Да. Е мојава нема тетка. Ма да и јас не ја/би учела (уште е мала) да ги вика сите со тетко, ама јас да се обраќам мене ми доаѓа нормално. Не реков дека е некултура, ниту непочит. Чисто прашав. И се согласувам со твоето мислење. И ние што имаме дечиња во друштво не викаат со име и моето тоа го гледа и ќе кажува и она само по име, зашто веќе така и учи. Чисто дебатираме нели. Ама еве јас, не можам преку ноќ, на мојата најблиска другарка мајка и да и се обратам со - СНЕЖЕ - пак ми доаѓа тетка Снеже. Така ми останало. Искрено, за ова не сум ни помислила, немало ни да помислам да не беше темава.
Децата секако ќе ја викаат како ќе им биде кажано и како што сите други ја викаат. Ако слушаат цел ден дека другите ја викаат по име и они исто ќе ја викаат, ако ја викаат учителке и они ќе ја викаат, ќе им влезе така во глава по толку слушање. Како што пиша некој погоре, веројатно и сакаат да им се доближат повеќе на децата, па затоа преферираат по име да ги викаат, што поформално е обраќањето, поголема е далечината, а во градинка тоа најмалку им треба.
Мaлo дете не пoврзувa нaчин нa oбрaќaње сo близинa. Тoa гo прaвиме ние вoзрaсните. И не знaм кaкви грaдинки се тие штo дoзвoлувaaт пoтoчнo пoттикнувaaт дa им се oбрaќaaт нa име. Тие требa дa учaт кaкo се збoри сo вoзрaсен. Ќе се нaучaт тaкa и сите нa име ќе ги викaaт, aкo мoже учителкaтa и директoрoт, зoштo дa не и сите други? Претпoстaвувaм вo нoвooтвoрени привaтни грaдинки штo зa пaри се ќе нaпрaвaт, демек нoв кул oднoс измислиле, нa истo нивo сo децaтa
Така е, само од мама нека очекува дека во секое време ако нешто згреши дека ќе си го добие по газот. Негувателките и воспитувачките се таму да му дадат знаење, а мајката место љубов и разговор, ќотеЧе. Џабе вечерта ќе го изгушкаш и изнабацуваш кога дента си го истепала зошто направил ''беља''.
Читав набрзина па не сретнав напишано ни за државни ни за приватни. Моја претпоставка беше. Дај ми постови каде пишува дека се работи за државни градинки? Иако и не е толку важно, онака ме занима.
Свекрва ми работи во државна, таму на сите со име им се обраќаат, исто и кај моето. Извини што се умешувам.
Децата на таа возраст се поистоветуваат со родителите. АКо ти не ја почитуваш,нема ни детето. А се гледа дека ти е испод ниво.
И мојата на учитеклката и се обраќа на име, јас па среќна бев што има р у името, за да научи побрзо р да вика .)
Не сум прашала, не ме ни интересира, а знам дека во програмата имаат да научат за односите во фамилијата и кој е момче кој е девојче, тоа вчера учеле па ми објаснуваше, верувам дека ќе стигнат и до делот ословување. Мислам дека со тоа тетка се дава и поголема слобода на децата бидејќи кон тетката немаат однос како кон учителка.
Не велам дека и тетка е правилно ама баш ме занима што ќе ги научат кога ќе дојдат до делот -ословување. Поточно, веќе ги научиле.
Тоа претпоставуваш зашто јас пишав, па моето сигурно во таква оди, со кул однос и приватна? Не, за државна и јас зборувам. Така им се обраќаат, на име, така им рекле и сите деца исто ги викаат. Мене ми се допаѓа, баш ми е кул.
Дискусијава е многу разврзнаа и не можам да одговорам на тоа кој што кажал па еве на оригиналните прашања ќе одговорам. 1. Најчеста мерка им е „тајм аут“ во облик седење на клупа/столче неколку минути па разговор дека тоа што го направиле не чинело. Лично јас не знам друга мерка која би можело да се примени на деца помалу од 5/6 години. Не знам зошто има згрозување на темата. Психолог сум и од она што го имам читано најефикасна метода е тајм аут и игнорирање на однесувањето кое не е пожелно на почеток па откако ќе се смират страстите тогаш се разговареа со детето. еве јас не знам како поинаку се казнува дете од 2 или 3 години освен отсртанување од активноста што ја сака. 2 и 3. мислам дека во првото опфатив се 4. Дома применувам класично поседи во ќош како тајм аут (имаме само еден ќош дома каде седи со темпирање колку минути седи ако направил беља - правилото е колку години има толку минути седи за тоа да биде казна) и оставање додека се смири ако има тантрум. Откако ќе пројде казната тогаш смирено разговараме што е тоа лошото што го направил и како да се справи со емоциите. За справување со емоции има и друга техника а тоа е да го гушкаш додека е во тнатрум и да му зборуваш те разбирам како ти е и слично ама кај мојот таквата техника само го разгоруваше тантрумот и го правеше подолготраен. Оваа со игнорирање повеќе успех има барем кај моето дете. Кај некое помалку инаетливо подобри би упалила другата техника. Навечер имаме измислен лик за кој раскажуваме приказни и тој лик сега веќе ни служи да правиме моабет за добрите и лошите работи во текот на денот и како да се поправиме. Е сега гледам има како ги викаат учителките и слично. Ги викаат по име и според мене и тоа е правилно зашто така се создава близина. Училиште е друго. Таму се веќе поголеми. А почитувањето, дисциплината и слично ич не се поврзани со титуларното обраќање. Може сите да ги вика учителки и во школо па едните повеќе ќе ги почитува другите помалку. Почитувањето е двонасочен систем. Мене ми е побитно тоа што секое сабајле во градинка е пречекан со добар ден, секое испраќање со пријатно и слично, нешта кои на негова возраст се битни за градење култура и почитувани на други луѓе и нешта на кои и јас дома инсистирам.