1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дисциплински мерки во градинките

Дискусија во 'Дете' започната од GirlLove, 30 октомври 2019.

  1. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.057
    Допаѓања:
    72.323
    Пол:
    Женски
    И јас знам за градинки каде што воспитувачките самите им налагаат да ги викаат по име.
    И во основно, средно итн самиот колектив на професори наложува како да им се обраќаш.
    Во основно ги викавме учителки/наставници, потоа професори. Професорите се лутеа ако им се обратиш со наставник.
    Значи самиот наставник наложува како да му се обраќаш.
    Јас во средно имав професор, сакаше по име да му се обраќаме.

    Нема врска тоа со културата.
     
    На sj *O* и LunaGrey им се допаѓа ова.
  2. divna.st

    divna.st Активен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2019
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    37
    Se nadevam od inaet go pisuvas ova.
    Ne slusaj nikako, nemaj pocit kon nikogo ,cekaj ako zasluzat . Bravo majka.
    Nas ne ucele mnogu ubavo nego nie kako gi ucime.....
     
    На MamacitaBuena, V.odolija, Girl-Rabbit и 3 други им се допаѓа ова.
  3. LunaGrey

    LunaGrey Популарен член

    Се зачлени на:
    18 декември 2018
    Пораки:
    2.693
    Допаѓања:
    26.219
    Пол:
    Женски
    ама она не ја учи да не ги слуша и дека не и може никој ништо.
    барем јас не сфатив така.

    има многу родители што многу ги размазуваат децата и факт е тоа, ама па има деца што од многу размазување пак растат во скромни индивидуи а има и такви што од по строго воспитување стануваат бесни деца.

    децата се сепак личности и имаат карактер од тодлери, најважно е да се сакаат и да се учат на добри работи, а тоа дали некој ќе рече Ти или Вие,нема да биде од круцијално значење за нивното понатамошно однесување.
    дечињата нека бидат дечиња.
     
    На sj *O*, zuto и kukla21 им се допаѓа ова.
  4. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.890
    Пo име викaње, не билa учителкa, три денa шкoлo имaлa. И чистaчкa дa е пoштo е дете, не требa пo име дa јa викa. "Теткo" и "Чичкo" не се сaмo зa рoднински врски туку oзнaчувaaт oнa штo низ цел свет oзнaчувa "Гoспoдине" и "Гoспoѓo". Пoштo ние не сме тoлку фoрмaлни, дa не речaм културни, упoтребувaвме пoнефoрмaлни -теткo и чичкo.
    Нa име викaње пo дoмa.
    Штo се немa дa прoчитaш.
     
    На Someday, Lady*Bug, V.odolija и 20 други им се допаѓа ова.
  5. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    3.883
    Допаѓања:
    76.007
    Пол:
    Женски
    За децата е најбитно домашното воспитување. Ако од мали се воспитуваат правилно, во градинка а и подоцна на училиште нема да има потреба од никакви "казни". И да, многу е важно од дома да ги научите да почитуваат воспитувачки, негувателки и подоцна наставници и професори. Јас моите ги учам да ги сакаат и почитуваат истите како мене и татко им дома затоа што тоа им е втор дом додека сме ние на работа. Дека додека се во градинка и на училиште треба да бидат послушни и да си ги сакаат затоа што им се како родители, таму се за нив тие 8, 9 часа за совет, утеха, љубов и грижа.
     
    На Girl-Rabbit, Chantal, Feminka22 и 9 други им се допаѓа ова.
  6. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.541
    Допаѓања:
    95.404
    Пол:
    Женски
    Зошто тој во мене има доверба, и знае мама ако го скара го кара зошто погрешил, сигурно не сум го млатела а и не сум го правела тоа додека не знаел што прави, туку сум чекала да започне да сфаќа. Работата на учителката, воспитачката, тетката, како сакате наречете ја, е да ја воспита и згрижи за да ја спреми во школо, не да и наметне нешто. Во ред е да седне да разговара зошто ја скршил играчката и да го остави да размисли дали е добро тоа што го направил, ама не и да го плесне зошто прво и основно таа е со него од септември, ако дозволам да го удри во тој случај ќе си стави во неговото мало главче дека секој еден на улица може да го плеска како сака и мисли, зошто за него Ивана е нов лик во неговиот живот, ако секој нов лик му дозволам да го млати како мисли дека треба тогаш што сме постигнале. Тој момент е доста битен, да му доловиш на детето кој е родител, кој баба, кој дедо, кој учителка... Ивана денес е овде утре може не, ако и дозволам да го тепа он ќе мисли дека секој може да го тепа па утре ќе наведне глава да го млати секој еден на улица и нема да ми каже зошто ќе мисли дека тоа е нормално во животот.

    Што и се сипавте на Кукле, ако она лошо го воспитува детето за себе го праи тоа, нема да речам е Лоли лоша мајка на Кукла ќерка и лошо е воспитана (случајно избрав името Лоли) На крајот од денот детето дома кај Кукла ќе си иде, не кај мене, нејзе ќе и биде воспитано или не. Сите ние на некој начин си правиме мали копии од нас, сакале признале или не, тоа е начинот на кој сакаме да ги гледаме децата, психа е тоа.
     
    На senjorita-v и kukla21 им се допаѓа ова.
  7. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.743
    Допаѓања:
    108.730
    А што и се да бидат чичко и тетка?
    По дома се мама и тато. На познаници по име. На непознати госпоѓа/господине ако треба да се обрати.
    Исто и јас мислам. Што не ќе прочиташ. Тетки еден куп, а ги учиме која е тетката во семејното дрво. Ја девалвирате тетката. Секоја петра од улица тетка.
     
    На sj *O* му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.890
    Тoгaш -Гoспoѓo и Гoспoдине некa викa, oбјaснив зa теткa и чичкo. Вo oбрaзoвнa институцијa (билo кaквa институцијa) прoстoтилoк е пo име дa им се oбрaќaш нa врaбoтените. Уште пoвеќе aкo се рaбoти зa децa.
     
    На Someday, DAngel, M.B. и 9 други им се допаѓа ова.
  9. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.541
    Допаѓања:
    95.404
    Пол:
    Женски
    Госпоѓа? На 2 годишно дете што и името ќе го скрати да му речеш кажи Госпоѓа Катерина, не Кате. Абе дај. Педијатарот наш заслува не со господине, сосе цела титула и господине и пресветол царе да му се обраќаме од што ни има спасено здравје па сто пати не има опоменето, Гого сум јас. На синко сегашните “учителки“ не даваат учителко да ги викаат, строго на име, во јасли таа бараше учителко да и викаат.
     
  10. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.890
    Сaмo пo име? "Мaријa мoже дa oдaм вo ве-це"?
     
    На VedaG10 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.057
    Допаѓања:
    72.323
    Пол:
    Женски
    А зашто е страшно да ги вика тетка?
    Не ти контрирам, чисто прашувам.
    Ти некои жени не си ги викала тетка ____ ?
    Јас многу тетки што не ми се тетки им се обраќам така.
    Пример, мајките на другарките ми се тетка таа_и_таа.
    Госпоѓа би било ту мач, а само по име, па не ми се другарки они.
     
    На Girl-Rabbit, Chantal, Harper и 8 други им се допаѓа ова.
  12. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.743
    Допаѓања:
    108.730
    Кога ќе знае, ако треба да се обрати. И јас викам госпоѓо/господине.

    Мене децата на сите другарки по име ме викаат. Внуците, мм по име го викаат. Колку љубов делат, се сакаат што нема врска со тоа дали тетин го викаат. И тоа е најбитно. Кога ќе го видат му се џиткаат да ги гушка, да ги шета..
     
    На zuto и LunaGrey им се допаѓа ова.
  13. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.743
    Допаѓања:
    108.730
    Си правиме муабет, не се лутам јас :) Затоа што не и се тетки. Има една тетка.
    Ние сите ги викавме чичко, тетка. Некоја општа норма беше тоа.
     
    На LunaGrey му/ѝ се допаѓа ова.
  14. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.892
    Јас имам викано пријателки на моите, и мајки на другарки тетка-таа-и-таа, веројатно пошто така била нормата. Од друга страна моите вистински тетки многу ги сакам, и ги почитувам, и се по ред, ама од мала сакале да ги викам по име, и и ден денес така ги викам.
    Лично и јас кога муабетам со деца на другарки, им се претставувам со моето име, не со тетка-јас. Едноставно не ми е природно така да ме викаат. Внуците од девер ми исто. Дај Боже и внуци од брат да имам, по имеќе сакам да ме викаат.
     
    На zuto, LunaGrey и kukla21 им се допаѓа ова.
  15. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    3.883
    Допаѓања:
    76.007
    Пол:
    Женски
    Значи само мама смее да тепа и тоа е ок? Ништо лично, ама ни мајка не е во ред да плеска дете по газот затоа што згрешило нешто. Има и други начини за воспитување, ќотекот не е дел од тоа.
    Плус, дете ако е тепано (без разлика што само мајката или таткото го плескаат по газ) може да си мисли дека ќотекот е ок зошто мама и тато го прават тоа па после и друг некој ако го истепа нема да му биде чудно и ново, туку ок мерка за воспитување.
     
    На Chantal, flower30, duffi и 6 други им се допаѓа ова.
  16. LunaGrey

    LunaGrey Популарен член

    Се зачлени на:
    18 декември 2018
    Пораки:
    2.693
    Допаѓања:
    26.219
    Пол:
    Женски
    Ама само кај нас е тоа така, само ако ти се блиски да можеш по име да ги викаш.
    Име е тоа, дадено од родител,идентитет,зошто да може само блиски да те викаат така,зошто мора тетко?
    Еве на пример јас имам роднини во странство, на мајка ми ,па и на мене сите со име ни се обраќаат.
    И далечни роднини-дечиња и некои што не ни се роднини.
    Воопшто тоа не го гледам како непочитување.

    Многу ни е народен и сиромав јазикот тоа е, останати се некои застарени изрази, што да очекуваме кога секој втор меѓу себе се вика мајсторе.

    Јас имам 30 години и родителите на моите пријатели ги викам по име.

    На луѓе што ми се непознати ги персирам секогаш и ако треба да се обратам со госпоѓо/госпоѓице и господин се обраќам.
    Не им викам на продавачки тетке или девојче.
    Мене ми се темни кога некој ќе ми влезе на работно место и ќе ми рече така.

    И уште нешто, децата на мои другарки кои имаат по две ,три години ,со име ми се обраќаат.
    Со име ама нагалено и тоа ми е мн слатко. Не сакам никој да ме вика тетка.
     
    На kukla21 и darcy им се допаѓа ова.
  17. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.192
    Допаѓања:
    123.805
    Вие се кажува од култура. На повозрасен, на поедуциран, па непознат. Не од почит. Јас мајка ми ја почитувам, па не и викам Вие, и маж ми исто, па не го прашам, да Вие јадевте денеска? Од домашна култура неа луѓето им се персира, не од почит.
    како да ти кажам, ама таа жена, со три дена школо му го брише газот на твоето дете, кога ќе падне го гушка во раце, и му дава да јаде. Ако она не заслужува почит од тебе, што ти го чува детето, не знам кој.
     
    На elenaklasik, Someday, V.odolija и 25 други им се допаѓа ова.
  18. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.541
    Допаѓања:
    95.404
    Пол:
    Женски
    Да, по име, никако другчие. По правило треба да и викаат Воспитувачке Ивана, Негователке Бубе, на дете од 2ипол години, иди па објасни му го тоа.

    Кога ќе порасне и може да разбере ќе му објаснам, сега е невозможно да ме разбере.

    Викам и јас тетка, чичко, свекрва и свекор ги викам така, ама он не мора. Некни му викам оди тетка Кате да ти даде нешто, го викаше другарка ми, ми рече таа не е тета, тета е Нине и Дани, она е Кате. Знае да ги нарече повремено и тета Ивана и тета Бубе, ама гледам се поретко, изгледа реагираат и они. Верувајте и ним им е полесно на име, успеваат на тој начин да се симнат до нивно ниво. Свекрва ми баба може на сите да им е, сите деца на име и се обраќаат.

    Не викам дека е правилно, ама уште помалку е правилно секој на улица да може да го наплеска. Јас сум родител кој плеснува по газе, секоја чест на тие со појаки живци кои можат да се исконтролираат. Додуша на прсти се брои колку пати е плеснат по газе, ама сум го плеснала, не можам да речам не. А на останатите не дозволувам бидејќи они не го воспитуваат, додека пак учителките се менлива категорија и не сакам да му дадам до знаење дека може учителка да го тепа. Таа е тука за да му даде знаење, не ќотек, полесно се учи кога не очекуваш некој на секое да те млати.
     
  19. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.127
    Допаѓања:
    10.721
    Пол:
    Женски
    Ако толку сака таа да ја викаат по име, во ред. Нека ја викаат. Ама ако не рекла ништо, зошто да ја викаат по име? Јас не сум опоменала никој пациент што ми се обраќа по име, ама не е во ред 14годишно момче да ме ословува како другарка од клас да сум му. Сепак ако родителите не го научиле декана личност постара 15 години од него треба малку покултурно да и зборува, сигурно јас или учителката во градинка нема да го научиме.

    Избегавме од темата, не беше културата туку дисциплината во градинките овде ставена за дискусија.
    Каква култура и да сакаме да им пренесеме на нашите деца, дисциплина во градинките мора да има.
     
    На Girl-Rabbit, Chantal, oblace1 и 3 други им се допаѓа ова.
  20. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.892
    Се слагам. И затоа имаме проблем во темата за свекрви, дека не требало по име да се вика. Епа госпоѓо е преформално, така што по име ми е единствено логично.

    Е жените кои од мала сум ги викала тетка-таа, сега веќе не можам инаку да ги викам :)
     
    На kukla21 му/ѝ се допаѓа ова.