Излезе трејлерот за филмот за принцезата Дајана Филмот "Дајана" во кој животот на славната принцеза ни го отсликува актерката Наоми Вотс, наскоро ќе биде прикажан во кино салите ширум светот. Теориите за смртта на принцезата Дајана овие денови се се' поприсутни во медиумите, а причина за тоа е филмот кој во септември ќе се појави во кино салите. Станува збор за филмот "Дајана", во кој улогата на принцезата ја толкува популарната актерка Наоми Вотс. За режијата на филмот се погрижил Оливер Хиршбигл, кој зад себе го има хитот "The Invasion". http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... GRnIiXn-B8 Спојлер http://tocka.mk/
Дајана Јас баш сакам да го погледнам филмот за животот на Дајана, и дефинитивно ќе го изгледам кога ќе излези. Ептен ме интересира нејзинот живот, а најмногу причините за смртта. Само не ми се верува да биде прикажано баш се, бидејќи британската палата сигурно не би го дозволила тоа, но сепак останува да видиме.
Би требало да биде добар филм, и би го гледала, со оглед на тоа дека главната улога и е доделена на Наоми Вотс, која е извондредна актерка.Вака по трејлерот изгледа фино, се надевам и филмот ќе е таков.Бидејќи е биографски филм очекувам и приказната да е реална. Актерската екипа сигурно би ме изненадила пријатно, останува само уште да излезе филмот, секако во добра снимка.
Ми се допадна, мал увид во комплексната психа на принцезата. Дејствието се одвива последните две години до трагичниот настан, а во прв план е една од нејзините помалку познати романси... Наоми Вотс повеќе ми личеше на Никол Кидман отколку на Дијана , ама не може да биде лош филм кога е режиран од човекот што го сними Der Untergang.