Не знам шо да кажам искрено децата воопшто не ги укривувам кога тие учат од родителите. Така да децата се нашето огледало и преку нов се гледа се
Јас не знам што не ти е јасно. Самите им рекле така да ги викаат. Јас поим немав како се обраќаат таму. Значи, самата воспитувачка им рекла да и се обраќаат на име. И нормално кога сите деца ќе ја викаат по име нема моето на вие да и се обраќа и со учителке. Во основно веќе е друго, не верувам некоја учителка да им рекла на име да ја викаат. Ниту пак тоа што овде на име ги викаат ќе ги направи неспособни понатаму да се обраќаат како што треба.
Не ја бранам ,само се согласувам со тоа дека не мора да се вика тетка и негувателке. Мислев во градинка работиш, ете со постари дечиња си, некои сигурно те персираат некои не, сепак мислам дека тоа не е заради тоа како во градинка и се обраќале на негувателката. Јас конкретно зборувам за мали деца. Во училиште сметам дека е исправо да се обраќаат со наставничке или наставничке плус името. Веќе се ученици и официјално им почнува образованието. Темата е за градинка. Не оправдувам некултура и јас сметам дека се почнува од дома, ама не мислам дека е страшно ако дете од две години ја нарече по име негувателката. Тој пример конкретно не ми е показател дали детето ќе биде културно во иднина или не.
Не,не ми е битно дали малтене бебе вели Вие. Тоа се ДЕЦА кои сеуште не ни знаат да зборуваат совршено. Ословувањето на негувателката на 2 годишна возраст не е показател на култура. Има време за се во животот.
Тaa негoвaтелкa или вoспитувaчкa ќе ги вoспитувa дo 5 или 6 гoдини. Дoтoгaш би требaлo дете дa знaе кaкo требa дa oслoвувa пoвoзрaсни. Тoa штo некoи сaми си измислувaaт прaвилa пa им дoзвoлувaaт пo име, не знaм кoј им дoзвoлувa.
Како поранешна воспитувачка во приватна градинка ќе кажам едно. Постојат разгалени деца, да не речам дечишта од богаташи низ Скопјево. Овде се работеше за 1во и 2ро одделение. Некултура, непочитување. Па мораше да со колешката да им посетуваме специјално внимание, дури носеа за себе посебно јадење. Со газдата беа пријатели. Па мораше секакви испади да трпиме од нив. Нит можеш нешто да му речеш, ниту смееш тон да му повишеш. Тој вриска, скока низ училница, со боксови се тепа, кажува безобразни зборови. Еднаш дури колешката настрада ниту детето не и рече извини, а на мајката реакцијата беше : Сигурно ненамерно ве удрил. И толку. И на крај, мајката кажа дека ние со колешката не сме знаеле да работиме. На газдата му е галје. Плата земавме 15 000 т. Е. 12 550 другите на рака. Чистиме, метиме, усусаваме, гледаме со едното око во вц ако некое кака или мочка, а со другото да не се удри некој.
Уопште не е проблем како ќе ги викаат учителките во градинка. И кај ќерка ми по име ги викаат, таква им е практиката и не им се мешам. Ама... јас гледам проблем во тоа детето да се учи дека не треба да ги слуша, дека почитувањето треба да се заслужи итн. Вака според мене се создаваат "special snowflake" што и не мора да е лошо, ако родителот сака така да го воспитува детето, се додека тоа нема импакт врз околината. А ќе има Кога тоа дете ќе тргне на училиште каде треба да се почитува одреден ред и дисциплина, а тоа од дома поучено дека не треба никого да слуша, ќе биде "интересно" во најмала рака. Едит Сега ја прочитав @GirlLove е токму вакво сценарио претпоставував. И соученици и учителки да треба да трпат нечие дете, од дома поучено никого да не слуша јер пази молом те, почитта кон учителот треба да се заслужи.
Точно јас со кукле се законтрев зш она збореше општо за наставници и воспитувачки. И мојата ќерка учителката сиг на име ќе ја вика во градинка ама нон сенс ми е да ја учам учител да ја заработи нејзината почит за да ја почитува, тука е спорното.
Сум за да се потсвика на детето доколку згреши нешто и аздиса или евентуално ,,казна” од типот на нема играње со другарчињата. Сам/а на столче да поседи саат-два па да сфати друг пат дали ќе аздисува. Не сум родител логично ама знам дооста примери на деца кои се на тие години аздисани ептен. И не е дека нивните не ги воспитале, туку во градинка се осеќаат како кучиња пуштени од ланец, повеќе се а само 2 воспитувачки и дете ко дете ќе аздисува. Јас како мала ( имам пишувано еднаш во некоја тема) дома со расцепен надбрадок си отидов бидејќи неќев да го фатам ,,фраерот” за раче, тоа не е аздис?! Јас од секогаш сум била џамбаз и хиперактивна, и сум имала проблеми со не јадење месо во градинка, ама моите никогаш не ми кажале нити па памтам дека јас лично прва сум повредила некое дете, сум врискала, сум фрлала сум растурала итнитн.. Сум да има некакви мерки да.Пошто ако ги оставаме да кршат, да шкртаат да кажеме по ѕидови, да плукаат и сите глупости кои децата знаат да ги направат, тие ќе зајдат. Не гледам ништо страшно во тоа да им се повиши тон.
Па и да ме вика?! Демек нема веќе да ме сака?! Е тоа е проблемот во твоите коментари. Мило ми е што конечно го кажа. Пуста љубомора некој дека успеал во мк. За сите останати. Зборуваме за градинка побогу, не за школо и деликвенти. Бидете поздравени. Немам намера да се докажувам.
Претпоставувам мерката ,,казнето столче,, во градинките е прифатена како најбезболна за децата! Но никој не спомена како делува тоа казнето столче врз психата на децата, како изгледа тоа казнето дете во очите на другите другарчиња, колку често ќе седнува едно темпераментно дете на тоа казнето столче! Ете ќерка ми е живо, темпераментно, љубопитно дете... една од потемпераментните во групата. Ако функционира тоа казнено столче мојава ваљда секојдневно ќе биде седната на него. Од овде детето во очите на другарчињата е ,,лоша,, затоа што секојдневно седи на казненото столче, ќе биде одбегнувана во групата затоа што често ја казнуваат. Детето ќе се осеќа понижено, навредено и неприфатено. И детето од тоа нема да научи што смее а што не смее, туку ќе има страв да не го седнат на столчето. Ваљда постои нешто што на побезболен начин ќе им покаже на децата дека грешат а не изолирање од групата и седнување на тоа казнено столче. Одма замислувам 30 пара очи вперени кон грешникот, и едно расплачено и засрамено дете со наведната глава како седи спроти нив и се срами од погледите на другарчињата. Така некако изгледа нели? За да има ефект столчето, така би требало да изгледа. Казнено столче и магарешка клупа се застарени методи, ама изгледа уште се применуваат. Мислам подобро би било, во конфликтниот момент кога децата се нервозни, гневни, непослушни... да им се зададе друга обврски, друга активност во која најдобриот ќе биде награден, па на таков начин би им го одвлекла вниманието кон друга насока за да заборават на ,, меѓусебната закача,, Одвлекувањето внимание да биде со причина да се смират тензиите, и покасно со разговор воспитувачката да се наврати на ,,конкретниот проблем,, за да се реши кога децата се смирени а не гневни и нервозни. Смирено дете ќе слуша, ќе разбира и ќе разговара. Јас ова кога дома го применувам кај ќерка ми си го викам ,,одвлекување внимание,, а потоа навраќање на проблемот за да го решиме и научиме што треба и како треба. И ова има повеќе ефект од било каква казна (а сум пробала и со казни), и од плеснување по газе(а сум го применила и тоа) .
Мислам дека премногу проектирате чувства на возрасни врз моментот на седнување на казненото столче или што и да е. Сериозно мислите дека 30 деца ќе гледаат и ќе му се смеат и избегнуваат??? За деца од 3-4 години збориме. Или тоа засрамено ќе пати и за пола саат пак ќе ја направи грешката и пак ќе седне? И пак ќе пати? Ај да не претеруваме.
Се сомневаш во чувствата на 3- 4- 5 годишници? Мислиш не ги етикетираат како ,, лоши,, тие што често се казнети или искарени од воспитувачките? Уште се сеќавам на ,, мочлата Невенка'' оти секој ден ја караше воспитувачката за тоа што се помочува. И ако на казненото столче гледат како место каде седнуваат и стануваат без ништо да се промени кај децата тогаш од истото столче нема ефект и не треба да се применува.
И те како има ефект. Имам пример од околина, на жал. Детево е темпераментно и наставничката цело време го ставала под казна да седи на магарешка клупа. Во очите на децата он станува лошиот, а уште пострашно родителите го сметаат за проблем во одделението. Бидејќи возрасните не пазат што зборуваат пред децата, почнуваат да го изолираат, а од скоро и се групираат и кога нема надзор (2, 3 мин) го млатат. Зборувам за деца од по 8-9 години. Значи методава не е баш наивна.
@snegulkata не сфаќам зошто едно дете би седело на казнени столче поради љубопитност или темпераментност? Тоа се основни особини во таа возраст.
Од примеров јас што го знам, се насмеал, не одел во строј, заборавил домашно, не донел не знам каков лепак, заборавил блок и слично. Не е тепач детево. Ако сите седнале, он за х минути станал да види некое моливче на 2ра клупа. Дете од 6 години е ова.
Сфаќам, не дека оправдувам. Но кај дете од 2г е баш очекувано и нормално да истражува. Нормално дека се учат правилата на функционираље на групата и процес на адаптација, ама не може да очекуваме на 2 да се понаша како 12.