1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дијана (Diana) [2013]

Дискусија во 'Филмови' започната од ocila, 13 јуни 2013.

  1. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Излезе трејлерот за филмот за принцезата Дајана
    Филмот "Дајана" во кој животот на славната принцеза ни го отсликува актерката Наоми Вотс, наскоро ќе биде прикажан во кино салите ширум светот.
    Теориите за смртта на принцезата Дајана овие денови се се' поприсутни во медиумите, а причина за тоа е филмот кој во септември ќе се појави во кино салите.

    Станува збор за филмот "Дајана", во кој улогата на принцезата ја толкува популарната актерка Наоми Вотс. За режијата на филмот се погрижил Оливер Хиршбигл, кој зад себе го има хитот "The Invasion".
    http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... GRnIiXn-B8
    http://tocka.mk/
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Vikica.cuci

    Vikica.cuci Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    1.520
    Допаѓања:
    3.293
    Пол:
    Женски
    Дајана

    Јас баш сакам да го погледнам филмот за животот на Дајана, и дефинитивно ќе го изгледам кога ќе излези. Ептен ме интересира нејзинот живот, а најмногу причините за смртта. Само не ми се верува да биде прикажано баш се, бидејќи британската палата сигурно не би го дозволила тоа, но сепак останува да видиме.
     
    На ocila му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Boleyn.7

    Boleyn.7 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2013
    Пораки:
    375
    Допаѓања:
    425
    Би требало да биде добар филм, и би го гледала, со оглед на тоа дека главната улога и е доделена на Наоми Вотс, која е извондредна актерка.Вака по трејлерот изгледа фино, се надевам и филмот ќе е таков.Бидејќи е биографски филм очекувам и приказната да е реална. :) Актерската екипа сигурно би ме изненадила пријатно, останува само уште да излезе филмот, секако во добра снимка. :~:
     
  4. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.194
    Пол:
    Женски
    Ми се допадна, мал увид во комплексната психа на принцезата. Дејствието се одвива последните две години до трагичниот настан, а во прв план е една од нејзините помалку познати романси...

    Наоми Вотс повеќе ми личеше на Никол Кидман отколку на Дијана :D, ама не може да биде лош филм кога е режиран од човекот што го сними Der Untergang.
     
    На boomsleng му/ѝ се допаѓа ова.