.298
    Пол:
    Женски
    @kukla21 на кој начин и зборуваш ти дома на ќерка ти за учителките во градинка, пример јас му зборувам постојано дека учителките треба да се почитуваат и слушаат, а веројатно и ти на некој начин ја подучуваш...?
     
    На Martka му/ѝ се допаѓа ова.
  11. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.892
    Само едно ќе кажам: како што не сме сите возрасни исти, така и децата не се исти по карактер и темперамент. Ако кај некои пали убедување и убав збор, кај други пали строгост. За жал син ми е во втората категорија, колку и да се обидувам да не е така. И кога прави тантрум можам јас мирно да зборам до утре, ама додека татко му не дојде да свика, некогаш и по газ да го удри, нема мрдање. А го обожава татко му.

    @kukla21 , и професорите различни деца различно ги гледаат. Мојата професорка по математика во средно беше може и претерано строга, но и многу квалитетен професор, и часовите секогаш беа успешно спроведени - пола од нас имавме почит кон неа, пола од страв. Мојата класна пак беше сосема инаква - повторно зборувам за многу солиден професор, но од оние кои сакаат да бидат и пријатели со децата, секогаш смирена и спремна да те сослуша. И кај неа имавме успешни часови, но половината зад грб збореа колку е лесно да ја смоташ, колку ќе ти поверува на лаги, колку лабаво можеш да поминеш. Дали заслужува првата почит, дали втората, дали двете, дали ниедна, е одговор на кој секој од учениците ако беше прашан, ќе дадеше различен одговор.
    И сето ова во време пред 30 години, кога беше друга околината од сега. Не го фалам тоа време и не идеализирам, муабетот ми е дека нема еден калап во кој сите ќе се вклопат, и теорија и пракса е многу различна работа.
     
    На Girl-Rabbit, Martka, sj *O* и 2 други им се допаѓа ова.
  12. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.648
    Допаѓања:
    95.737
    Пол:
    Женски
    Вчера син ми проба да ми стави столче на глава и да седне на столче. Првата реакција ми беше бурна, свикав, следно го тргнав да не се повреди, столчето го изнесов од соба и го седнав да му објаснам. Прво проба да ми пребаци кривица, Не ме карај! Се објаснивме за што служи столчето, дека тоа е начин да се повредиме ако не правиме како што треба и дека така може да ги повредиме и другите. Дете има 4 столчиња и 1 масиче, дојде тато му објасни каде треба да стојат, за што служат и дека на глава не се ставаат. 1:0 за мама! Мора да се објасни на дете, колку и да има, како и да мислиме ние дека е правилно, мора да се објасни јасно и гласно.
     
    На Girl-Rabbit му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.298
    Пол:
    Женски
    Во твојот прв пост на темата до осудуваш методот на казна на воспитувачките, ќошето и затворот, како нешто којзнае колку страшно, а потоа кажуваш дека и ти плескаш по газе и знаеш да се развикаш кога е потребно.
    Зошто мислиш дека твојот метод е помалку суров од тие во градинките? Или само тебе ти е дозволено да ти се спојат жичките, м?
     
    На Girl-Rabbit, Chantal, Harper и 11 други им се допаѓа ова.
  14. pianogirl

    pianogirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2018
    Пораки:
    647
    Допаѓања:
    767
    Пол:
    Женски
    Оф бе кукле како не можиш да сватиш дека едноставно наставникот треба да биде гледан со почит и со авторитет. Како јас гинпочитувам, ги сакам ги ислушувам сите што имаат да кажат, без разлика дали споделуваат проблем идеја или слично. Почитта ми е заработена што прво јас ги почитувам децата, не ги навредувам и со тоа треба да има позитивен фидбек. Но едно големо НО вие им поставувате др критериуми и тие не сваќаат дека едноставно треба да се биде мирен да се почитуваат едни њо др и да го почитуваат школото и наставниците. Затоа што јас не предавам само лекција на часот јас ги тешам, ги советувам ги ислушувам што мн чедто децата тоа денес од презафатените родители не го добиваат. Јас сум класна на 7мо одд и дознав дека 2 девојчиња пушат. Реагирав пошто сум мн против деца да пушат. И на крај излезе дека ја се нервирам родителите не се замараат. Епа извини јас ќе се траскам за твоето дете а ти не се замараш. Е не може така
     
    На Girl-Rabbit, Chantal, malerozna и 6 други им се допаѓа ова.
  15. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.195
    Допаѓања:
    10.833
    Пол:
    Женски
    Малку касно го приметив примерот со "затвор". Не знам дали сум само јас, ама не гледам проблем со тоа дете да биде ставено на безбедно место (како креветче со решетки) додека да се смири, и во исто време да не биде вклучено во игрите на другарчињата како последица на тоа што згрешило. Секако не цел ден таму да седи, ама 5 минути за дете од 3-4 години е сосема доволно. Што ако се нарекува затвор? Зарем ако истото дете ве праша што е тоа затвор, нема да му објасните дека тоа е место каде одат луѓето што прават лоши работи? Ако се тепало со другарче, ќе оди во затвор пет минути. Битно е да се извини после тоа и да се разговара за да знае што точно згрешило, и да знае дека не треба да се повтори. Може сум ладнокрвна, ама мене ова ми звучи сосема во ред.
     
    На Girl-Rabbit, Chantal, Harper и 10 други им се допаѓа ова.
  16. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.733
    Прво не и кажувам дека се учителки :) По име ги кажуваме. И она по име им се обраќа.
    И кажувам дека е убаво да си игра со дечињата, да делат, да не се тепа.. Колку разбира, толку.
     
  17. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.733
    Ако заслужил ќе има почит. Јас не зборувам за невоспитани деца.
     
  18. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    8.027
    Допаѓања:
    40.193
    А зошто не знае дека се учителки?
    Тоа се, нели?

    Некако темава ко за инает терање
     
    На Girl-Rabbit, BoaVista, Chantal и 12 други им се допаѓа ова.
  19. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    3.858
    Допаѓања:
    21.138
    Пол:
    Женски
    Јас не знам зошто толку многу се плаши од тоа да има некој над нејзиното дете, односно од тоа дека демек ќе им биде потчинето.
    Разбирам што сака, сака детето да нема страв, да не го малтретираат, да не го омаловажуваат, да има свое јас, цврст став и карактер. Јасно да го искаже своето мислење.
    Само сметам дека начинот и е крајно погрешен.
    И јас ги сакам сите овие работи. И многу ми е страв и моето дете да не помине како јас, ама пристапот ми е друг.
    Овде од старт се учи какл некој мора специјално да се труди за нејзиното дете, а нејзиното па да одлучи дали треба да биде примерно, па ако сака ќе биде...
    Соработка со колективот не е апсолутна послушност.
    Научи го да кажува, дискутира, да се побуни на неправда, но не и да не почитува ако така му прдне.
    Почит е сослушување на туѓо мислење па изнесување свој став, убедување, негодување.
    А не, не ми се свиѓа шо кажа, нема да почитувам.
     
    На Someday, Girl-Rabbit, BoaVista и 15 други им се допаѓа ова.
  20. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.795
    Допаѓања:
    65.512
    Пол:
    Женски
    Поентата е зошто да се заплашуваат децата, зошто мора да е нешто страшно? Зошто едноставно не е место каде детето ќе поседи пет минутки да се смири ако претерало, зошто да е затвор?

    Децата секако дека мора да се дисциплинираат, но не мора тоа да е со заплашување. Она што мене ми е јасно е дека со триесет деца се нема време да се посвети и најбрзо нешто што може да смири ситуација е заплашувањето. Заплашувањето на краткотраен рок дава резултат, но долготрајно не.
    Плус, малите не го ни сфаќаат значењето на извини, повеќе го гледаат како начин да се извадат од нешто. Ќе се извини и се средила работата, понатаму не го ни мислат тоа, само механички го кажуваат.
    Јас и викам на ќерка ми дека не ми треба да ми се извини, ми треба со постапките да покаже дека сфатила што згрешила. Ако ме штипнала, пример, не ми треба извинување, туку да не ме штипе повеќе бидејќи ме боли и ме повредува, а не да продолжи да ме штипе и да ми се извинува, не сум постигнала ништо така.

    За другото, за почитта, мислам дека се мали во градинка да сфатат што значи тоа, не ни почнале со учење или нешто. Јас ги викам воспитувачка и негувателка, како што и се, она си ги вика како што и кажале да ги вика, на име. Не сум ја учела дали да ги почитува или не, или да се плаши од нив, ниту пак ја плашам со нив, туку дека се таму за да им помогнат за се што им треба додека се таму и дека за се може да им се обрати на нив. Ги претставувам во добро светло. И она не јадеше на почетокот зашто мама дома готвела, ама никој не се обиде да ја заплаши да јаде таму, туку воспитувачката ја зема со неа да и помага во делење на доручек и ручек, им делеше прибор на децата, ја вклучи во процесот и без присилба сама почна да си седнува со децата. По некој ден почна и да си јаде кога виде дека сите си јадат.
    Едноставно мислам дека секогаш може да се допре до децата, дури и до тие кои се перципираат дека имаат проблем со однесувањето. Само треба труд и работа.
     
    На Girl-Rabbit, Chantal, Coco31 и 4 други им се допаѓа ова.